Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Иако станува збор за просечна синдикална кошничка, ССМ во новата пресметка за мај месец, пресметала минимално намалување од 54 денари во споредба со кошничката од април месец. Иако кошничката е далеку од релевантна, поентата е дека дури и на оваа кошничка на ССМ, креирана и одобрена од СДС, сумата е намалена, објави на ФБ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, стои во партиското соопштение, што МИА го ...

Скопје, 21 мај 2026 Партијата на „Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам, се вели во соопштението на ВРЕДИ ...

Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати директна порака и апел до премиерот Христијан Мицкоски за спроведување на уставните измени. Како што рече на прес-конференција, очигледно се подготвува пакет за прием во ЕУ и исклучитлено е важно земјата да не остане надвор од тој процес. Според Филипче, уставните измени се единствениот пат напред, а Македонија не смее да го пропушти возот. Лидерот на СДСМ повика ...

Дебар, 20 мај 2026 (МИА) - Меѓународниот ден на пожарникарите 20 мај, дебарските пожарникари го одбележаа со бројки кои потврдуваат дека биле повеќе ангажирани споредено со периодот јануари-мај минатата година. Пред претставници на локалната власт, претставници на полицијата и други институции, командирот на Територијалната противпожарна единица, Џетан Мифтароски, рече дека нивна цел, како единица, е заштита на населението и имотот на ...

Битола, 20 мај 2026 (МИА) - НУ Центар за култура-Битола ја промовира 51. Државна изложба на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, на која годинава стручната жири комисија селектира за експонирање 432 детски творби од 41 колекција на ликовни творби од основните училиште во земјава. Изложбата за отворена ја прогласи претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски кој истакна дека изложбата не е само ...

Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Општина Центар во соработка со Здружението на пензионерите од општината вечерва од 19 часот го организира настанот „Носталгија за корзо - сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе почне од плоштадот Македонија со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“, каде што ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ги повикува ...

Куманово, 21 мај 2026 (МИА) - Општина Куманово соопшти дека денеска е извршен првиот третман на терестичка дезинсекција против возрасна форма на комарци на повеќе локации низ градот и околните населби. Активностите се спроведуваа по течението на реката Кумановка, од Кумановска Бања, преку Проевце, Бејтови Ниви, кејот на реката, како и на повеќе јавни површини и населби низ градот. Со дезинсекцијата беа опфатени и површините околу градскиот ...

Куманово, 21 мај 2026 (МИА) - Во Занаетчискиот дом во Куманово, на 21 мај 2026 година со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на етнолошкиот филм „Кумство, вера и духовна визија во срцето на народот“, во организација на НУ Музеј Куманово. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово, а автор на проектот е вишиот кустос-етнолог Надица Петковиќ. -Филмот обработува тема поврзана со народните обичаи, ...

Битола, 21 мај 2026 (МИА) - Прв пат по повеќе од 30 години, вработените од ЈУ Национален парк „Пелистер“ почнаа да го расчистуваат патот од Инфо Центар (1350 мнв) до местото викано Ловечка Куќа (2000мнв) со вкупна должина од осум километри. Некатегоризираниот пат се наоѓа во т.н. бафер зона или неутрална зона која не е под заштита и поради недоволната грижа во изминатиот период, уредувачките активности ќе се одвиваат во две фази, информираа ...

Дебар, 21 мај 2026 (МИА) – Во Центарот за култура синоќа беше отворено 5-то издание на куклениот фестивал „Дебарски кукли –Дебар 2026“. Фестивалот за отворен го прогласи Арбен Јајага, претседател на Здружение за уметност, култура и зачувување на културното наследство „АРТ КУЛТ 57“, кое е и организатор на овој културен настан. -Посебно чувство на задоволство е големото присуство на нашите најмали, кои со посебна радост, како што самите ми ...

Штип, 21 мај 2026 (МИА) –Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше за смената на директорите на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Ивана Ангеличкова заминува на директорската позиција на градинката на „Астибо“, а на нејзиното место за вршител на должност директор на „Вера Циривири-Трена“ е назначена Ана Јакимова. Јорданов ...

