Лос Анџелес клиперс го објавија потпишувањето на центарот Џамарион Шарп и плејмејкерот Јуки Кавамура. Шарп, кој претходно играше за Далас, потпиша двонасочен договор, додека Кавамура потпиша едногодишен договор со минимална плата и може да настапува и за тим од развојната лига. Јапонскиот играч ја помина минатата сезона во Чикаго. Според податоците од лигата, Шарп е висок 226 см, а Кавамура е висок нешто повеќе од 170 см, што ги прави ...

Тренерот на Ливерпул, Андони Ираола, зборуваше за физичката подготвеност на играчите по поразот од 3:2 од Монако во пријателски натпревар одигран вчера на домашен терен. -Проблемот е што сè уште немаме енергија за сите 90 минути. Играчите брзо се заморуваат, па ни треба време да се вратиме во форма. Треба да продолжиме со тренинзите и можеме да ги извлечеме и позитивните и негативните страни од последниот натпревар, изјави Ираола за клупскиот ...

Водата во Скопје е квалитна и безбедна за пиење, покажува најновиот неделен мониторинг на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и ...

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...

Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација), ...

Завршени се градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на ЈДГ „Весели Цветови“. Со овој зафат објектот е целосно реновиран. Комплетно е обновен средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа: три занимални во кои престојуваат деца на возраст од 2 до 6 години, кујна, канцеларија и ходникот. За време на реновирањето, целосно е отстранета ламперијата од ѕидовите, по што е поставена арматурна мрежа и ...

Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот на којшто одредени сериозни болести се третираат во иднина. Станува збор за таканаречени молекуларни лепила што можат да поврзат еден штетен протеин со системот во клетката одговорен за негово отстранување. Во напис објавен во списанието „Сајенс“ (Science), научниците тврдат дека успеале да користат таква молекула за да го отстранат протеинот „KAT2A“, којшто има важна улога ...

Аргентинецот Кристијан Фабијани повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Вардар. Разделбата на црвено-црните со аргентинскиот фудбалски стручњак доаѓа по вчерашниот пораз од Шкандија во дербито на 2.коло на Првата македонска фудбалска лига. – ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш, соопшти попладнево ФК Вардар. Под водство на Фабијани, ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Азиската фудбалска конфедерација (АФК) и Конфедерацијата на северноамерикански, централноамерикански и карипски фудбал (КОНКАКАФ) објавија заедничко отворено писмо до Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Во писмото се потенцира дека фудбалот им припаѓа на сите. – Фудбалот е најголемата заедничка страст во светот. Тој не му припаѓа на ниту едно лице или организација. Ова не е спор за пари или ...

Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. Post Views: 2 август 10, 2026 Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во ...

Првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ“ и на НУ „Охридско лето“. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте ...

Кошаркарката на Минесота, Кајла Мекбрајд, синоќа го одигра својот најдобар натпревар во кариерата, постигнувајќи 43 поени во победата од 103:90 над Далас на домашен терен. Ова е рекорд во кариерата за неа во лигата. Мекбрајд играше 32 минути. Во тој период, таа погоди 10 од 14 обиди за тројки, нов рекорд во WNBA. Претходниот рекорд (девет тројки) го држеа шест играчи. Вкупно, Мекбрајд погоди 16 од 21 шут од поле, додавајќи еден скок, една ...

Скулптури од академската уметници Анета Стојчевска од Крива Паланка, дел од нејзината самостојна изложба „Прогон“ се изложени во Локалната установа Градски музеј Крива Паланка во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026“. Делата што нудат едно поинакво уметничко доживување се достапни за јавноста, а како што истакнаа од музејот, станува збор за несекојдневна изложба што отвора прашања, буди емоции и остава силен впечаток. ...

Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. – Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и ...

„Гугл“ официјално го објави почетокот на исклучувањето на „Гугл асистент“. Почнувајќи од 4 септември, компанијата постепено ќе ги префрла уредите со оперативен систем „Андроид“ – на „Џемини“, што ќе стане новиот стандарден гласовен и вештачкоинтелигентен асистент на телефоните. Промената ќе се случи автоматски преку „Гугл плеј сервис“, без корисникот да мора да инсталира нова апликација или рачно да ги менува поставките. Сепак, за некои ...

Кинескиот модел на вештачка интелигенција (ВИ) „Кими К3“ успеа да ја напушти заштитената изолирана средина („сендбокс“) на Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) за време на тестирање, по што на интернет-платформата „Гитхаб“ (GitHub) самостојно го пронашол решението за поставената тест-задача. Според експертите, „Кими К3“ не извршил софистициран хакерски напад, ниту, пак, нападнал надворешна веб-страница или ...

