Седумнаесетгодишниот велешки кајакар Благој Гугинов, член на Кајак кану клубот „Арка-Борец“, постигна историски успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води, што се одржа изминатиот викенд во Грандтули, Шкотска. Гугинов во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски земји обезбеди пласман во големото финале, каде што го освои деветтото место, со што се пласираше меѓу најдобрите десет јуниори во Европа. Од ККК ...

Џони Деп е во преговори за враќање во улогата на пиратскиот капетан Џек Спероу во шестиот филм од серијалот „Пиратите од Карибите“ (Pirates of the Caribbean), потврди продуцентот на серијалот Џери Брукхајмер за „Дедлајн“ (Deadline). Американскиот глумец првпат се појави како харизматичниот и авантуристички настроен љубител на рум, капетанот Спероу, во филмот „Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер“ од 2003 година. Улогата стана ...

По повеќе од 20 години, обожавателите на „Симпсонови“ и уличните трки и бркотници веројатно ќе дочекаат нова верзија на играта „Хит енд ран“ (Hit & Run). Пренесувањето на познатиот концепт на видеоигрите на „Гранд тефт ауто“ (Grand Theft Auto) на улиците на жолтиот град Спрингфилд во 2003 година – беше целосен успех. По безброј петиции, неофицијални преработки и постојана носталгија, се чини, пристигнува и официјалното продолжение, пишува ...

Возачот на Кадилак, Валтери Ботас, зборуваше за целите на тимот за втората половина од сезоната. Според Ботас, тој се надева дека тимот ќе напредува и дека тимот нема да го заврши шампионатот без да освои бодови. – Сакаме да влеземе во втората четвртина од квалификациите. Тоа е следниот чекор за нас. А потоа тимот би сакал да освои бодови. Не би сакале да ја завршиме сезоната без да освоиме ниту еден бод. За Кадилак, тоа е многу јасна цел. Не ...

Американските тенисерки Серена и Венус Вилијамс ги споделија своите впечатоци од првиот заеднички натпревар по четири години. Тие немаа играно заедно од Отвореното првенство на САД во 2022 година. Денес, сестрите Вилијамс загубија од Украинките Марта Костјук и Американката Пејтон Стернс (2:6, 6:1, 8:10) во првото коло од турнирот во двојки во Синсинати. – Беше забавно и многу пријатно. На половина од натпреварот се чувствувавме како да ни ...

Во најавата на меѓународниот ракометен турнир што денеска почнува во Охрид беше одржана и прес-конференција. На едно од прашањата за учеството на македонските екипи во ракометната регионална лига тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ истакна: – Според мое мислење, ќе потенцирам тоа е мое мислење, не е став на клубот на македонските екипи не им треба учество во тоа регионално натпреварување. Македонската лига има квалитет, највисоко во ...

Порто е подготвен да го забрза обидот да го финализира договорот за позајмица за напаѓачот на Милан, Сантијаго Хименез, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, првата официјална понуда за 25-годишниот Мексиканец наскоро ќе биде доставена до Милан. Порто се надева на позајмица со опција за откуп. Со напаѓачот веќе е постигнат договор за лични услови. Хименез е во Милан од февруари 2025 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2029 ...

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид одржа свечена беседа по повод доделувањето на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, признание што веќе две децении го доделува Охридската академија на хуманизмот. Бенедиктер, кој годинава е добитник на престижното признание, во своето обраќање се осврнува на значењето на хуманизмот, духовното и интелектуалното наследство на Охрид, како и за современите ...

Весникот „Македониум“ продолжува со објави што сведочат за животот, истрајноста и историјата на Македонците во Албанија. Последно ги пренесува спомените и сведоштвата на Ефтим Митревски, главен и одговорен уредник на весникот „Преспа“, за едни од најзначајните моменти во поновата историја на Македонците во Албанија – падот на комунистичкиот режим, појавата на политичкиот плурализам и почетоците на организираното македонско движење во 1991 ...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ во интервју за клупската веб-страница на Милан го спореди италијанскиот клуб со гигантот Реал Мадрид. – Играв за најголемиот клуб во светот, Реал Мадрид, но мислам дека Милан е на исто ниво. За Милан не се зборува како за другите клубови. И кога ќе стигнете тука, разбирате зошто. Тоа е еден од најважните клубови во светот, а сето тоа е благодарение на луѓето што работат тука и навивачите. Разбирам зошто Милан е ...

Камерата за безбедност на сообраќајот во Европа којашто во 2025 година забележала најмногу прекршоци се наоѓа на автопатот А-7 близу Валенсија, Шпанија. Имено, лани со неа се регистрирани 90.766 казни за брзо возење. Ова значи дека оваа камера казнувала возач на секои шест минути, а ѝ донела дури 18,9 милиони евра на шпанската држава, објави „Ел Индепендиенте“. А-7 е еден од најважните патишта долж брегот на Шпанија, каде што обично може да ...

