Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(23) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.09.2025 на магистрален пат во Струга, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое пријавениот бил ...
Тетово, 7 мај 2026 (МИА) - СВР Тетово информира дека ноќеска во 01:30 часот на регионалниот пат Тетово -Јажинце, кај Лешок, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Б.К.(31) од Жилче. Според СВР Тетово, тој без да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото. -По неговото пронаоѓање, извршено е ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Министерство за здравство во рамките на кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ упати апел за подигнување на јавната свест за значењето на дарувањето органи и кадаверичната трансплантација. Во рамките на широката кампања за промоција на органодарителството, докторите кои се директни учесници во овој процес апелираат дека токму дарувањето органи е најхуман и најблагороден чин на човекот ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Се очекува раст на БДП од 3,5 % во 2026 година и негово забрзување достигнувајќи 3,8 % во 2027 година. Притоа главен двигател и натаму ќе бидат инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти, како и постепеното закрепнување на надворешната побарувачка. Ова го истакна денеска на прес-конференција гувернерот Трајко Славески. Тој информира дека Советот на Народната банка, на седницата одржана денеска, ги ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, најавува анализа на четирите тарифни блока во сметките за потрошена електрична енергија за корисниците на регулираниот пазар и порачува дека според него нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ. - Мој личен став е дека се треба да се отвори и ова прашање ќе го разгледаме во наредниот период дали да има блокови или не ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Трошоците за живот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5,7 %, а цените на мало раст од 5,0 % - објави Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците зса живот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1,3 %. Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците за живот е забележано во следните групи: Транспорт ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, очекува до крајот на годината да завршат сите процедури за да може од почетокот на наредната година производителите на електрична енергија од обновливи извори непречено да учестуваат на европскиот обединет пазар. - Како Регулатор, секојдневно работиме на правната регулатива за поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија со ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Раст од 11,43 проценти на производството на електрична енергија од обновливи извори е регистриран во 2025 година во споредба со 2024 година, додека вкупното производство изнесува 6.123 гига ват часови и е практично на исто ниво - покажуваат податоците од Годишниот извештај за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година што денеска ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - За три месеци се подигнати речиси 400 кредити со поповолни услови при купување прв стан - информира денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, одговарајќи на новинарско прашање по одржаната прес-конференција. Тој потсети дека Централната банка ја донесе оваа мерка минатата година, а со важност од 1 декември. - Ние ги затегнавме на некој начин условите заради заштита од прекумерно задолжување кај ...
Атина, 7 мај 2026 (МИА) - Во рамките на иницијативите на официјална Атина за европската перспектива на Западен Балкан во пресрет на грчкото претседателство со ЕУ, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, ќе ги посети земјите од регионот, а според портпаролката на грчкото МНР, оваа посета ќе биде во следниот период - јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на тоа кога ќе се реализира и дали турнејата ќе ги вклучи ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на националната консултација „Од обврски до акција: родово одговорен патоказ за пристапување кон Европската Унија“, организирана од Министерството за европски прашања во соработка со канцеларијата на UN Women во Република Северна Македонија. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека процесот на европска интеграција ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Министерството за спорт ја поддржа иницијативата на Специјална Олимпијада Македонија за воведување Unified спортски активности во училиштата во Македонија и активно ќе се вклучи во нејзината реализација заедно со другите надлежни министерства. Станува збор, како што е соопштено, за глобална кампања која преку спортот испраќа порака за еднаквост, прифаќање и инклузија. Претставници и атлети на Специјална Олимпијада ...
Крушево, 7 мај 2026 (МИА) – Македонската машка одбојкарска репрезентација во одлични услови и мирна работна атмосфера ги стартуваше во Крушево подготовките за настап во Европската лига 2026. Комбинираниот тим кој селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб го имаат на располагање полека влегува во тренажниот процес според планот, кој е поделен на претпладневни и попладневни тренинг сесии, со дозиран интензитет и од различен карактер. ...
Варшава, 7 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Полска, Карол Навроцки, побара од Сенатот да им овозможи на граѓаните да се изјаснат за зелениот договор и климатските цели на Европска Унија, што според него само ги зголемува трошоците за живот, цените на енергентите и негативно влијае врз земјоделството. - Зелениот договор и дозволите за емисии на гас значат повисоки цени за енергентите, ослабување на економската конкурентноста и уништување на ...
7 мај 2026 Портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска, во емисијата 24 Анализа ја обвини власта за неспособност, лажни ветувања, празен буџет, нови задолжувања и целосна отсеченост од реалните проблеми на граѓаните. Таа посочи дека власта намерно создава страв за ЕУ, за да го дефокусира вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. „ВМРО постојано ...
Скопје, 7 мај 2026 СДСМ зборува за враќање на Груевски, а го пушти да избега од одговорноста, рече пратеникот од редовите на ЗНАМ, Даниел Стојчевски на денешната прес конференција, стои во соопштението што МИА ви го пренесува интегрално. Реториката што ја користат СДСМ и Венко Филипче не е повик за правда, туку обид да се избрише колективното паметење на граѓаните и да се наметне една нова, удобна „вистина“. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, ...
