Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски. - Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Научниот институт за тутун – Прилеп ќе добие поддршка од 25.500.000 денари за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) – Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порачала министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на ...

Кавадарци, 9 мај 2026 (МИА) - Денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во организација на здружението „Македонски семејни винарии“.Експерти од областа на автохтони сорти, биодиверзитет, развој на винскиот туризам и агротуризмот, одржаа предавања пред присутни лозари, винари и други гости. - Станушината е нашето природно богатство, ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, тоа значи и обврзување кон Европската конвенција за човекови права, како и прифаќање на обврската да се спроведат сите пресуди на Европскиот суд за човекови права. Тоа е обврска што важи и за Северна Македонија и за Бугарија, и за сите 46 земји-членки. Во контекст на пресудите за македонското малцинство во Бугарија тоа значи дека мора да ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Во Ресен синоќа се одржала трибина „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која, како што објави на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, се разговарало за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството. Според Трипуновски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е отворено за предлозите, критиките и иницијативите ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Владата организира свеченост по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. Делегации од институции, политички партии, амбасади, .... ќе положат цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. На свеченоста ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Владата организира свеченост по повод 9 Мај - Денот на победата над ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) – Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти, се вели во честитката на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 9 Мај - Денот на Европа. - Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека не смееме да дозволиме подвигот на илјадниците борци кои ги положија своите животи за слободата која ја живеме денес да биде заборавен или релативизиран. - Во годините на Втората светска војна, македонскиот народ, рамо до рамо со своите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци, ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај - Денот на Европа упати критки до власта дека ја држи државата изолирана од Европа и посочи дека треба да се направат уставни измени за да почнат преговорите за членство во Европската унија. -Денес го славиме Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве, например, како ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Сè што правиме во овој период е насочено кон тоа државата повторно да ја застанеме на нозе, да ја закрепиме економијата и да создадеме сигурност и перспектива за секој човек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Нашата борба денес, потенцираше, не е со оружје. Нашата борба е за знаење, за развој, за институции и за достоинствен ...

8 мај 2026 Денес стоиме исправени пред историјата. Пред ден кој не е само датум во календарот, туку ден врежан во совеста на човештвото. Ден на победата над фашизмот. Ден кога светот покажа дека злото може да биде поразено, дека тиранијата не е вечна и дека слободата секогаш ја наоѓа својата сила во народите кои не се предаваат, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Европа е изградена на ветувања, слобода, еднаквост и демократија. Денес во свет на конфликти и економски притисоци, мора да ги браниме овие вредности дома и надвор, рече денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во обраќањето на свеченоста што се одржа во кругот на Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Ова е ден, посочи, кога треба и да се подвлече стратешката важност на ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Потребно ни е обединување во заедничката борба за подобар живот, посилна економија, праведно општество и држава во која младите ќе сакаат да останат, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. - Како народ отсекогаш сме знаеле дека силата е во заедништвото. Во нашата историја ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија. -Почитувани граѓани на Северна Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат - моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, наведе дека македонскиот народ застана на вистинската страна - антифашистичката и како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии. -9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес на која петте партии се обединуваат во еден субјект. На конгресот е најавено присуство на 850 делегати, а предвиден е официјален и работен дел, кога ќе се избираат претседатели. На Конгресот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници на други политички партии од земјава. Од Вреди најавуваат нов модел со ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Коалицијата ВРЕДИ вечерва на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити во изјава за медиуми истакна дека во албанскиот кампус имало монопол подолг период, гласачите барале промени и така се родила коалицијата ВРЕДИ. -Гласачите бараа промени уште пред десетина години, но проблемот беше кај опозицијата. Ние тоа го ...

Мадрид, 8 мај 2026 (МИА) – Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги казни своите фудбалери, Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени, со по 500.000 евра поради тепачка за време на тренинг. Реал ги изрече казните денеска, ден по физичката пресметка меѓу двајцата фудбалери, во која Валверде со повреди на главата бил пренесен во болница. Клубот објави дека двајцата играчи се извиниле еден на друг, како и на своите соиграчи, по инцидентот. Валверде и Чуамени ...

Струмица, 8 мај 2026 (МИА) – Во вториот натпревар во рамки на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, македонската репрезентација денеска во Струмица загуби од Андора на пенали, откако во регуларниот дел немаше победник (2-2). Гостинките поведоа во 14. минута со погодокот на Бос, а во 79. минута Андора дојде до предност од 2:0. Во завршните десет минути, избраничките на селекторот Катерина Милеска успеаја да го израмнат резултатот ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Македонскиот одбојкарски шампион во женска конкуренција ќе биде познат по „мајсторка“ откако во четвртиот натпревар од финалето на плејофот, Работнички Скопје со 3:0 (25:15, 27:25, 27:25) го совлада вечерва Наковски Волеј пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ и израмни на 2-2 во серијата до три победи. Конкурентите за титулата и во својот четврти меѓусебен дуел во финалната серија одиграа одличен натпревар, ...

Скопје, 8 мај 2026, (МИА) Бранка Д. НАЈДОВСКА Родена и (речиси) израсната во нашата земја, Стефанија Гаштарска првите чекори ги направила во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде што почнува оформувањето на нејзиниот уметнички идентитет. Нејзината амбиција, сепак, не се задржала во рамките на домашната сцена. Поттикната од желбата за усовршување, таа заминува во Русија кога е речиси сè уште дете и се запишува на престижната Бољшој ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - „Паметници на заборавот“ е насловена фотографската изложба на Сашо Димоски, која ќе биде отворена вечер од 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Како што е најавено, во фокусот на изложбата е просторот и објектите во него, како една од доминантните тематски преокупации на авторот во последните години. -Самата негова одлука од своите фотографии да го исклучи човекот токму од просторот во кој јасно ...

Скопје, 4 мај 2026, (МИА) Дарко ЈАНЕВСКИ Според сеќавањето на Катерина Демерџиева, жителка на с. Баница, тогаш на возраст од 14-15 години, малку фалело за Гоце да ја избегне погибијата во с. Баница. Од она што таа го видела, четниците излегле од куќата околу 10 часот, стигнале до Бакарево гумно, требало да минат уште една полјана и, за жал, тука доаѓа крајот. Турската војска најпрвин сакала да знае точно во која куќа е Делчев. За да ги ...

Минхен, 8 мај 2026 (МИА) - Поради зголемувањето на цената на деловите и на услугите на сервисерите, сè повеќе сопственици на возила ја одложуваат посетата на сервис за проверки и поправки. Неодамнешно истражување на Германското здружение на осигурителни компании (ДАТ) утврди ново зголемување на цената на резервните делови и на дневниците на бензинските станици. Растот на трошоците за поправка на возила, којшто трае со години, продолжи со ...

Рим, 8 мај 2026 (МИА) – Четвртиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Рим, откако вечерва загуби од Хрватот Дино Прижмиќ во три сета со 6:2, 2:6, 4:6. Најуспешниот тенисер на сите времиња и шесткратен освојувачот на турнирот во Рим беше поразен од 79-от тенисер на АТП листата по два часа и 17 минути. „Тешко ми е да кажам нешто. Новак е мојот идол, имам голем респект кон него. Играв ...

Киев, 8 мај 2026 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнаа договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници. - Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс. Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
43%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
51%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
41%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.08
61%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.49
54%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
42%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.36
61%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.56
54%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.37
43%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
96%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.18
61%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Злато

131337.93

Платина

53756.05

Иридиум

253540.09

Сребро

2072.63

Паладиум

39545.42

Калај

51.97

Родиум

257205.97

Бакар

12.52