Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Поранешната советска република го замрзна своето членство во Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДБК), воен сојуз предводен од Русија, во 2024 година откако Москва не интервенираше во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан. Ереван оттогаш изрази интерес за приклучување кон Европската Унија, што предизвика незадовослтво во Кремљ. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја обвини Ерменија ...
На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија. Активностите продолжуваат попладне во 17.30 часот на паркингот пред Градското собрание каде ќе има презентација на опрема од различни полициски ...
Во изјава за медиуми по отворањето на „Генералка викенд“, претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека т.н. балансер, во формата во која постоеше, суштински водел кон корупција и криминализација. „Не мислам дека воопшто станува збор за уривање, бидејќи ‘балансерот’, таков каков што беше, суштински водеше кон корупција и криминализација. Назначувањето на највисоките позиции беше лоцирано во рацете на поединци и тие стекнуваа енормна, ...
Пелистер синоќа доживеа дебакл во Скопје, пораз од 15 голови разлика. Во второто полувреме битолскиот тим даде само седум голови. Ракометарите на довчерашниот шампион изгледаа бледо, анемично, без желба за надигрување. Таквиот однос на теренот на пелистерци, предизвика револт на навивачката група Чкембари која денеска преку соопштение го кажа својот став. „Јавно прашање до СОПСТВЕНИЦИТЕ, СТРУЧНИОТ ШТАБ И РАКОМЕТАРИТЕ! Со што Битола и Чкембари ...
Велислава Петрова-Чамова беше заменичка-министерка за надворешни работи за време на коалициската влада на Кирил Петков, кога министерка за надворешни работи беше Теодора Генчовска, исто така од партијата ИТН. Таа беше дел од кабинетот на Галаб Донев, кога министер беше Николај Милков, поранешен секретар за надворешна политика на Радев, како претседател на Бугарија. Петрова-Чамова, како заменик-министер за надворешни работи во тимот на Милков, ...
„Од овие причини, а со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и потсетување на правилата и прописите кои го регулираат сообраќајот за овие категории на учесници во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнува со реализација на превентивни кампањи за зголемување на безбедноста на возачите на велосипеди и електрични тротинети, ‘Безбедно на велосипед’ и ‘Безбедно на електричен тротинет’ “, велат од ...
Научниот став за јајцата драматично се промени во последната деценија. Порано се зборуваше многу за затнување на крвните садови од страна на холестеролот, но тие ставови во голема мера се отфрлени бидејќи доказите покажаа дека холестеролот во исхраната има минимално влијание врз холестеролот во крвта кај повеќето луѓе. За што сè се добри јајцата Иако за многумина јајцата се „обична“ намирница што не ја јадат често, тие всушност се многу моќна ...
Финалето во Лигата на Европа ќе донесе дуел меѓу Астон Вила и Фрајбург, откако двата тима успеаја да ги надоместат негативите од првите полуфинални натпревари. Тимот на Унаи Емери беше убедлив против Нотингем Форест со 4-0, додека Фрајбург ја елиминира Брага со победа од 3-1. Финалето ќе се игра на 20 мај во Истанбул, а победникот покрај трофејот ќе обезбеди и место во Лигата на шампионите. Во Конференциската лига за пехарот ќе се борат ...
„Црвено-црните“ така стигнаа до 16-та шампионска круна и сезонава ги обединија трофеите во Суперлигата и Купот на Македонија. По натпреварот, тренерот Иван Чупиќ не го криеше задоволството од успехот и им се заблагодари на сите кои биле дел од шампионската сезона. „Во ваков амбиент, со главниот ривал, во најголемото македонско дерби да завршиш работа и да освоиш титула, не може да посакавме подобро. Маратонот беше долг, но мислам дека ...
Лазарески требаше да биде еден од македонските скијачи кои ќе настапат на ЗОИ, но во последен момент отпадна поради позитивен допинг тест. Анти-допинг комисијата на Министерството за спорт сега му изрече суспензија со важност до 29 јануари 2030 година. Четиригодишна суспензија која почнува да важи од 30 јануари оваа година. „За време на периодот на неподобност, во согласност со член 10.14, од Анти-допинг правилата на Македонската НАДО, на ...
