Москва, 8 мај 2026 (МИА) – Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков изјави дека Русија се согласила со иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за воспоставување прекин на огнот со Украина од 9 до 11 мај и за размена на затвореници со Киев „1.000 за 1.000“ во овој период. - По налог на рускиот претседател Владимир Владимирович Путин, ја потврдувам прифатливоста за руската страна на иницијативата што неодамна ја предложи ...

Тирана, 8 мај 2026 (МИА) - Албанската опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, вечерва го одржа осмиот по ред антивладин протест, за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана. Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада. Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Отворен е фронт за интензивирање на градежните активности на автопатските делници што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, при што е забележан раст од 90 отсто во 2025 година во однос на 2024 година, информираше заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостување во поткастот „Ноќно студио“, Николоски нагласи дека очекува трендот да продолжи и годинава, со нов раст од ...

Лондон, 8. мај 2026 (МИА) – Екипите на Кристал Палас од Англија и на Рајо Ваљекано од Шпанија ќе играат во финалето на Конференциската лига што ќе се игра на 27. мај во Лајпциг. Премиерлигашот Кристал Палас и во реваншот постигна победа против украински Шахтјор со 2:1 и со вкупни 5:2 го елиминира ривалот. Кристал Палас поведе со автоголот на Педро Хенрик во 25. минута, а изедначи Егиналдо во 34. минута. Конечните 2:1 ги постави Исмаила Сар во ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма - Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава. Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот. Со ...

Детроит, 8.мај 2026 (МИА) – Екипите на Детроит и Оклахома Сити поведоа со 2-0 во полуфиналната конференциска серија откако ноќеска постигнаа нови победи на домашен терен против Кливленд односно ЛА Лејкерс. Детроит го совлада Кливленд со 107:97 и ја продолжи серијата победи, откако се врати од негативата 1-3 против Орландо и сега има пет триумфи во плеј офот. Кејд Канингем со 25 поени и 10 асистенции и Тобиас Харис со 21 поен беа најдобрите ...

Чачак, 8.мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ претрпеа убедлив пораз (97:61) во првиот натпревар од разигрувањето за пласман во АБА лигата на гостувањето во Чачак против Борац. Силниот ритам на натпревари во домашната лига и регионалното натпреварување е најголемиот проблем за играчите на ТФТ. - Успеавме да се најдеме во завршницата на АБА лигата, што е наш најголем успех. Но, тоа донесе до огромен број на натпревари 16 за 40 дена. Психолошки, ...

Скопје, 8.мај 2026 (МИА) – Селекторот на машката македонска репрезентација Кирил Лазаров го закажа собирот за бараж дуелите од Светското првенство со Словачка на 10.мај (недела). Воедно Лазаров го скрати списокот на 20 играчи, кои треба да бидат во хотелот „Александар Палас“ во 13:30 часот. На списокот се наоѓаат: Мартин Томовски, Никола Митревски, Васил Гогов (голмани); Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, Ненад Костески, Александар Петковски ...

Манчестер, 8.мај 2026 (МИА) – Актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик изјави дека прво размислува за успешен крај на сезоната, а дури потоа за сопствената иднина на „Олд Трафорд“. Карик во моментов е привремено решение на клупата на „црвените ѓаволи“, откако во јануари го наследи Рубен Аморим. Тој има успешни резултати, а тимот со победата од 3:2 против големиот ривал Ливерпул во претходното коло на три натпревари пред крајот ...

Скопје, 8.мај 2026 (МИА) – Во недела Скопје повторно ќе живее во знакот на спортот, енергијата и натпреварувачкиот дух. На 10 мај, со почеток во 9 часот, ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К – меѓународна атлетска трка која и оваа година ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот. Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на бул. Илинден, во близина на фонтаната „Лотус“, а ...

