Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
По девет години минати во Ливерпул, репрезентативецот на Египет Мохамед Салах во новата сезона ќе настапува во турската екипа Трабзон. Тој денеска најпрво пристигна во Истанбул, а во вечерните часови и во Трабзон каде беше пречекан од илјадници симпатизери на овој клуб. Тој веднаш го имаше и своето прво обраќање пред аеродромот во Трабзон, додека во градот владее вистинска треска по доаѓањето на Салах. Трабзон успеа да го договори Салах, кој ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета даде свое видување за поразот од Бетис во пријателски натпревар. Англискиот шампион синоќа во Даблин загуби со 3:1. – Најважно е да се победи, а ние не успеавме да го сториме тоа, па секако сме разочарани од резултатот. Во првото полувреме, кога имавме повеќе од нашата почетна постава на теренот, имаше два сосема различни аспекти на нашата игра – како се справувавме со топката и како се натпреварувавме. ...
Во Рабат, Мароко синоќа се одржа состанок на раководството на ФИФА, на кој присуствуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, генералниот секретар Матијас Графстром и членовите на Управниот совет. Генералниот секретар на ФИФА и присутните членови на Управниот совет ја потврдија својата целосна поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Исто така, беше објавено дека предлогот за создавање на „FIFA Forward Enterprise“ (FFE), кој би се ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...
Селекторот на македонската машка одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски, ги собра одбојкарите пред (ЕП) кое ќе се игра оваа година. Нашиот национален тим го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања. „Мојата методологија на работа е добро позната за секој од вас. Барам професионален однос, сериозност и посветеност. Тука сме да направиме резултат, а тоа значи сѐ друго да биде во втор план, целиот фокус да биде на ...
Поранешната НБА-ѕвезда, Шекил О’Нил ја изложи целта на Леброн Џејмс за крајот на неговата кариера. Шекил верува дека импресивниот рекорд на Леброн Џејмс го мотивира да ја продолжи кариерата на 41 година. – Леброн ужива во тоа што е најефикасниот кошаркар во историјата на лигата. И еве што ќе ви кажам. Неговата цел е да го направи рекордот апсолутно недостижен, да го обезбеди засекогаш. Кога играв, гледајќи ја статистиката на Карим, си ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека по завршувањето на постапката за лиценцирање, како и по истекот на рокот за поднесување жалби во делот на исполнување на обврските поврзани со финансиската дисциплина, е констатирано дека еден клуб не ги исполнил условите предвидени со важечките акти на Федерацијата за настап во највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027. Во согласност со одредбите од ...
Маркус Рашфорд е пред враќање во редовите на Манчестер Јунајтед. Англичанецот во летото 2025 година беше претставен како засилување во Барселона и одигра солидна сезона (11 голови и 14 асистенции) во редовите на каталонскиот клуб и кога се очекуваше да потпише договор, сега најреално е негово враќање на „Олд трафорд“. Барселона имаше можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, но тоа не го стори, па Рашфорд се прости од клубот ...
Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, не се приклучил на тимот за претсезонскиот тренинг-камп, објави новинарот Фабрицио Романо. Триесет и тригодишниот Лукаку можел да добие дополнителни слободни денови од клубот по претходен договор. Агентот на Белгиецот работи на наоѓање нов клуб за Лукаку. Напаѓачот би можел да се приклучи на Атланта пред крајот на летото. Има и други клубови заинтересирани за соработка со него. Лукаку се приклучи на Наполи ...
Премиерлигашот Ливерпул има за цел овој преоден рок да купува во редовите на европскиот првак ПСЖ. Бредли Баркола е еден од играчите за кои „црвените“ планираат да го донесат во своите редови. Но, последните информации се дека Ливерпул има за цел да го ангажира и 18-годишниот Ибрахим Мбаје. Играчот е подготвен за евентуален трансфер и притоа очекува да добие и поголема минутажа. Официјална понуда сè уште не пратена, но се поставува и прашање ...
Согласно добиени резултати од испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Денеска од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие, ...
Неспорен и силен е континуитетот на значењето на Илинден за македонската борба за самостојност и создавањето на своја, национална држава на македонскиот народ, констатираа историчарите на научниот симпозиум „Илинден- хоризонти на македонската историска наука“ кој денеска се одржа во Крушево во рамките на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“. Првата прослава за Илинден 1903-та била дури 1918 година, па со години оспорувана. Поддршката ...
Со асфалтирање Општина Битола ја заврши изградбата на нов паркинг простор лоциран во пранешната битолска касарна. Станува збор за нова паркинг површина од 1.550 квадратни метри, проект финансиран од вториот владин повик преку Министерството за транспорт во кој освен паркинг изградени се нов коловоз, атмосферска канализација и осветлување. Вредноста на проектот изнесува 6,2 милиони денари, информираа од Општина Битола чии тимови работаат и на ...
Само преку отворен дијалог и координирано постапување, можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство, напиша попладнево на Фејсбук, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој информираше за состанок на оваа тема. – Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство е важно за навремено креирање ...
Екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес успешно интервенираа на два пожара во изминатите 24 часа, спречувајќи нивно проширување и поголема материјална штета. Како што информираат од ТППЕ Велес, денеска околу 13 часот била примена дојава за запалени кабли на улицата „Никола Оровчанец“, во близина на игротека во Велес. На местото веднаш било испратено едно противпожарно возило со двајца пожарникари, кои брзо го ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелирајќи за внимателност, соопшти дека е спречена катастрофа во Виничко. Запалена била трева при сечење со брусилица. Во текот на вчерашниот ден, лице со брусилица сечело делови од возилото зад мене. Од искрите се запалила околната трева. Пожарот бргу се проширил во околината, но благодарение на брзата реакција на виничките пожарникари, бил совладан во прва фаза. Голема ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, рече дека времето поминато надвор од Формула 1 му помага за трките во шампионатот. -Успевам да се фокусирам на Формула 1 затоа што не се грижам премногу за ништо. Работам со добри луѓе во тимот и имам стабилна средина дома. Исто така, важно е да се исклучам од Формула 1 – да бидам семеен човек и да се занимавам со други проекти што ги уживам надвор од Формула 1. Секако, Ред Бул отсекогаш бил силен ...
Легендарниот филм „Пурпурен дожд“ („Парпл рејн“) ќе добие свој мјузикл кој ќе се одигра на Бродвеј, носејќи нова сценска интерпретација на веќе познатата приказна. Мјузиклот, базиран на истоимениот филм од 1984 ќе содржи дел од најголемите хитови на Принс, меѓу кои и насловната нумера „Пурпурен дожд“ Музичката претстава ја следи приказната од филмот „Пурпурен дожд“. Главната улога ја толкува Принс, за млад музичар познат како „Детето“. Тој се ...
Под името „Финикс спишис“, актерот Леонардо ди Каприо и основачот на „Амазон“, Џеф Безос преку своите фондации „Ривајлд“ и „Фондот за Земјата“, започнаа иницијатива вредна 200 милиони долари за спасување на 100 најзагрозени животински видови на Земјата. Во фокусот на иницијативата ќе бидат опфатени десетици ретки видови од различни делови на светот, вклучувајќи лемури, саламандери, жаби, желки, игуани и други загрозени животни. Меѓу нив се и ...
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе. На Водно беше промовирано возилото со кое Иџе ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Министерот Ристовски истакна дека успесите на Игор Стефановски се инспирација за младите генерации и доказ дека со посветеност, дисциплина ...
Франко Мастантуоно, фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, се приклучи на Фиорентина на позајмица, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, 18-годишникот ќе игра за италијанскиот клуб до јуни 2027 година. Мастантуоно се приклучи на Реал од Ривер Плата во август 2025 година. Неговиот договор со клубот од Мадрид е со важност до летото 2031 година. Минатата сезона, Мастантуоно одигра 23 натпревари во Ла Лига и постигна еден гол. ...
Во текот на месецот јули, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнале и транспортирале 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. -Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од ...
Неупотреблив дел од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Икс“, тежок четири тони, денеска ќе се урне на површината на Месечината, со брзина од 8.400 километри на час, соопшти американската Национална воздухопловно-вселенска администрација (НАСА). Предметот со големина на училиштен автобус, што лута во вселената од минатата година, е втората фаза од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Икс“, која имаше задача да постави приземјувач на Месечината во јануари 2025 ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати. Дваесет и тригодишниот Шпанец го освои турнирот минатата година. – Му посакуваме на нашиот шампион од 2025 година се најдобро за време на неговото закрепнување. Со нетрпение го очекуваме вашето враќање следната година – објави прес-службата на турнирот. Алкараз има 26 титули на АТП во поединечна конкуренција и седум титули на Грен слем. Турнирот во Синсинати, (САД) ...
Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, е разочаран од дефанзивната игра на својот тим во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Спарта Прага. Чешкиот претставник го совлада францускиот тим со 2:1. – Не е само резултатот разочарувачки, туку, пред сè, нашата одбранбена игра. Не го направивме она што го зацртавме, особено во првото полувреме. Спарта создаде многу шанси затоа што имавме проблеми во нашата ...
Придонесот на Ана Липша-Тофовиќ кон македонската музичка култура и кон создавањето на фестивалот „Охридско лето“ останува трајно запишан за идните генерации преку монографијата посветена на големата оперска примадона, што синоќа беше промовирана во рамки на фестивалската програма. Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“, од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф. д-р Александар Трајковски, е објавена по повод 100-годишнината од раѓањето ...
Мексиканскиот инфлуенсер на социјалните мрежи Сезар Гастелум беше застрелан и убиен додека во живо пренесувал настан на кој бил со пријатели пред ресторан за брза храна во градот Кулијакан, на северот од земјата, објавија денеска локалните власти. Гастелум, кој имал речиси 600.000 следбеници на ТикТок и бил познат по своите комични видеа, го емитувал своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската држава Синалоа, кога му ...
Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници – тие пренесуваат болести ...
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, изјави дека жена треба да ја преземе контролата врз раководното тело на светскиот фудбал. Блатер, кој беше на чело на ФИФА од 1998 до 2015 година, ја посочи претседателката на Фудбалската федерација на Норвешка, Лизе Клавенес, како најдобар кандидат да го наследи актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, кој е критикуван поради неговиот план да привлече приватни инвеститори во организирањето ...