Наводно, Оскар Пјастри би можел да го замени Макс Ферстапен во Ред Бул, а Холанѓанецот да отиде во спротивен правец, да потпише за Мекларен. Но, како опција за Ферстапен се споменува и Ферари. Тој е незадоволен од актуелната состојба во Ред Бул, но и воопшто во Формула 1. Не му се допаѓаат новите технички правила, па друри размислува и за напуштање на спортот. Ако Ферстапен навистина го напушти Ред Бул. За овој тим дефинитивно Пјастри ќе биде ...
„На Филозофскиот факултет при Универзитетот ‘Свети Кирил и Методиј’- Скопје поништуваме осум дипломи на веќе поништени осум уписи и денеска тоа ќе излезе во весниците и на веб-страницата на Министерството за образование и наука. Станува збор за 17 студенти, од кои дел се запишани на втор циклус и завршиле. Ова се тие осум, а останатите продолжиле на трет циклус. Едно уверение не е поништено од страна на факултетот и тој е задолжен да го ...
Редови, формулари, чекање – дел од секојдневието што често го прифаќаме како неизбежно. Но токму тука, малите промени можат да направат голема разлика. Работи како дигиталната регистрација на МТЕЛ не звучат спектакуларно на прв поглед, но ти враќаат нешто што ретко го добиваме назад – време. Наместо да планираш кога ќе стигнеш до шалтер, едноставно отвораш лаптоп или телефон и завршуваш сè за неколку минути. Без притисок. Без пауза во денот. ...
Иако долго постоеше верување во таканаречените „мапи на лицето“ кои поврзуваат одредени делови од лицето со внатрешните органи, нема научни докази што ги поткрепуваат ваквите тврдења. Дерматологијата денес ги смета акните како резултат на комбинација од хормони, генетика, нега на кожата, исхрана и начин на живот. Акните покрај линијата на косата најчесто се поврзуваат со производи за коса. Масните масла, восоците и тешките препарати можат да ...
Пред љубителите на уметноста беа презентирани дела на уметници учесници на годинашното издание на колонијата, кои преку различни техники и стилови ја отсликуваат својата инспирација, креативност и уникатен уметнички израз. „Изложбата нуди разновиден визуелен доживувачки спектар – од пејзажи инспирирани од природата на Лесново, до современи апстрактни интерпретации“, истакнаа организаторите од Културно-информативен центар Романса пред ...
Тимот од Тексас не смееше да си дозволи уште еден брејк, па од почетокот тргна силно и веќе во втората четвртина имаше предност од 20 разлика. Силното темпо продолжи во вториот дел, Минесота беше буквално прегазена, а водството отиде и до +47 (124-77), па финишот помина апсолутно лабаво, без притисоци на двете страни. И покрај ефикасната игра, најефикасниот играч на Сан Антонио имаше „само“ 21 поен – Касл, додека Вембанјама заврши со 19 поени ...
Осврнувајќи се на мировните преговори, американскиот претседател потврди дека Техеран и Вашингтон сè уште преговараат, но тврдеше дека Иран „навистина е на крајни сили“. „Планот е многу едноставен. Иран не смее да има нуклеарно оружје, не смее да има нуклеарна бомба и нема да има. Тие се согласија со тоа и ќе видиме дали се подготвени истото да го потпишат“, рече Трамп. И покрај нападите во теснецот, Трамп инсистираше на тоа дека прекинот на ...
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи и дневни температури од 19 до 25 степени. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје, претежно облачно со повремени ...
Таа информираше дека годинава самитот „Македонија 2025“ има цел да понуди конкретни решенија и јасни пораки за економскиот и општествениот развој на земјата во однос на макроекономијата и економскиот раст, како и фокус на инвестициите, инфраструктурата и лидерството. Таа посочи дека иако податоците за странските инвестиции не се поволни, меѓународните анализи сепак препознаваат одреден исчекор на земјата кон инвестиции со поголема додадена ...
За време на роуд шоуата, што се одржаа во април во Осло и Хелсинки, директорот за приходи и развој на маркетинг на ТАВ Македонија, Владимир Граматиков, ги презентираше потенцијалот на македонските аеродроми, авио поврзаноста и туристичкиот потенцијал што може да го понуди нашата земја. Овие настани беа организирани од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (NAITM), а поддржани од SIPPO (Швајцарска програма за промоција на ...
