Професорот на Факултетот за политички науки во Белград, Милош Бешиќ, вели дека студентите постигнале тие да се тие што ги наметнуваат темите во општеството, а не владејачката партија, јавуваат српските медиуми. „Најголемото достигнување на студентскиот протест во општествено-политичка смисла е фактот што откако тој протест зеде замав, тема на денот се протестите и студентите. Веќе не наметнува владејачката партија, туку студентите се тие кои ги ...

Голем број граѓани во Хрватска и денеска учествувале во општиот бојкот на продавниците и услугите поради високите цени, покажуваат најновите податоци на Даночната управа, објави „ХРТ“. Бројот на издадени фискални сметки во малопродажбата од полноќ до 15 часот е намален за 31 отсто, додека вкупната вредност на издадените сметки е за 42 отсто помала во споредба со петокот, 17 јануари, кога немаше бојкот. Во однос на претходниот петок, кога се ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, изрази поддршка за денешниот протест на граѓаните поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова, и најави дека в петок во Собрание ќе започнат измените на законите, односно промена на квалификативите за што се обвинуваат сторителите на ваквите дела. „Тоа што се случи вчера е еден грозоморен чин. Ние многупати во минатото сме апелирале на нефункционалност на системот, па загрижувачки е кога ...

Се заокружи постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите, соопшти Министерството за финансии. „Договорите коишто ги одобри Владата на последната владина седница, се веќе потпишани од страна на Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија. Во тек е постапката за потпишување на договорите на Развојната банка со деловните банки преку кои ќе се пласираат средствата кон крајните корисници, ...

Руските сили извршија ракетен напад врз историскиот центар на украинското црноморско пристаниште Одеса, што се наоѓа на списокот на светското наследство на УНЕСКО, при што се оштетени згради и ранети се две лица, соопштија локалните власти. Фотографиите објавени на интернет го прикажуваат оштетениот хотел „Бристол“, луксузна знаменитост од крајот на 19 век, како и остатоци разнесени на блиската улица до раскошната опера од истиот период. ...

Авион за транспорт на пациенти, во кој ималo шест лица, меѓу кои и едно девојче, вчеравечер се урна во Филаделфија, соопшти компанијата која управува со авионот. Компанијата „Jet Rescue Air Ambulance“ извести дека нивниот авион се урнал и дека во авионот имало четворица членови на екипажот и педијатриски пациент со неговата мајка. „Во моментов не можеме да потврдиме дека има преживеани“, се наведува во соопштението на компанијата. Претседателот ...

Денес во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Највисоките дневни температури ќе бидат во интервалот од 8 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје и околината претпладне има појава на магла, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните ...

Советот за млади, со учество на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, организираше панел дискусија по повод пет години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, на којашто се разговараше за имплементацијата на законот, воочените проблеми и потребните предлог-измени. На почетокот на настанот, со едноминутен молк, присутните ѝ оддадоа почит на трагично настраданата Фросина Кулакова. Тие упатија апел до надлежните ...

Пратеникот Јаревски на почеток образложи какви механизми најчесто користат пратениците за да ја реализираат нивната политичка и надзорна улога врз Владата или врз други носители на јавни функции, притоа даде свое видување за организирањето на надзорната расправа за квалитетот на воздухот и што се таа може да донесе во интерес на граѓаните. „Надзорната расправа во суштина произлегува од надзорната улога што ја има Собранието на Република ...

Професори од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет – Скопје ѝ го презентираа на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова мислењето за нацртот на Концепцијата за реформи на гимназиското образование. На средбата, професорите изразија категорично противење на бришењето на предметот Филозофија од корпусот на задолжителни предмети, како и на отстранувањето на предметите Логика и Етика од категоријата изборни предмети од наставниот ...

Премиерот Мицкоски на промоција на Институтот за извоз во Стопанската комора, над 1000 македонски извозници на едно место. Министерот Николоски на средба со претседателите на најголемите трговски комори од Балканот, акцент на инфраструктурниот развој на државата за развој на регионот. На ФИНКИ отворен првиот европски иновациски хаб во Македонија. По 5 години застој почна доградувањето на затворениот базен во Штип. Македонија се трансформира! ...