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот на отворен простор регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати. -Во моментов се активни пет пожари – Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општини Јегуновце и Сарај: с. ...

Според ново научно истражување објавено во списанието „JAMA Internal Medicine“ во кое биле опфатени над 500 различни професии, најголема стапка на смрт од рак поради преголема радијација има кај стјуардесите, а веднаш по нив се и пилотите. За потенцијален причинител научниците го издвојуваат космичкото зрачење на кое екипажот е подложен во текот на летањето. – На површината на Земјата атмосферата делува како природен заштитен штит кој ...

Бруно Фернандеш ја одби понудата на Манчестер јунајтед за нов договор. Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ му понуди нов договор на Португалецот, но не доволно примамлив за него, објави новинарот Саша Таволери. Се забележува дека понудата вклучувала зголемување на годишната плата од 500.000 евра, што не било доволно за да го убеди Португалецот да го продолжи договорот. Претходно, Галатасарај наводно покажал интерес за играчот од средниот ...

Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за ...

Вечер ќе биде спроведена 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман, соопшти денеска, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Активностите продолжуваат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се ...

– Темното чоколадо е лек и точка. Еден од најдобрите лекови што постојат, со земање на 50 до 100 грама дневно темно чоколадо со 75 проценти или повеќе какао – вели д-р Симон Милс, британскиот експерт за фитотерапија (билна медицина), медицински билкар и автор во областа на природната медицина. Симон Милс (Simon Mills) е познат британски хербалист и пионер во современата фитотерапија. Дипломирал медицински науки на Универзитетот во Кембриџ и ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да се повлече од Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. Дваесет и петгодишниот тенисер се врати во Торино во понеделник, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв затворен тренинг. Синер ќе биде подложен на нов преглед, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговото учество на Отвореното првенство на САД. Тимот на ...

Екипата на Милан има ново засилување, откако успеа да го договори Диего Мореира од Стразбур. Веста за трансферот ја објави Фабрицио Романо. Италијанскиот тим ќе треба да плати 50 милиони евра и дополнителни бонуси. Француската екипа ќе има приход и од следниот трансфер на фудбалерот во друг клуб. За белгискиот фудбалер, кој квалитетно може да игра на двете страни на теренот интерес имаше и од клубови од Германија и од Англија. Но, тој сепак ...

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, објави дека наскоро ќе започне преговори за нов договор со клубот од Минхен. Англичанецот е во Баерн од 2023 година, а неговиот договор трае до јуни 2027 година. Претходно, медиумите објавија интерес од Барселона за 33-годишниот напаѓач. -Имам само уште една година од мојот договор, па сега е време да разговараме за тоа. Ќе разговараме за тоа следната недела или неделата потоа. Двете страни се многу ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич, во општините Велес и Зелениково кај селата С’лп, Горно село, Карабуниште, Бузалково, ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...

Музичката програма на годинешното 66. издание на „Охридско лето“ продолжува со Унгарската вечер и целовечерниот концерт на кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. На концертот ќе бидат изведени дела од Роберт Шуман, Мате Бела, Золтан Кодај, Реже Кокаи и Бела Барток, со што публиката ќе има можност да проследи програма во која се преплетуваат германскиот романтизам и унгарската музичка традиција. Салаи е добитничка на ...

Ракометарите на Вардар постигнаа победа во првиот натпревар од новоформираната Регионална лига. Тие попладнево во Охрид ја совладаа Војводина со 36:30. Ова беше дуел од 8.коло од ова натпреварување. Двата тима се дел од турнирот во Охрид, кој почнува утре. Во регионалната лига настапуваат десет екипи, поделени во две групи, а во секоја од групите има по два македонски тима. Во групата А се Алкалоид и Еурофарм Пелистер, додека во Б група се ...

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ на 34.години објави крај на играчката кариера. Тој во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Црвена Звезда, каде и ја играше последната сезона. „Ја завршувам кариерата, ќе бидам помошен тренер во Звезда. Поради животната ситуација сакам да бидам во Белград“, напиша кошаркарот на социјалните мрежи. Во Црвена Звезда тој настапуваше во три наврати, а во странство играше за Фенербахче со кој во 2017 ...

Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез е еден од најбараните напаѓачи овој преоден рок. Тој е цел на Барселона, но неговиот сегашен клуб Атлетико Мадрид не дозволува трансфер. Фудбалерот во меѓувреме инсистира на разговори со тренерот Диего Симеоне и раководството на клубот за трансфер во Барселона, но тоа не се случува. Последните информации се дека и менаџерот на шампионот на Премиер лигата Микел Артета, играчот го гледа како одлично ...

До 18:00 часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати. Центарот за управување со кризи соопшти дека активни е пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), с. Батинци, Општина Студеничани, с. Палиград (ниска вегетација и шума), Општина Зелениково, м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), ...

Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга. Освен ...

Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и ...

Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. – Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски. Вонредното прскање против ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42