Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Рим, 8 мај 2026 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува Иран во следните часови да претстави сериозен предлог за прекин на огнот. Тој по средбите во Рим со италијанската премиерка Џорџа Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани, наведе дека „очекува конкретни потези во наредните часови“, нагласувајќи дека Иран е поделен, но оти се надева на сериозна понуда. - Ќе видиме што ќе се случи, ...
Најроби, 8 мај 2026 (МИА) – Најмалку десет луѓе загинаа откако се урна рудник за злато во Румос Хилс, северозападна Кенија. Несреќата се случи синоќа, а ситуацијата на терен е понатаму е драматична, бидејќи од под урнатините повремено се слушаат гласови и лелеци. Досега од рудникот се извлечени најмалку десет безживотни тела. - Спасувачката мисија е во тек и се верува дека во урнатиот рудник има повеќе луѓе заробени, изјави комесарот на ...
Техеран, 8 мај 2026 (МИА) – Иранските медиуми објавија дека и покрај договорот за прекин на огнот во Ормуска Теснина има „спорадични борби“ помеѓу вооружените сили на Исламска Република и американската морнарица. Во изминатиот час се водеа спорадични борби помеѓу иранските вооружени сили и американските бродови во Ормуска Теснина, објави иранската новинска агенција Фарс, но не наведе повеќе детали. Претходно, иранското Министерство за ...
Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет денеска објавија десетици декласифицирани документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и вонземски живот, во обид да им обезбедат на американските граѓани, како што нарекоа „невидена транспарентност“. Министерството за одбрана на САД најави дека долго бараните документи и фотографии од „неидентификувани аномални феномени“ ќе бидат ...
Москва, 8 мај 2026 (МИА) – Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави денеска дека по полноќ по локално време, кога стапи во сила еднострано прогласеното примирје од страна на рускиот претседател Владимир Путин, биле уништени 20 дронови насочени кон руската престолнина. Примирјето беше објавено по повод чествувањето на 9 мај – Денот на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна. „Три дрона што се ...
Киев, 8 мај 2026 (МИА) – Високиот антикорупциски суд на Украина не продолжи дел од претходно изречените ограничувања за лидерката на партијата „Баткившчина“ (Татковина) и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осомничена во предмет поврзан со наводно поткупување пратеници во Врховната рада. Според украинските медиуми, судот ѝ го вратил пасошот на Тимошенко и ѝ овозможил да го напушта Киев, како и да патува во странство доколку ...
Берн, 8 мај 2026 (МИА) - Швајцарската јавност е речиси рамноправно поделена во врска со референдумскиот предлог со кој бројот на жители би бил ограничен на 10 милиони - покажува новото истражување на јавното мислење спроведено пред гласањето закажано за 14 јуни. Според анкетата на институтот ГфС од Берн, спроведена за јавниот сервис СРГ, 47 проценти од испитаниците ја поддржуваат иницијативата, исто толкав процент се против, а другите немаат ...
Лондон, 8 мај 2026 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер, откако неговата Лабуристичка партија претрпе тежок пораз на локалните избори, денеска објави дека останува на чело на Велика Британија и ќе ја продолжи борбата за „промени“ во земјата. Помалку од две години по историски убедливата победа на општите избори, гласачите ја казнија лабуристичката влада на Стармер на локалните избори, нанесувајќи им удар и на некои од нејзините ...
Кишињев, 8 мај 2026 (МИА) - Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денеска изјави дека Европската унија сака да го забрза пристапувањето на Молдавија кон Унијата и додаде дека Приднестровјето нема да биде пречка за европската иднина на земјата. „ЕУ сака да го продолжи процесот за Молдавија да стане дел од Унијата. Но, секако, пристапувањето не е само технички процес. Тоа е и политичка обврска. Додека работиме на тоа, сакам да ве ...
Москва, 8 мај 2026 (МИА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска предупреди дека Русија „немилосрдно ќе одговори“доколку, како што изјави, „нацистичките сили“ се обидат да се загрозат или го попречат прославувањето на Денот на победата во Русија. За време на церемонијата на положување венци во зградата на Министерството за надворешни работи во Москва, Лавров оцени дека современите безбедносни и политички околности во Европа ...
