Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу земјата и СЕ во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права. Министерот Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, го поздравил затворањето на ...
8 мај 2026 СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи, кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Министерот за правда Игор Филков и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денеска во Влада таја потпишаа Рамковна конвенција за вештачка интелигенција на Советот на Европа - прв обврзувачки меѓународен инструмент, кој поставува јасни принципи и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција. Рамковната конвенција ги надополнува постојните меѓународни стандарди за човекови права, ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија. На средбата, како што соопшти МНРиНТ, бил поздравен редовниот политички дијалог воспоставен во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано ...
Битола, 8 мај 2026 (МИА) - Пратеници од изборната единица број 5 денеска гостуваа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и дебатираа со студентите на тема „Отворено за идеите на младите“ и се информираа за начинот на организирање и функционирање на Собранието, односите на Собранието со другите институции, парламентарниот институт и други надлежности. Народните избраници и студентите едногласно заклучија дека директните средби се ...
8 мај 2026 Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од реформската агенда, односно со лицемерието кое СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го протнат и во Собранието и на македонската политичка сцена. Како медиуми и јавност сте сведоци дека сите поважни законски решенија, а пред сè сите решенија од реформската агенда, се носат во една транспарентна, јавна и отчетна процедура – како никогаш досега, ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Не верувам во демографски фатализам. Напротив, убедена сум дека државите може да одговорат мудро, стратегиски и хумано - изјави вчеравечер претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето“, посветена на демографските промени и нивното влијание врз ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера остварила средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјата. Таа, како што посочија од Кабинетот на претседателката, ја истакнала улогата на Советот на Европа како најстара европска институција, која повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото како темелни ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски, по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма - Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјата на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор на Директоратот за мир, партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи (EEAS), на која, како што информираат од Министерството, била потврдена заемната посветеност во делот на зајакнување на одбранбената соработка. Средбата во Министерството за одбрана, која била ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што му посака успешна работа во Министерството. Бељули, како што информираат од МЖСПП, има повеќедецениско искуство во државната администрација. Во текот на својата кариера ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за вработување, како и државен секретар во ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешната работна средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, порача дека институцијата дејствува ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда и останува посветена на квалитетната дебата и унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Како што информираат од Собранието, Гаши ја запознал заменик-амбасадорката ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во состав од пратениците Сали Мурати, Јованка Тренчевска и Ѓорѓија Сајкоски, како и заменик-генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи, од 6 до 9 мај во Будва, Црна Гора, учествуваше на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот. Како што информира собраниската прес-служба, ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај, официјално ќе се трансформира од соработка меѓу пет политички субјекти во единствено политичко тело. Овој процес на обединување ќе биде потврден од над 805 делегати, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани. Сулејмани посочи дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се ...
Газа, 7 мај 2026 (МИА) - Девет лица загинаа, а 39 се ранети во израелските напади врз Газа во последните 24 часа, објави палестинското Министерство за здравство. „Има жртви под урнатините и на улиците, а екипите на брзата помош и цивилната одбрана не можат да стигнат до нив“, се наведува во соопштението, објавено од Ал Џезира. Од октомври 2025 година, кога стапи на сила прекинот на огнот, во израелските напади во Газа се убиени 846 лица, ...
Техеран, 7 мај 2026 (МИА) – Иран продолжува да го разгледува предлогот за преговори на САД и сè уште нема подготвен одговор, изјави ден денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, пренесува ДПА. Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаеи, за државната агенција ИРНА изјави дека Техеран ќе го соопшти својот став до Вашингтон преку Пакистан, кој дејствува како посредник, откако ќе завршат внатрешните консултации. Белата куќа ...
Атина, 7 мај 2026 (МИА) – Вештачката интелигенција да му служи на човекот; забрана за воведување ретроактивни даноци; систем на оценување на државните службеници; зголемување на шест години на мандатот на претседателот на земјата; ограничување на улогата на Парламентот во истрагата за евентуална кривична одговорност на министрите; избор на раководството на судството од надлежната парламентарна Комисија, а не од Владата, се дел од предложените ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, извршил увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Како што информираат од Министерството, средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на МЖСПП, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, ...
Струга, 7 мај 2026 (МИА) - Литијата е сведоштво дека му припаѓаме на Христа и дека со радост ја носиме и ја покажуваме нашата вера. Оваа возобновена традиција нека зема се поголем замав, а светиот Великомаченик Георгиј нека ве закрилува, нека се моли за вас и нека ве укрепува во секое добро дело, порача архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во проповедта по вечерната литургија на традиционалната Струшка литија со моштите на „Свети ...
