
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



„Порти кон бескрајот“ е ретка можност прилепската јавност да се сретне со досега необјавени дела од уметник чие визуелно наследство одамна е втиснато во генотипот на градот – но без да го препознаеме како такво. Фонтани, споменици, обележја – секој од нас минал покрај некое негово дело, а малкумина знаат кој стои зад нив. Изложбата го отвора сликарскиот свет на Илија Кочоски, уметник, архитект и автор на бројни јавни уметнички интервенции во ...
„Односот на Бразил кон поранешниот претседател Болсонаро е меѓународен срам“, напиша Трамп во писмото, опишувајќи го гонењето на поранешниот бразилски лидер на крајната десница како „лов на вештерки (кој) мора веднаш да заврши“. Бразилското Министерство за надворешни работи претходно денеска објави дека го повикало на разговори вршителот на должноста амбасадор на САД во знак на протест поради поддршката на амбасадата за Болсонаро, кому му се ...
„Драги пријатели, кога станува збор за енергетиката сакам денес оттука од Куманово да соопштам една добра вест за целата држава. Вчера на седница на Влада се официјализираше меморандум за соработка со компанијата ‘Казанџи груп’ којашто е светски гигант во енергетиката и е заинтересирана за инвестиции од една милијарда. На ова му претходеа бројни средби со ‘Казанчи Холдинг’, која со своите енергетски компании што работат под брендот АКСА“, рече ...
Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на Армијата во следните општини: Ѓорче Петров – ангажирани над 60 лица; Крива Паланка – ангажирани околу 30 лица; село Николиќ, Дојран – ангажирани над 50 лица. Дополнително во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана за собирање на податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во овој ...
Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари. Како што информираше на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, тоа на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и ...
„Со тоа се поврзува и претстојната второстепена пресуда која го чека Додик во случајот на непочитување на пресудите на високиот претставник во Босна и Херцеговина “, се наведува во анализата. Во текстот се наведува дека во јавниот простор во Босна и Херцеговина се појавил наратив дека Додик постигнал политички договор со судските институции на државно ниво, на што укажува фактот дека во петокот, 4 јули, тој се појави ненајавено во седиштето на ...
„Судот го отфрла барањето на Марин Лепен бидејќи не е утврдено постоење на непосреден ризик од непоправлива штета по право заштитено со (Европската) конвенција за човекови права или нејзините протоколи“, изјави судот со седиште во Стразбур. Судот не одлучуваше за суштината на случајот, туку го отфрли барањето поднесено од Лепен врз основа на член 39 од правилникот на судот, кој вели дека судот итно одлучува во случај на непосреден ризик од ...
„Синоќа бевме сведоци на најтешките бомбардирања и ракетни напади од почетокот на војната. Ова е тероризам насочен против цивилни цели. Тоа повеќе нема никаква врска со војна против воени цели“, оцени Мерц по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. На церемонијата по повод 70-годишнината од влегувањето на Германија во НАТО, Мерц нагласи дека неговата „влада ќе направи сè за да го направи Бундесверот најсилната конвенционална армија ...
Претходно неделава, Трамп изјави дека САД ќе испратат повеќе оружје во Украина, првенствено одбранбено, за да ѝ помогнат на земјата, разорена од војна, да се одбрани од интензивното руско напредување. Русија во текот на минатата ноќ испрати повеќе од 700 беспилотни летала во Украина, значително повеќе отколку во претходните напади во последните две недели. Со 728 беспилотни летала и 13 ракети, рускиот напад вклучувал најголем број беспилотни ...
Тимот астронаути се лансираше од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида, околу 2:30 часот по локално време, започнувајќи ја најновата мисија организирана од стартапот од Тексас Аксиом спејс во партнерство со ракетната компанија на Илон Маск, Спејсекс. LIVE: @Axiom_Space‘s #Ax4 mission, with crew from four different countries, is about to launch to the @Space_Station! Liftoff from @NASAKennedy is targeted for 2:31am ET (0631 ...
