
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Лука Дончиќ, еден од најдобрите играчи во НБА лигата, членот на Далас маверикс кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес лејкерс, откако ќе биде дел од големиот трејд меѓу двата клуба. Оваа сензационална вест ја пренесе инсајдерот во НБА, Шамс Чаранија, набрзо потоа ја пренесоа сите водечки медиуми во САД, а може да се види дури и на официјалната страница на најсилната кошаркарска лига во светот. Според ...
„Го враќаме“, изјави Трамп во своето инаугуративно обраќање, а неговите зборови беа потврдени со посетата на Рубио на Панама, кој потоа ќе ги посети Ел Салвадор, Гватемала, Доминиканската Република и Костарика, пишува весникот. Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во Панама, во својата прва посета во странство по преземањето на функцијата, со амбициозна задача САД да го врати под контрола Панамскиот канал, за кој американскиот ...
Во Кавадарци и во Скопје денеска ќе се одржат протести за смртта на младата Фросина Кулакова. Првиот протест ќе се организира на плоштадот во Кавадарци, во 12 часот. Протестот во Скопје ќе се одржи во 17 часот, пред Универзалната сала во Скопје. Семејството на Фросина пак, се заблагодари на раководството на затворот во Шутка и на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за брзата реакција откако портал објави фотографија ...
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносниот ракетен напад во кој загинаа најмалку четири лица во интернат во дел од областа Курск во Русија, кој го држат украинските сили. Некои од најжестоките борби во последниве месеци се водеа во регионот Курск што се граничи со Украина, каде што украинските сили зазедоа делови од територијата откако извршија голем прекуграничен упад во август минатата година. Украинските вооружени сили објавија ...
Една од најтешките работи кај дијагностицирањето на рак е чувството како да немате контрола над прогнозата. Сепак, новото истражување сугерира дека вашите навики за вежбање може да имаат значително влијание врз вашето здравје и животен век – дури и откако ќе ви биде дијагностицирана тешката болест. Објавено во јануари 2025 година во „Британскиот весник за спортска медицина“, револуционерна студија од десетина истражувачи од Велика Британија, ...
Актерката Џенифер Анистон скоро секогаш е на листата на најдобро облечени жени во Холивуд. Иако модните комбинации што ги носеше нејзината телевизиска хероина Рејчел Грин во „Пријатели“ сè уште се голем хит, со оглед на големото враќање на 90-тите на модната сцена, Џенифер вели дека од тоа период не може да поднесе две работи. Иако понекогаш модните критичари ѝ замеруваат на стилската „сигурност“, да не кажеме некреативност, Џенифер Анистон има ...
СДС и Левица по теркот на злоупотребата на трагедиите на Мартин Нешкоски и малечката Тамара продолжуваат да ја градат својата политика и да ја злоупотребуваат трагедијата и загубата на Фросина. Воедно тие и трујат со политика и протестите кои се граѓански и последица на незадоволството од судско обвинителскиот систем. Ваквата политичка некрофилија е резултат и последица на безидејноста и апсолутната потонатост во криминалот и корупцијата, на ...
Екипата на Еспањол приреди големо изненадување во рамките од 22. коло во шпанската Ла Лога и славеше победа од 1:0 против Реал Мадрид. Првото полувреме помина со мирна игра и со малку шанси на двете страни, па мрежите мируваа. Во вториот дел Реал беше многу подобар, но сепак изостана реализацијата. По промашените прилики на ,,кралевите” стигна казната во 85. минута кога погоди Ромеро за победа. Реал Мадрид со овој пораз по 22. коло останува ...
Трудо на прес-конференција рече дека дел од царините за стоки од САД, во вредност од 30 милијарди канадски долари, ќе стапат на сила во вторник, а царините за сите други стоки увезени од таа земја ќе стапат на сила за 21 ден, пренесе Ројтерс. Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека земјата ќе воведе тарифи од 25 отсто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари (102,7 милијарди евра), како одговор на ...
