
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Еден од најголемите трговски синџири во Хрватска, „Кауфланд“, објави дека ги намалува цените на повеќе од 1.000 производи почнувајќи од 5 февруари, јавија хрватските медиуми. Во екот на новиот бојкот, Владата на вчерашната средба со претставници на трговците и производителите донесе одлука за замрзнување на цените на дополнителни 40 производи. Ова го зголеми бројот на артикли со фиксна цена од претходните 30, на вкупно 70. Потегот доаѓа како ...
По два дена пешачење и поминати 95 километри, белградските студенти вечерва пристигнаа во Нови Сад, а на улиците беа пречекани со овации и аплаузи од десетици илјади граѓани, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа. Студентите беа пречекани со црвен килим на мостот „Виножито“ од нивните колеги од Нови Сад, со кои си ги разменија знамињата на двата града и знамињата на универзитетите во Белград и Нови Сад. Оттаму тие заедно пешачеа ...
Новак Ѓоковиќ пристигна во Белградската арена неколку минути пред почетокот на кошаркарскиот натпревар помеѓу Партизан и Црвена звезда Белград во 24. коло од Евролигата. А на дуксерот кој го носеше српскиот тенисер имаше натпис кој привлече големо внимание. „Студентите се шампиони“ пишува на градите на Ѓоковиќ, кој очигледно специјално се подготвувал за своето прво појавување во јавноста по враќањето од Австралија. Ѓоковиќ во неколку наврати ги ...
Германските пратеници во Долниот дом на Парламентот го отфрлија контроверзниот предлог-закон за миграција поднесен од опозицискиот блок од десниот центар, јави ДПА. Предлог-законот беше отфрлен на денешното гласање во Бундестагот со многу мала разлика – 350 пратеници гласаа против, а 338 го поддржаа. Пет други пратеници беа воздржани. Денешната одлука на Бундестагот е последица на синоќешните големи протести ширум земјата против претходните ...
Во 17 часот започнаа протестни собири во неколку словачки градови со цел да се нагласи потребата Словачка да остане во Европската унија и да се бори за демократските вредности. „Словачка не може да молчи кога нејзината иднина е загрозена. Наша должност е да застанеме во одбрана на вредностите што ја дефинираат Словачка како слободна и демократска земја“, порачаа граѓаните. Граѓаните протестираа против „проруската надворешна политика на ...
Руските членови на екипажот од бродот „Сребрена Данија“, брод што неодамна го заплени Норвешка, не се уапсени, соопшти полицијата на округот Тромс пред руската амбасада во Осло. „На истрагата на амбасадата за запленувањето на „Сребрена Данија“ со рускиот екипаж во норвешката економска зона, претставниците на полицијата на округот Тромс одговорија дека руските државјани не се уапсени. Полицијата го известила екипажот на бродот дека може да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува да се сретнат двапати во Вашингтон следниот вторник, еднаш на работна средба, а потоа на неформална вечера, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на неименуван извор. Работната средба се очекува да се одржи околу пладне, по што двајцата лидери ќе вечераат со своите сопруги, објави американскиот портал.Средбата меѓу Трамп и Нетанјаху, потврдена оваа недела ...
Германија мора да додели статус на бегалец на руските граѓани кои се плашат дека ќе бидат повикани на воена служба во нивната матична земја, а потоа распоредени во војната против Украина. Ова го одлучи Вишиот управен суд во Берлин со две пресуди, уважувајќи ги жалбите на двајца Руси на воена возраст, кои поднесоа барање за т.н. супсидијарна заштита на германската Федерална канцеларија за миграција и бегалци (BAMF). Во образложението на судот за ...
Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември изнесувала 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска статистичката агенција на државата, „Монстат“. Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто. Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната нето плата изнесувала 876 евра. „Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во ...
Професорот на Факултетот за политички науки во Белград, Милош Бешиќ, вели дека студентите постигнале тие да се тие што ги наметнуваат темите во општеството, а не владејачката партија, јавуваат српските медиуми. „Најголемото достигнување на студентскиот протест во општествено-политичка смисла е фактот што откако тој протест зеде замав, тема на денот се протестите и студентите. Веќе не наметнува владејачката партија, туку студентите се тие кои ги ...
Голем број граѓани во Хрватска и денеска учествувале во општиот бојкот на продавниците и услугите поради високите цени, покажуваат најновите податоци на Даночната управа, објави „ХРТ“. Бројот на издадени фискални сметки во малопродажбата од полноќ до 15 часот е намален за 31 отсто, додека вкупната вредност на издадените сметки е за 42 отсто помала во споредба со петокот, 17 јануари, кога немаше бојкот. Во однос на претходниот петок, кога се ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, изрази поддршка за денешниот протест на граѓаните поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова, и најави дека в петок во Собрание ќе започнат измените на законите, односно промена на квалификативите за што се обвинуваат сторителите на ваквите дела. „Тоа што се случи вчера е еден грозоморен чин. Ние многупати во минатото сме апелирале на нефункционалност на системот, па загрижувачки е кога ...
Се заокружи постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите, соопшти Министерството за финансии. „Договорите коишто ги одобри Владата на последната владина седница, се веќе потпишани од страна на Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија. Во тек е постапката за потпишување на договорите на Развојната банка со деловните банки преку кои ќе се пласираат средствата кон крајните корисници, ...
Руските сили извршија ракетен напад врз историскиот центар на украинското црноморско пристаниште Одеса, што се наоѓа на списокот на светското наследство на УНЕСКО, при што се оштетени згради и ранети се две лица, соопштија локалните власти. Фотографиите објавени на интернет го прикажуваат оштетениот хотел „Бристол“, луксузна знаменитост од крајот на 19 век, како и остатоци разнесени на блиската улица до раскошната опера од истиот период. ...
Авион за транспорт на пациенти, во кој ималo шест лица, меѓу кои и едно девојче, вчеравечер се урна во Филаделфија, соопшти компанијата која управува со авионот. Компанијата „Jet Rescue Air Ambulance“ извести дека нивниот авион се урнал и дека во авионот имало четворица членови на екипажот и педијатриски пациент со неговата мајка. „Во моментов не можеме да потврдиме дека има преживеани“, се наведува во соопштението на компанијата. Претседателот ...
Денес во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Највисоките дневни температури ќе бидат во интервалот од 8 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје и околината претпладне има појава на магла, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните ...
Советот за млади, со учество на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, организираше панел дискусија по повод пет години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, на којашто се разговараше за имплементацијата на законот, воочените проблеми и потребните предлог-измени. На почетокот на настанот, со едноминутен молк, присутните ѝ оддадоа почит на трагично настраданата Фросина Кулакова. Тие упатија апел до надлежните ...
Пратеникот Јаревски на почеток образложи какви механизми најчесто користат пратениците за да ја реализираат нивната политичка и надзорна улога врз Владата или врз други носители на јавни функции, притоа даде свое видување за организирањето на надзорната расправа за квалитетот на воздухот и што се таа може да донесе во интерес на граѓаните. „Надзорната расправа во суштина произлегува од надзорната улога што ја има Собранието на Република ...
Професори од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет – Скопје ѝ го презентираа на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова мислењето за нацртот на Концепцијата за реформи на гимназиското образование. На средбата, професорите изразија категорично противење на бришењето на предметот Филозофија од корпусот на задолжителни предмети, како и на отстранувањето на предметите Логика и Етика од категоријата изборни предмети од наставниот ...
Премиерот Мицкоски на промоција на Институтот за извоз во Стопанската комора, над 1000 македонски извозници на едно место. Министерот Николоски на средба со претседателите на најголемите трговски комори од Балканот, акцент на инфраструктурниот развој на државата за развој на регионот. На ФИНКИ отворен првиот европски иновациски хаб во Македонија. По 5 години застој почна доградувањето на затворениот базен во Штип. Македонија се трансформира! ...
Вечерва на „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој ја изнесе поддршката за граѓаните, нагласувајќи дека нивната реакција против монополистичките пракси е легитимна. Тој посочи дека по најавата за бојкот започнаа акции за поефтинување, што покажува дека има простор за намалување на цените. Користејќи го примерот на Хрватска, каде бојкотите значително го намалуваат прометот, Стојаноски смета ...
СДСМ во недостаток на основи за објективна критика се обидува да користи несреќни случаи за дневна политика и за манипулација на чувствата на луѓето која на крај завршува со дополнителни разочарувања и трауми за семејствата, вели пратеникот Петар Марков од кого беше побаран коментар на партијата во врска со случајот за младата Фросина. Марков во овој контекст, потсетува и на случаите Нешковски и Младенов чија несреќа беше со години политички ...
Раководството од СДС на Клиниката за дерматологија наплаќало услуги од пациенти без да поднесе извештај до Министерството за здравство. Имено, Клиниката за дерматологија има право да дава услуги на пациенти кои плаќаат со лични средства и странци во делот на козметологија за што е потребно на секои шест месеци да доставува Извештај до Министерството за обемот и видот на извршените здравствени услуги. Дополнително за да извршува таков тип на ...
Во втората половина од 2024 година Царинската управа наплати над една милијарда евра приходи. Притоа приходите од царина бележат раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, а од данок на моторни возила за 20%. Бројот на случаи на заплени при откриени сторени прекршочни и кривични дела е зголемен за повеќе од 100% во однос на истиот период 2023 година. До ОЈО во цела 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, при што само во втората половина од ...
Караванот на Витаминка кој што учи на другарство, емпатија и почит од февруари продолжува да ги посетува предучилишните установи низ целата држава. Пренесувањето на најважните социјални и општествени вредности се причината за големиот интерес кај образовните и педагошките кадри и кај родителите и барањето за продолжување и проширување на едукацијата. Карванот преку музички претстави, на непосреден и забавен начин ги учи децата што значи ...
Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), заедно со уште 10 партнери од државата, го отвори првиот Европски дигитален иновациски хаб – ИНОФЕИТ ЕДИХ. Со ова, Северна Македонија станува дел од европската мрежа на дигитални иновациски хабови, создавајќи нови можности за компаниите, јавните институции и истражувачките ...
Власта бездушно удира по џебот на граѓаните со поскапување на парното. Премиерот Христијан Мицкоски не презеде ништо и не ги заштити граѓаните од серијата поскапувања на цените на производите. Со дебаклот на „кошничките“ профитираа големите трговци кои испумпаа над 10 милиони евра од џебовите на граѓаните затоа што владата на Мицкоски тоа им го озоможи. Платите стагнираат, власта ги закова и не сака да ги покачи. И додека владата лета во облаци ...
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар, утрово го исчистија сметот од улиците „Франклин Рузвелт“, „Павел Шатев“ (Бихаќка) и зад Соборниот храм кои се под надлежност на Град Скопје. „Ова утро, го исчистивме сметот од улиците „Франклин Рузвелт“ и „Павел Шатев“ (Бихаќка) кои се под надлежност на Град Скопје. Со камион на Општината се собра целото ѓубре коешто беше оставено да стои. Апелирам до Град Скопје и ...
Феноменот на неказнивоста, деценски присутен во нашето општество, уште еднаш доведе до трагедија во која животот го изгуби 22- годишната Фросина Кулакова. Судејќи според информацијата објавена од страна на Обвинителството, станува збор за сторител на повеќе тешки кривични дела од кои едното, исто така е сообраќајна незгода во која едно лице било повредено, а тој и понатаму продолжил да учествува во сообраќајот без да поседува возачка дозвола. ...
Советот на Општина Гостивар на денешната седница со мнозинство гласови ја намали цената за паркирање во Гостивар од 40 денари на 25 денари. Со оваа одлука е вратена старата цена за паркирање во Гостивар, со што барем малку ќе им се олесни финансискиот товар на граѓаните. Исто така, со новиот Правилник на Јавното претпријатие за „Јавни паркинзи и зеленило“ се предвидува и намалување на цената за блокирање на непрописно паркираните возила, од 1200 ...