Борбите се случија додека Вашингтон чекаше одговор од Техеран на својот предлог за прекин на конфликтот, кој започна со заеднички воздушни напади на САД и Израел низ Иран на 28 февруари. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека три американски разорувачи биле нападнати додека минувале низ Ормускиот теснец, воден пат за околу една петтина од светската нафта и течен природен гас, кој Иран го затвори речиси целосно од ...
Млад мажјак на суматрански орангутан користел мост за да премине во нова област на дождовна шума, давајќи им надеж на заштитниците на природата за опстанок на орангутаните во областа, пренесува Сајенс фокус. „Овие мостови на врвот на дрвјата покажуваат дека развојот на инфраструктурата и дивиот свет не мора да бидат во конфликт“, рече Хелен Бакленд, извршна директорка на Здружението за заштита на суматранските орангутани (СОС). „Понекогаш ...
Оваа најава следува по обвинувањата на опозициската СДСМ дека полицијата се партизира и дека новиот Закон за внатрешни работи е противуставен. Тошковски оцени дека станува збор за обид на опозицијата однапред да создаде алиби за изборниот пораз што, според него, ја очекува на наредните парламентарни избори. „За да не им се даде алиби и да не им се остави простор да критикуваат и да бараат излезно сценарио, ќе предложам до пратениците во ...
„Мета“ започна со масовоно бришење на ботови, неактивни профили и налози за кои е утврдено дека функционираат по шаблони на вештачка интелигенција. „Отстрануваме профили кои ги прекршуваат нашите правила со цел да овозможиме поавтентична интеракција“, соопштија од компанијата. Во таа „голема чистка“ значителен пад на следбениците забележаа и Роналдо и Меси. Португалецот остана без осум милиони следбеници и сега има 666 милиони на својот ...
Вардар денеска преубедливо го победи Пелистер со 34-19 и ја освои шампионската титула. „Мислам дека никој не очекуваше сезона на Вардар кога ги почнавме подготовките, но со секој тренинг и секој натпревар правевме чекор напред. Мислам дека сме на вистински пат и одиме понатаму во новата сезона кон нови успеси. Очекувам полна сала и следната сезона, сè е возможно кога имаме навивачи и голема поддршка од трибините. Вардар остана без пораз дома ...
Оваа најава, појасни Тошковски, следува по обвинувањата од опозициската СДСМ дека полицијата се партизира и дека новиот Закон за внатрешни работи е противуставен. Тошковски оцени дека станува збор за обид на опозицијата однапред да создаде алиби за изборниот пораз што, според него, ја очекува на наредните парламентарни избори. „За да не им се даде алиби и да не им се остави простор да критикуваат и да бараат излезно сценарио, ќе предложам до ...
Тој потсети дека Централната банка ја донесе оваа мерка минатата година, а со важност од 1 декември. „Ние ги затегнавме на некој начин, условите, заради заштита од прекумерно задолжување кај граѓаните и на некој начин и кај банките, при стабените кредити за домаќинствата, за граѓаните, со олеснување, во спротивна насока, за семејствата, лицата коишто купуваат прв стан. Следиме секој месец, се разбира, не можеме да дадеме некоја резултна ...
Како што информираат од МВР, Исени во своето обраќање истакнал дека соработката со IOM веќе дава конкретни резултати преку реализација на значајни национални и регионални проекти насочени кон модернизација на системите за регистрација и идентификација на мигранти, јакнење на граничното управување, борба против организираниот криминал и унапредување на механизмите за заштита на ранливите категории мигранти. „Соработката со ИОМ претставува еден ...
Во прекрасна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, Вардар со доминантна игра го понижи својот најголем ривал, Пелистер и ја завери шампионската титула. На вардарци денеска им беше потребно само да не загубат, во мечот влегоа максимално мотивирани и му одржаа ракометна лекција на досегашниот шампион. Натпреварот почна изедначено, Вардар постојано водеше, но Пелистер беше блиску. Беше 9-8 кога црвено-црните почнаа да се одлепуваат и да прават ...
Тој појасни дека овој оглас е за вработување на помошен медицински и технички персонал. Станува збор за пополнување на работни места за болничари, акушерки, медицински сестри. Во текот на наредната недела ќе биде објавен и втор оглас за две работни позиции, од кои едната е за информатичар. Штипската Клиничка болница низ годините се соочуваше со дефицит на лекари и помошен медицински кадар, а сега со отварањето на огласите во изминатите две ...