„Црвено-црните“ важат за изразит фаворит во двомечот со тимот од мини-државата, иако тренерот Гоце Седлоски предупредува на максимална концентрација и без потценување. „Одработивме добри подготовки во овие месец дена, дома и во Словенија, каде добро се подготвивме. Иако ни недостасуваа некои од странците, сите сме максимално спремни. Вардар нема играно во Европа подолго време. Знаеме каков ривал не очекува, но ние се гледаме самите себе, респект ...
Вајц нагласи дека против него се води „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент. „Знаете дека имавме голема негативна кампања, која траеше и беше апсолутно неоснована. Ова беше извештај на ЕП за Северна Македонија. Како може да биде неподобно да се говори со македонската страна кога јас пишувам извештај за Северна Македонија. Можеби треба малку да промислите за тоа што ...
Во овие ретки случаи, целосниот циклус може да помогне во „ребалансирање“ на сензорот. Денешните паметни телефони користат литиум-јонски батерии кои се дизајнирани да издржат често, краткотрајно полнење, за разлика од постарите технологии кои бараа целосно празнење и полнење. Литиум-јонските батерии траат во просек од 2 до 3 години, или 300 до 500 полнења, по што нивниот капацитет се намалува за околу 20 проценти, велат експертите. Спротивно на ...
Рубен Аморим и Манчестер јунајтед пречкрта неколку имиња – на листата за отстрел се Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо, Антони и Тајлер Маласија. Последните информации велат дека „ѓаволите“ бараат скромни 3,5 милиони евра за да се разделат со Талјер Маласија, за кого беа платени 15 милиони евра летото во 2022 година. Холанѓанецот беше прво засилување на Ерик тен Хаг, имаше солидна прва сезона, но потоа заработи тешка повреда поради ...
Тој вечерва информираше за тоа дека со натчовечки напори припадниците на МВР, на Армијата, на ЦУК, ДЗС и општините кои се вкучени во гасењето на пожарите успеаја денеска најголемите пожари да ги стават под контрола. „Денес е активиран и механизмот за европска помош за справување со пожарите. Сите владини иснтитуции се целосно мобилизирани. Веќе се вклучени 300 војници, 400 полициски службеници се активни на терен… Убеден сум дека соодветно ќе ...
Со сигурност само се утврдило дека причинител била бактеријата салмонела. Во Прилеп во јуни имало и пет единечни труења кај граѓани. Епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ од прилепскиот Центар за јавно здравје го објаснува случајот на труење на работниците од третата смена во прилепската фабрика во два часот изутрината на 28 мај кога при оброкот се затруле 38 од 75-те работници. Кај дел однив имало потешки симптоми со висока температура, ...
Во реакцијата на ОМО Илинден-Пирин се вели дека се обиделе да го свртат вниманието на европските парламентарци и на тоа што Бугарија го прави со македонското малцинство во Бугарија. „Тоа беше еден месец на засилено лобирање во кое ги вложивме сите наши сили и скромни можности. Во процесов ние ја имавме целата поддршка на ЕФА на која специјално ѝ се заблагодаруваме. За несреќа егоистичките интереси повторно преовладаа, но борбата продолжува и ...
Тој оцени дека почнува нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за нашата држава. – Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, нашата земја ...
МВР претходно соопшти дека целосно е прекинат и сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста. ...
„Во фокусот на разговорот беа новите реформски закони кои се во завршна фаза во собраниската процедура, како и за подзаконските акти кои треба да ја обезбедат нивната ефективна примена. Овие акти претставуваат след на првиот реформски пакет и се клучни за системска промена во управувањето со човечки ресурси, унапредување на институционалната отчетност и модернизација на јавните услуги“, соопшти Министерството за јавна администрација (МЈА). ...