Штип, 7 мај 2026 (МИА) - Утре ќе биде објавен јавниот оглас за пополнување 23 работни позиции во Клиничка болница (КБ) - Штип - најави денеска директорот на КБ - Штип, Владко Захариев. Тој појасни дека овој оглас е за вработување помошен медицински и технички персонал. Станува збор за пополнување работни места за болничари, акушерки, медицински сестри. Во текот на наредната недела ќе биде објавен и втор оглас за две работни позиции, од кои ...
Гостивар, 7мај 2026 (МИА) - Две лица се лишени од слобода, заради нелегално поседување и продажба на наркотици. Од МВР информираат дека вчера во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(37) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Силата на една држава се гледа преку силата на нејзините институции. Кога институциите функционираат, граѓаните имаат чувство на сигурност, доверба и ред. Токму затоа улогата на македонската полиција денес е исклучително значајна, особено во време на комплексни безбедносни предизвици и нови закани што не познаваат граници - порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на 7 Мај - Денот на ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Над 27.000 деца од целата држава оваа година ќе учествуваат на „Плазма - Спортските игри за млади“, кои опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде ќшто е се натпреваруваат со врсници од регионот. По повод свеченото отворање на Игрите, кое ќе се одржи утре (8 ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Инфлација од околу 4 % и раст на бруто-домашниот производ од 3,5 % предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3 %, а растото на БДП ќе достигне 3,8 %. Советот на Народната банка на днешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај. Во извештајот е заклучено дека светската економија и ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ - истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-македонскиот самит во Скопје. Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментни можности имајќи ја предвид, како што посочи, ...
Каунас/Атина, 6.мај 2026 (МИА) – Екипите на Жалгирис и на Валенсија остварија победи во третиот натпревар од четвртфиналето од плеј офот од Евролигата во кошарка. Жалгирис во натпреварот број 3 направи подвиг со победата од 81:78 против Фенербахче, откако ривалот имаше водство од 19 поени во вториот период (35:16). Сепак во завршницата во последната четвртина Жалгирис дојде до предност и победа со што ја намали серијата на 2-1 во добиени ...
Скопје, 6.мај 2026 (МИА) – Кошаркарките на Бадел вечерва остварија победа од 71:69 во натпреварот број 3 од финалето од плеј офот. Тие на домашен терен ја совладаа екипата на Крива Паланка и намалија на 2-1 во победи за Крива Паланка. Триумфот на Бадел беше остварен со кошот на две секунди до крајот на Ива Чoлакоска, која вкупно постигна 16 поени, а во решавачките моменти имаше смирена рака. Претходниот напад гостинките од Крива Паланка за ...
Минхен, 6.мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето. За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување. ПСЖ поведе со голот на Усама Дембеле во 3.минута и потоа со одлична ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ. Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6. Сепак, во нокаут фазата, англискиот тим постигна само шест голови. Три во осминафиналето против ...
Њујорк, 7 мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Њујорк поведоа со 2-0 против Филаделфија во полуфиналната плејоф серија на Источната во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен триумфираа со 108-102. Џејлен Бренсон беше најефикасен во редовите на Њујорк со 26 поени, додека Оги Ануноби реализираше 24 поени. Во редовите на Филаделфија, која играше без повредениот Џоел Ембид, најефикасен со 28 поени беше Тајрис Макси. Следниот натпревар во серијата ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Ракометарите на Фуксе Берлин, Барселона и Алборг се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампиони, додека последниот патник ќе биде познат вечерва по реваншот меѓу Магдебург и Пик Сегед. Во најнеизвесниот натпревар во средата вечер, Фуксе го победи Веспрем на пенали и се пласираше на фајнлфорот. Откако унгарскиот тим победи со 35-34 во првиот натпревар, Фуксе одговори со победа од 31-30 во Берлин. Лихтлајн, ...
Мадрид, 7 мај 2026 (МИА) – Сопственикот на шпанскиот фудбалски второлигаш Андора, Жерар Пике доби суспензија од шест натпревари и забрана од два месеци за вршење на фудбалски активности во Шпанија поради неспортско однесување кон судиите по поразот на неговиот тим од Албасете со 0-1 изминатиот викенд. Пике, кој 14 години го носеше дресот на Барселона, пред осум години заедно со група инвеститори ја купи Андора, која на четири кола до крајот ...
Дортмунд, 7 мај 2026 (МИА) – Дефанзивецот на Борусија Дортмунд и поранешен германски репрезентативец, Никлас Шуле, објави денеска дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезона, на само 30 години. Шуле, кој одигра 49 натпревари за германската репрезентација, посочи дека одлуката за пензионирање била поттикната, откако минатиот месец го повреди коленото. „Откако ја слушнав добрата вест по магнетната резонанца дека не сум ги скинал вкрстените ...