
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Еден од најбараните шверцери на дрога во Европа, Французинот Набил Абида, е уапсен на аеродромот во Меделин, Колумбија, а според локалните медиуми, кога му пришле полицајците, тој рекол дека е бизнисмен од Белград, Србија. Француско-алжирскиот наркобос бил уапсен на 28 јануари на аеродромот „Хозе Марија Кордова“ во колумбискиот град. „Абида пристигнал во Рионегро по речиси 14-часовен лет од Париз, Франција. Кога излегол од авионот, му пришле ...
Ништо не е случајно! Ниту, пак прв пат случено! Ниту, пак, ќе биде последно! Корумпираните, непостојни институции, доведоа до ова зло. Неформално, убиство со предумисла! Системот, партиите кои го создадоа, го убија девојчето! Власта, сеедно која, од последниве две –три години, ќе ја носи Фросина на душа. Најнапред полицијата, која, после толку прекршоци, не му го одзела возилото! Потоа судско – обвинителската власт, која, постапувала по нарачки, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека државата не е играчка, но дека многумина помислија дека е можно со неа да се играат и дека е можно секој и секогаш да ја уценува. „Затоа тргнаа однадвор во напад врз Србија, поддржани од многумина одвнатре кои со години се обидуваат да ја освојат власта, некогаш на избори, некогаш без избори, но не успеваат затоа што народот не ги сака“, им порача Вучиќ на собраните граѓани во Брус. Тој ...
Со петнаесетминутно молчење и порака дека „солидарноста не познава граници“, студенти во Загреб, Сплит и Осиек денеска изразија солидарност и поддршка за своите колеги во Србија кои протестираат повеќе од два месеца по падот на бетонска настрешпница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Поддршката за српските студенти ја покажаа со 15 минути молчење, од 11:52 до 12:07 часот, во времето кога на 1 ноември минатата година се ...
Утре во 17 часот ќе се одржи уште еден протест на булеварот Партизански одреди, кај Универзална сала, на местото каде беше прегазена Фросина Кулакова од Неготино, додека поминуваше пешачки премин. Организаторите велат дека повикуваат на изразување граѓански револт затоа што случајот со Фросина не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување животи. Системот ги ...
Повеќе од една недела гори прилепската градска депонија кај селото Алинци. Со денови гаснат комуналците, пожарникарите, а на помош се и фирмите. Досега, сето е сведено на жаришта кои сѐ уште тлеат. Од прилепски „Комуналец“ велат дека намерно се пали депонијата. Во моментов гори стар отпад, од пред повеќе години. Секаков вид на отпад од индустриската зона. Се сомневаме дека човечкиот фактор е во прашање. Намерно подметнат пожар во депонијата. ...
Околу 200 компании од Прилепскиот регион пројавиле интерес за да користат средства од унгарскиот кредит, а околу 25 фирми, во моментов, се со целосна документација, подготвени за аплицирање. Според податоците што ги имаме добиено од комерцијалните банки, интересот секојдневно се зголемува за користење на унгарскиот кредит. Од 200 заинтересирани компании од Прилепскиот регион, 25 веќе имаат документација, подготвена за аплицирање. Компаниите би ...
ДУИ изразува длабока загриженост во врска со измените на Законот за инспекциски надзор, кои ја загрозуваат независноста и ефективното функционирање на Инспекторатот за употреба на јазиците. „Овој инспекторат е клучен орган за гарантирање на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците и за заштита на јазичните права на граѓаните. Со последните измени, Собранието го укина статусот на правно лице за сите инспекторати, ставајќи ги под целосна ...
„Со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, започнуваме со намерата да ги нормализираме цените на становите на пазарот. Следен чекор е Охрид и Скопје, каде ќе понудиме пониски цени од тие што се нудат на пазарот на недвижности“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска присуствуваше на доделувањето на социјални станови во општина Кочани. ализација на ...