Битола, 21 мај 2026 (МИА) - Општина Битола го одбележа Светскиот ден на културната различност востановен со одлука на Генералното Собрание на Обединетите нации и поддржан од УНЕСКО. Во своето обраќање до учесниците на културниот настан, културно уметнички друштва и претставници на етничките заедници во Битола, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека локалната самоуправа продолжува да ја негува културата и мултикултурата како важно ...

Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до десет годишна возраст, со цел да им излезе во пресрет на семејствата кои во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка поради работни обврски, се наведува во соопштението на Општината. Пријавувањето, додаваат оттаму, почнува од 21 мај, а родителите треба да достават документација согласно критериумите наведени во правилникот. Станува ...

Битола, 21 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњаносвки оствари средба со раководството на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, организатор на меѓународната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмарт“. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека градоначалникот Коњановски бил информиран за подготовките на 45. издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ на која ќе ...

Куманово, 21 мај 2026 (МИА) - Над 50 проценти од апликациите, односно половина од околу триесетината инфраструктурни проекти во Куманово, поддржани од вториот владин повик за инфраструктурна поддршка на општините, веќе се воведени во работа информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој на прес-конференција изјави дека Општина Куманово внимателно ја следи динамиката на проектите за да не се доведат компаниите кои ги ...

Куманово, 21 мај 2026 (МИА) - Општина Куманово започна со целосна реконструкција на улицата „Бајрам Шабани“, каде во тек се активности за поставување бетонски рабници и изградба на нови тротоари, по што ќе следува асфалтирање на целата улица, информираа денеска од општината. Градоначалникот Максим Димитриевски соопшти дека средствата за реализација на проектот за реконструкција на улицата се обезбедени преку вториот владин повик од унгарскиот ...

Скопје, 19 мај 2026 Маркетинг агенцијата Пазел Конекшн, во соработка со модната дизајнерка Стефанија Насеска Попадинец, ја спроведува кампањата „Емотивна постава“ – автентичен проект што ја истражува длабоката симбиоза помеѓу ткаенините и женската внатрешна сила, создавајќи визуелна и емотивна приказна за чувствата што живеат под површината. Кампањата се реализира преку дигитална комуникација на социјалните мрежи на Пазел конекшн, а својот ...

Направете домашни лепчиња по ваш избор и послужете го овој вкусен намаз со нив.. Состојки: 2 големи модри патлиџани 500 грама зелени пиперки 2 домати 1 лажица рен 4-5 чешниња лук 1/2 чаша(за црно кафе) маслиново масло 1/2 чаша (за црно кафе) вински оцет сол по вкус малку пченкарно масло за пржење сок од лимон Подготовка: Испечете ги модрите патлиџани и пиперките во тавче и излупете ги.Модрите патлиџани исецкајте ги и веднаш наросете ги со ...

Сараево, 20 мај 2026 (МИА) - Низ Европа деновиве помина воз што потсетува на златната ера на легендарниот „Ориент експрес“, а неговото појавување низ балканските градови привлече големо внимание кај граѓаните и туристите. Станува збор за луксузниот „Балкан експлорер“, воз кој нуди уникатно искуство низ Југоисточна Европа, со ентериер и услуга што потсетува на хотел со пет ѕвезди. Заборавете на ладните сендвичи на железничката станица, кафе ...

Вашингтон, 20 мај 2026 (МИА) - Американската вселенска агенција (НАСА) објави аудио-снимка која прикажува како навистина звучи „црна дупка“ во длабочините на вселената. Необичниот звук доаѓа од галактичкото јато „Персеус кластер“ (Perseus Cluster), кое се наоѓа на околу 250 милиони светлосни години од Земјата. Снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи поради својот длабок и вознемирувачки тон. - Иако со децении се верувало ...

Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Промоцијата на новиот новиот албум на Добрила и Дориан „Wind To Blow” (Ветер да Подујне) ќе се одржи вечерва во Аудиокултура, а неговата концертна промоција ќе се одржи на 4 јуни во Националната опера и балет во рамките на 25.Оффест. Дуото го сочинуваат Добрила Грашеска (вокал, вокални лупови) и Дориан Јовановиќ (ут, лупер, електроника, програмирање). После „Апокриф” и „Пиле Шарено”, „Wind To Blow” (Ветер да ...

Ако сте во потрага по десерт кој е истовремено сладок, освежителен и полн со хранливи состојки, оваа сирова протеинска торта е совршениот избор за вас. Се подготвува брзо, не бара печење, а комбинацијата од суво овошје, јаткасти плодови и кремасто сирење ќе ги задоволи сите ваши сетила. Одличен избор за здрава ужина или десерт по тренинг. Состојки за подлогата: 40 грама суви смокви 50 грама суви брусници 50 мл сок од портокал 50 грама моркови ...

Mелбурн, 21 мај 2026 (МИА) - Кајли Миног проговори за долгорочните ефекти од нејзината борба со ракот на дојка, велејќи дека искуството низ коешто минала во 2005 година и денес сè уште влијае на нејзиниот живот. Дијагнозата ја добила на 36 години, што довело и до откажување на многу концерти. Подоцна се откри дека болеста првично била погрешно дијагностицирана. Инаку, австралиската пејачка со години зборува за нејзиното закрепнување и ...

Атина, 21 мај 2026 (МИА) - Движењата на вкупно 37 пеликани, рутите што ги користат во Грција и на целиот Балкан, но и растојанието што го поминале, може да се следат новата преку дигитална алатка Follow the Pelican („Следи го пеликанот“) на Друштвото за заштита на Преспа - јави дописничката на МИА од Атина. Секој од пеликаните има свое име и на интерактивната мапа е прикажана рутата, но и поминатите километри, а според податоците, најактивен ...

Скопје, 21 мај 2026, (МИА) - Мерцедес официјално го претстави новиот АМГ ГТ купе-модел со четири врати. Препознатливиот V8 мотор заминува во историјата, а на негово место доаѓа моќен, целосно електричен погон. Иако нема вистински звук од ауспухот, автомобилот нуди уште поголема моќност и побрзо забрзување. Надворешноста на автомобилот носи модерен изглед инспириран од концептниот модел АМГ ГТ XX, кој се одликува со спортска линија на покривот ...

Париз, 21 мај 2026 (МИА) - Почна снимањето на четвртата сезона на хит-серијата „Белиот лотос“. Снимањето се одвива во Франција, за време на одржување на Филмскиот фестивал во Кан. „Според информациите што кружат на социјалните мрежи, веќе се појавиле снимки од фестивалот на кои наводно се гледаат членовите од актерската екипа, што дополнително ја зголемило возбудата меѓу обожавателите на серијата“, пренесе Индекс Снимањето се одвива во ...

Стокхолм, 21 мај 2026 (МИА) - Случаите на бактериски сексуално преносливи заболувања нагло се зголемија во Европа - соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ). Пријавените случаи на гонореја и сифилис достигнаа највисоко ниво за повеќе од една деценија во 2024 година, според здравствената агенција на Европската Унија со седиште во Солна, Шведска. Официјално, во 14-те земји што обезбедија податоци ...

Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари - приближно 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата - беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Т.Х.(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица - турски државјани и Т.Х., кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција. ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На почетокот од денешното судење, еден од бранителите се осврна на претходни докази од камери што биле презентирани. Според бранителот, некое време прилично точно биле избројани, останатото време значително помал број ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.18
76%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
84%
1022
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.75
84%
1025
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.56
73%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
9.08
76%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
0.25
97%
1025
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
55%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.76
80%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
4.36
67%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
97%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
69%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.22
69%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Паладиум

39545.42

Алуминиум

3.48

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Родиум

257205.97

Цинк

0.00