Уште една жена е хоспитализирана во Ургентната болница „Пирогов“ со проблеми по инјекциите на ботокс, соопштија од софиската болницата во неделата навечер. Така, во моментот во „Пирогов“ помош побарале вкупно седум повредени жени, од кои пет останале на лекување, а две се пуштени, објавија бугарските медиуми. Вчера рано попладне во „Пирогов“ се примени уште две пациентки поради компликации по инјектирање ботокс. Симптомите на новопримените жени ...

Училиштата на култниот грчки остров Санторини денес ќе бидат затворени, по серијата од 200 земјотреси што ја потресоа популарната туристичка дестинација во последните денови, пишува Си-ен-ен. Властите, исто така, ги советуваа жителите да избегнуваат големи собири во затворен простор и да се оддалечат од повеќе пристаништа, вклучително и старото пристаниште Фира, веднаш под главниот град на островот. Училиштата ќе бидат затворени и на блиските ...

Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР. Домаќин на настанот е министерот за внатрешни работи Даниел Митов. Тој ќе ги пречека колегите од Романија – Каталин Предоју и од Унгарија – Шандор Пинтер, како и делегација предводена од Франц Руф – генерален ...

Во интервју за Фокс њуз американскиот потпретседател Џеј Ди Венс истакна дека планот на претседателот Доналд Трамп да воведе повисоки царини покажува дека САД „повеќе нема да бидат искористени од другите земји“. „Уморни сме да нè искористуваат. Сè уште ја имаме најголемата економија во светот, најдобрите луѓе и најдобрите работници. Пораката на претседателот Трамп до целиот свет е многу јасна завршивме со искористувањето. Имаме претседател кој ...

Трите најголеми трговски партнери на САД возвратија со контрамерки на царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп. Во саботата, Трамп потпиша наредба за воведување царини од 25 отсто за стоки од Мексико и Канада, заедно со царини од 10 отсто за кинески производи. Белата куќа соопшти дека тарифите, кои стапуваат на сила во вторник, се одговор на три земји кои дозволуваат нелегална дрога во Соединетите Држави. „Претседателот Трамп ...

Силна експлозија, во која загина најмалку едно лице, а три беа повредени, се случи утрово во висока станбена зграда со луксузни станови во Москва. Според новинската агенција ТАСС, експлозијата се случила во фоајето на првиот кат на зградата Скарлет Саилс. Експлозијата предизвика голема штета на таванот од приземјето и скршени се прозорци. JUST IN – Explosion hits Moscow apartment complex: Live Updates At least one person is feared dead in a ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди Мексико и Канада дека е подготвен „да ја игра играта како што сакаат тие“ кога станува збор за царините. Говорејќи пред новинарите по слетувањето од авион во Флорида во Мериленд, Трамп рече дека ќе ги зголеми тарифите за Канада доколку земјата возврати на американските царини и го обвини северниот сосед дека „со години ги искористува САД“, објави Би-би-си. „Го сакам канадскиот народ. Не се ...

Меѓу предизборните ветувања на американскиот претседател Доналд Трамп, едно од најважните беше промена на царинската политика, пред сè во однос на економиите со кои САД имаат најголем трговски дефицит. Меѓу нив е и Европската Унија со која има дефицит од околу 230 милијарди евра. Кога станува збор за Хрватска, нејзиниот вкупен извоз во САД, мерено како удел во БДП (околу еден процент), е значително помалку важен отколку, на пример, случајот во ...

Ќе се зголемува опфатот на помилувања во однос на бројот и на времетраењето. Помилувањето е човеково право на осудениците што мора да се почитува, а при негово спроведување не смее да постои политичко и партиско влијание. Правните експерти се во потрага по механизам со цел да не ни се повторат помилувања на осуденици кои додека ја издржуваат казната вршат ново кривично дело, како во случајот со припадникот на нарко-кланот „Барон“, што ја ...