Американската пејачка и актерка Мадона на својот Инстаграм профил сподели видео на стори за студентските протести во Србија. „Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година во моментов се одржува во Србија“, се вели во објавата што ја сподели Мадона. Заедно со снимките од дрон пишува дека студентите ги затвориле речиси сите универзитети, а во тек се 24-часовни блокади. „Луѓето на улиците во ...
Канада доби потврда дека од вторник ќе бидат воведени царини од 25 отсто за сите стоки што се извезуваат во САД, освен за нафтата, која ќе има царина од 10 отсто, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извор во канадската влада. Канадскиот премиер Џастин Трудо треба подоцна да одржи прес-конференција во Отава, потврди истиот извор.Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „ништо нема да го спречи да воведе царини од 25 ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе отстрани четири медиумски организации, вклучувајќи го и Њујорк Тајмс, од нивните канцелариски простори во Пентагон. Тие ја наведоа желбата да се направи простор за други медиуми, пренесува Ројтерс. Меморандумот за „Новата годишна програма за ротација на медиумите“ наведува дека ќе го отстрани и Националното јавно радио – NPR, NBC News и Politico мора да ги ослободат своите ...
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум синоќа нареди контратарифи како одговор на одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Мексико. Во подолга објава на X, Шејнбаум наведе дека нејзината влада бара дијалог, а не конфронтација со северниот сосед, но дека Мексико е принудено да одговори на ист начин. „Му наложив на министерот за економија да го спроведе планот Б на кој работевме, што вклучува царински и ...
Во Скопјен претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени Целзиусови. Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е најдобро да го решат двете држави и да најдат компромис којшто би бил прифатлив за двете страни. Ова е ставот на амбасадорот на Полска во земјава, Мариуш Бримора, чија држава председава со ЕУ до јуни. Во врска со идејата за одложена примена на уставните измени, тој смета дека никој не може да даде пишани гаранции дека Софија немa да има други барања. Со одложена имплементација, никој не може да ви даде ...
Пентагон планира да испрати два авиона со мигранти во заливот Гвантанамо викендов, како чекор во плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја искористи базата за да се спротивстави на илегалната имиграција. Како што пишува Политико, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана деталите околу ова се уште се разработувале. Американската војска досега oрганизирала осум летови – вклучувајќи четири за Гватемала, три за Хондурас ...
СДС и Левица по теркот на злоупотребата на трагедиите на Мартин Нешкоски и малечката Тамара продолжуваат да ја градат својата политика и да ја злоупотребуваат трагедијата и загубата на Фросина. Воедно тие и трујат со политика и протестите кои се граѓански и последица на незадоволството од судско обвинителскиот систем. Ваквата политичка некрофилија е резултат и последица на безидејноста и апсолутната потонатост во криминалот и корупцијата, на ...
Владата продолжува со подобрувањето на животот и стандардот на сите категории граѓани преку реализација на бројни проекти кои претставуваат реални промени. Ова се дел од нив кои го одбележаа денот. Премиерот Мицкоски во Кочани на доделување на станови на семејства од социјален ризик. Во Кочани пуштена во употреба нова детска градинка. Се градат станови за семејства во социјален ризик во Бутел, Дебар и Прилеп, владата се грижи за сите. Во јуни ќе ...
Хеликоптерот Блек Хок, кој во средата се судри со патнички авион над Вашингтон, бил на вежба на главна рута планирана за евакуација на високи функционери во случај на напад врз САД, соопштија официјални лица. Воената мисија, наречена „континуитет на владата“ има за цел да ја зачува способноста на американската влада да функционира во такви околности. Поголемиот дел од времето, екипажите како оној што загина во средата превезуваат високи ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац денеска го именуваа пензионираниот генерал-мајор Ејал Замир за нов началник на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИД). Замир се сметаше за водечки кандидат за наследник на началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-полковник Херзи Халеви, кој неодамна поднесе оставка. Халеви пред десетина дена го информирал израелскиот министер за одбрана дека ...
Специјалниот пратеник на Доналд Трамп за руско-украинската војна, генералот Кит Келог, изјави за Фокс њуз дека САД имаат конкретен план за понатамошни активности за ставање крај на војната. Би рекол дека зборуваме за месеци, а не за години. Имаме солиден акционен план, изјави Келог. Тој истакна дека решавањето на руската војна против Украина е национален безбедносен интерес на Соединетите Држави, истакнувајќи го сојузот на Москва со Иран, ...
