
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Криминалот на СДС за време на седумгодишното владеење нема пора во општеството каде не се проширил, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Малигниот криминал на кадрите на СДС, метастазирал дури и во најсуштинските гранки на општественото делување, како што е здравството. Последната метастаза на криминалот на СДС е дијагностицирана во Клиниката за дерматологија. Кадрите кои СДС ги постави за раководство на клиниката наплаќало услуги од пациенти и за тоа не ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост од 50 до 100 м. поради појава на магла има на патните правци Гостивар-Тетово, Скопје-Велес, Неготино-Демир Капија и Делчево-Струмица, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Споредбената анализа на Управата за јавни приходи на податоците за прометот во осум поголеми синџири на маркети во Македонија покажа дека вчера во однос на петокот пред една недела, забележан е пад на вкупниот промет за 46,59 отсто. Вчера, во однос на завчера, пак, според УЈП, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46,29 проценти. Анализата е направена според податоците од системот за регистрирање на готовински ...
МВР денеска соопшти дека е пронајдена и уапсена жената-возач која вчера на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје прегазила пешак, по што избегала од местото без да ѝ помогне на жртвата. „На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно ...
Енормното загадување на воздухот во Струмица со ПМ 10 честички и заради надминатиот праг на алармирање, како и по четврти пат оваа зима стапување во сила на препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска ги крена струмичките екологисти и граѓаните на протестен марш под мотото „Забрането дишење“во организација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица. Организаторите побараа спроведување на план за итни ...
Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 рече дека „целото постапување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ откако се на власт, во однос на сите економски политики коишто се вадат себе си од ситуација да понудат какви било решенија за сериозните економски и финансиски проблеми со коишто се соочуваат сите граѓани, е кукавичко“. -Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените во изминатиот период. Имено, ...
Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзалната сала во Скопје. Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин. На ...
Nikola Jokić. Jamal Murray. @nuggets W. 🙌 🏔️ Jokić: 28 PTS, 13 AST, 9 REB, 68.8 FG% 🏔️ Murray: 31 PTS, 11 AST, 6 REB, 54.5 FG% Jokić had 8 points in the final minute to lift Denver over Philly! pic.twitter.com/ihVq9hm81c — NBA (@NBA) February 1, 2025 Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и беше клучен во победата на Денвер над Филаделфија од 137:134, иако сепак не стигна до нов трипл-дабл. Српскиот центар натпреварот го заврши со ...
Уште пред да ги пуштам децата да одат сами на школо, секој пат на улица по сто пати им повторував: ќе поминуваш само на пешачки премин и ќе чекаш да се запали зелено светло на семафорот. Арно ама, кај нас ни зеленото светло не е зелено. Исто како што ни пешачкиот премин не е пешачки, тротоарот не е тротоар, десната лента од булеварите не е улица туку паркинг, а ни камерите не се камери оти не снимаат, а и кога снимаат снимките се бришат. Се ...
Норвешката полиција ноќеска соопшти дека дозволила норвешкиот брод со руски екипаж „Сребрена Данија“, кој беше задржан претходниот ден, да се врати во морскиот сообраќај, јави „Дојче веле“. Бродот беше запрен и придружуван до норвешкото северно пристаниште Тромсо поради сомневање дека е вмешан во оштетување на кабелот во Балтичкото Море. „Истрагата ќе проjоргенсен. Според него, „не се пронајдени докази што го поврзуваат бродот со случајот на ...
Судот во Рим во петокот нареди група мигранти затворени во камповите во Албанија да бидат префрлени во Италија, објави „Ројтерс“. Ова е последен удар врз планот на премиерката Џорџа Мелони за сузбивање на илегалната имиграција која пристигнува по море. Одлуката се однесува на 43 мигранти од Египет и Бангладеш кои неделава беа префрлени во Албанија откако биле спасени во Средоземното Море, во последниот обид да се спроведе политиката чија ...
