Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Охрид го слави првиот европски трофеј, Македонија има уште еден клуб кој победи во континентално натпреварување. Во фантастична атмосфера во салата „Билјанини извори“, Охриѓани ја надиграа Татабања и на градот му го донесоа најголемиот успех. Татабања беше рамноправен противник во првото полувреме, водеше во четири наврати со еден гол разлика, но на голем одмор се замина со +1 за Охрид (12-11). Предноста на нашиот тим можеше да биде многу ...
Полската тенисерка на Ролан Гарос дојде како трета најдобра во светот и беше трета носителка на турнирот, но денеска доживеа елимиација. Украинската тенисерка, Марта Костјук ја победи Швјонтек со 2-0 во сетови, беше 7-5 и 6-1. Швјонтек е тенисерка која четири пати го освојуваше Ролан Гарос, го крена пехарот во 2020, 2022, 2023 и 2024 година. Победата на Костјук не беше случајна, таа оваа сезона нема загубено меч на земјина подлога. Полската ...
„Во зависност од темите моите пораки се јасни и аргументирани. Ние сме подготвени да разговараме со секого на било која тема. Ние сме подготвени да бараме решенија и тука не треба никој да има дилема, но тие решенија мора да бидат достоинствени и тие решенија мора да опфатат заштита на македонскиот национален идентитет, но истовремено решенија кои што ќе значат почеток и крај на процесот, а не само почеток на процесот. Тоа не е доволно“, ...
Покрај изборот на претседател на партијата и партиски органи за мандатниот период 2026-2030 година, делегатите на Конгресот го разгледаа и усвоија Извештајот за работата на НСДП за периодот 2022-2026 година. Седмиот конгрес на НСДП усвои и неколку програмски документи, Декларација за заштита на трудот, Декларација за намалување на прекарната работа и несигурниот работен однос, како и Етички кодекс на НСДП. „НСДП ја усвои Декларацијата за ...
Во објавата на фејсбук во која информира за оставката, Фетаи вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. „Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Им ...
За оваа специјална проекција, таа се одлучи за поинаков стил од нејзините класични гламурозни фустани. Наместо раскошни креации и блескави дијаманти, актерката избра модерен и урбан моден момент. Нејзиниот изглед беше дел од колекцијата Ризорт 2027 на Гучи, создадена од Демна. Колекцијата дебитираше во Њујорк и веднаш стана тема на разговор во светот на модата. Деми Мур уште еднаш покажа дека има беспрекорен моден вкус. Нејзиниот ...
Двајцата шефови на држави денес разговараа на телефон, една недела пред парламентарните избори во Ерменија. Путин минатата недела го повика Ереван да одржи референдум „што е можно поскоро“, велејќи дека е невозможно Ерменија да го усогласи членството во ЕУ со останувањето во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), предводена од Москва. Во видео обраќање објавено денес на Фејсбук, Пашинјан објасни дека би било нелогично да се одржи референдум сè ...
Кристоф Ле Риголер, aмбасадор на Франција, нагласи дека темата е релативно нова и во Франција, но податоците се алармантни. Тој посочи дека проектот има четири цели: анализа на состојбата, пилот-проект со новопородени жени, превентивни работилници и размена на добри практики. „Овде не сме дојдени да делиме лекции, туку да зборуваме за перинаталното ментално здравје, кое е релативно нова тема дури и во Франција, особено по објавувањето на еден ...
ДПМ вечерва соопшти дека во пријатна колегијална атмосфера во просториите на улицата „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, членството на Друштвото на писателите на Македонија успешно го одржало своето редовно изборно Собрание, при што избрало ново раководство. За членови на новиот Управниот одбор на ДПМ се избрани досегашниот претседател Живко Грозданоски, заедно со другите членови: Петар Андоновски, Драгана Евтимова, Хана Корнети, Елизабета ...
Директорката на Домот „11 Октомври“ Павлина Трајановска со апел секој што има можност да го отвори својот дом и да подаде рака на децата во социјален ризик. „Потребно е да се промени целосно менталниот склоп на населението во Македонија, се уште свесноста не е на високо ниво за секој од нас како семејство да почне да размислува, да им помогне на овие деца, да го отвори својот дом и да пружи љубов, поддршка и социјална суверност за овие деца. ...
Свеченоста ја отвори претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, со пригодно обраќање посветено на животот, научното творештво и на значајниот придонес на академик Јовановски во развојот на македонската наука. Во рамките на настанот беа промовирани изданијата „Собрани трудови IV (2015 – 2025)“ од академик Глигор Јовановски, со осврт на проф. д-р Петре Макрески, како и монографијата „Македонски природни богатства“, чиј приредувач е академик ...
Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity Centre – WB3C, со цел продлабочување на дијалогот за сајбер отпорноста, регионалната соработка, интероперабилноста и усогласувањето со европските и евроатлантските безбедносни стандарди. Како што соопшти прес-службата на Министерството за дигитана трансформација, ...
На пленарната сесија, која се одржува во македонското Собрание на тема „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“, тој истакна дека усвојувањето на скопската декларација ќе биде уште една потврда дека, без разлика на разните географии, политички системи и културни традиции, сите споделуваме една основна вистина: иднината не може да се гради врз омраза. ...
Според Филипче, од предвидените 16 закони, кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, усвоени биле само шест, а од десетте закони за кои бил продолжен рокот до јуни 2026 година, донесени се само два. „Реализацијата е само 20 проценти, што покажува дека Владата нема ниту капацитет ниту волја да ги спроведе реформите“, рече Филипче. Тој посочи дека и некои од законите што Владата ги смета за реализирани не се усогласени со европските ...
„Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот на Коте од Руља, ја игра улогата на главниот внатрешен предавник на македонските национални интереси и идентитетски обележја. Бара безусловно вклучување на Бугарите во Устав, без никакви гаранции и предвидливост на европскиот пат, тврдејќи дека тие се последниот услов од источниот сосед за продолжување на ...
Планинарите се движеа по обележани патеки, а за нивната безбедност и непречено движење по трасата се грижеа бројни водичи и членови на ПК „Љуботен“. Пред самата кула на Титов Врв на учесниците им беа поделени пригодни стикери како спомен од овогодинешното искачување. -Временските услови беа поволни за движење на планина. Иако на повисоките делови дуваше силен ветер, што е карактеристично за овој дел од Шар Планина, искачувањето помина без ...
Во акцијата учествуваа Јавното комунално претпријатие „Стандард”, општинската администрација и членови на Советот на општината, риболовци, граѓани, ученици, кои собраа голема количина отпад. „Може да изразам големо задоволство од масовното учество во акцијата која го исчисти не градот. Сега доби лик како што заслужува. Апелирам до сите за поголема совесност и грижа и отпадот да го оставаат на места определени за тоа. Чистата средина значи и ...
Во разговорот со водителката Маргарет Бренан, Зеленски истакна дека Украина, благодарение на преземањето на иницијативата на бојното поле во декември 2025 година, се ставила во многу подобра позиција за преговори со Русија. Сепак, таа можност ќе трае само до следната зима, кога од Москва повторно се очекува да преземе мерки против клучната украинска енергетска инфраструктура. Минатата зима руските напади врз украинските електроцентрали се ...
Преговарачкиот тим на Иран ќе ги суспендира „преговорите и размената на текстови преку посредници“, објави агенцијата. Тасним наведува дека ситуацијата во Либан била клучна за прекинот на огнот, што значи дека „тој прекин на непријателствата бил прекршен на сите фронтови, вклучително и во Либан“. „Нема да има дијалог“ сè додека не се признаат позициите на Иран и Хезболах за ова прашање, наведува Тасним, додавајќи дека иранските претставници ...
АХВ се повикува на законските ограничувања во објавувањето на фирмите кои ги сториле овие прекршоци, а потрошувачите се повикуваат на правото на избор на здрава храна и точни податоци во декларациите. За казните од 1.000 до 3.000 евра за вакви прекршоци, сите се согласуваат дека се мали и безначајни во однос на профитот од продажбата на вакви производи со лажни податоци за масленост, протеини, растителни масти… Нетпрес од сопствени извори, ...
Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата. Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од Окта како во големопродажба така и во малопродажба. Од компанијата посочуваат дека со оваа мерка им се остава можност на ...
На завршниот состанок со претставници на тутунската индустрија и угостителскиот сектор, на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, Алиу истакна дека новото законско решение е резултат на широка јавна и институционална дебата. Според него, потребата од нов закон произлегува од фактот што актуелниот закон е донесен во 1995 година и, иако претрпел девет измени, повеќе не одговара на современите услови и новите производи на пазарот, ...
Калас ги даде коментарите на почетокот на 8-миот стратешки дијалог меѓу ЕУ и Пакистан во Исламабад, каде што се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар. „Ова е конфликт што влијае на целиот свет кога станува збор за цените на енергијата и ѓубривата. Затоа е важно прекинот на огнот да се одржи и преговорите да продолжат“, рече Калас. Таа особено ја истакна улогата на Пакистан во организирањето директни разговори меѓу ...
Од јавното претпријатие ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. “Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес ...
Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече дека вештачењето е од 26 јануари 2024 година, а најголемите дел се медицински досиеја на пациенти од Клиниката за Онкологија кои биле лекувани и се дадени на вештачење во странство – во Словенија и Србија. Прашан дали е сигурен дека тоа што селектирал за вештачење било со целокупната медицинска документација за тие лица, ...
Според обвинителството, осомничениот управувал автомобил Ауди А4 по булеварот „Никола Карев“, а кога пристигнал на крстосницата со улицата „Прохор Пчињски“ не ја почитувал сообраќајната сигнализација. „На удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата“, соопшти Обвинителството. Дополнително, утврдено е дека возилото го управувал под дејство на наркотична дрога, ...
Операцијата е спроведена вчера, во Атлантскиот Океан, на отворено море, со поддршка на неколку партнери, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, и во строго почитување на поморското право, напиша Макрон на мрежата Икс. Тој додаде дека е неприфатливо бродовите да избегнуваат меѓународни санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години. Макрон рече дека овие бродови, кои ...
Според најновото национално репрезентативно истражување на Аналитика, 53,8 отсто од возрасната популација користи тутун или никотински производи, додека 50 отсто се активни пушачи на цигари. Овие бројки ја позиционираат земјата меѓу државите со највисока стапка на пушење во Европа. Дополнително, истражувањето укажува на раст на дневната употреба на цигари во однос на претходните години. „Ситуацијата останува загрижувачка и во однос на ...
Настанот кој е во организација на Меѓаши се одржа по повод Меѓународниот ден на детето и на симболична локација пред законодавниот дом, со цел да се потенцира важноста од институционална одговорност во креирањето и спроведувањето политики за безбедност и благосостојба на децата. „Поентата е луѓето да ги увидат ефектите од меѓуврсничкото насилство и да реагираат кога ќе забележат такви ситуации“, порача Марио, ученик од СУГС „Јосип Броз Тито“, ...
„Идентитетот, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без љубов, труд и свесна посветеност. За да се сочува едно име низ осум децении, потребни се генерации луѓе кои одбиваат да заборават, потребни се мајки и татковци кои дома го зборуваат мајчиниот јазик, потребни се учители, културни работници, духовници, луѓе кои организираат фолклорни фестивали, литературни вечери, изложби, академии и ...