Премиерот на Србија во оставка, Милош Вучевиќ, вечерва изјави дека владејачката коалиција е сè поблиску до одлука за формирање нова влада, но дека не може да ја исклучи можноста за распишување избори, додавајќи дека конечната одлука за тоа ќе биде донесена за десетина дена. Вучевиќ изјави дека ќе биде закажана собраниска седница на која пратениците мора да ја констатираат неговата оставка, по што ќе започне рокот од 30 дена. „Мислам дека сме ...

Судија на претходна постапка вечерва го прифати предлогот на Обвинителството и му определи мерка притвор од 30 дена на 20-годишниот осомничен за вчерашната трагична несреќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинителството претходно соопшти дека осомничениот претходно бил обвинето за трговија со дрога, за што бил во притвор, но судија од Основниот кривичен суд во ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински ја реафирмира амбицијата да биде кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека важни се околностите во кои партијата ќе одлучува за тоа кој ќе биде нејзин кандидат. „Да му дадеме шанса на времето. Да видиме што ќе се случува во иднина. Сепак, и околностите се важни во кои ќе се носи одлуката. Верувам дека предлогот кој ќе се даде од страна на Мицкоски, до извршните ...

Српскиот капитен Богдан Богдановиќ во финишот од „трејд периодот“ во НБА лигата би можел да го напушти тимот на Атланта и да се пресели во Феникс Санс, пренесуваат американските медиуми. Според информациите на новинарот Марк Стајн Атланта е спремна да го трејдува српскиот бек и во овој момент ги разгледува можните опции. Се споменуваше и Џими Батлер од Мајами, меѓутоа опција за Санси е и Богдановиќ. Во овој момент екипата предводена од Кевин ...

Секретарот за одбрана на САД Пит Хегсет и генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска телефонски разговараа за потребата од зголемување на трошоците за одбрана во земјите-членки на НАТО, соопшти Пентагон. Хегсет и Руте разговарале и за „изградба на посилен НАТО сојуз“, објави Ројтерс. Претставниците на САД и НАТО, исто така, разговараа за важноста од „проширување на капацитетите на одбранбената индустриска база на двете страни на Атлантикот“. ...

Норвешка одлучи да ја поддржи Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA), чија работа е забранета од Израел од денеска, со 275 милиони норвешки круни (23,4 милиони евра), кои ќе бидат испратени до Агенцијата, Јави норвешката јавна телевизија НРК. „Газа е во урнатини, а напорите на УНРВА се потребни повеќе од кога било“, рече норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде во соопштението за ...

„По одлуката на Надзорниот одбор на „НЛБ Банка Скопје“ и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од 29.01.2025 година, Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на „НЛБ Банка Скопје“. Таа е докажан професионалец во областа на финансиите, со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор. Во очекување на одобрението од Народната банка, Катерина Јанковиќ од септември минатата година, ја извршуваше ...

Српската полиција во Чачак и Нови Сад уапси петмина млади луѓе на возраст од 17 до 31 година, кои се осомничени дека грабнале момче од училишно игралиште во Горњи Милановац. Уапсените се М.Ѓ. (22), Н.С. (27), А.У.(31), Н.Ј.(28) и С.К.(25), како и 17-годишник, кои добија кривична пријава за киднапирање. Како што соопшти српското МВР, тие се осомничени дека на 14 јануари, од училишното игралиште во Горњи Милановац, лажно претставувајќи се како ...

Словенечката Влада денеска одобри продолжување на постапката за набавка на оклопни возила со осум тркала од финската компанија „Патрија“, а договорот, проценет на околу 700 милиони евра, вклучува набавка на 106 возила. Словенечкиот министер за одбрана Борут Сајовиќ на прес-конференција по владината седница изјави дека целта е со купување на борбени возила да се формираат две борбени единици со големина на баталјон – извидничка и борбена единица ...

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, пратеник во Собранието и заменик-министер, Андреј Жерновски, размислува повторно да се активира политички, објави порталот „24 инфо“, откако Жерновски освоил најмногу гласови во анкета за тоа кој бил најдобриот градоначалник на Центар. „Многу ми значи и ме израдува фактот дека граѓаните на Центар, и покрај тоа што поминаа 12 години од мојот избор за градоначалник на најважната општина и што четири ...