Зголемувањето на нивото на водата продолжи утринава во Североисточна Австралија, која за време на викендот беше погодена од поплави кои доведоа до евакуација на повеќе од 2.000 жители од нивните домови, уривање на мост и прекин на електричната енергија во околу десет илјади домаќинства. „Ќе имаме дождови и широко распространети грмотевици низ поголемиот дел од северниот дел на Квинсленд“, предупреди премиерот на државата Дејвид Крисафули на ...

Европските производители на ѓубрива ја повикуваат Европската комисија (ЕК) да ги зголеми царините за производите од Русија, бидејќи сегашните царински тарифи се неефикасни. Според нивното мислење, европските компании ќе продолжат да губат во конкуренција со руските производители. Во моментов Европската Унија има царинска тарифа од 6,5 отсто, што според европските производители е недоволна. На крајот на јануари, Европската комисија предложи ...

Идејата дека Европската Унија создава сопствена армија, која ќе регрутира граѓани од земјите членки и ќе работи за интересите единствено на Стариот континет, станува сè пореална. Имено, последниот повик на четирите земји членки кои граничат со Русија ја повикаа ЕУ на итни инвестициски потреби од најмалку 100 милијарди евра, средства кои ќе се наменат за одбрана. Ова навестува дека Европа дефинитивно размислува за сопствена одбрана, пишува ...

Во дебатата за европската одбрана, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се вклучи преку колумна во Фајненшл Тајмс, предлагајќи конкретни решенија за финансирање на трошоците за одбрана и трансформација на европската одбранбена индустрија. Кирјакос Мицотакис предлага создавање на европски финансиски инструмент вреден 100 милијарди евра , кој ќе може да ги финансира барањата на колективната европска безбедност надвор од националните буџети, ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај. – во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Орешани, како и корисниците од викенд населба Орешани во општина Зелениково; – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Саса – крак 2 и крак 4 во општина Кисела Вода; – во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од село Љубин лоцирани ...

На 20 јануари, претседателот Доналд Трамп донесе неколку извршни наредби, а една од нив се однесуваше на меѓународната помош (УСАИД), за која кажа дека не се вклопува со американските вредности и интереси, а американските вредности и интереси се сменија со неговото доаѓање на власт, вели Димитар Николовски од Евротинк. – Претседателот Трамп се обидува да направи целосна реконструкција и трансформација на американското оптество, во еден многу ...

– Украински напад со дрон предизвика пожар во руската област Астрахан и предизвика откажување на летовите од неколку аеродроми во Русија, соопштија руските власти. -Украинските вооружени сили се обидоа да нападнат со дронови објекти лоцирани во областа, вклучувајќи складишта за гориво и енергетски објекти, напиша гувернерот на Астраханската област, Игор Бабушкин. „Уривањето на дрон предизвика пожар. Нема пријавени повредени“, се додава во ...

Andrée’s Arctic balloon expedition of 1897 was a failed Swedish effort to reach the North Pole, resulting in the deaths of all three expedition members, S. A. Andrée, Knut Frænkel, and Nils Strindberg. Andrée proposed a voyage by hydrogen balloon from Svalbard to either Russia or Canada, which was to pass, with luck, straight over the North Pole on the way. The scheme was received with patriotic enthusiasm in Sweden, a northern nation that had ...

Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во еденомесечен прекин на работата, што ќе трае до 4 март, одлучи Адвокатската комора на Србија (АКС) на вонредно собрание. Секретарот на комората, Немања Јоловиќ потврди дека Адвокатската комора на Србија (АКС) на своето вонредно собрание го усвои предлогот за едномесечен прекин на работата, почнувајќи од 3 февруари. Адвокатите од Шабац предложија да се воспостави минимален работен процес неопходен за ...

Еднодневниот бојкот на големите трговски ланци во Србија, но и во регионот беше успешен и испрати порака до оние на кои треба да им се испрати, се согласуваат соговорниците на Н1 – Ивана Михајловиќ од Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора и Зоран Николиќ од Националната асоцијација на потрошувачи на Србија. Велат и дека нема да застанат тука, дека цените нема така лесно да се намалуваат и дека граѓаните треба да бидат упорни во следните ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази предложени од Обвинителството. Првообвинетиот за двојното убиство на Вања ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што се одржува денеска и утре во Будимпешта. Јаневска ќе се обрати на две панел дискусии посветени на важноста и можностите за продлабочување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во областа на образованието и иновациите, како и зајакнување на релациите помеѓу регионот и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а ...

