Сараево, 7 мај 2026 (МИА) – Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина ги распиша изборите на 4 октомври, на кои гласачите ќе можат да ги изберат хрватските, бошњачките и српските членови на Претседателството на БиХ, претставничките домови на ентитетите и државниот парламент, претседателот и потпретседателите на Република Српска и десетте кантонални собранија во Федерацијата БиХ. Тоа ќе бидат десетти повоени општи избори во ...

Тирана, 7 мај 2026 (МИА) – Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа во Брисел оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на која разговараа за моменталната геополитичка ситуација и улогата на Алијансата. Во објава на Фејсбук, Хоџа наведе дека средбата се случува во време кога Албанија презема повеќе обврски и одговорности во рамките на НАТО, која, како што оцениле „е позначајна од кога било во денешното сè ...

Софија, 7 мај 2026 (МИА) – Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова денеска му го врачи мандатот за составување влада на кандидатот за премиер Румен Радев. Радев е номиниран од најголемата парламентарна партија Прогресивна Бугарија во 52. Народно собрание. Според бугарскиот Устав, претседателот, по консултации со парламентарните групи, му го доверува мандатот за составување влада на кандидат за премиер предложен од најголемата ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Германско-македонскиот бизнис самит е настан кој веќе прераснува во важна платформа за економски дијалог, нови партнерства и теми кои се суштински за иднината на нашата економија, но и на нашето стратешко македонско-германско партнерство, рече попладнево министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Германско–македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора и ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа теми на разговор на работниот состанок меѓу делегациите на Македонија и Словачка, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за финансии Ладислав Каменицки, што се одржа денеска во рамки на официјалната посета на ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од заменик-претседателката Иванка Василевска, во состав Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска оствариле средба со Ален Берсе, генерален секретар на Советот на Европа, кој е во официјална посета на државата. Како што информираат од собраниската прес-служба, Василевска изразила ...

Скопје, 7.мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ вечерва ги очекува уште еден дуел во рамки на борбата за пласман во АБА лигата. Македонскиот преставник го игра натпреварот број 1 од разигрувањето против екипата на Борац Чачак, која беше претпоследна во регуларниот дел од АБА лигата. - Не очекува „play in“ серијата со Борац, ание сме во една пеколна динамика на натпревари и тоа трае околу еден месец. Ќе играме против екипа и во град со голема ...

Ватикан, 7 мај 2026 (МИА) - Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска во Ватикан беше на долгоочекуваната аудиенција со папата Лав XIV. Рубио во Ватикан се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. Посетата на Рубио на Ватикан е претставена како обид за подобрување на односите по критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон папата Лав XIV. Трамп го нападна папата поради неговиот став против војната ...

7 мај 2026 Се уште не е формирана новата влада во Бугарија, а Христијан Мицкоски веќе најавува влошување на односите и денеска министарот Тимчо Муцунски изјавува дека „нема услови за уставни измени“, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Истата таа влада која пред неколку дена најавуваше дека до јуни ќе ги исполни сите 8 преостанати точки од реформската агенда, сега преку Министерството за надворешни работи ...

7 мај 2026 Нека кажат јавно: каде се наоѓа седиштето на компанијата во Глумово, бидејќи никој не може да го пронајде? Кога е основана? Дали е вистина дека е формирана само неколку месеци пред да го добие тендерот од МЕПСО? И како е потпишан договорот спротивно на член 110 од Законот за јавни набавки? Дали прекршувањата се направени само за тендерот да го добие активистот на Изет Меџити, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува ...

Скопје, 7 мај 2026 Очигледно е дека СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ за инфлацијата, што МИА ја ...

Штип, 7 мај 2026 (МИА) - Универзитетската професорка на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Билјана Попеска на генералното собрание на Европската асоцијација за физичко образование (European Physical Eduication Association) кое се одржа на Миконос во Грција е избрана за заменик-претседател на ЕУПЕА. Од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип информираат дека ЕУПЕА претставува највисока организација во Европа во ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување јавно-приватно партнерство за реализација на проектот „Модернизација на јавното осветлување“ – значаен чекор кон современа, енергетски ефикасна и безбедна општина. Оваа одлука беше изгласана денеска на седницата на Советот на Општина Аеродром. -Со овој проект ќе се воведе нов, модернизиран систем на јавно осветлување со примена на современи технологии за ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на состанокот на Секторската работна група за реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја клучната улога на реформите во унапредувањето на институционалната ефикасност и напредокот на европската интеграција на државата. Тој, како што соопшти Министерството за јавна администрација, посочи дека позитивниот фидбек од Европска комисија претставува ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Ова е суштински момент како ќе се снајдеме со демографските промени, а улогите на владите се најзначајни. Потребно е креирање политики за опфаќање сечиј потенцијал - истакна Флоренс Бауер, регионална директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија на Регионалната министерска конференција „Предводење на промените: патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето“, што се одржува во Скопје ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Македонија и покрај одреден напредок сè уште значително заостанува зад земјите членки на Европската Унија, поради што се неопходни длабоки реформи, побрз економски раст и поефикасни институции, изјави главната извршна директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска Блажевски, на денешниот брифинг со новинарите за претсојниот Самит 2026. Таа информираше дека годинава Самитот „Македонија 2025“ има цел да понуди ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет. На средбата беа разгледувани прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на подобрувањето на демократските процеси, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Овие теми се основни вредности на соработката со Советот на Европа. Гаши, информираат од собраниската прес-служба, ја ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Со мотото „Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој на Северна Македонија“, вториот Германско-македонски бизнис-самит 2026, денеска, во Скопје, собра речиси 400 учесници, повеќе од 250 компании, како и високи претставници од бизнис-секторот, политиката и институциите од Северна Македонија, Германија и регионот. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ова е самит кој е додадена ...