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас бил фотографиран во друштво на поранешната порно актерка и модел на „Онли Фенс“, Клаудија Бавел. Поранешниот шпански голман во изминатите години беше поврзуван со повеќе атрактивни девојки по разделбата со ТВ водителката Сара Карбонеро во март 2021 година со која беше пет години во брак. Бавел како тинејџерка „дебитираше“ во филмовите за возрасни, а денеска според информациите на медиумите заработува и до ...

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека судирот меѓу патнички авион и воениот хеликоптер над Вашингтон е резултат на грешка или поконкретно „проблем со висината“ на која летал воениот авион. Тој рече дека хеликоптерот со тричлен екипаж учествувал во „рутинска годишна обука за ноќни летови на стандарден коридор на владина мисија“, објави Си-Ен-Ен. – Имаше некаков проблем со висината, ние веднаш почнавме да го истражуваме ...

Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, денеска ја отфрли можноста за преговори со САД за Панамскиот канал додека се подготвува да му гостува на државниот секретар на Доналд Трамп, Марко Рубио, објави АП. Мулино рече дека отворањето преговори за сопственост на каналот „е невозможно“. „Не можам да преговарам, а уште помалку да отворам процес на преговори за каналот. Тоа (прашањето) е запечатено. Каналот е на Панама“, рече тој на својата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е сериозен во намерата да го купи Гренланд, изјави државниот секретар Марко Рубио, откако Данска беше потресена од неговите закани дека ќе ја преземе автономната данска територија. Во интервју, Рубио ја омаловажи заканата од САД да користат воена сила против Данска, сојузник на НАТО, но за забелешките на Трамп за Гренланд рече: „Ова не е шега“. „Претседателот Трамп објави она што има намера да го направи, а ...

Медицинска сестра во главниот град на Уганда, Кампала, почина од ебола, прва регистрирана смртност од последното избивање на болеста во 2022 година. Секретарот на Министерството за здравство рече дека 32-годишната медицинска сестра била вработена во главната болница во Кампала. Откако развила треска, лабораториските тестови потврдиле дека е заразена со вирусот ебола. Еболата, која се шири преку контакт со телесни течности или контаминирани ...

59-годишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот 15 години помлад поранешен партнер ја нападнал во центарот на Скопје, а потоа дошол и на нејзиното работно место, каде се однесувал агресивно, соопшти МВР. „На 29.01.2025 во 18:36 часот во СВР Скопје, 59-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Г.М.(44) од Скопје, кој потоа околу 14.00 ...

Хрватска е првиот финалист на Светското ракометно првенство откако триумфираше против Франција со 31-28. Противник ќе ѝ биде подобриот од утрешното соочување меѓу Португалија и Данска. Во Арената во Загреб, Хрватите одиграа феноменално прво полувреме кое го пресуди победникот. По првиот дел Хрватите имаа предност од 18-11. И покрај тоа што Франција во второто полувреме успеа да ја намали разликата, а на четири минути пред крајот дојде и до минус ...

Претставници на Европската унија ја разгледуваат можноста за обновување на купувањето руски гас како дел од потенцијалниот договор за ставање крај на руско-украинската војна, објави денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори. Застапниците за продолжување на купувањето руски гас, вклучително и официјални лица од Унгарија и Германија, велат дека тој потег може да биде поттик и за Русија и за Европа да го поддржат мировниот ...

Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со стратегија да ги подобриме состојбите, а веќе од понеделник ќе се обезбедат сите лекови кои недостигаат за терапија на онколошките пациенти, рече министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на пратеничкото прашање од Тони Јаревски на денешната собраниска седница кој побара одговорност за состојбите во кои западнало јавното здравство и проблемите во универзитетската клиника за ...

Третманот на пациенти со дијабетес, покрај основната терапија за одржување на нормална гликемија, треба да вклучува и рана детекција на невропатијата. Исхемијата, невропатијата и инфекциите претставуваат три основни фактори кои придонесуваат за развој на дијабетични улкуси на стапалата. Често, инфекцијата која настанува како последица на веќе присутна невропатија и исхемија води кон ампутација. За да не се случи тоа потребо е да се реагира ...

Се огласи обвинителството по објавата во некои медиуми во врска со претходни дела на 20-годишниот возач, осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Оттаму појаснуваат дека Обвинителството поднело обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор, која по предлог на Обвинителството била определена од самиот почеток на постапката, и тоа за две ...