Зинциг, 8 мај 2026 (МИА) – Од утринава во германскиот град Зинциг е во тек заложничка криза, во филијалата на банката „Фолксбанк“, околу која се распоредени специјални полициски единици, додека хеликоптери летаат над градот. Според германски „Билд“, драмата започнала во 9 часот утрово, а целиот центар на градот во моментов е блокиран и ограден од полицијата. Според германските медиуми, инцидентот започнал кога возило за транспорт на пари ...
Москва, 8 мај 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара со „сите“, вклучително и со Европејците, соопшти Кремљ денеска, откако „Фајненшл тајмс“ објави дека раководството на Европската унија се подготвува за потенцијални разговори. Фајненшл тајмс вчера објави дека пресвртот на Европската унија е поттикнат од фрустрацијата од преговорите за завршување на војната во Украина, предводени од американскиот претседател ...
Берлин, 8 мај 2026 (МИА) – Заложничката криза во банка во германскиот град Зинциг заврши откако полицијата упадна во филијалата на „Фолксбанк“ и пронајде двајца заложници, а ограбувачите побегнаа. Специјалните сили во банката ги пронајдоа возачот на комбето за транспорт на пари и вработениот во банката заклучени во соба. Тие се неповредени. Потрагата по сторителите е во тек. Полицијата за време на операцијата немаа контакт со заложниците и ...
Копенхаген, 8 мај 2026 (МИА) – Премиерката на Данска, Мете Фредериксен денеска не успеа да состави нова коалициска влада, откако лидерот на центристичката партија Умерените, Ларс Локе Расмусен се повлече од преговорите. Расмусен го прекине своето учество во консултациите и предложи водечката улога во формирањето нова влада да ја преземе Троелс Лунд Поулсен од Либерална партија, која може да се обиде да состави десноцентристичка влада. На ...
Хаг, 8 мај 2026 (МИА) – Во седиштето на партијата Демократи 66 (Д66) во Хаг, на премиерот на Холандија, Роб Јетен вчера експлодирала бомба поставена во поштенско сандаче, соопшти денеска полицијата. Во инцидентот никој не е повреден, а еден 37-годишен маж, осомничен за нападот, е приведен. Јетен изјави дека нема да биде заплашен од чинот. Во моментот на експлозијата во штабот на Д66 се одржувало состанок со подмладокот на партијата, при што ...
Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека изјави дека Украина и Русија, на негово барање, се согласиле за тридневен прекин на огнот. Примирјето ќе трае од утре до понеделник. Според Трамп, Киев и Москва се согласиле и да разменат по 1.000 воени заробеници. ми/ фото: МИА архива Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека изјави дека Украина и Русија, на негово ...
Берлин, 8 мај 2026 (МИА) – Десетици илјади ученици денеска протестираа ширум Германија поради евентуалното враќање на задолжителниот воен рок. Протестите во организација на иницијативата „Училиштен штрајк против регрутацијата“ се одржаа во речиси 130 градови, меѓу кои Берлин, Хамбург, Бон и Минхен. - Се сеќаваме на историскиот 8-ми мај и даваме јасна изјава: никогаш повеќе војна, никогаш повеќе фашизам, никогаш повеќе регрутација, објави ...
Белград, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за правда на Србија, Ненад Вуиќ, синоќа соопшти дека првата верзија од измените на пакетот судски закони ќе биде испратена денеска до известителите на Венециската комисија по што одредени делови ќе им бидат објаснети за време на онлајн-состанок. На втората јавна расправа одржана вчера, за можни решенија за измена на пакетот судски закони во согласност со Уставот, законите и препораките на експертите на ...
Софија, 8 мај 2026 (МИА) - Бугарскиот парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата Прогресивна Бугарија. Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица ...
Белград, 8 мај 2026 (МИА) - Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, денеска изјави дека предлогот на нафтената компанија МОЛ за купување на мнозинскиот руски удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) не е целосно прифатлив и дека потребно е да се коригира, а преговорите се уште се во тек. На прашањето за „црвените линии“ на Србија во преговорите, Мацут за РТС изјави дека тоа е стабилноста на пазарот и снабдувањето, и дека рафинеријата за нафта во ...
Белград, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за европски интеграции на Србија, Немања Старовиќ, на денешната седница на ресорниот парламентарен одбор изјави дека наводите за замрзнување на средствата за Србија од Планот за раст за Западен Балкан се „целосно лажна вест пласирана на сензационалистички начин“. Старовиќ, исто така, рече дека портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламберт, на прес-конференцијата изјавил дека средствата не се ...
Софија, 8 мај 2026 (МИА) - Бугарското Народно собрание, по бурна расправа, денеска ја избра новата влада предводена од премиерот Румен Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија. Пратениците првин го избраа Радев за претседател на Владата. За неговиот избор гласаа 124 пратеници од Прогресивна Бугарија, пратениците од ГЕРБ - СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. Вкупно ...
Атина, 8 мај 2026 (МИА) – Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас ја остави отворена можноста земјата да набави транспортни авиони Ц-390 од Португалија за што разговарал на средбата со неговиот португалски колега Нуно Мело за време на посетата на Лисабон, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас по средбата се осврна на билатералните односи меѓу двете земји кои ги карактеризираше како извонредни. - За време на нашите разговори уште ...
Тирана, 8 мај 2026 (МИА) - Податоците на Евростат покажуваат значително зголемување на вложувањата на албанските граѓани во странство, главно во недвижности. -Овие инвестиции достигнаа околу 760 милиони евра, што е значително повисоко ниво во споредба со претходните години. Статистиката за странски директни инвестиции вклучува и купување на недвижности од страна на поединци во странство, што го одразува движењето на капиталот кон странските ...
Атина, 8 мај 2026 (МИА) – Во април годишната инфлација во Грција се зголемила на 5,4 отсто, наспроти 3,9 проценти еден месец претходно, покажуваат официјалните податоци од грчката Служба за статистика, а најголемо е зголемувањето на цените на горивата, јави дописничката на МИА од Атина. Од споредбата на општиот индекс на потрошувачки цени за април 2026 година со истиот индекс од април 2025 година произлегува зголемување од 5,4 отсто, наспроти ...
Атина, 8 мај 2026 (МИА) – Во пештера во морскиот дел јужно од грчкиот остров Лефкада, вчера попладне рибари пронашле поморски дрон со вклучен мотор, а според грчките медиуми располага со детонатори и најверојатно ќе го преземат надлежни од Министерството за одбрана на Грција за дополнителна истрага, јави дописничката на МИА од Атина. Рибарите откако го пронашле, успеале да го извлечат и закотват на пристаниште. Грчкиот весник „Катимерини“ ...
Тирана, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари во говор во Обединети навии, на Меѓународниот форум за миграција, ја потврди посветеноста на Албанија за безбедна, регуларна и легална миграција, заснована на човекови права, меѓународна соработка и јакнење на албанската дијаспора. - Со конкретни реформи, политики засновани на податоци и регионални и глобални партнерства, Албанија ја зајакнува својата улога како ...
Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) – Американски трговски суд пресуди дека најновите глобални царини од 10 проценти воведени од претседателот Доналд Трамп не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите години, но само во однос на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон. Царините и понатаму остануваат во сила за сите други увозници. Судот оцени дека воведувањето на царините согласно членот 122 од Трговскиот закон од ...
Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) – Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран, објавија синоќа американските медиуми. Истрагата се однесува на најмалку четири случаи во кои трговците оствариле вкупен профит од повеќе од 2,6 милијарди долари обложувајќи се на пад ...
8 мај 2026 Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денес (8.5.2026 година), ќе оствари средба со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р. Кристина Гицулика. На средбата ќе се дискутира за вклученоста на бизнис заедницата во системот на високото образование, а фокусот посебно ќе биде ставен на учеството на бизнис зедницата во креирање на студиските програми, ...