„Овој настап не е спорадична и ретка реторичка или политичка екскурзија, туку е дел од долгогодишни државни стратегии на двете наши мили братски православни сосетки кои систематски произведуваат ‘научни’ трудови, правни акти и дипломатски притисоци чија крајна цел е сведување на македонскиот национален субјективитет на фолклорна географска аномалија. Да повториме сосема гласно, не заради нас, туку заради изгубените вредности кај нашите соседи: – ...
Затоа Том седи во канцеларијата за советување за кариерата на Бундесверот во Ерфурт. Канцеларијата се наоѓа среде трговски центар, помеѓу супермаркет и теретана. Заинтересираните посетители како него се добредојдени тука, бидејќи германската војска очајно има потреба од персонал. Дури и оние што доаѓаат без закажување, со малку среќа, брзо ќе добијат совет. Или барем маслинесто-зелена информативна брошура со донекаде патетичен слоган: „Тука ја ...
Кац наводно ѝ наредил на израелската војска да изготви план за изградба на она што го нарекол „хуманитарен град“ во Рафа, најјужниот град во Газа, кој е тешко разурнат во војната и сега е во голема мера ненаселен, и наводно кажал дека Палестинците нема да можат да ја напуштат откако ќе влезат во зоната. Кац кажал дека војската би можела да ја почне изградбата за време на 60-дневното примирје за кое преговараат Трамп и израелскиот премиер ...
Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ, објави на неговиот фексбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Пожарот кај ова дојранско село се гасне веќе трет ден. Два тима на пожарникари од ТППЕ Струмица по наредба на градоначалникот Костадин Костадинов заминаа на помош на своите колеги во Крива Паланка и селото Николиќ, Дојран, за да помогнат во справувањето со големите огнени стихии. Инаку, лани, ...
Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат. Додадоа дека испраќањето копнени и воздушни е по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Македонија до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, ...
Причина за одлагањето, според судечкиот судија Јодан Јованов е поради боледување на одбраната на Мерко. Главната расправа за овој судски процес почна во јули минатата година, но се одолговлекува. „Најпрво беше примено барање за одлагање од сведокот, единствениот кој остана да го сослушаме со образложение дека од здравствени причини морал да се јави на преглед во струшка Болница. Веднаш штом го примив барањето за одлагање изреагирав побарав да ...
Ова е највисоката просечна месечна температура во последните десет години, со дури 1 степен Целзиусов над просекот за тој период од годината, пренесува агенцијата АНСА. Ситуацијата во Тиренското Море е исто така загрижувачка, бидејќи во јуни 2025 година, просечната површинска температура била 25,1 степени Целзиусови, што е загрижувачко за растителните и животинските видови. Во Јадранското Море измерена е температура на водата од 24,1 степени ...
„По разузнавачките информации и идентификацијата на оружјето на Хезболах и терористичката инфраструктура во неколку области на јужен Либан, војниците започнаа специјални и насочени операции“ за уништување на инфраструктурата и спречување на Хезболах повторно да се утврди во регионот, рече израелската војска во соопштението. Војската не одговори веднаш на барањето на АФП да потврди дека ова е првата копнена операција на израелската војска во ...
Пристигнувањето на мигранти по море од североисточниот дел на Либија до грчките острови Крит и Гавдос пораснало оваа година на повеќе од 7.300, објавија грчките владини агенции. Во целата 2023 година, пристигнале околу 5.000 мигранти. „Со предлогот што владата ќе го испрати до парламентот утре, Грција ќе ја суспендира обработката на барањата за азил во наредните три месеци“, им кажа Мицотакис на пратениците. Зголемувањето на пристигнувањата ...
Пред да се отвори расправа за единствената точка на дневниот ред во рамки на денешната вонредна 69-та седница, пред советниците се обрати градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој образложи дека првенствено Владата ја донела оваа одлука без никакво образложение, кое треба да биде составен дел на правниот акт. Тој посочи дека со одлука на минатата Влада во 2019 година, во Агенцијата за катастар на недвижности, спортската сала Партизан е впишана дека ...