Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Во 2024 година број на евидентирани кривични дела поврзани со сексуално насилство во Македонија е 131, од кои 24% се силувања. Во 2024 година, полицијата евидентирала 256.302 кривични дела поврзани со сексуално насилство во ЕУ, меѓу кои 98.190 (38% од вкупниот број) биле кривични дела – силување. Во споредба со 2023 година, кривичните дела поврзани со сексуално насилство се зголемиле за 5% (+12.097 случаи), а силувањето за 7% (+6 291). ...
Претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, на Драмски театар од Скопје ќе го отвори јубилејниот фестивал. На отворањето ќе бидат доделени и наградите за животно дело. Годинашни добитници се театарските уметници: Атила Клинче, Сашо Миленковски, Љубомир Чадиковски и Веби Керими. Во официјалната програма на фестивалот од која жирито ќе ја одбере најдобрата, се и претставите: „Амадеус“ од Петер Шефер во режија ...
„Доколку контролата и управувањето со Ормускиот теснец паднат од рацете на Иран, непријателот повторно ќе го употреби како оружје против нашата земја и народ“, предупреди Резаи. Тој нагласи дека пристапот на Иран кон безбедноста се базира на регионална самодоволност. „Нашиот модел е јасен: регионот мора сам да ја обезбеди својата безбедност. Странските сили – без разлика дали се американски или европски – мора да си заминат“, заклучи Резаи. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац ја објавија акцијата во заедничко соопштение. Израелските медиуми објавија дека командантот е убиен во нападот, но ова не беше потврдено ниту од израелската војска ниту од Хезболах. Прекинот на огнот во Либан беше основа за поширок прекин на огнот меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, бидејќи запирањето на израелските напади врз Либан беше клучно барање на ...
Новата дигитална судница во воспитно-поправната установа Идризово главно е финансирана од Европската Унија со околу милион евра инвестирани во градба и опрема. Но, денес сликата за овој објект во пракса е многу поинаква. Во тоалетите е валкано и не работат дел од казанчињата за вода. Не се чисти ниту подот, ниту столчињата кои се обелени од прашина, а истите пајажини и пајаци висат со месеци. За нехигиената во дигиталната судница се пожалија ...
„Предизвиците со кои се соочуваме бараат координиран, одлучен и долгорочен пристап. Токму затоа како Министерство, во соработка со сите релавантни институции, ја изработуваме нацрт-стратегијата за демографски развој и отпорност, која е јавно достапна и отворена за предлози. Нашата цел е јасна – да изградиме силен и применлив документ што ќе донесе реални и мерливи резултати. Нашиот фокус е да создадеме услови во кои младите ќе ја гледаат ...
„Во текот на овие три децении, како полноправна членка на Организацијата, созревавме како демократско општество, но и активно придонесувавме кон мисијата на Советот на Европа – заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото“, рече Муцунски. Тој истакна дека со Берсе имале отворен, конструктивен и пријателски разговор за реформските процеси, актуелните европски предизвици и за нашата понатамошна соработка. „Изразив ...
Советот на Народната банка на днешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај. Во извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По растот од 3,4 отсто во 2025 година, се очекува умерено забавување на светскиот раст, кој би се свел на 3,1 отсто во 2026 година, а светската инфлација е нагорно ревидирана. Главниот извор на неизвесност и ...
Како што посочи судијата Стефановски, обвинетиот ја навел Ивана до тешка психичка состојба од која таа гледала излез, па си го одзела животот скокајќи со ќерката во раце, при што настанал раскин на мозокот и престанок на сите витални функции од падот од кој и двете починаа. Стојанче Јовановски одговара за три кривични дела, а на ова судење беа изнесени голем број докази врз основа на кои Судот ја утврди фактичката состојба. Овој судски процес ...
Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека знаењето, науката и иновацијата се клучни двигатели на економскиот развој и на европската интеграција на државата. „Денес, повеќе од кога било, економскиот напредок зависи од човечкиот капитал и способноста идеите да се претворат во конкретна вредност. Ваквите настани се доказ дека имаме генерации кои се подготвени да ја градат иднината,“ истакна Сали. Тој нагласи дека Научниот саем претставува ...
