
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можам да бидам дел од ваков настан кога се пушта нешто во употреба и кога имаме корисници коишто со задоволство го очекуваат овој момент. Имав чест да доделам клучеви на едно семејство и еден корисник на два вакви социјални станови и мислам дека на овој начин правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме како Влада да правиме добри работи. Би сакал да се заблагодарам на потпретседателот на ...
Додека владата на Мицкоски е летната во облаци и мисли да купува авион Македонија се најде на третото место во Европа според поскапувањето на лебот, покажаа последните податоци на Евростат. Огромна е скапотијата, граѓаните се борат да преживеат и да ги задоволат основните потреби а владата не презема ништо. Цените на основните производи се вивнати до небо, потрошувачката кошничка за само еден месец поскапе за 400 денари и достигна рекордни ...
СДС може да се правда колку сака, но до кого е блиска судиката која ја донесе скандалозната одлука за ослободување на лице кај кое биле пронајдени над 80 пакувања амфитамин, може да зборува само начинот на нејзината работа. Имено, ако тоа беше ВМРО-ДПМНЕ, немаше партиските соопштенија на СДС, да ги преточува во пресуди за политички монтираниот предмет Талир 2. СДС во изминатите седум години на власт, преку ваквите политички монтирани предмети ...
Раководството на Клиниката за дерматологија од СДС манипулирало со лековите за ретки болести, констатира Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година. Kлиниката за дерматологија е вклучена во Програмата за ретки болести за лекување на 19 пациенти. За 2023 година на Клиниката се однесени лекови за ретки болести во вредност од над 37 милиони денари. Според Извештајот на ДЗР по пресметките кои се направени и интерната евиденција се ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во изјава за медиумите рече дека сериозно се размислува за законски измени во делот на казните за направени прекршоци во сообраќајот, но според него, важно е да се подигне и јавната свест. Се работи и во делот на законските измени каде сериозно се разгледува можноста за порестриктивни, повисоки казни, меѓутоа најважно е да ја промениме свеста. Не може ако знакот е 60, некој да ...
Основното јавно обвинителство од Скопје побара мерка притвор за 42-годишната жена која вчера со возило удрила во 38-годишен пешак. Осомничената се товари за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ од член 297 став 1 и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 42-годишна скопјанка на 31 јануари управувала со автомобил „цитроен Ц1” со скопски ознаки по ...
Проруските пропагандисти ја фалат победата на Лукашенко на изборите во Белорусија, премолчувајќи притоа дека тој авторитарно владее 30 години, а неговите критичари се затворени, убиени или прогонети. Неговите противкандидати на изборите беа негови пиони, а такви беа и набљудувачите дојдени од недемократски земји како Иран, Мјанмар, Зимбабве и Туркменистан. Пропагандистите тврдат и дека Лукашенко е патриот, но тој ја претвори Белорусија во руска ...
На состанокот во Каиро земјите учеснички ја повикаа меѓународната заедница и Советот за безбедност на ОН, да преземат итна акција за спроведување на решението со две држави. . На денешниот министерски состанок на шесте нации во Каиро, беше одбиен планот за раселување на Палестинците од Газа и беше повторен повикот за решение со две држави на израелско-палестинскиот конфликт. На состанокот, одржан на покана на Египет, на кој присуствуваа ...
„Секој терористички напад од Русија ја покажува итната потреба од поголема поддршка од украинските партнери и зголемен притисок врз државата агресор“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Фејсбук. Според Укринформ, Зеленски на социјалните мрежи споделил и видео од најновите руски напади. „Синоќа Русија започна напад врз нашите градови користејќи различни видови оружја, проектили, беспилотни летала и воздушни бомби. Уште еден бран на ...
Трамп најави и царини за увоз од Европската Унија за стоки како и за челикот, алуминиумот и бакарот, лековите и полупроводниците. Со одлука на американскиот претседател Доналд Трамп од денеска стапуваат на сила високи царини за увоз на стоки од Канада, Мексико и Кина во САД. Како што е најавено, за увоз на стоки од Мексико и Канада ќе се плаќа царина од 25 отсто и 10 отсто за увоз од Кина. Трамп, сепак, информира за одредено намалување на увозот ...