Скопје, 8.мај 2026 (МИА) – Модул исполнет со интензивна агенда – полагање на практичен испит согласно УЕФА конвенцијата за 25/26 со која на 33 кандидати им се даде можност да ги применат своите идеи, теми и принципи за подготовка и одржување на фудбалски тренинг за категорија до 12 години. УЕФА Ц лиценцата за фудбалски тренери претставува основна база на Центарот за Едукација од која ќе се црпат идните тренери носители на повисоко ниво на ...

Мајами, 8 мај 2026 (МИА) – Речиси еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез изјави дека е отворен за евентуално враќање во националниот дрес, иако во септември 2024 година објави крај на својата репрезентативна кариера по конфликтот со селекторот Марсело Биелса. Пред повеќе од година и пол, Суарез го обвини Биелса дека создава раздор во ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш Кавадарци доби забрана од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ. Според официјалното известување од ФИФА, забраната ќе остане во сила сè до целосно намирување на обврските, а најдолго до три последователни регистрациски периоди. Воедно, ...

Рио де Женеиро, 8 мај 2026 (МИА) – Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја објави официјалната песна за претстојното Светско првенство, насловена „Dai, Dai“. Колумбиската пејачка објави дел од новата песна на социјалните мрежи во видео снимено на легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Песната на која настапува и нигерискиот пејач Бурна Бој официјално ќе биде објавена на 14 мај. Во видеото, Шакира е прикажана заедно со група танчари ...

Бургас, 8 мај 2026 (МИА) – Францускиот велосипедист Пол Мание (Судал Квик-Степ) е победник на првата етапа на трката Џиро д’Италија, чие 109. издание годинава стартуваше во Бугарија. Првата од трите етапи што ќе се возат во Бугарија, беше во должина од 147 километри од Несебар до Бургас на брегот на Црното Море. Мание мина попладнево низ целта со време од три часа и 21 минута и до победата дојде во спринтерска завршница, која беше проследена ...

Куманово, 7 мај 2026 (МИА) - Фото киноклуб „Козјак“, вечер со почеток во 18 часот во занаетчискиот дом ја организира изложбата „Мајски салон 2026“, информираа денеска организаторите. Станува збор за традиционална клупска изложба на ФКК „Козјак“. Публиката ќе има можност да види најразлични фотографии, моменти од реалноста, емоции. Изложените дела, додаваат од клубот дела се показател на сериозноста и посветеноста со која членовите ѝ ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Со настанот наречен „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ!“, вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, започнува 6. Скопски поетски фестивал. Фестивалот ќе се одржува до 9 мај во Младинскиот културен центар и во „Буква“. Оваа година учесниците се поети од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија, од Црна Гора и од Македонија. ‒ Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ го отпочна снимањето на долгометражниот игран филм „СНЕШКО“ (The Snowman / Snowman), тинејџерска драма со елементи на фантазија, која ја раскажува приказната за девојка што никогаш не видела снег. Филмот го следи созревањето на Лили, 16-годишна математичка генијалка која живее на остров каде што никогаш не паѓа снег. Интровертна и тешко прифатена од околината, таа го носи ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Дискографската куќа „Кроација рекордс“ (Croatia Records) од Загреб денеска во Скопје за македонската публика ги промовираше новите албуми на Влатко Стефановски - инструменталниот „Guitar sings“ и новиот студиски албум „Muscle Memory“, а нашиот најпознат гитарист зборуваше како се создадени и што го инспирирало. За новите изданија зборуваа Маја Видмар Клариќ, извршен директор на „Кроација рекордс“, и Клаудија Чулар, ...

На 11 мај во Скопје, во просториите на Сули Ан, ќе се одржи првото издание на Resonant Earth: Collective Ritual (Скопје I), нов музички проект на Јордан Костов. Овој проект ја поставува музиката како отворен процес на заедничко создавање, надвор од жанровски ограничувања и фиксни форми. Resonant Earth: Collective Ritual е жив, колективен музички чин во кој различни културни традиции, инструменти и музички јазици се спојуваат во едно ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Национална галерија на Македонија, вечер во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели. Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 15 мај 2026 година во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. Како што информираат од КИЦ Истанбул, изложбата претставува ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес денеска во 18:30 часот свечено ќе биде отворен македонскиот павилјон на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност во рамките на 61. Биенале на уметноста, што ќе се одржува од мај до ноември 2026 година во ...