Според извештаите на француските медиуми, уапсени се 127 лица, а повредени се 23 полицајци. Нередите во Париз фрлија дамка на победата на ПСЖ кој втора година по ред се пласира во финалето од Лигата на шампионите. Тие се актуелни шампиони и во Бунимпешта ќе ја бранат титулата. Вчерашните сцени беа слични на оние кои се случуваа по освојувањето на титулата од Лигата на шампионите. Тогаш дури имаше и двајца загинати, подметнати дури 692 пожари, ...
„Ова не е само уште една конференција, ова е разговор за иднината на нашите народи, за тоа какви држави ќе оставиме зад нас, дали ќе создадеме општества во кои младите ќе сакаат да останат, семејствата ќе сакаат да создаваат иднина, а повозрасните ќе живеат достоинствено“, истакна Мицкоски во воведното излагање. Премиерот нагласи дека демографската криза веќе има видливи последици и дека таа не смее да се третира исклучиво како прашање на ...
На средбата, како што соопшти Министерството за финасии, е истакнато дека Словачка е заинтересирана за трансфер на know-how во Mакедонија, во областите за кои смета дека е најподготвена, а кои се од големо значење на нашата земја во исполнувањето на неопходните ЕУ-критериуми. Притоа е нагласено дека Словачка е подготвена за пренос на знаење во областа на јавните финансии, борбата против даночното затајување, како и во областа на јавните ...
Од 3.800 испитаници, 51 процент изјавиле дека е „лесно“ да се зборува за менталното здравје и личните проблеми со чет-бот, додека само 49 проценти го изјавиле истото за здравствените работници и 37 проценти за психолозите, пренесува Ројтерс. Блиските луѓе се на врвот на листата, со 68 проценти кои рекле дека им било лесно да разговараат со пријателите, 61 процент рекле дека им било лесно да разговараат со родителите. Истражувањето покажа дека ...
Во извештајот на ДЗР уште се наведува дека со договори на дело биле ангажирани лица за вршење на работи и задачи за работни места предвидени со актот за систематизација, а министерството не преземало активности за годишно осигурување од пожар и природни непогоди, поплава, кражба на имотот. Констатирани се и слабости во постапките за јавни набавки. Од ДЗР поочуваат дека е извршена ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за ...
Според ДУИ, она што го прави случајот уште поскандалозен е „фактот што еден од сопствениците на компанијата, Шабан Шефки, јавно се појавува како активист и поддржувач на Вреди и Изет Меџити, додека договорот го потпишува директорот на МЕПСО, Бурим Латифи прв братучед на Изет Меџити, веќе познат во јавноста по криминалниот договор со компанијата од Бања Лука, со кој државата беше оштетена за шест милиони евра“. „МЕПСО веќе е во центарот на ...
Иако Вардар славеше во Скопје (27-24), високата негатива од првиот натпревар во Франција (33-23) се покажа како преголем товар за „црвено-црните“. По натпреварот на прес-конференцијата се обрати тренерот Чупиќ. „Им честитам на ракометарите на Монпелје за пласманот на Ф4 бидејќи заслужено се пласираа таму. Одигравме одлично на денешниот меч, но не чинеше тој слаб натпревар во Франција. Верувавме во чудо, но за жал тоа на крајот не се случи. ...
За разлика од првиот натпревар во кој имаше дури девет голови, денеска само двапати се тресеа противничките мрежи. Најзаслужен за тоа е Луис Енрике кој подготви одлична дефанзивна тактика за која Компани немаше одговор. Баерн Минхен тешко се снаоѓаше, тешко создаваше шанси, единствениот погодок го постигна пред самиот крај на мечот. ПСЖ поведе во третата минута кога по асистенција од Кварацхелија, Дембеле даде гол за водство од 1-0. Имаше и ...
„Дали ние правиме конкретни работи поврзани со нашата европска перспектива, не сакам да бидам репетитивен, бидејќи ова е тема што е многу актуелна во последниот период. Да, правиме. Првото е тоа што го правиме во однос на Реформската агенда. Второто е тоа што го правиме во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, но многу повеќе е тоа што го правиме за имплементација на европските вредности. И на крајот на денот, слично со тоа ...
