Холандскиот фудбалски стручњак Луј ван Гал откри дека Кралската холандска фудбалска асоцијација (KNVB) сè уште не го контактирала за евентуално враќање како главен тренер на репрезентацијата, но тој е на располагање. Седумдесет и четиригодишниот Ван Гал во интервју за „Voetbal International“ потврди дека е подготвен да ѝ помогне на репрезентацијата, истакнувајќи дека на федерацијата ѝ е потребно долго време за да пронајде нов тренер: „Се чини ...

Бразилскиот фудбалер Ендрик го информирал раководството на Реал Мадрид дека сака да го напушти клубот ова лето, напиша новинарот Јагиз Сабунџуоглу на социјалната мрежа Икс. Дваесетгодишниот напаѓач има тековен договор со „Кралевите“ до 2030 година. „Трансфермаркт“ ја проценува фудбалската вредност на Ендрик на 40 милиони евра. Фудбалерот ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Лион. На 21 натпревар за францускиот клуб, ...

Голманот Марк-Андре тер Штеген коментираше за неговиот трансфер на позајмица во Ајакс од Барселона до крајот на сезоната 2026/27. – Одличен почеток во Амстердам, ви благодарам за топлото добредојде! Со нетрпение очекувам да започнам ново поглавје со сите вас во Ајакс, напиша тер Штеген на социјалните мрежи. Тер Штеген се приклучи на Барселона во 2014 година и има договор до летото 2028 година. Во јануари 2026 година, голманот се приклучи на ...

Неколку американски градови кои беа домаќини на натпреварите на Светското првенство во 2026 година бараат ФИФА да ги исплати ветените средства, објавува „The Athletic“. Раководството на ФИФА постојано ги уверувало градските претставници дека секој ќе добие по еден милион долари. Средствата требало да се користат за развој на фудбалската инфраструктура и спроведување социјални проекти, но исплатите сè уште не се примени. ФИФА јавно нема ...

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ ќе се одржи на 20 август, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, седиштето на истоимената Општина. Покровител на овој значаен настан е премиерот Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец. -Македонскиот фолклорен фестивал „ПРЕСПА“ повторно ги обединува Македонците преку песната, орото и вековната традиција. ...

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, што во чест на делото на Свети Климент Охридски ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата на Бенедиктер му се доделува како признание за исклучителниот негов ...

Бундеслигашот Лајпциг го врати денеска во своите редови голманот на норвешката репрезентација Орјан Ниланд, потпишувајќи договор до 2028 година. Триесетипетгодишниот норвешки голман се враќа во Лајпциг, каде што настапуваше во сезоната 2022/23, без обесштетување, откако неговиот договор со Севиља истече на крајот на јуни. Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат на Норвешка до четвртфиналето на неодамнешното Светско ...

По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат. Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици, објави вечерва градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на својот фејсбук профил. Во овие исклучително тешки моменти, вели во објавата, уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци кои деноноќно ...

Помалиот внес на протеини би можел да помогне за поздрав и подолг живот. Новото истражување спроведено од Универзитетот Висконсин – Медисон укажува дека умерениот внес на протеини може да има значајни здравствени придобивки, особено со стареењето на организмот. За оваа цел биле опфатени повеќе од 300 научни студии, при што се докажало дека помалиот внес на протеини може да го намали ризикот од болести, како што се дијабетесот и ракот. Според ...

Американската вселенска агенција НАСА планира да го продолжи договорот со рускиот Роскосмос за вкрстени летови на екипажи до Меѓународната вселенска станица (МВС) за уште една година, односно година и пол, изјави денеска менаџерот на програмата на МВС во НАСА, Дана Вајгел. „Обично, планираме активности за период од една до година и пол. Нашите мисии во рамките на програмата за вкрстени летови се координираат за тој период“, рече Вајгел на ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако попладнево со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина. Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно денеска со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк. ...

Барселона може да се приклучи во трката за играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер сити, Родри. Според „AS“, Реал Мадрид во моментов се смета за водечки кандидат за 30-годишниот Шпанец, но Високите финансиски барања на Сити го комплицираат евентуалниот трансфер. Каталонците внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да се обидат да го потпишат Шпанецот доколку преговорите со мадридскиот клуб дојдат во ќорсокак. Тековниот договор ...

Белгискиот репрезентативен играч од средниот ред, Кевин Де Брујне ќе остане во Наполи за сезоната 2026/27, објави новинарот Саша Таволиери на социјалната мрежа Икс. Според Таволиери, 35-годишниот Белгиец, по разговорот со своето семејство, одлучил да не го менува клубот и ќе продолжи да игра за клубот од Наполи. Медиумите претходно објавија интерес за фудбалерот од Интер Мајами. Тековниот договор на Де Брујне со Наполи важи до 2027 година. ...

Напаѓачот Гонзало Гарсија и фудбалерот од средниот ред Сезар Паласиос ги напуштија редовите на Реал Мадрид и обајцата потпишаа петгодишни договори со Фулам, објави денеска премиерлигашот од Лондон. Дваесетиедногодишниот Паласиос и една година повозрасниот Гарсија во Фулам повторно ќе соработуваат со Алваро Арбелоа кој ги тренираше во младинските категории на Реал, пред да седне на клупата на мадридскиот гигант во јануари, а во новата сезона ...

Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и ...

Писателот и книжевен истражувач, д-р Марјан Патлиџанковски, е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, што беше избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Џепароски, во образложението наведува дека расказот „Службен пат до Тирана“ се издвоил од преостанатите 23 доставени раскази, по начинот на кој ги поврзува етичките и ...

Од печат излезе поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“, најновото и 70-то книжевно дело на проф. д-р Зоран Пејковски, посветено на неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, по повод 40 години од неговото замонашување. Делото претставува поетски еп во кој духовниот пат на архиепископот г.г. Стефан се преплетува со историјата на Македонија, традицијата на светата Охридска Архиепископија и ...

Од околу 30 пожари кои биле регистрирани вчера на отворен простор на разни места низ државата, пожарот во Кавадаречко бил најтежок за интеревенција и се очекува до крајот на денот, да биде изгаснат во целост, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на заедничката прес-конференција со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Во текот на вчерашниот ден имавме околу 30 пожари на отворен простор, неколку од ...

Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска. Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – “Градската плажа”, плажата “Гранико” и плажата “Полин”. Општинските власти велат дека анализите се спроведени согласно Националната годишна програма ...

Повик за поднесување предлог за проект под наслов „Оптимално управување со Дојранското Езеро“, со цел зајакнување на прекуграничната соработка и заштита на животната средина на Дојранското Езеро, вреден над три милиони евра, потпиша заменик-министерот за национална економија и финансии на Грција, Никос Папатанасис, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција, повикот е ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Северна Македонија, Сатибалди Буршаков, кој престојува во прва официјална посета на Охрид. На средбата амбасадорот Буршаков го изразил своето воодушевување од природните и историските убавини на Охрид, како и од богатата културна понуда што градот ја нуди во летниот период. Во рамки на разговорите било најавено отворање на Почесен ...

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Бернардо Силва, призна дека не се двоумел ниту секунда кога ја добил понудата од мадридскиот клуб. – Многу пати сум играл против Реал Мадрид и секој пат ја чувствував величината на клубот. Играњето на Сантијаго Бернабеу е нешто посебно, овој стадион е навистина импресивен. Кога ја добив понудата од Реал, беше невозможно да се одбие. Не се двоумев ниту секунда. Близината со семејството, близината со ...

Водата во Скопје е квалитна и безбедна за пиење, покажува најновиот неделен мониторинг на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и ...

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до граѓаните и институциите да преземат мерки за заштита на животните за време на актуелниот топлотен бран и екстремно високите температури. Од здружението предупредуваат дека високите температури претставуваат сериозен ризик за бездомните животни, животните што се чуваат на отворено, фармските животни и оние што се користат за работа, како коњите и магарињата. Посочуваат дека ...

Општина Ѓорче Петров започнува со реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија, со што повторно поставува нови стандарди во локалното управување и одржливиот развој. Станува збор за првиот проект од ваков вид во државата, што ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на покривите на сите седум општински основни училишта ќе бидат поставени ...

Епл (Apple) привремено ја отстрани апликацијата за пораки Телеграм од Епл Стор (App Store) поради кршење на правилата на компанијата во врска со материјалот за сексуална злоупотреба на деца. Телеграм доцна синоќа беше отстранет од продавниците за апликации за Ајфон (iPhone) и Ајпад ( iPad). Во изјава за одредени американски медиуми, Епл објасни дека истрагата утврдила постоење на содржина на Телеграм што ги крши правилата на компанијата за ...

Властите во Сингапур им забранија на двајцата водечки членови на британскиот трип-хоп-состав „Масив атак“ повторно да влезат во државата, откако развеале палестинско знаме и изразиле поддршка за палестинската кауза на концертот минатата недела. Сингапурската полиција соопшти дека двајца мажи се под истрага за нивните постапки за време на концертот на островската град-држава на 29 јули, кога, меѓу другото, развеале странски знамиња, а еден од ...

Данската принцеза Изабела, која од неодамна е полнолетна, почна со служењето воен рок, станувајќи една од првите девојки кои се дел од новата продолжена задолжителна воена служба во земјата, објавува „Шпигел“. Данска воведе задолжителна воена служба за жени минатата година, а околу 1.600 млади луѓе, меѓу кои и принцезата Изабела, ја започнаа својата воена служба. Поради зголемената загриженост за безбедносната состојба во Европа, периодот на ...

Археолози открија ретка монументална мермерна статуа стара 2.500 години за време на ископувањата кај древниот град Сардис, во западна Турција, објави „Туркие тудеј“. Споменикот, висок 2,2 метри, прикажува млад човек во стоечка положба и се верува дека датира меѓу 470 и 450 година пр.н.е. – време кога градот Сардис бил стратешка точка на Персиското Царство. Наодот е откриен во два дела, поставени со лицето надолу. Научниците забележаа дека ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32