Опозициската ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски повика на проширување на општиот бојкот на македонските маркети и со бојкот на концертите на пејачите и музичките групи од поранешна Југославија. Според партијата, ваквиот потег ќе помогне во промоцијата на македонската музика и економија. Од партијата изјавија дека економската комисија направила длабока анализа, која покажала дека во последната година настапите на пејачи и групи од ...
Енормното загадување на воздухот во Струмица со ПМ10 честички и заради надминатиот праг на алармирање, како и по четврти пат оваа зима стапување во сила на препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска ги крена струмичките екологисти и граѓаните на протестен марш под мотото „Забрането дишење“ во организација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица. Организаторите побараа спроведување на план за итни ...
65-годишна жена е трета жртва на иста измама во Куманово во последните два дена. Според полицијата, таа останала без 30.000 евра откако му поверувала на измамник дека нејзината ќерка прегазила дете, а тој се понудил да ѝ помогне да не одговара, нудејќи ѝ за тоа да плати 30.000 евра. „Лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила ...
На автопатот Петровец – Скопје, кај клучката Кадино, денеска беше изведена голема симулациска вежба со подготвено сценарио за прикажување на одговор на настаната ситуација од сообраќајна несреќа, во организација на Министерството за внатрешни работи. Беше прикажана сообраќајна несреќа меѓу комбе, во кое се превезуваат мигранти, и патнички автобус во која има поголем број на повредени лица и жртви. Целта на вежбата беше да се проверат ...
Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени над 80 пакувања амфетамин, било третирано со воспитна мерка наместо со построга санкција. Наместо да ја преземе одговорноста за очигледниот пропуст, судот продолжува да го брани својот став, дури и по тоа што истиот сторител, на слобода, предизвика трагедија со одземање на невин живот, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК ...
Собири за поддршка на српските студенти кои протестираат, денеска се одржаа во Сплит, во Осиек, како и во хрватскиот главен град Загреб, јавува „Нова.рс“. Во Сплит се собраа неколку стотици граѓани на градскиот кеј, а меѓу транспарентите со пораки до Нови Сад имаше и натпис „Имаме ист повикувачки број (021)“. Учесниците молчеа 15 минути во знак на сеќавање на 15-те жртви во трагедијата во Нови Сад и уривањето на настрешницата на железничката ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов му посакаа добредојде во “Куќа на фудбалот” на Аљоша Асановиќ, легендарниот фудбалер од бронзената генерација (1998) на Хрватска, денес во улога УЕФА консултант задолжен за развој на млади елитни фудбалери. “Посетата на нашиот пријател Аљоша ја нагласува посветеноста на УЕФА за поддршка на развојот на младите фудбалери, ...
Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера. -Податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во осумте поголеми ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добил одлична вест за продолжението на сезоната и повредата на вкрстените лигаменти. Имено, повредата на српскиот тенисер според информациите на „Спорт Клуб“ не е сериозна како пред две години. Ѓоковиќ во вторникот се врати во Србија кадеш то започна со терапија и информациите се дека ќе се врати порано од очекуваното. Наводно, реални се можностите да го видиме на турнирот во Доха кој на програмата е кон средината ...
Најмалку 700 луѓе се убиени од неделата во судирите во Гома, најголемиот град во Конго, соопштија денеска Обединетите нации. Според портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, 2.800 луѓе се повредени, додека бунтовниците М23 поддржани од Руанда го зазеле главниот град на провинцијата Северен Киву, јавува „Би-би-си“. Бунтовниците сега наводно се упатуваат на југ, кон Букаву, главниот град на Јужен Киву. Конфликтите во источно Конго датираат од 1990-тите, ...
Мирослав Лајчак за првпат по пет години нема да посредува во преговорите меѓу Косово и Србија. Европската унија одлучи нејзин нов пратеник за дијалог да биде Петер Соренсен. Тој официјално почна со работа на 1 февруари и ќе се занимава само со дијалогот меѓу двете соседни земји, а не со регионалните прашања на Западен Балкан, како неговиот претходник, пишува „Радио Слободна Европа“. Откако пред неколку недели почна да се споменува неговото име ...