Претседателката со особена радост ја прифати поканата да биде дел од прославата на патрониот празник на гимназијата „Шаип Јусуф“ и со посебна чест зборуваше за важноста на резултатите и успесите во десетте години постоење. Таа го акцентираше визионерството на великиот Шаип Јусуф, авторот на првата ромска граматика, чиј сон за стандардизиран ромски јазик стана вреден дел од македонската мултијазична образовна, културна и социјална приказна, но и ...

„Младоста помина, соцреализмот заврши, но демоните на некогашната страст останаа, удавени во алкохолот на она што не се случи“ – Георги Господинов, „Физика на тагата“. Седете мирни сега, возиме брзо, може да биде опасно, им реков на децата додека возевме на автопатот Тетово – Скопје. Тато, колку брзо возиме, ме прашува шест-годишната ќерка возбудено. Сто километри на час, ѝ одговарам. Колку деца се тоа во секунда? Триесет и шест деца во секунда. ...

Во вечерашниот поткаст, „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ гостуваше директорот на Агенција на катастар за недвижности, Иван Живковски, кој говореше за сработените мерки и проекти во Aгенцијата. Како што вели тој, минатото раководство сакало да ги зголеми цените на услугите на Kатастарот за значителен процент, но за среќа сега на граѓаните драстично им се намалени цените за услугите кои ги нуди. „Бев инспириран пред се од една фамозна одлука на претходниот ...

Скопје тоне во ѓубре, загаден воздух, расипани автобуси, мостови и универзална сала стојат како што ги остави Шилегов… Данела Арсовска е казна божја за Скопјани, ама сами си ја баравме со боринче. Епа сега иста судбина ќе им се случи и на Американците и богами светот, и пак сами си го баравме со боринче… Да ставиш царини од 25% на Канада и Мексико е луд рекетарски потег, тоа е дефакто објава на војна преку економски мерки. Светот од глобален ...

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денеска изјави дека мобилниот телефон Васил Јованов го набавил од друг притвореник од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец, кој го овозможил тоа. – Сознанието е дека убиецот на Фросина телефонот го обезбедува од друго притворено лице од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец кој што од едната ќелија носи кутија со колачи во собава каде што се наоѓа Васил ...

Маршот го организира новоформираната иницијатива Кој е следен?, што практично е и пораката за протестниот марш, од каде истакнуваат дека случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Дел од младите на маршот носат црни блузи на кои пишува „Правда за Фросина“. На булеварот Партизански одреди во Скопје, кај Универзална сала, ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Радио Слободна Европа“ остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за крајно неодговорно водење на здравствените политики. „Сметам дека крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа дека системот не функционира како што треба“, изјави Филипче. Тој предупреди дека на чело на ...

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека полициски службеници од СБПОК, во соработка со полициски службеници од Македонија и Европол, во рамки на големата оперативна акција со кодно име „Вардар“, а по наредба на Јавното обвинителство за Организиран криминал денеска на територијата на Србија уапси шестмина членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
2.06
27%
1013
weather icon

Белград

36ᴼ / 34ᴼ
2.06
33%
1013
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
2.57
40%
1013
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
25%
1015
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.12
16%
1012
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
42%
1014
weather icon

Атина

37ᴼ / 36ᴼ
6.17
20%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
43%
1015
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
26%
1014
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
4.92
27%
1013
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
6.69
26%
1012
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
31%
1013
Currency

61.535

Currency

53.0609

Currency

72.1226

Currency

34.426

Currency

38.5869

Currency

65.8407

Currency

7.38678

Currency

0.68042

Currency

0.36531

Currency

0.52501

Currency

1.33697

Currency

0.61696

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14601.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.80

Сребро

1139.77

Злато

106347.80

Бакар

9.81

Паладиум

34176.24

Платина

41304.38

Родиум

174417.80

Цинк

2.65