Премиерлигашот Ливерпул е на чекор од потпишување договор со дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, јави денеска „Скај Спортс“. Според истиот извор, Араухо денеска ќе пристигне во Ливерпул на задолжителните медицински прегледи по што се очекува да остане на „Енфилд“ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Ливерпул ќе може да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со Барселона од 55 милиони евра. Дваесетиседумгодишниот ...

Шпанскиот трофеен фудбалер Серхи Роберто е нов играч на ЛА Галакси, објави синоќа клубот од Лос Анџелес. Роберто се пресели во МЛС лигашот од Лос Анџелес без обесштетување од Комо и потпиша договор до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. „Серхи носи лидерски вештини, врвен технички квалитет, тактичка интелигенција и искуство во освојување трофеи што малку играчи го поседуваат. Тој беше важен дел од ...

На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина ...

Во селото Себиште административната единица Стеблево, кое едно од 22 села во областа Голо Брдо во Албанија, населени главно со Македонци, се наоѓа едно ретко природно богатство кое привлекува внимание со својата убавина и геолошка вредност. -Станува збор за Пештерата во Себиште, природна формација која била откриена случајно и во својата внатрешност крие фасцинантен свет од сталактити и сталагмити, создадени во текот на илјадници години, ...

По речиси 20 часа од избувнувањето на пожарот на градската депонија за комунален отпад во Крива Паланка, противпожарните екипи работат на негова ликвидација. Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски, пожарот избувнал вчера попладне околу 17 часот, а во гасењето покрај општинската ТППЕ, се вкчучиле екипи од вработени во јавното претпријатие „Комуналец“, поддршка добиле и од ТППЕ ...

Аргентинскиот 25-годишен репрезентативец од средниот ред, Тијаго Алмада (25), стана најскапиот играч во историјата на аргентинската фудбалската лига откако ѝ се приклучи на Ривер Плата од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 20 милиони евра. Трансферот на Алмада, кој беше дел од аргентинската репрезентација на двете последни светски првенства, го собори ланскиот рекорден трансфер во кој Колумбиецот Кевин Кастано се пресели од руски Краснодар во ...

До изутринава до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи активни се два пожари и тоа во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и на депонијата на излезот на Крива Паланка. Под контрола е ставен поќарот над село Зелениково каде горела ...

Најпознатиот фудбалски клуб на македонската заедница во Австралија, Престон Лајонс, втор пат во клупската историја го освои престижниот Докерти куп, триумфирајќи изутринава во финалето во Мелбурн со 3-1 над големиот ривал од грчката заедница Хајделберг Јунајтед. Финалето, кое се одигра пред преполни трибини на стадионот „Лејксајд“ и под засилени безбедносни мерки, донесе тензии на теренот од самиот почеток, а Престон Лајонс до триумфот дојде ...

Меѓународната фудбалската федерација (ФИФА) демантираше денеска дека нејзиниот претседател Џани Инфантино бил во љубовна врска со поранешна вработена во УЕФА во време кога тој беше генерален секретар на организацијата. Реакцијата уследи по информациите што ги објави лондонски „Телеграф“ дека УЕФА исплатила шестцифрена сума на службеничка која била во љубовна врска со тогашниот генерален секретар. „Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ...

Калчолигашот Милан спогодбено стави крај на соработката со алжирскиот фудбалер од средниот ред Исмаел Бенасер кој изминатите седум години го носеше црвено – црниот дрес. Дваесетиосумгодишниот Алжирец пристигна на „Сан Сиро“ од Емполи во 2019 година, а последните сезони ги мина како позајмен фудбалер во Олимпик Марсеј и загрепски Динамо, откако имаше долгогодишни проблеми со коленото. „Милан го потврдува завршувањето на договорот на Исмаел ...

Хорхе Меси, таткото на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација и осумкратен освојувач на Златната топка Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст, објави денеска аргентинскиот клуб во кој Меси настапуваше како дете Њуелс Олд Бојс. „Клубот Атлетико Њуелс Олд Бојс со тага и длабоко жалење се збогува со Хорхе Меси“, објави клубот на социјалните мрежи. Аргентинските медиуми јавија дека Хорхе Меси починал во болница во родниот град ...

Англискиот фудбалски првак Арсенал официјално го објави денеска комплетирањето на трансферот на бразилскиот репрезентативец од средниот ред Бруно Гимараеш, кој ги напушти редовите на Њукасл и потпиша четиригодишен договор со лондонскиот клуб. Според англиските медиуми, Арсенал платил 87 милиони евра за да ги обезбеди услугите на 28-годишниот Бразилец, кој имаше четири асистенции на неодамнешното Светско првенство. „Бруно е играч со одличен ...

Прилеп достоинствено одбележа 25 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак. Прилеп и Македонија никогаш нема да ги заборават своите херои, во спротивно, ги губиме корените. Нивното херојско дело е врежано во нашата меморија, а нивната жртва нѐ обврзува, беа дел од пораките испратени од централното чествување во Прилеп. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески порача дека на 8 август 2001 година во ...

Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации – соопшти Општина Аеродром. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети ...

Повеќекратниот првак на Англија, Ливерпул како главна цел за овој преоден рок го има францускиот репрезентативец Бредли Баркола. Французинот не е задоволен од статусот што го има во европскиот првак ПСЖ и го нема продолжено договорот со клубот. Според францускиот Л ’Екип, тимот од Енфилд се очекува да понуди 115 милиони евра за Баркола, со дополнителни бонуси. Но, за очекување е францускиот клуб да ја одбие оваа понуда бидејќи нивното барање ...

Топката со која аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона го постигна таканаречениот гол „Божја рака“ против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година ќе биде понудена на аукција од американската аукциска куќа „Херитиџ аукшнс“ од 21 до 23 август. Почетната понуда е 2,5 милиони долари, а се очекува да достигне продажна цена од 10 милиони долари. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 ...

Галеријата на икони во Охрид од денеска е збогатена со уште едно непроценливо историско, уметничко и духовно дело – иконата „Исус Христос на престол“, изработена во ретка мозаична техника, односно од ситни обоени камчиња или стаклени коцкички (тесери), карактеристична за византиската уметност. Како што беше посочено на денешната презентација организирана по повод одбележувањето на 75-годишниот јубилеј на организираната музејска дејност во ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица одржа одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи – трговци и со производителите на пиперка од Струмичко. На средбата со со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон ...

Општина Карпош соопшти дека продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија. Како што информираат од општинската прес-служба, во изминатиот период се работело во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа, како што посочуваат, реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ...

Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност, соопштуваат од Град Скопје. -Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и ...

Откривањето на повеќе од десетина изумрени ирваси на архипелагот Свалбард ги збуни истражувачите, а причината за смртта сè уште е непозната, соопшти највисокиот претставник на овој норвешки архипелаг. Вкупно 13 мртви животни – два мажјаци и 11 женки – беа откриени во две долини на архипелагот за време на пребројувањето на популацијата, пренесе ДПА. – Исклучително е необично репродуктивно способни женки и возрасни мажјаци да умираат во лето – ...

Кинески истражувачи завршија ажурирана геолошка карта на целата Месечина во размер 1:5.000.000, пренесе Синхуа повикувајќи се на Институтот за геологија при Кинеската академија за геолошки науки. Основната карта, со должина од околу 280 сантиметри и висина од 120 сантиметри, е дополнета со геолошки карти на поларните региони на природниот сателит на Земјата. На картата со точност се одбележани над 13.000 ударни кратери и 81 ударен басен, при ...

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино доби важна поддршка за својот нов мандат. Фудбалската федерација на Аргентина (АФА) упати официјално писмо со пофалби за неговата досегашна работа, но и за некои грешки. Инфантино се соочува со голем притисок за новиот мандат на чело на ФИФА, особено што неколку конфедерации искажаа незадоволство од неговата работа. Фудбалската федерација на Аргентина во своето писмо истакна дека претходната деценија ФИФА ...

Културно-информативниот центар (КИЦ) Битола во рамки на Битолското културно лето „БитФест“ од 14 до 16 август ќе одржат „Битолски Чалгиски Денови“, првиот фестивал во градот посветен на оваа специфична музичка форма. Од КИЦ Битола информираат дека со уште еден посебен настан, посветен на чалгијата, потврдуваат дека визуелниот идентитет на фестивалот соодветствува со културата, историјата и музичкото богатство на градот. -Долгогодишната ...

Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер од 18 часот почнуваат чествувањата по повод 25-годишнината од „Карпалак“ каде во заседа на армискиоот конвој на патот Скопје-Тетово беа убиени 10-те прилепски бранители. Чествувањата во спомен на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце ...

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ на 2.000 метри надморска висина постави дополнителни камери кои ќе ги детектираат дивите животни, но и други случувања на планината. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека превентивните активности даваат резултати и тој процес ќе се интезивира. -Новите камери ги поставивме на висок регион, над 2.000 метри надморска висина. Нашата цел е зачувување и мониторинг на живеалиштата на животните, ...

Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност во македонската заедница во Австралија. Како што информираат од Австралиско-сиднејската епархија при ...

Во ООУ „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, соопштија од Општината. Со тоа, како што наведуваат оттаму, Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за спорт, рекреација и здрав развој на децата и младите Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се ...

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски: На 08.08.2026 (сабота), од 20 часот, ќе се прикажува филмот „Бал-Кан-Кан“. Публиката ќе има можност да ја погледне оваа комедија со актерските остварувања на Раде Шербеџија, Ерол Кадиќ и ...

Додека Корејскиот Полуостров го погодува топлотен бран, севернокорејските државни медиуми предлагаат сè, од супа од кучешко месо до пилешка супа, како начини за справување со жештините, а Ким Џонг Ун го прикажуваат како лидер кој ги поднесува тешките услови заедно со својот народ. Државната телевизија вчера јави дека температурата достигнала 36,7 степени Целзиусови, што е највисока температура откако во земјата се води евиденција за ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35