Белград, 7. мај 2026 (МИА) – Жоан Пењароја актуелниот тренер на Партизан е мета на неколку клубови од Евролигата. Тоа значи дека Шпанецот, кој го препороди Партизан можно е на крајот од сезоната да го напушти клубот. Пењароја го презеде Партизан во тешки моменти кога тимот беше во резултатска криза и во серија лоши резултати, а требаше да ја наследи легендата на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ. Тој во кус период ја стабилизираше екипата и ја ...
Мадрид, 7 мај 2026 (МИА) - Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска ѝ го додели Орденот за граѓански заслуги (Orden del Mérito Civil) на Специјалната известувачка на Обединетите нации за состојбата со човековите права на окупираните палестински територии, Франческа Албанезе. Орденот ѝ е доделен за обемна работа во документирањето и известувањето за кршење на меѓународното право во Газа, беше објавено на веб-страницата на шпанската Влада. ...
Приштина, 7 мај 2026 (МИА) - Вршителот на должноста шефица на Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Косово, Ева Палатова, денеска изјави дека Косово не може автоматски да добие статус на кандидат за ЕУ и дека мора да ги убеди сите 27 земји-членки. Таа одговори на изјавата на косовскиот премиер Аљбин Курти, кој на прославата по повод Денот на Европа во Приштина побара од ЕУ да му додели статус на кандидат за Косово и да отвори преговори за ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која меѓудругото разговарале неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. -Денес остварив пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Со порака дека иднината на државата се гради преку знаење, иновации и поддршка на младите, денеска во Кавадарци се одржа финалето на Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта 2026/2027, под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска присуствуваше на ...
Лос Анџелес, 7.мај 2026 (МИА) – Словенечкиот репрезентативец и играч на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ се чувствува фрустрирачки дека не е во можност да им помогне на своите колеги од тимот во плеј офот (во најважниот дел од сезоната). Притоа тој откри и кога може да се очекува негово враќање на теренот, откако се повреди на 2.април во финишот од регуларниот дел од сезоната на дуелот против Оклахома Сити. - Денот кога имав магнетна ...
Скопје, 7мај 2026 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија со особена гордост информира дека нашиот национален кондиционен тренер на фудбалските судии, Сашо Даневски, од страна на УЕФА официјално е назначен за главен фитнес тренер на елитните судии во Европа. Со ова назначување, Даневски на 1. јули ќе ја преземе одговорноста за физичката подготовка, мониторингот и развојот на елитните судии на УЕФА, како и лидерска улога во координацијата ...
Техеран, 7 мај 2026 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на Телеграм објави дека телефонски разговарал со пакистанскиот колега Ишак Дар. - Во овој разговор, страните, земајќи ги предвид најновите случувања и актуелните трендови во регионот, ја нагласија важноста од продолжување на дијалогот и дипломатијата, како и проширување на конструктивната соработка меѓу земјите од регионот со цел да се зачува стабилноста и да се спречи ...
Хараре, 7 мај 2026 (МИА) - Зимбабве ќе врати 67 фарми запленети од државата од странци од четири европски земји како дел од билатерални инвестициски договори, изјави министерот за земјоделство на оваа земјата, додека се обидува да ги поправи односите со западните земји со цел олеснување на долгот. Јужноафриканската земја започна со конфискација на фарми во сопственост на белци за време на покојниот лидер Роберт Мугабе во 2000 година. Владата ...
Хелсинки, 7 мај 2026 (МИА) - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер очекува САД да одржат воено присуство во Германија, и покрај најавеното повлекување на неколку илјади војници јави денеска ДПА. Тој во Хелсинки изјави дека верува оти САД разбираат оти стационирањето војници во Германија на клучни локации како што е базата „Рамштајн“, исто така, е во нивен стратешки интерес. „Ние веруваме и се потпираме на тоа“, рече тој. На ...
Киев, 7 мај 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија сè уште го игнорира примирјето предложено од Киев, додавајќи дека Украина ќе продолжи со нападите со долг дострел доколку Русија продолжи со нападите. Зеленски предложи прекин на огнот што почнува на 6 мај, како одговор на предлогот на рускиот лидер Владимир Путин за прекин на огнот од 8 до 9 мај, додека Москва ја одбележува победата во Втората ...