Велес,8 мај 2026 (МИА) – Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на велешкиот ликовен уметник Александар Јовановски Мијак на која се претставени над 20 портрети од кои некои во природна големина. Дора Андова Фотева историчар на уметност го напиша и текстот за каталогот, а во нејзино отсуство извадоци од текстот пред присутните прочита нејзината колешка Елица Николова. Таа нaведе дека во севкупното 30 годишно ликовно творештво ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - До 30 мај е крајниот рок за поднесување на пријави за учество на второто издание на Меѓународната научна конференција „Мит и драма: кризи, граници, другости“ што ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Скопје. Меѓународната конференција ќе се реализира во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ-Скопје, Институтот за македонска литература при УКИМ и Факултетот за драмски уметности при УКИМ. Како што ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Во срцето на Европа, на сцената на престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, Националниот џез оркестар ја изведе концертната програма „Macedonian Dreams“, претставувајќи уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез израз. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ја поведе публиката низ музичко патување инспирирано од богатото македонско музичко наследство, ...

Техеран, 8 мај 2026 (МИА) - Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Вашингтон се одлучува за „неодговорна воена авантура“ секогаш кога има дипломатско решение на маса. „Дали е тоа груба тактика на притисок? Или е резултат на „спојлер“ што повторно го измами американскиот претседател да влезе во уште една неволја“, наведе Арагчи во објава на „Икс“. Според неговото мислење, исходот е ист, без разлика на причините. ...

Јоханесбург, 8 мај 2026 (МИА) - Уставниот суд на Јужна Африка повторно ја отвори постапката за отстранување на претседателот Сирил Рамафоса од власта, со што се поништува гласањето во парламентот што го запре процесот, објавија западните агенции. Националното собрание на Јужна Африка, каде што партијата на Африканскиот национален конгрес на Рамафоса има мнозинство, во 2022 година го отфрли парламентарниот извештај во кој се заклучува дека ...

Бејрут, 8 мај 2026 (МИА) - Опстанокот на повеќе од половината од населението на Либан, кое брои околу 5,8 милиони жители, зависи од хуманитарната помош, додека израелските напади врз земјата продолжуваат, објавија денеска Обединетите нации и Европската комисија. Европкомесарката за хуманитарна помош и управување со вонредни состојби, Хаџа Лабиб, по средбата со либанскиот претседател Џозеф Аун во Бејрут изјави дека „повеќе од три милиони луѓе, ...

Техеран, 8 мај 2026 (МИА) - Иран го заплени танкерот за нафта „Оушн Кои“ во Оманскиот Залив поради наводен обид на бродот да го попречи извозот на иранска нафта, објавија денеска иранските државни медиуми, повикувајќи се на соопштение на војската. Според извештаите, танкерот што пловел под знамето на Барбадос превезувал иранска нафта и „се обидел да предизвика штета и да го попречи извозот на нафта искористувајќи ги регионалните услови“, ...

Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) - Централната американска команда (ЦЕНТКОМ) денеска објави дека американските сили во моментов спречуваат влез и излез на повеќе од 70 танкери од иранските пристаништа. Во објава на социјалната мрежа Икс, ЦЕНТКОМ соопшти дека комерцијалните бродови имаат капацитет да транспортираат повеќе од 166 милиони барели иранска нафта, во вредност од повеќе од 13 милијарди долари. САД воведоа блокада на Ормуската Теснина во ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
43%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
51%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
41%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.08
61%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.49
54%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
42%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.36
61%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.56
54%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.37
43%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
96%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.18
61%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Злато

131337.93

Платина

53756.05

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Бакар

12.52

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Алуминиум

3.48

Калај

51.97