Шведската компанија „Џетсон“ го создаде првиот летачки автомобил „Џетсон Уан“ што овозможува 20 минутно летање со помош на џојстик. Со максимална брзина од 102 км/ч и тежина до 95 км, возилото е наменето за кратки патувања. Направен од алуминиумова конструкција, едно седиште и осум електрични мотори, „Џетсон Уан“ се смета за автомобил на иднината со веќе распродадени примероци до 2027 година, по цена од 128.000 долари. Новите нарачки ќе се ...

Полската тенисерка Ига Швјонтек е победничка на Мастерсот 1000 одигран во Торонто. Таа во финалето ја победи Елена Рибакина со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3). Шесткратната Гренд слем победничка одигра одличен турнир што треба да и донесе самодоверба пред УС опен. Проблем за Рибакина можеби беше тоа што таа три часа повеќе мина на теренот до финалето во однос на нејзината ривалка. Со титулата во Канада, осмата светска тенисерка Швјонтек ќе се врати ...

Охридското Езеро годинава се планира да биде порибено со околу 1,6 милиони единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи, се запозна со процесот на ...

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Како што соопштија од Општината, прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. -Оваа ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека за првпат Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. -Денес, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во просториите на МКЦ го отворивме Центарот за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. Ова е место во кое ќе има сигурност, грижа, разбирање и човечка топлина. Место во кое секој ...

Јапонски тим научници објави дека се на работ на вакцина што ќе ги уништи застарените, уште наречени и „зомби“ клетки, чијшто број се зголемува со возраста и што влијаат на околните клетки, што доведува до нарушувања поврзани со возраста, вклучително и намалена еластичност на артериите. Застарените тн. „зомби“ клетки што престанале да се делат, но не умираат, предизвикуваат воспаление со ослободување хемиски соединенија што ги оштетуваат ...

Британската атлетичарка Еми Хант го освои вториот златен медал на Европското првенство што се одржува во Бирмингем. Таа по триумфот на 100 метри синоќа беше најбрза и во трката на 200 метри со време 22.19 секунди, пред Расидат Аделеке од Република Ирска и сонародничката Дина Ејшер-Смит. Злато за Република Ирска освои Марк Инглиш со победата во трката на 800 метри. Тој имаше време 1:45.26 минута, а втор целта ја мина Марино Блудек од Хрватска. ...

Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. – За мене претставува посебна чест и задоволство што Ракометната федерација на Македонија прави уште еден значаен чекор напред и што, заедно со ...

Живко Поповски – Цветин, македонски уметник и хуманист, изработи 35 метарска мироцветна патека по повод три и пол децении македонска независност. Оваа цветна патека, според него, претставува Симбол на мирољубивиот македонски народ и сите народности кои живеат во Македонија. – Во сите овие триесет и пет години, како македонски народ, покажавме и докажавме дека чекориме по цветната патека на мирот. Ние сме мирољубив народ, кој создава ...

Во Националниот парк Кругер во Јужна Африка било забележано едногодишно слонче од видот „локсодонта“ со албинизам.Слончето е со розова кожа и светла коса, поради што значително се разликува од останатите слончиња. Станува збор за генетско нарушување кое го спречува или намалува лачењето на меланин, пигмент одговорен за бојата на кожата. Според експертите, ваквата состојба е многу ретка, односно едно на секои 10.000 раѓања. Албинизмот е ретка ...

Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи во Истанбул (Турција) од 2 до 7 февруари 2027 година, објави прес-службата на Кралската шпанска фудбалска федерација. За трофејот ќе се борат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад. Натпреварите ќе се одржат на Олимпискиот стадион „Ататурк“. Од 2020 година, Шпанскиот Суперкуп се одржува во Саудиска Арабија. Post Views: 0 август 15, 2026 Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи во Истанбул (Турција) од 2 ...

Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, наскоро ќе се приклучи на ПСЖ, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, трансферната цена е 50 милиони евра. Торес игра за Барселона од летото 2022 година. Тој одигра 207 натпревари за Каталонците, постигнувајќи 65 гола и 23 асистенции. Претходно, напаѓачот играше и за Манчестер сити и Валенсија. Трансфермаркт ја проценува неговата пазарна вредност на 55 милиони евра. Дваесет и шестгодишниот ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека следува период на стабилно и потопло време. Посочуваат дека само во вторник, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Најавуваат дека минималните температури ќе се движат во интервал од осум до 20 степени, а максималните од 30 до 39 степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална ...

Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума. Како ...

Состојбата со пожарот во атарот на село Лознани, Општина Могила е алармантна. Огнот се спушти до првите куќи. Линијата на огнот е долга со километри и во гаснењето на терен учествуваат битолските пожарникари, а активирани се и тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов во видео од терен информира дека благодарение на битолските пожарникари и неколку селани е спречена голема ...

Антологиската серија „Чудовиште“ добива четврта сезона која ќе прикаже еден од најпознатите нерешени случаи во американската криминална историја, убиствата на Ендру и Аби Борден во 1892 година. Под насловот „Чудовиште: Приказната за Лизи Борден“, серијата ќе го долови случајот на многу впечатлив и драматичен начин. „Во август 1892 година Ендру и Аби Борден биле пронајдени мртви во нивниот дом во Фол Ривер, Масачусетс. За нивните убиства била ...

Музичка историја беше испишана синоќа, кога легендарниот гитарист Ричи Блекмор му се придружи на својот поранешен рок-состав „Дип парпл“ на сцената, првпат по повеќе од три десетлетија. Феноменалниот настан, којшто до вчера се чинеше невозможен поради децениската кавга меѓу музичарите, се случи на самиот крај од концертот на бендот во „Џонс бич“ театарот во Ванта, Њујорк, САД. Имено, сега 81-годишниот виртуоз им се придружи на своите ...

Способноста на левучарите истовремено да ги користат обете хемисфери на мозокот за решавање проблеми им дава предност при возење автомобил и пилотирање борбен авион, смета Валери Литвинов, виш истражувач на Одделот за хемија и биотехнологија на рускиот Национален истражувачки политехнички универзитет во Перм. Стручњакот истакна дека контролата на рацете не е директно организирана од мозокот, туку е вкрстено организирана. Кај десничари, на ...

Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА). – По состанокот на Советот на ФАИ, беше донесена одлука да се повлече писмото за поддршка што го испрати претходно оваа година. Потоа беше изготвено писмо до ФИФА во кое се објаснуваат причините. ФАИ е благодарна за поддршката на ФИФА за ирскиот фудбал, но неодамнешните настани поведоа ...

Галатасарај достави понуда за трансфер за напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, објави „ESPN“, повикувајќи се на свои извори. Понудата на турскиот клуб била приближно 45 милиони евра. Договорот на 25-годишниот Бразилец важи до крајот на сезоната 2026/27, но клубот има опција да го продолжи за дополнителни 12 месеци. Во моментов не е познато дали фудбалерот ќе се согласи на трансфер во турскиот клуб, бидејќи деталите од неговиот личен ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Струга изјави дека е шокантен предлогот на Министерството за култура до Владата Струшките вечери на поезијата наместо самостојна национална установа да биде сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга, оценувајќи го како некултурен однос кон институција која е синоним за промоција на културата во светот. Според директорот на НУ Струшки вечери на ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над ...

До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска бил во посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева оствариле работна средба со лозари. Како што соопшти Нацева на нејзината Фејсбук-страница, состанокот се одржал во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел, да поминат во најдобар ред. – На состанокот се разговараше за динамиката на ...

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти-Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јар,мов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, беше одбележана 72 годишнина од нивното убиство. За животот и делото на петтемина студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници. -Сонот на струмичките студенти заедно со нивната визија и желба за демократска, правна, економски просперитетна држава, каде правото и правдата се ...

Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. ...

Со изведба на претставата „Кармен“ на Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет ...

Во преполниот парк со публика од сите генерации во Велес синоќа се одржа големиот музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години независност на Македонија. Настапија околу 80 уметници од забавната и народната музика со познати евергрини, а преку музика, поезија, глума и танц пред многубројната публика која им ракоплескаше и пееше во рефрен со нив. Уметниците како ѕвезди од бината ги поведоа присутните низ приказната за ...

Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25