Минхен, 7 мај 2026 (МИА) – Со елиминацијата од ПСЖ во полуфиналната пресметка, Баерн Минхен остана без пласман во финалето, но од настапот во Лигата на шампиони оваа сезона ќе заработи околу 150 милиони евра, јави денеска агенцијата ДПА. Баерн изминатата вечер одигра пред своите гледачи 1-1 во реваншот од полуфиналето против бранителот на титулата и не успеа да ја надомести негативата од 4-5 од првиот натпревар во Париз. Со пласманот во ...

7 мај 2026 Во Министерството за спорт вчера, 6 мај 2026 година, се одржа првиот работен состанок на Меѓуресорската група за подготовка на Националната стратегија за развој на спортот (2026-2030), се вели во соопштението од Министерството за спорт, што МИА го пренесува интегрално. На состанокот присуствуваа државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, Тања Блажевска - раководител на Одделение за оперативно - аналитички ...

Рим, 7 мај 2026 (МИА) – Хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ се пласираше во второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим, откако денеска попладнево ја комплетираше победата од 6-4, 6-3 над Унгарецот Мартон Фучович во првото коло. Прижмиќ во средата поведе со 1-0 во сетови, потоа натпреварот беше прекинат поради дожд и продолжи попладнево. Противник на Прижмиќ во 2. коло ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ. Тоа ќе биде нивна втора средба, откако во ...

Брисел, 7 април 2026 (МИА) - На подрачјето на Европската Унија, со исклучок на Данска, денеска стапи во сила нов Закон за заштита на луѓето вклучени во јавното учество од неосновани или злонамерни тужби, односно анти-СЛАПП. Акронимот СЛАПП е кратенка од англискиот јазик - стратешка тужба против јавното учество (Strategic Lawsuit Against Public Participation). СЛАПП-тужбите ги поднесуваат моќни актери - корпорации, политичари, лоби-групи, ...

Москва, 7 мај 2026 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборени се 347 украински дрона над 20 руски региони, вклучително и над Москва. Тоа е втор најголем украински воздушен напад од почетокот на руската инвазија. Во март минатата година за еден ден беа лансирани 389 украински дрона врз Русија. Русија на 4 мај прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај поради Денот на победата, кога се одбележува поразот на ...

Тирана, 7 мај 2026 (МИА) - Педесет и шест студенти од Полициската академија во Албанија синоќа побараа медицинска помош на Инфективната клинка во Тирана, со симптоми на труење, откако консумирале храна во просториите на Академијата. Двајца од студентите се задржани на понатамошен третман. Албанската Национална агенција за храна (АКУ) спроведе инспекции во Академијата и во просторијата каде што се подготвува храната. Специјалистите за ...

7 мај 2026 На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека напуштањето на работната група за измена на Изборниот законик од страна на СДСМ е во директна координација со владејачкото ВМРО-ДПМНЕ. ,,СДСМ во заговор со ВМРО-ДПМНЕ, а со цел задржување на бипартизмот и на позицијата на нивното компромитирано раководство, излегуваат од процесот за носење на нов Изборен законик. Кога македонското општество е ...

Скопје, 7 мај 2026 Најновите податоци на Државниот завод за статистика уште еднаш ги потврдија дилетантските политики на Мицкоски и суровата реалност во која живеат граѓаните. Додека Христијан Мицкоски кажува бајки за „трета економија“ во Европа, статистиката е поразителна. Во април оваа година има раст на инфлацијата од 5,7 проценти споредено со истиот месец 2025 година, се вели во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Ова е ...

Штип, 7 мај 2026 (МИА) - Со презентација на опрема и технички средства со кои располага Секторот за внатрешни работи (СВР) - Штип и Полициската станица-Штип денеска на Градскиот плоштад „Слобода“ беше одбележан Денот на полицијата. Полициските службеници преку директна комуникација со граѓаните, споделуваа превентивни совети за подигнување на безбедносната и сообраќајната култура. Во рамки на настанот беа презентирани дел од активностите и ...

Битола, 7 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална посета на Општина Битола. Од Општина Битола соопштија дека на средбата биле констатирани добрите пријателски односи на Македонија со стратешкиот партнер САД, а Коњановски и Димитровски во срдечен ...

Делчево, 7 мај 2026 (МИА) - Започна пријавувањето штети на земјоделските насади предизвикани од природната непогода – голомразица што ја зафати територијата на Општина Делчево во текот на мај 2026 година. Од локалната самоуправа ги повикуваат сите граѓани кои претрпеле материјални штети да поднесат барања во архивата на Општината. Пријавувањето ќе се врши во периодот од 7 до 21 мај, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Со барањето, ...

Делчево, 7 мај 2026 (МИА) - Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска свечено беше отворена изложбата на слики создадени во рамки на 33-тата Лесновска ликовна колонија, настан кој со децении претставува важен сегмент од културниот живот во регионот. Пред љубителите на уметноста беа презентирани дела на уметници учесници на годинашното издание на колонијата, кои преку различни техники и стилови ја отсликуваат својата инспирација, ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.46
50%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
58%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.52
45%
1020
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.24
53%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
4.32
64%
1017
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
48%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
54%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.58
60%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.4
48%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
95%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
43%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.21
100%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Платина

53756.05

Иридиум

253540.09

Злато

131337.93

Калај

51.97

Сребро

2072.63

Цинк

0.00

Паладиум

39545.42

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52