Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Со цел обезбедување на осомничената и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог да се определат мерки на претпазливост спрема неа, и тоа: обврска осомничената да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патна исправа и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со другите двајца осомничени. Постапката, како што информираат од ...
Конференцијата беше отворена од претседателката на ИСОС, Весна Прентоска и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, што претставува своевидна потврда за стратешката важност на сметководствената професија за целокупниот економски, социјален и општествен развој на земјата. „Сметководството денес не е само професија што регистрира бројки. Тоа е професија што создава доверба, поддржува донесување здрави одлуки и директно влијае ...
„Во изминатите 20-25 години надежите и ентузијазмот беа високи, но исто така имаше и неуспеси и разочарувања во текот на годините и прашањето е како можеме да ги надминеме прашањата и да одиме напред, бидејќи нема соменвање дека Македонија припаѓа на европското семејство. И, всушност, сме многу поблиску отколку што мислиме“, рече Рокас. Според него, она што недостига во овој момент е малку прагматизам, одлучност и желба да има обединување на ...
Таа посочи дека тоа е сега предмет на Јавното обвинителство. „Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици“, додаде Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање пред последната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, на тема „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“. Таа посочи дека тоа е сега предмет на Јавното ...
На состанокот, на кој учествуваа претставници од земјите од регионот, Али, како што информираат од ЦУК, придонел во дискусиите за анализа на функционирањето на оперативните центри за пребарување и спасување во случаи на цивилни воздухопловни несреќи. Во текот на работните сесии, секоја земја учесничка ги презентирала своите искуства, капацитети и предизвици во управувањето со SAR (Search and Rescue) операции, со посебен фокус на ...
Една од клучните цели на Трамп за почнување на агресијата врз Иран беше да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Иран има повеќе од 408 килограми високо збогатен ураниум, пишува Ројтерс. Иран денес соопшти дека разгледува нов предлог на САД откако извори изјавија дека Вашингтон и Техеран се блиску до договор врз основа на меморандум од една страница за завршување на војната. Посложените прашања, како што е нуклеарната програма, ќе ...
Европските лидери не беа толку изненадени од самата најава на претседателот на САД Доналд Трамп дека ќе повлече илјадници американски војници од Германија, колку од начинот на кој е донесена одлуката — со малку претходно информирање или консултации, и со поврзување на тој потег со незадоволството на Трамп од германскиот канцелар Фридрих Мерц поради критиките за американското водење на војната против Иран. Тој потег, порачаа, е нов знак дека ...
Кратовци славеа минимално со 1-0 против охриѓани и со тоа обезбедија место во битката за трофејот. Силекс беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, а клучниот момент се случи во 34. минута кога Дарко Додев реализира пенал за водство. Претходно Ади Алиќ не успеа да погоди од белата точка, откако Серафимов го одбрани неговиот удар. Во второто полувреме домаќинот создаде уште неколку добри шанси, но резултатот остана непроменет, додека ...
На средбата е истакнато дека Обединетото Кралство претставува важен стратешки партнер и поддржувач на државава, особено во процесите на реформи, зајакнување на демократските институции, економскиот развој, безбедноста и институционалната трансформација. „Министерот Сали нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027 и Планот за раст за Западен Балкан, како клучни механизми за модернизација на ...
,,Бев повикан од Јавното обвинителство да дадам исказ за оштета бидееќи бев пациент за време на короната. Во просторијата бевме повеќе ,,оштетени,,. Земав прв збор и образлагав дека единствен спас најдов во Жан Митрев. Бев прекинат бидејќи не им одговараше моето кажување. И Обвинителката ми вели ‘слушај не си ти тука на јавна трибина’, ме прекина и таа во една реченица го напиша исказот дека не сум оштетен”, пишува извесен Ордан Ристовски од ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, фатмир Лимани нагласи дека фактот дека речиси секое трето дете живее во ризик од сиромаштија покажува, како што рече, дека системот не ги постигнува очекуваните резултати. Потенцира дека потребна е нова генерација реформи на детските додатоци со подобар опфат, поадекватна поддршка, ориентација кон детето но и подобро поврзување на социјалната заштита со пазарот на труд. „Ова не е само ...
Жозе Мурињо им рекол на луѓето во Реал Мадрид дека ако сакаат тој да се врати, тие мора да му дадат одврзани раце, да има тотална моќ врз тимот, да прави што тој мисли дека е најдобро за да дојде до резултати. Сака да може да седне на клупата било кој играч и да игра било кој играч, без интервенција од раководството, не сака никој да му каже „овој не можеш да го седнеш на клупа, тој е недопирлив“. Само ако му биде ветена комплетна контрола ...
Според израелски извор запознаен со деталите, Нетанјаху се обидува да добие информации за напредокот на преговорите и да разбере кои опции се моментално на маса. Според истиот извор, Израел изразува загриженост за можните отстапки од САД во последен момент, кои би можеле да бидат насочени кон постигнување договор за прекин на конфликтот со Иран. Засега не е познато со кои точно американски претставници разговарал Нетанјаху, а од Белата куќа ...
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, цитиран од иранската новинска агенција ИСНА, изјави дека Иран наскоро ќе го пренесе својот одговор преку Пакистан, кој беше домаќин на единствените мировни преговори во војната и кој оттогаш служи како главен канал за пораки меѓу завојуваните страни. Во објава рано наутро на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп не не изнесе детали за каков било конкретен предлог, ...
На овогодишниот конкурс беа поднесени вкупно 34 апликации, од кои, по спроведена евалуација, поддршка добија 20 проекти. За оваа намена, Агенцијата за филм обезбеди вкупен буџет од 35 милиони денари, што претставува зголемување во однос на претходната година, кога беа издвоени 28 милиони денари. Дополнително, за првпат беше воведен модел на презентација (пичинг) на проектите, при што апликантите имаа можност директно да ги претстават своите ...