Вечерва на „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој ја изнесе поддршката за граѓаните, нагласувајќи дека нивната реакција против монополистичките пракси е легитимна. Тој посочи дека по најавата за бојкот започнаа акции за поефтинување, што покажува дека има простор за намалување на цените. Користејќи го примерот на Хрватска, каде бојкотите значително го намалуваат прометот, Стојаноски смета ...

СДСМ во недостаток на основи за објективна критика се обидува да користи несреќни случаи за дневна политика и за манипулација на чувствата на луѓето која на крај завршува со дополнителни разочарувања и трауми за семејствата, вели пратеникот Петар Марков од кого беше побаран коментар на партијата во врска со случајот за младата Фросина. Марков во овој контекст, потсетува и на случаите Нешковски и Младенов чија несреќа беше со години политички ...

Раководството од СДС на Клиниката за дерматологија наплаќало услуги од пациенти без да поднесе извештај до Министерството за здравство. Имено, Клиниката за дерматологија има право да дава услуги на пациенти кои плаќаат со лични средства и странци во делот на козметологија за што е потребно на секои шест месеци да доставува Извештај до Министерството за обемот и видот на извршените здравствени услуги. Дополнително за да извршува таков тип на ...

Во втората половина од 2024 година Царинската управа наплати над една милијарда евра приходи. Притоа приходите од царина бележат раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, а од данок на моторни возила за 20%. Бројот на случаи на заплени при откриени сторени прекршочни и кривични дела е зголемен за повеќе од 100% во однос на истиот период 2023 година. До ОЈО во цела 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, при што само во втората половина од ...

Караванот на Витаминка кој што учи на другарство, емпатија и почит од февруари продолжува да ги посетува предучилишните установи низ целата држава. Пренесувањето на најважните социјални и општествени вредности се причината за големиот интерес кај образовните и педагошките кадри и кај родителите и барањето за продолжување и проширување на едукацијата. Карванот преку музички претстави, на непосреден и забавен начин ги учи децата што значи ...

Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), заедно со уште 10 партнери од државата, го отвори првиот Европски дигитален иновациски хаб – ИНОФЕИТ ЕДИХ. Со ова, Северна Македонија станува дел од европската мрежа на дигитални иновациски хабови, создавајќи нови можности за компаниите, јавните институции и истражувачките ...

Власта бездушно удира по џебот на граѓаните со поскапување на парното. Премиерот Христијан Мицкоски не презеде ништо и не ги заштити граѓаните од серијата поскапувања на цените на производите. Со дебаклот на „кошничките“ профитираа големите трговци кои испумпаа над 10 милиони евра од џебовите на граѓаните затоа што владата на Мицкоски тоа им го озоможи. Платите стагнираат, власта ги закова и не сака да ги покачи. И додека владата лета во облаци ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар, утрово го исчистија сметот од улиците „Франклин Рузвелт“, „Павел Шатев“ (Бихаќка) и зад Соборниот храм кои се под надлежност на Град Скопје. „Ова утро, го исчистивме сметот од улиците „Франклин Рузвелт“ и „Павел Шатев“ (Бихаќка) кои се под надлежност на Град Скопје. Со камион на Општината се собра целото ѓубре коешто беше оставено да стои. Апелирам до Град Скопје и ...

Феноменот на неказнивоста, деценски присутен во нашето општество, уште еднаш доведе до трагедија во која животот го изгуби 22- годишната Фросина Кулакова. Судејќи според информацијата објавена од страна на Обвинителството, станува збор за сторител на повеќе тешки кривични дела од кои едното, исто така е сообраќајна незгода во која едно лице било повредено, а тој и понатаму продолжил да учествува во сообраќајот без да поседува возачка дозвола. ...