Додека режисерот Мет Ривс е зафатен со работа на продолжението на „Бетмен“, шефот на студиото на „Ди-си“ (DC), Џејмс Ган разреши еден од најголемите сомнежи меѓу обожавателите. Иако обожавателите сакаат што поскоро да го видат и третиот дел од приказната со Роберт Патинсон во насловната улога, Ган јасно ги отфрли гласините дека вториот и третиот дел од трилогијата ќе бидат снимани еден по друг. Во последните денови на социјалните мрежи се ...

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино „ја уништува самата суштина“ на фудбалот и верува дека неговото време како претседател на ФИФА завршило. – За мене, времето на Џани Инфантино е одамна поминато. Не го велам ова поради неодамнешните настани. Го забележувам овој стил на управување долго време, иако сите други се чини дека дури сега го откриваат. Тој не е тип на личност која го промовира ...

Ливерпул и Барселона се блиску до финализирање на договорот за дефанзивецот Роналд Араухо, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, клубовите ги разменија сите документи за позајмицата на 27-годишниот Уругваец. Араухо наскоро ќе биде претставен како играч на Ливерпул. Медиумите објавија дека договорот ќе важи до летото 2027 година. Клубот од Ливерпул ќе има опција да го откупи договорот на играчот. Во сезоната 2025/26, Араухо постигна ...

Тренерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, објави дека играчот од средниот ред Родри наскоро ќе се приклучи на тимот. Според медиумските извештаи од Англија, капитенот на Шпанија одбил трансфер во Реал Мадрид, наведувајќи ја својата желба да се приклучи на Барселона. – Родри ќе ни се придружи на 14 август. Нема нови вести. Засега, тој ќе остане во Манчестер, изјави Мареска, за клупската веб-страна. Родри е во Манчестер сити од летото 2019 ...

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, од кои нема активни, под контрола е еден, а 25 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Под контрола е пожарот на излез од Крива Паланка, кај депонијата. Останатите пожари се изгаснати. Post Views: 2 август 10, 2026 Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, од кои нема активни, под контрола е ...

Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски. Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа. – Нашите екипи речиси 30 часа активно работеа на целосно гасење на пожарот, со оглед на тоа што станува збор за комунален ...

Шпанецот Раул Фернандез (Трекхаус Рејсинг) триумфираше денеска на патеката во Силверстон во трката за Големата награда на Велика Британија во Мото ГП шампионатот. Дваесетипетгодишниот шпански мотоциклист ја забележа втората победа во својата кариера, откако победи и на трката за Големата награда на Австралија во октомври минатата година. Клупските колеги во Априлија, водечкиот во генералниот пласман Хорхе Мартин и Марко Безеки го освоија ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство во Белград, откако попладнево во својот завршен настап извојува убедлива победа над Израел со 39-29. Македонските ракометари до победата дојдоа со фантастично второ полувреме во кое имаа апсолутна контрола врз случувањата на теренот. Натпреварот започна со иницијатива на израелските ракометари кои на средина од полувремето имаа и највисока ...

Во двата завршни натпревари од 2. коло во ПМФЛ, фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва Вардар на гостински терен со 2-0 (0-0), додека Скопје и Струга одиграа нерешено 1-1 (0-0). Дербито на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје сосема заслужено ѝ припадна на Шкендија, која по бавното темпо без посериозни шанси во првото полувреме, прикажа надмоќен фудбал во продолжението и дојде до победата со двата гола на Фабрис Тамба во 52. и ...

Во време на војни, климатски промени и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, хуманизмот и творечката природа се силата со која човекот може и мора да му се спротивстави на уништувањето, порача денеска во Охрид проф. д-р Кристоф Бенедиктер, добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година. Претседателот на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и ...

Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани. -Ова е една позитивна вест. Во последните два дена ...

Калчолигашот Наполи ја одби првата понуда од турскиот прволигаш Фенербахче во износ од приближно шест милиони евра за услугите на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку. Ова денеска го објави добро информираниот италијански новинар Матео Морето, посочувајќи дека Наполи бара приближно двојно поголема сума. Според истиот извор, Се очекува турскиот клуб да даде подобрена понуда за да го финализира договорот. Претходно беше објавено дека 33-годишниот ...

Во соборниот храм на Повардарската епархија „Свети великомачник Пантелејмон“ во Велес утрово се одржа Света празнична Архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот повардарски Агатангел заедно со православното свештенство на Повардарската епархија, а во присустсво на голем број православи верници. Со тоа беше заокружена програмата за одбележување на празникот на патронот и заштитник на Велес, Свети великомаченик Пантелејмон. Во ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Сребро

1670.34