„По вчерашните дивјачки напади врз нашите градови и заедници – Днепар, Запорожје, Краматорск и други – руската војска продолжи со активни непријателства и терористичко гранатирање во текот на целиот ден. Изборот на Русија е јасно отфрлање на прекинот на огнот и спасувањето животи“, рече Зеленски. „Нападите продолжуваат на сите клучни делови од фронтот, а само од почетокот на денешниот ден, руската војска веќе изврши речиси 30 напади. Само во ...
Како што тврдат од Охрид СОС, деновиве, дел од просторот каде се наоѓаше механизацијата на јавното претпријатие (ЈП) „Охридски Комуналец“ е претворен во градилиште, за кое меѓу другото се сечат децениски стебла. „Додека ни го редуцираат зеленилото кое ни припаѓа, општинарите носат Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид (2023–2032) со стратешка цел Охрид да стане одржлив ‘зелен град’, со мрежа на висококвалитетни и атрактивни ...
Аксиос денес објави дека Белата куќа верува дека е блиску до постигнување договор со Иран за меморандум за разбирање од една страница, што би ја завршил војната и би поставил рамка за подетални преговори за нуклеарната програма на Иран. Американската страна очекува Иран да одговори на неколку клучни точки во следните 48 часа. Сè уште ништо не е договорено, но извори тврдат дека преговорите сега се најблиску до договор од почетокот на ...
„Тоа беше реобјава на објава од еден портал што го објавил ова, јас само потврдив дека сум за предвремени избори. Сите сме за предвремени избори, освен Вреди. Колку побргу се одржат, толку подобро ќе биде за земјата, за нејзиниот економски развој и во исто време за освежување и во рамките на Вреди, и во рамките на кој било друг политички субјект или структура“, рече Лимани. Прашан како дел од која политичка структура ќе учествува на следните ...
На првата прозивка ќе недостасуваат Владо Милев, Александар Љафтов, Никола Ѓоргиев, Филип Маџунков и Филип Савовски, како и еден од домашните одбојкари Стојче Арсов. Љафтов, Ѓоргиев и Савовски имаат обврски со своите клубови во националните првенства каде играат во финалето на плејофот. Милев, кој го освои бронзениот медал со Казинбарчика во Унгарија доби неколку слободни дена од селекторот за одмор. Филип Маџунков, пак е во финална фаза на ...
Од 1-ви до 7-ми Јуни во салата Јане Сандански во Скопје ќе се одржи така наречениот Контендер (Contender) пинг понг натпревар од серијата World Table Tennis. На помалку од месец дена до почетокот Словенецот Дарко Јоргиќ кој е рангиран 14-ти во Светот и Сацуки Одо од Јапонија, рангирана на 12-то место, се пријавени да ги одмерат силите во Скопје, меѓу другите. Во 2025-та за прв пат се одржа натпревар од ваков тип во Скопје, а одржувањето на ...
Криминалната шема била разоткриена на влез во државата на граничниот премин Табановце, каде што била извршена детална контрола на комбе, при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2,5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото на кое било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на ...
Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои оствариле право на пензија според истиот закон, но живеат и ја примаат пензијата во државата. И покрај тоа што правото на пензија го остварил согласно важечкиот закон, со оспорените одредби тоа право му се ограничува врз основа на местото на живеење, што претставува ...
Претседателката на ИСОС Весна Прентоска порача дека дигитален бизнис значи дека и сметководството мора да се дигитализира. „Она што денеска сакаме да го испратиме како порака е дека мора да бидеме партнери со дигиталните алатки, да ја примениме дигитализацијата и да ја искористиме најдобро што можеме. Она што за нас е предизвик е да им овозможиме на нашите членови да знаат какви се алатки имаат на располагање и да ја зголемат продуктивноста и ...
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според најавите, во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски. Во ...
Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка. Меморандумите имаат за цел да ја поврзат академската експертиза и научно-истражувачкиот потенцијал со реалните потреби на општините, преку заедничко делување во областите што се од надлежност на општините. „Потпишувањето на Меморандумите за соработка ...
„Подготвивме неколку прирачници и упатства, кои се дистрибуирани до самите училишта и до општините. Вчера веќе најавив дека ќе бидат задолжителни дежурствата на наставниците во училиштата како во ходниците така и во училишниот двор. Факт е дека тоа во некои училишта постои, но во голем број училишта сè уште не постои“, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето на камен-темелник на доградба на ОУ „Гоце Делчев“ во ...
Љутков, како што информираат од Министерството за култура и туризам, истакнал дека оваа значајна културна манифестација е потврда дека културата е најмоќниот јазик за поврзување, почит и соработка меѓу народите. „Вечерва, музиката го презема зборот. Овде, во култниот ’Бозар‘, Националниот џез-оркестар донесува звук што произлегува од традицијата, а се претопува во современа и слободна форма. Тоа е жив доказ дека македонската култура не само ...
На отворањето на пазарот на електрична енергија во организација на МЕМО присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, директорот на БСП и претседател на Управниот одбор на АДЕКС, Анже Предовник, како и Мартин Мартиновски, експерт за електрична енергија и статистика во енергетската заедница. „Овој ден е значаен чекор за македонскиот пазар на електрична ...
„Некои од партиите се исплашија од таа изјава за избори. Но, мојот став го знаете, дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро, во пролетта 2028 година“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став за неговата вчерашна изјава која одредени партии ја протолкувале како најава за избори. Во врска со тоа дали 2027 година е опција, ...