Најмалку три лица загинаа, а осум се повредени во пожар што избувна во дом за стари лица во градот Буфемон, недалеку од Париз, соопштија локалните власти. Градоначалникот на Буфемон, Мишел Лаксу изјави дека пожарот најверојатно е несреќен случај, пренесе француската телевизија БФМ. Пожарот избувнал во пералната и се проширил на третиот кат од зградата во која живееле 75 постари лица. Противпожарната служба испрати 140 пожарникари на терен, а ...
Челниците на НАТО разговараат за евентуален предлог до американскиот претседател Доналд Трамп за значително зголемување на военото присуство на Алијансата на Арктикот, јави германската новинска агенција DPA повикувајќи се на извори во НАТО. Според написот, целта наводно е да се намалат тензиите околу статусот на Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Спорот се најде во центарот на вниманието поради интересот на Трамп за островот, кој ...
Поранешниот претседател на Германија и шеф на Меѓународниот монетарен фонд и Европската банка за обнова и развој, Хорст Келер, почина денес на 81 година, јавија германските медиуми. Келер починал утрово во Берлин по кратко боледување, опкружен со семејството, соопшти канцеларијата на актуелниот претседател на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, пренесува Ројтерс. Келер беше првиот човек на највисоката државна функција во Германија кој не беше ...
Најпознатиот македонски трибјут бенд „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, предводен од познатите музичари Стевче Грозданов – гитара и пејачот Зоран Рудан – Цеки, вчеравечер, четврток 30 јануари 2025 во скопскиот мјузик бар „Интермецо“, приредија незаборавна ноќ за паметење. Досега „верно на оригиналот“ и со музика и со изглед и со својот сценски настап го пресликуваа најголемиот рок ен рол бенд на сите времиња на овие простори, а однеодамна и со ...
„Граѓаните самите се организираа и преку бојкот на маркети крена глас против високите цени и енормните поскапувања“, соопштија од СДСМ. „Бојкотот е порака и за власта на Мицкоски која не ги заштити граѓаните, не презеде навремени и ефикасни мерки и не го спречи растот на цените. Токму Мицкоски, на 5 декември 2024 година, на прес конференција во Владата ја промовираше „кошничката“ и рече дека над 600 производи ќе поевтинат. Па потоа тераше ...
Во време кога животот е сѐ поскап, кога граѓаните секојдневно се борат за да го задржат својот животен стандард, Владата зададе нов силен удар врз нив – драстично поскапување на парното греење од над 5 отсто, изјави потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова. -Ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти. Над 200.000 граѓани во Скопје ќе добијат зголемени сметки за парно, и тоа ...
Во изминатите 24 часа во кумановската полиција е пријавено исчезнувањето на двајца жители на градот – 44-годишен маж и 16-годишна девојка, соопшти МВР. „Во 22.30 часот А.Б. (46) пријавил дека неговиот брат Б.Ф. (44) се оддалечил од неговиот дом на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово и подолго време го нема“, велат од полицијата. Во вториот случај, 52-годишен жител на Куманово пријавил дека ја нема неговата ќерка. „По полноќ, С.Т. (52) од Куманово ...
Компанијата Тинкес ги извести добавувачите дека во првиот кваратал на 2025 година нема да прифаќа изменети ценовници за нивните производи и предлага цените да се вратат на ниво пред поскапувањето односно од пред 01.01.2025 година. Во писмото испратено до добавувачите и до јавноста, потпишано од управителката Кристина Тодоровиќ Николиќ, се вели: „ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје како компанија чија приоритетна дејност е трговија на мало, веќе подолго време ...
ВМРО-НП, партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, повика на бојкот на концертите на музичките групи и изведувачи од поранешна Југославија кои гостуваат во земјава. „Економската комисија на ВМРО-Народна партија констатира дека во последната година имаме драстично поскапување на музичките услуги, а со тоа како на концертните така и на билетите по дискотеките на сите музички групи од поранешна Југославија кои доаѓаат во нашата држава и ...
На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, изјави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности – рече Мицкоски. Тој рече дека дека го задржуваат правото ...