Најмалку 54 лица загинаа, а 158 се ранети во напад на суданските паравоените единици РСФ на пазар во градот Омдурман, соопшти суданското Министерство за здравство, пренесува „Телеграф“. Во своето соопштение, РСФ негираше дека го таргетирала пазарот и наместо тоа ја обвини суданската армија дека извршила напади насочени кон цивили. Нападите и на армијата и на паравојската во текот на војната, која избувна во април 2023 година беа насочени кон ...
Васил Јованов е еден од „успешните“ во „скапанава“ држава. Еден од оние кои заедно со мама и тато успешно го надмудруваат системот. Уште како малолетник, во 2021 година ја добива првата судска опомена за нарушување, на јавниот ред и мир. Следната година удира во паркиран автомобил и повредува жена, сопатник, која се согласила да не биде гонет кривично и да плати 18 илјади денари во буџетот, за потоа во изнајмен стан да му бидат најдени марихуана ...
Над овие тимови, според висината на моќта што ја имал, наводно бил братот на претседателот Андреј Вучиќ, за чија корист, како што се тврди во пораките на „Скај“, се бореле и двајцата Пораките што ги разменил Милош Пандрц, близок соработник на наркобосот Дарко Шариќ, во текот на 2020 година преку мобилните апликации „Скај“ и „Воцап“ ги откриваат случувањата во Српската напредна партија (СНС) во Нови Сад, како и врските на партијата со различни ...
Два моста ќе бидат затворени три часа, а Мостот на слободата 24 часа. Студенти од Белград и Нови Сад заедно со илјадници граѓани, денеска на голем протест ќе ги затворат трите моста на Дунав, Варадинскиот, Жежељевиот и Мостот на слободата во Нови Сад. Студентите од главниот град пристигнаа синоќа во Нови Сад, откако во четвртокот тргнаа пеш или со велосипеди од Белград. Тие беа пречекани од своите колеги од Универзитетот во Нови Сад и илјадници ...
Годишните билети за јавен превоз во Тетово се движат од 2.500 денари до 9.000 денари, во зависност од категоријата. Лажен профил на Фејсбук во име на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ тврди дека нуди билети за 12 месеци за 145 денари. Општина Тетово и транспортната компанија го демантираа ова како невистина, пишува Порталб.мк во својата рецензија на објавата. Во лажната објава на социјалната мрежа пишува: „Бесплатен превоз за жителите на ...
Комерцијалната зграда која што се гради во општина Битола ќе биде понудена на продажба за 1000 евра за квадратен метар за станбена површина. Се намалуваат цените на станбениот квадрат на комерцијалните станови во Битола што ги гради државата. Како што информираше денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, целта е да се нормализираат цените на становите на пазарот, а следен чекор ќе бидат становите во Охрид и во Скопје. ...
Според споредбената анализа на податоците од вчера и претходниот петок во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59 отсто. Речиси за половина бил намален прометот на најголемите маркети во земјава за време на еднодневниот бојкот што го организираа граѓаните. Управата за јавни приходи објави соопштение според кое прометот на осумте најголеми трговски ланци во петокот до полноќ, изнесувал 114,293,367 денари. За ...
Откако порталот „Буревесник“ попладнево објави фотографии од притворското одделение каде на Васил Јованов му бил даден мобилен телефон што не му следува бидејќи е осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова – јавноста е повторно на нозе. Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ вели дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, извршен е ...
Во градинките недостигаат и негувателки и воспитувачки, а како што тврдат од Општината, Министерството за социјална политика демографија и млади ниту дава согласност да се примат на работа нови на местото на оние кои заминале во пензија, ниту издава лиценци неопходни за нови вработувања. Во градинките во Карпош во моментов недостигаат 43 негувателки и воспитувачки. Толку во изминативе две години заминале во пензија, а на нивно место не се ...
По наредба на јавен обвинител С.В.М.(42), е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Полицијата ја пронашла жената која со својот автомобил во петокот попладнето удрила пешак на раскрсница во центарот на Скопје и побегнала од местото на настанот. По наредба на јавен обвинител С.В.М.(42), е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Како ...
Земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово информираше дека ноќеска во 1 часот и 10 минути бил почувствуван земјотерс во близината на Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, ...
[Извор: СДК На славата „Свети Сава“ во МНТ во Скопје, Додик ги нападна Америка, НАТО и ЕУ, Мицкоски не очекувал од него да го злоупотреби настанот – датум: 28.01.2025] Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, пак, потенцираше дека Република Српска е држава на Србите – денес имаат две држави на Балканот, Република Српска и Србија, дека Србите кои живеат во БиХ не извршиле геноцид врз муслиманското население, како што ги тврдел ...
Полни рафтови со продукти, но без купувачи, или пак, со многу мал број купувачи. Ваква беше денеска сликата во неколку маркети кои ги посети Мета, на денот на бојкотот на населението насочен кон ланците маркети, поради високите цени на производите и неможноста да ги издржат поскапувањата. Граѓаните се одзваа на повикот за бојкот, со што им порачаа на сопствениците на маркети дека цените се превисоки за нивниот стандард. Во еден познат ланец ...
Репрезентацијата на Данска утре ја очекува финалето на Светското првенство во кое ќе ја имаат фаворитската улога против селекцијата на Хрватска. Хрватите сепак нема да излезат со бело знаме, а дека ќе се борат до последен здив порача ветеранот Домагој Дувњак. „Имаме медал, чувството е фантастично. Ќе уживам во натпреварот, се надевам на крајот ќе си заминеме со злато. Данска е фантастична, ќе биде тешко и не чека вистинска војна. Тие трчаат 60 ...
Пожар на руски шпионски брод во близина на сирискиот брег дополнително ја истакна лошата состојба на руската морнарица, додека нејзиното упориште во Средоземното Море е во несигурна ситуација, велат аналитичари и претставници на западните безбедносни служби. Според „Гардијан“, 55-годишниот брод „Килдин“ наишол на проблеми во близина на сирискиот брег минатиот четврток, кога од неговата инка почнале да излегуваат пламени јазици и густ црн чад. ...
На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. „Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности. Како претседател на партијата и на Извршниот комитет, го задржуваме правото да ...
Три месеци по трагедијата во Нови Сад, кога се урна настрешница на реновирана железничка станица, при што загинаа 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени, денеска студентите организираат масовни протести во градот со блокада на три моста. Мостовите беа блокирани нешто пред 15 часот, додека илјадници граѓани и студенти и натаму пристигнуваат во колони на протестот. На блокадата на Мостот на слободата нешто по 15 часот пристигнаа неколку илјади ...
Со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, започнуваме со намерата да ги нормализираме цените на становите на пазарот. Следен чекор е Охрид и Скопје каде ќе понудиме пониски цени од тие што се нудат на пазарот на недвижности, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска присуствуваше на доделувањето на социјални станови во општина Кочани. – Во следниот период ќе ...
За неполни осум месеци се гледа дека доживуваме крах на полето на економијата. Цените вртоглаво растат, платите стагнираат, не растат, дури се заговара да не растат понатаму, а животниот стандард на граѓаните драстично паѓа, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Трилинг“. Кукавички е што не прават ништо за да го спречат ценовниот шок, и тоа што Мицкоски се иззема себе си од процесот на преговори за покачување на ...
Шведскиот обвинител Расмус Оман изјави дека наредил ослободување на петмина мажи кои вчера беа уапсени поради наводна поврзаност со убиството на Ирачанецот Салван Момика, кој чекаше пресуда за неколку јавни палења на исламската света книга – Коранот, јавува „Ројтерс“. Во соопштение за медиумите, обвинителот вели дека нема докази оти петтемина се одговорни за убиството на Момика во средата вечерта во станбена зграда во Содертаље, во близина на ...