Авион за медицински транспорт на пациенти се урнал ноќта по локално време во резиденцијална област кај Филаделфија, а во несреќата загинаа шест луѓе кои се возеле во него, меѓу кои и мало девојче, објави компанијата што управува со авионот. Компанијата соопшти дека во авионот имало четворица членови на екипажот и девојчето-пациент со нејзината мајка. Американските медиуми јавуваат мајката и девојчето, кое се лекувало во Америка од животно ...
Реалноста е дека двете страни трпат огромни загуби. Оваа војна нема да заврши со целосна победа и целосен пораз, а постигањето мир ќе бара тешка дипломатска работа, вели државниот секретар на САД Марко Рубио. Украина нема капацитет да ја добие војната и да ги врати сите територии заземени од Русија и иако досега беше убедувана во спротивното, оваа војна не може да заврши со целосен победник и поразен, изјави синоќа државниот секретар на САД ...
Премиерот вели дека сега се идентификувал со конзервативни, суверенистички патриотски политики, а против глобализмот и либерализмот. Демохристијанството отпадна некаде по патот, пишува Љупчо Поповски „Ајде тука да анализираме“ – му рече премиерот Христијан Мицкоски на уредникот Васко Попетревски за време на интервјуто во „360 степени“ на МРТ во понеделникот. Навистина, ајде тука да анализираме. Попетревски го праша премиерот, всушност, повеќе ...
Пораки дека решение за високите цени треба да се бара низ дијалог меѓу производителiте и продавачите и да се почитува Законот за нефер трговски практики, беа упатени во тек на бојкотот на големите ланци маркети што се одржа вчера првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи. Повикот за бојкот ги остави речиси празни најголемиот дел од маркетите, а намалено беше и пазарењето во помалите продавници и на ...
Граѓаните бараат соодветно санкционирање и одговорност за прегазената 22-годишна Фросина Кулакова во Скопје. Револтот вчера беше изразен преку протест на местото на кое почина Фросина, пред Собранието, пред Кривичен суд, како и во родниот град на девојката, Неготино. За несреќниот настан се огласија и политичарите, порачувајќи дека гневот на јавноста е разбирлив и оти секој во системот мора да ја понесе својата одговорност. Владејачката ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови своите закани за воведување царини на производите од Европската унија, обвинувајќи ја Унијата за нефер трговски практики, јави „Политико“. Говорејќи синоќа во Белата куќа Трамп рече дека „апсолутно“ ќе воведе царини за стоките од ЕУ, додавајќи дека САД се третирани „ужасно“ и тврдејќи дека европските пазари се главно затворени за американскиот извоз. -Не ни ги купуваат автомобилите, не ни ги ...
Студентите од трите новосадски факултети во блокада, го објавија деталниот план за протестот што ќе се одржи во тој град, на денот кога се навршуваат три месеци од падот на настрешницата на Железничката станица, кога биле убиени 15, а тешко повреди двајца луѓе. Како што беше претходно објавено, во сабота, на 1 февруари ќе бидат блокирани три моста во Нови Сад: Мостот на слободата, Жежељ и Мостот „Виножито“. Студентите од Академијата за ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Трстеник изјави дека нема да има преодна или привремена влада. Тој додаде дека може да има избори или референдум, но додека тој е жив нема да има сервилна влада предводена од белосветски крадци. -Им кажав на некои светски лидери кои разговараа со мене дека можат без мене и дека нивните предупредувања за сопствената безбедност ги сфатив како закана. Им реков дека можат да ме убијат, но дека нема да ...
Амбасадата на Словенија во Скопје, во соработка со скијачкиот центар Маврово и Здружението на словенечки и македонски стопанственици, денеска организираат скијачки натпревар „ДипломатСКИ“ во Маврово. Како што соопштија од Амбасадата на Словенија, ова е прв настан од ваков вид во Северна Македонија, на кој ќе присуствуваат бројни амбасадори и дипломати, како и претставници на словенечки и македонски компании. Настанот, се додава во соопштението, ...
Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, против обвинетиот Васил Јованов од Скопје, кој е осомничен за сообраќајната несреќа во која пред три дена животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова. Како што пишува во решението, по одржаната главна расправа, која започнала на 24 јули лани и завршила на 31 јули, судијката Даниела Алексовска-Стојановска и судиите-поротници ...
„Градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата елементарна непогода која било кога ја зафатила општина Прилеп. Не само заради раскопаните улици потонати во темница, глутниците кучиња, покачениот данок на имот, зголемената цена на водата и поскапените комунални услуги, туку и заради големата лага наречена – детска градинка „Бајка“, вели Ирена Кироска од СДСМ Прилеп. Таа вели дека ниту после 40 месеци владеење на локално и осум месеци ...
Администрацијата на американскиот претседателот Доналд Трамп презема чекори со кои ќе ја стави американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би претставувало значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува помошта за други земји, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на неименувани извори. Извор на агенцијата вели дека американскиот Совет за национална безбедност неделава организирал дискусии на ...
По успешната 2024 година, во која банката оствари профит од 80 милиони евра, во планот на „Комерцијална банка“ е акционерите да поделат дивиденда од 46,3 милиони евра – 1.250 денари за акција, пишува порталот „Пари“. Станува збор за бруто износ, кој во однос на 2023, кога дивидендата се пресметуваше по 910 денари по акција, е повисок за 37,4 проценти. Предлогот е на Управниот одбор, а ќе биде доставен до Надзорниот и до акционерското собрание. ...
Српската царина завчера при преглед на стока пријавена за царинење, задржале контејнер со повеќе од 19 тони непријавени парфеми, јавија медиумите. Во извршената контрола е утврдено дека наместо стоката пријавена во увозната документација, во контејнерот всушност имало 50.000 различни парчиња парфеми, соопшти Царинската управа. Како што се наведува во соопштението, непријавената стока ќе биде привремено задржана до завршување на постапката пред ...
Сеизмолошката опсерваторија информира дека нивната телеметриската сеизмолошка мрежа која е инсталирана ширум државата денес во 1 часот и 10 минути регистирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа 10 км источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка ...
Постигнат договор за формирање нова Влада во Белгија – пет партии преговараа за владината програма на идниот кабинет на мандатарот и лидер на десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер. Како што јави белгискиот радиодифузен сервис ВРТ, петте партии од „Аризона“ коалицијата – Н-ВА, валонското либерално Реформско движење (МР), валонската центристичка партија Посветените (ЛЕ), фламанската социјалдемократска партија Напред (Вуројт) ...
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека сè уште нема напредок во договорите за новиот руски амбасадор во САД, кој треба да биде потврден од САД. „Нема напредок со договорот. Во режим на чекање сме. Времето истекува. И секако, сè уште не сме во зоната на аларм во однос на времетраењето на овој период на чекање, но постепено се приближуваме, затоа би сакале да слушнеме сигнал од Вашингтон за позитивна ...
Американските царини за Канада, Мексико и Кина ќе стапат на сила во сабота, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. Ројтерс претходно објави дека тарифите ќе бидат одложени до 1 март. Набргу по преземањето на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на 1 февруари има намера да воведе царини од 25 отсто за Канада и Мексико доколку не сакаат да ја потиснат илегалната миграција и шверцот на фентанил. Тој ...
Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, рече дека е „изненаден“ од појавата на „значајна централнодесничарска група“ меѓу технолошките директори во Силиконската долина, имајќи предвид дека индустријата ужива долгогодишна поддршка од Демократската партија. Гејтс изјави за Њујорк Тајмс дека „секогаш мислел дека Силиконската долина е оставена од центарот“. „Фактот дека сега постои значајна група од десниот центар е изненадување за мене“, рече Гејтс. ...