Англичаните рекле дека само закони кои доброволно се почитувани од 80 проценти од граѓаните се применливи. Имено, во таков случај, властите ќе најдат начин да се справат со оние 20 проценти кои не ги почитуваат. Но, ако само 20 проценти ги почитуваат а 80 проценти од граѓаните не ги почитуваат законите, тогаш нема кој да не спаси од нас самите. Во поведението на луѓето е слабоста на нашите закони генерално, па оттаму и на законите и правилата во ...
Сите власти се менливи, само судиите и обвинителите, тие се незаменливи. Тие се уиграни. Ухлебени до крај на живот. Виша раса, виша каста, ројалистички сталеж со свои наследници распоредени во судовите и во обвинителските клупи. Модерниот свет денес познава демократија и тоталитарен режим. Демократијата подразбира владеење на гласот и довербата на народот. А од трите столба на демократијата, трите власти – законодавна, извршна и судска, во ...
Студентите од масовните демонстрации во Нови Сад денеска порачаа дека ќе останат на улиците и на мостовите онолку колку што е потребно за да се постигне правдата, бидејќи градот и државата ним им припаѓаат, јави Бета. „Сите ќе останеме заедно на мостовите, на улиците онолку колку што е потребно, бидејќи овој град и оваа земја ни припаѓаат на сите нас затоа што сакаме да останеме во нашата држава Србија. Ви благодариме што заедно ја пишувате ...
Нафтената рафинерија во Бургас, Бугарија, во сопственост на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, ќе биде затворена од 26-ти февруари поради планираните ремонти што се вршат на секои четири години, изјави бугарскиот премиер Росен Жељасков. Тој додаде дека рафинеријата повторно ќе биде пуштена во употреба на 25 април, а целосно треба да продолжи со работа на 1 мај. Шефот на бугарската влада изјави дека последната планирана поправка на рафинеријата била ...
„Во однос на прашањата на СДСМ упатени до мене за тоа како притвореник во затворот ‘Шутка’ добил пристап до мобилен телефон, сакам да истакнам дека во секоја правна и демократска држава, најмалку што може да се очекува од политичари кои седум години управувале со институциите е барем основно познавање на нивната поставеност, односно да знаат дека затворите не се во надлежност на МВР, туку на Управата за извршување санкции која е орган во состав ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наредил воздушни напади врз цели на ИСИС во Сомалија. Американската војска изврши координирани воздушни напади против оперативци на Исламска држава во Сомалија, први напади во оваа африканска земја за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп. Секретарот за одбрана Пит Хегсет во саботата изјави дека нападите, извршени од командата на американската војска во Африка, биле ...
Воената мисија, наречена „континуитет на владата“ има за цел да ја зачува способноста на американската влада да функционира во такви околности. Поголемиот дел од времето, екипажите како оној што загина во средата превезуваат високи функционери низ Вашингтон, каде што летаат многу хеликоптери. Но, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја откри поврзаноста на соборениот хеликоптер Блек Хок со мисијата на прес-конференција во Белата куќа во ...
Американскиот милијардер Илон Маск потроши вкупно повеќе од 290 милиони долари на изборите во 2024 година, поддржувајќи го претседателот Доналд Трамп и републиканците, според податоците на Федералната изборна комисија (FEC). Документите, што ги покриваат последните пет недели од минатата година, открија и борба за влијание додека новата администрација на Доналд Трамп се подготвуваше да ја преземе функцијата, во која Маск, благодарение на ...
Откако владејачката Српска напредна странка (СНС) денеска објави соопштение во кое го осудува известувањето на Радио телевизија на Србија (РТС) во попладневните вести – професионално изработен прилог за студентските демонстрации беше емитуван и на главната информативна емисија – Дневник во 19: 30 часот, јави Бета. По седумминутниот прилог, во кој имаше инсерти на кои се гледа колку се масовни протестите, водителката на Дневникот прочита ...