Чавков во интервјуто вели дека инсистира на правна верификација и непристрасна проверка на сомневањата дека се извршени кривични дела од тие што требаше да ја утврдат вистината. – Да подвлечам уште еднаш, ако има одговорност, таа треба да се утврди во законита, фер и непристрасна постапка. Ако нема одговорност тоа исто така треба јасно да се утврди. Најлош исход за едно општество е кога големи историски настани остануваат покриени со ...
Со истото темпо со кое градат, Кинезите со децении се обидуваат да ја „изградат“ и природата. Во 1978 година, Кина започна амбициозен проект за пошумување, познат како „Голем зелен ѕид“, со цел намалување на ерозијата на почвата и ублажување на пустинските бури. Според Ројтерс, Кина засадила околу 300.000 км² шуми (еквивалентно на приближно 30 милиони хектари). Ова ја зголемило вкупната шумска покривка во земјата од околу 10 проценти (во 1949 ...
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и дневни температури од 16 до 23 степени. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови ...
Обвинителството, во завршен збор, побара максимална казна за обвинетиот оценувајќи дека во постапката е докажан континуитет на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска, кое, според обвинението, кулминирало со трагедијата на 2 март годинава. Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда со став дека Обвинителството не ги докажало ниту последицата ниту каузалитетот за делата што му се ставаат на товар на обвинетиот. Во ...
Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел сесии со учество на министри, заменици-министри и претставници на меѓународни организации. На отворањето ќе се обратат и министрите за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Пио Смит, помошник генерален секретар и заменик извршен ...
Бранителот на титулата го доби првиот меч од серијата со Лос Анџелес Лејкерси (108-90). Се обиде тимот од Калифорнија да му парира на домаќинот во „Пејком Центарот“, ама немаше сили за да го изненади фаворитот. Најдобар поентер на средбата беше Леброн Џејмс со 27 поени зад своето име, додека кај Оклахома се истакна Чет Холмгрен со 24, а Шеј Гилџус Александер уфрли 18 поени. Фаворитската улога ја оправдаа и Детроит Пистонси со победата од ...
„Примерот со овие младинци од Неготино говори дека има млади кои не чекаат иднина, туку ја градат. Во време кога многумина зборуваат за загадување, отпад и климатски промени како за проблеми што изгледаат преголеми за локално решавање. Станува збор за Никола Гичовски, Дончо Димитриовски и Крсте Кочовски – ученици во средното општинско училиште ‘Свети Кирил и Методиј’ од Неготино“, соопштија од проектниот тим. Оттаму појаснија дека всушност, ...
Ким Сонг, постојан претставник на Северна Кореја во Обединетите нации, во соопштение изјави дека Соединетите Американски Држави и други земји „ја нарушуваат атмосферата“ на 11-тата Конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ) во седиштето на ОН, споменувајќи го севернокорејското нуклеарно оружје, според агенцијата. Позицијата на Северна Кореја како нуклеарно вооружена држава „не се менува во согласност со ...
На изложбата беа претставени 17 дела кои ја демонстрираа моќта на инклузијата низ бои и форми. Оваа специфична синергија помеѓу атлетите, банкарските професионалци и младите уметници покажа дека креативноста е универзален јазик кој ги премостува сите разлики. „Оваа изложба уште еднаш докажа дека кога ќе им се даде простор, нашите атлети не познаваат граници. Тие се шампиони и на теренот и пред платното. Особено сме благодарни на партнерите од ...
„Каналите за наводнување се санираат, дефектите се отстрануваат со цел обезбедување на континуирано снабдување на вода за наводнување на земјоделските посеви. Разговаравме и за последиците од ниските температури што ја зафатија територијата на општина Градско. Продолжуваме да креираме мерки кои носат резултати“, напиша Трипуновски на својот фејсбук-профил. „Каналите за наводнување се санираат, дефектите се отстрануваат со цел обезбедување на ...
„Почитувани мои скопјани, она што со години беше симбол на застој, неодговорност и нерешени проблеми, конечно добива решение. Мостот што народот со право го нарекуваше ‘мост кој не води никаде’ или ‘мост за ловење риба’, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните. Мостот ‘Генерал Михајло Апостолски’, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен ...