
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



На протестот ќе се адресираат три главни проблеми, нефункционалноста на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволната безбедност во градовите и глорификацијата на девијантното однесување. Иницијативата „Кој е следен“ информираше дека утре, 2 Февруари, во 17 часот повторно ќе се одржи протест на булеварот „Партизански Одреди“, кај Универзална сала во Скопје. Посочуваат дека случајот со трагичната смрт на младата ...
Иако и во Словенија веќе дојдоа таканаречените забави без алкохол, кои веќе се повеќе етаблирани на други места во светот, нема индикации дека тоа ќе стане доминантен тренд. Во Словенија алкохолот е дел од секојдневието и сите важни животни настани, а податоците покажуваат и дека сме далеку над просекот на другите европски земји во однос на потрошувачката. Етнологот и културен антрополог од Филозофскиот факултет во Љубљана, Рајко Муршиќ, кој го ...
Единственото место во државава за уништување на фармацевтскиот отпад се наоѓа во ЈП „Дрисла“. Се работи за печка којашто од пред 23 години е донација од Велика Британија, но се поставува прашањето дали сме добиле исправна печка со инцелератор и дали сиве овие години на соодветен начин се согоруваат лековите кај нас. Кога печката пристигнала во Скопје не била соодветна за уништување на овој отпад, па била надоградувана за оваа намена, вели за ...
Според годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство при потпретседателката Илијана Јотова, лани бугарско државјанство добиле над 16 илјади лица. Ова е за 4.000 повеќе отколку во 2023 година. Според податоците, на прво место се Украина и Турција, а на четврто македонските граѓани, објави БНР. „Над 2.400 лица од Украина добија бугарски пасоши минатата година. Турција е на второто место. Речиси 2.200 лица од нашиот ...
Во Богданци се поставуваат нови 4 ветерни турбини, што ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 MW капацитет. Турбините на ветерниците во ветерниот парк во Богданци се производство на „Сименс“ Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Паркот, со своите 16 турбини, има инсталирана моќност од 36,8 MW и годишно произведува околу 100 GWh природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја ...
Семејството Ангеловски три години чека правда за смртта на тогаш 76-годишниот Слободан Ангеловски кој на мостот „Гоце Делчев“ беше прегазен од „БМВ Х5“, управуван од кумановката Гордана Филиповиќ. Филиповиќ се уште ужива во слободата иако првично беше осудена на три години затворска казна, но скопска апелација ја укина пресудата поради тоа што во предметот има три вештачења, од кои двете на Обвинителството и оштетеното семејство се совпаѓаат, а ...
Патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (64), удрило во пешакот А.Б.(89), двајцата од Битола. Осумдесет и девет годишниот А.Б. од Битола, завршил во Клиничката болница со тешки телесни повреди откако во него удрило возило марка „фолксваген поло“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што е наведено во билтенот, несреќата се случила вчераутро. „Во СВР Битола е пријавено дека на ул. ...
Претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски во рамки на прес-конференција даде изјава неодамна во врска со американската помош за земјава, која може да се оцени како делумна вистина. Последици секако ќе има, макар и само доцнење од три месеци во спроведувањето на проекти што во 2024 година биле проценети на 22 милиони долари. Оттаму, тие последици на тој начин ќе ги почувствуваат и државните институции на кои се однесуваат важни проекти ...
Купувањето облека од втора рака не само што нуди единствена можност да се најдат квалитетни парчиња облека, туку исто така игра клучна улога во намалувањето на отпадот и поддршката за поодржлива иднина. Во последните години, глобалната модна индустрија бележи значителни промени насочени кон одржливост, при што половната облека станува клучен дел од ова движење. Од славни личности до модни блогери, сè повеќе влијателни фигури во модниот свет ...
Јавната расправа за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот ќе се одржи денеска, во рамки на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Како што информира собраниската прес-служба, јавната расправа е закажана во 13:00 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“. Претходно пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ до Собранието поднесоа барање за одржување ...
Правда за Фросина мора да има и овој случај да не се повтори, порача денеска сестрата на Фросина Кулакова, Росица, која скршена од болка даде изјава за медиумите За Фросина бараме правда. Бараме одговорност од Зоран Јованов, таткото на Васил кој ја прегази Фросина, а бараме да одговара и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа ниту да изразат сочувство на семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили од социјални мержи. ...
Центарот за управување со кризи информираше дека вчера попладне бил спасен повреден планинар над кичевското село Лавчани, на местото Два Камења. Како што посочуваат од ЦУК, вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кризи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен. „Преку бројот за итни случаи 112 во ЦУК вчера, во 14:12 часот, била добиена ...
ССМ е разочаран бидејќи на денешната седница на Економско-социјалниот совет нема да се расправа за зголемување на платите ССМ ја добил поканата за денешната седница на Економско-социјалниот совет, но за жал на дневен ред ја нема точката за зголемување на минималната плата, туку ќе се дискутира за вредноста на синдикалната кошничка, изјави пред седницата Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. Тој е разочаран од ваквиот след на настаните и ...
Каков ќе биде одговорот на Европската Унија кон САД за најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Унијата ќе биде царинета за увоз на стоки во Америка е дилемата за која поголемиот број на европските медиуми деновиве на големо анализираат. Имено, американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, ...
Повеќе од 25 милиони Американци редовно играат голф секоја година. Бидејќи не се сите толку вешти како познатиот играч Тајгер Вудс, тие губат околу 300 милиони топки годишно на терените. Но, лошите голферски потези на една личност, претставуваат деловна можност за другите. Во Америка, порасна пазарот на користени топчиња за голф, чија вредност во САД е околу 200 милиони долари годишно, а со овој бизнис претежно се занимаваат помали компании. Ако ...
Од понеделник, 10 февруари, Општина Карпош започнува акција за отстранување на старите и хаварисани возила од јавните површино. Сектор Инспекторат, како што информираат од Општината, ќе спроведе подигање на старите отпадни возила согласно Закон за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка. Апелираме сите кои поседуваат таков тип на возило и на кое ...
Под доста профитабилни услови, една фирма чие име засега од Министерството за здравство го кријат под оправдание дека „уште трае постапката“, се пријавила на повикот за концесија за да изгради две катни гаражи во Клинички центар „Мајка Тереза“. Фирмата ќе треба годишно да исплаќа само 1 процент од приходот што го остварила кон Министерството за здравство, а останатите 99 проценти ќе бидат нејзини. Концесионерот ќе изгради две катни гаражи со ...
Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1.535 инспекциски надзори од кои 1.008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори. Како резултат на контролите, утврдени се 300 неправилности/законски повреди за кои се изготвени 300 решенија со кои се наредуваат или забрануваат одредени активности, односно се поведени постапки за санкционирање, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од ...
Во текот на ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а минималната од -5 до 2 степена. Според прогнозата на УХМР, во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има ...
Еднодневниот бојкот на големите трговски ланци во Србија, но и во регионот беше успешен и испрати порака до оние на кои треба да им се испрати, се согласуваат соговорниците на Н1 – Ивана Михајловиќ од Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора и Зоран Николиќ од Националната асоцијација на потрошувачи на Србија. Велат и дека нема да застанат тука, дека цените нема така лесно да се намалуваат и дека граѓаните треба да бидат упорни во следните ...
Претседателот на Судски совет Александар Камбовски изјави дека Судскиот совет ќе ги разгледува сите случаи каде има сомневања за пропусти од страна на судии за изречени пресуди, а казнената политика на судовите треба да биде предмет на сеопфатна анализа. -Се работи за случај кој што ја потресе целата држава, сите сочуство изразуваме до семејството. Не би сакал сега во вакви моменти на чувства што ги има кај сите граѓани да се носат некои ...
Четиринаесет жени и еден маж загинаа, а 15 жени се повредени денеска во експлозија на бомба на главен пат на периферијата на градот Манбиџ, во северна Сирија, соопшти сириската Агенција за цивилна заштита. Сите биле земјоделски работници, се појаснува во соопштението. Засега никој нема преземено одговорност за нападот. Ова е втора експлозија во оваа област, каде протурските организации се судираат со курдските сили, во период од три дена. ...
Работодавците, синдикатите и Владата денеска треба да седнат на заедничка маса за да разговараат за зголемувањето на минималната плата која во моментот изнесува 22.567 денари. Според најавите, денеска треба да се одржи седницата на Економско-социјалниот совет на која ќе се разгледаат можностите за нејзино зголемување што како барање го поставија синдикатите според кои има реална потреба од вакво нешто. Синдикатите бараат минималната плата да се ...
Шест лица се повредени меѓу кои и две деца во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на патот Виница-Смојмирово. „Вчера во 20.41 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница – с.Смојмирово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(49) од с.Црник, пехчевско и патничко возило ...
Данците се старо-нови светски ракометни шампиони откако вчера без многу маки ги совладаа Хрватите со резултат 32-26. „Данска се прошета до финалето и златниот медал. Уште пред првенството важеа за први фаворити. Самиот факт што седум од девет натпревари ги добија со двоцифрена разлика кажува многу. Данците во ракомет се како Американците во кошарка. Не можеше никој да им припари на нивната игра па така и Хрватите не можеа да се носат со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп започна трговска војна со со неговиот нацрт-закон за итни санкции за да ги оправда царините за канадски и мексикански увоз и дополнителни царини за кинески стоки. Трамп во саботата потпиша три одделни извршни наредби, воведувајќи тарифи кои беа критикувани ширум светот. Одлуката на Трамп наметнува царини од 10 отсто за целиот увоз од Кина и 25 отсто за стоки од Мексико и Канада. Еден исклучок од ова се ...
Илјадници луѓе вчера попладне на протестен марш во Скопје побараа правда за 22-годишната Фросина Кулакова која пред неколку дена смртно беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на Универзалната сала. Протестот кој започна на „Партизански одреди“ продолжи кон Собранието и Кривичниот суд каде се одржа триминутен молк. – Протестите се оправдани и поддржани од поголемиот дел од нашите граѓани и насочени се кон ...
Италијанските пожарникари спасија жители заробени во поплавените улици додека водената стихија ги носеше возилата во сицилијанската област Месина во неделата, откако за четири часа паднаа врнежи еднакви на просечните од еден месец. Обилните и интензивни врнежи предизвика заситеност на канализацискиот систем со дождовница, објаснува општината во соопштението, опишувајќи дека се соочиле со метеоролошки феномен со „исклучителен“ интензитет. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе воведе царини за стоките увезени во Америка од Европската Унија и не ја исклучи можноста за таква мерка против Обединетото Кралство. „Не ги купуваат нашите автомобили, не ги купуваат нашите земјоделски производи. Тие речиси ништо не купуваат, а ние увезуваме сè, милиони автомобили, огромни количини храна и земјоделски производи“, рече Трамп. На прашањето на Би-би-си дали има краен рок ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја водат „куп радикални лудаци“ и дека е лошо управувана и дека ќе ги исфрли „лудаците“ од агенцијата пред да се донесе одлука за нејзината иднината. Трамп во неделата го пофали шефот на Одделот за владина ефикасност, Илон Маск, за суспензијата на двајца врвни безбедносни функционери на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат одделот да ...