Под дејство на алкохол бил 20-годишниот Васо Ј. кој доцна синоќа во Скопје со возилото на татко му ја усмрти дизајнерката Фросина Кулакова (22) од Неготино. Тој немал возачка дозвола, и поминал на црвено светло. Како што пренесуваат некои медиуми, станува збор за лице со проблематично однесување и кое зад себе имало повеќе прекршоци. Исто така, кратко пред да се случи несреќата, Васо Ј. на својот Инстаграм профил објавил фотографија на која ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале како Влада е алармантно катаклизмична. „Состојбата која ја затекнавме беше алармантно катаклизмична и во таква состојба вие мора да најдете начин како сето тоа да го менаџирате и да се соочувате со сите тие предизвици.“ Мицкоски изјави дека има различни и поделени ставови во однос на замрзнување ...

Дваесетгодишното момче кое доцна синоќа ја прегази младата девојка на „Партизанска“ во Скопје, возел без возачка дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, соопшти обвинителството. Спроведена е истрага против него за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник ...

Граѓани најавија дека утре излегуваат на протест по трагичната несреќа во која загина младата Фросина Кулакова, млад дизајнер од Неготино. Тие бараат надлежните да отворат очи. Истовремено, лути се на судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога. Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме ...

74-годишен жител на скопската општина Карпош вчера е уапсен откако двајца негови соседи го пријавиле дека бил агресивен кон нив и им се заканувал со остар предмет, соопшти МВР. „На 29.01.2025 во 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(74) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11.50 часот агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите ...

Како ќе се одразат одлуките на Трамп за кратење на финансиската помош на државите низ светот и на Македонија? Одговор во утринската емисија „Слободен печат“ побаравме од Леа Огњаноска Ставровска – доктор по право во ЕУ. Зошто се толку скапи логопедските услуги? Кога најдоцна треба детето да го изговори првиот збор? Во кои ситуации родителите треба да го однесат детето на логопет и како изгледна една терапија? На кој начин начинот на хранење ...

Словенечкиот Парламент денеска ги усвои измените на Законот за здравствени услуги, со кои се воведува речиси целосна забрана за двојна пракса за лекарите и другиот медицински персонал, а измените им забрануваат на вработените во државните здравствени установи да работат за приватни лица, пренесе агенцијата СТА. Министерката за здравство Валентина Преволник Рупел истакна дека двојната пракса ќе биде можна само во исклучителни случаи. Измените на ...

Спасувачките екипи во Јапонија се обидуваат да извлечат возач на камион од дупка што се појави завчера и оттогаш се прошири, јавува Би-Би-Си. Во градот Јашио во префектурата Саитама, недалеку од главниот град Токио, се појави дупка и проголта камион. Спасувачките напори беа отежнати поради урнатиот пат, а властите наредија евакуација на десетици домаќинства во областа. Според локалните медиуми, 74-годишниот возач последен пат им одговорил на ...

Пакистанската полиција соопшти дека маж кој неодамна го преселил своето семејство од Соединетите Држави во Пакистан, признал дека ја убил својата 15-годишна ќерка во вторникот поради несогласување со нејзината содржина на TikTok. Инцидентот се случил на улица во градот Квета, во југозападен Пакистан. Таткото, Анвар ул Хак, првично тврдел дека неговата ќерка родена во САД била убиена од неидентификувани напаѓачи. Меѓутоа, тој подоцна признал дека ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
38%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
1.54
48%
1014
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
1.03
53%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
39%
1016
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
3.25
24%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
1.03
61%
1015
weather icon

Атина

35ᴼ / 34ᴼ
5.66
30%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
40%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
42%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
1.54
31%
1013
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
2.06
36%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
54%
1013
Currency

61.535

Currency

53.0609

Currency

72.2077

Currency

34.3826

Currency

38.3919

Currency

65.5592

Currency

7.33901

Currency

0.6731

Currency

0.36421

Currency

0.52505

Currency

1.32441

Currency

0.61418

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14740.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.82

Сребро

1153.86

Злато

106738.29

Бакар

9.83

Паладиум

33886.89

Платина

42069.96

Родиум

174417.80

Цинк

2.69