Советот на Општина Гостивар на денешната седница со мнозинство гласови ја намали цената за паркирање во Гостивар од 40 денари на 25 денари. Со оваа одлука е вратена старата цена за паркирање во Гостивар, со што барем малку ќе им се олесни финансискиот товар на граѓаните. Исто така, со новиот Правилник на Јавното претпријатие за „Јавни паркинзи и зеленило“ се предвидува и намалување на цената за блокирање на непрописно паркираните возила, од 1200 ...

Реномираниот моден дизајнер Изет Цури, кој децении активно работи на француската модна сцена е професор на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“. Фросина пред само седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше. Преку социјалните мрежи, со заедничка фотографија, од Фросина се ...

Во Неготино денеска се одржа граѓански собир во знак на сочувство со родителите на трагично загинатата Фросина Кулакова, која завчера вечерта беше прегазена од 20-годишниот возач Васил Јованов. Скршен од болка, таткото на Фросина, Тодор Кулаков, даде изјава во која рече дека коренот на сите проблеми во општеството е неказнивоста. „Тоа во што сме сигурно е дека не е еден коренот на сите проблеми, арно ама во вака поставено правосудство каде што ...

Реформите во гимназиското образование се потребни, но предложената Концепција со која предметите како филозофија и социологија стануваат изборни предмети, а етика, логика и педагогија целосно ќе се укинат, со што се уништува критичката мисла, предизвика лавина реакции не само од стручната фела, туку воопшто во јавноста, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на гостувањето во Тема на денот на Сител телевизија. Таа укажа дека оваа ...

СКОПЈЕ, 31.01.2025: По распродадениот премиерен концерт минатата година, традиционалниот „Candlelight“ спектакл под свеќи повторно ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика во Скопје. Под магијата на светлината од илјадниците свеќи, на 22 март со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ве поведе на безвременско музичко патување ...

Минатата година се покажа како екстремно позитивна за вложување во акции и со паметен избор на квалитетни акции се остварија атрактивни приноси, затоа што вложувањето во акции е реален и опиплив имот, порача Коста Костадиновски, овластен инвестициски советник од Капитал Ассет Менаџмент на традиционалната Годишна инвеститорска средба.„Во услови на дополнителна претпазливост поради глобалните случувања минатата година, Капитал Ассет Менаџмент ...

Како Влада посветени сме кон поддршка на компаниите, што им е најпотребна на стартапите, на малите и на средните претпријатија, за да станат поконкурентни и да се изградат како сериозни играчи на глобалниот пазар. ИНОФЕИТ ЕДИХ е токму тоа – центар што ќе им помогне во дигиталната трансформација, поттикнувајќи на иновации, зголемена продуктивност, полесно справување со предизвици, пристап до ЕУ финансирање, што значи ќе им отвори нови хоризонти ...

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека денеска го разрешило директорот на државната агенција за одбранбени набавки. На местото на Марија Безрукова, која е разрешена од функцијата, е назначен Арсен Жумадилов за вршител на должноста началник на службата. Министерството нагласи дека таа одлука е диктирана од потребата да се обезбеди стабилно и непречено снабдување со оружје и муниција на фронтот. Според украинското МО, има голем број ...

Канада ќе одговори веднаш и силно доколку САД навистина воведат царини за увоз од Канада, изјави денеска премиерот на таа земја Џастин Трудо, наведувајќи дека канадските граѓани „ќе се соочат со тешки времиња“ во тој случај.– Подготвени сме да одговориме, целисходно, силно, но разумно и итно. Ова не е она што ние го сакаме, но ако го воведат, ќе одговориме на тоа – рече Трудо, велејќи дека „сите опции се на маса“, пренесе Ројтерс. Говорејќи пред ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека државата нема да употреби физичка сила против учесниците во протестите и блокадите и дека ќе одговори „само на насилни акти“. На заедничката прес-конференција со италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, Вучиќ рече дека Србија по ова прашање се однесува како „демократска земја, за разлика од некои во Европа“. „Од 2014 година, речиси секоја година имавме демонстрации ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
80%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
86%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
62%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.79
93%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
84%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
81%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
93%
1020
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.43
76%
1017
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
88%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793