Земјите од Европа треба постепено да ја намалат зависноста од Кина, без целосно да ја прекинат соработката. Тоа значи да работат со повеќе партнери, да го развиваат домашното производство и да воведат јасни правила за безбедност и транспарентност. За Македонија ова е особено важно за напредок кон европскиот пат, бидејќи треба да се усогласи со европските правила како контрола на инвестиции, заштита на податоци и надзор на важни сектори, со ...

Амбасадорката Сјаојан вели дека Кина инвестира во соработка и комуникација во разни сфери и области и во иднина навистина сака повеќе комуникации и соработка. Инаку, Кина е трет по големина трговски партнер на Македонија. „Во иднина навистина сакаме повеќе комуникации и соработка. Сакаме колку може повеќе македонски пријатели да ја посетат Кина и очекувам повеќе реални резултати во соработката меѓу нас. Недамна во Кина имаше две сесии, на кои ...