ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје попладнево најостро ги демантираше информациите што се шират во јавноста за наводно присуство на бактеријата Escherichia coli во водата за пиење во Скопје. Направени се дополнителни анализи и водата во Скопје е безбедна и исправна за пиење и употреба. Јавното претпријатие најави дека ќе поднесе соодветни пријави до Министерството за внатрешни работи за субјектите и центрите кои шират лажни информации и ...

Големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез. Четириесет и едногодишниот Португалец објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат неговите и рацете на Родригез, на кои се венчални прстени. Роналдо и Родригез се во врска од 2016 година. Двојката има две ќерки заедно, Алана Мартина и Бела Есмералда. Тие ги одгледуваат и трите деца на Роналдо: Кристијано Џуниор, Ева и ...

Познати се сите парови за последната рунда од плејофот за пласман во главната фаза на фудбалската Лига на шампиони. По синоќешните реванши од третото квалификациско коло, двојките за баражот се: Фенербахче (Турција) – Лион (Франција) НЕЦ Нијмеген (Холандија) – Бодо-Глимт (Норвешка) Хапоел Бер Шева, Израел – Сабах (Азербејџан) Слован (Словачка) – Целје (Словенија) Селтик (Шкотска) – ЛАСК (Австрија) Динамо Загреб, Хрватска – Викинг (Норвешка) ...

Манчестер сити попладнево го објави потпишувањето на голманот Херонимо Рули од Марсеј. Триесет и четиригодишниот Аргентинец потпиша двегодишен договор до летото 2028 година. – Ова е фантастична можност и морав да ја искористам. Сите знаат колку импресивен клуб се. Сите со кои разговарав за Сити ме советуваа да се приклучам бидејќи стандардите се неверојатно високи. Секој професионалец сака да биде во таква средина. Едвај чекам да почнам – ...

Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм – нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе биде посветен на филмската ...

Зголемен број пациенти со гастроентероколити и други цревни инфекции во изминатите два месеца регистрираат лекарите од Инфективното одделение при Општата болница Куманово. Раководителката на Одделението, д-р Валентина Џартовска, вели дека бројот на пациенти е зголемен особено во летниот период, кога високите температури, патувањата и собирањата во поголеми групи придонесуваат за ширење на инфекциите. На дневно ниво, во одделението се ...

Од наредниот месец Центарот за развој на Југоисточниот регион ќе распише тендер за набавка на две електрични возила и едно комбе, наменети за превоз на лицата со посебни потреби, а од октомври ќе се распише тендерот за најавената инклузивна плажа на Дојранското Езеро. Ова го соопштија од Центарот, од каде информираа дека двата тендери ќе се спроведат како дел од проектот “TX4ALL”, прекуграничен проект кој има за цел да создаде инклузивни и ...

Бутел добива нов голем зелен простор на површина од 50.000 квадратни метри, на локација долж булеварот Христијан Тодоровски-Карпош. Според објавата на Фејсбук на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, просторот кој со години бил запуштен и користен како депонија се трансформира во модерен и функционален парк. Првиот дел од проектот, со површина од 8.000 квадратни метри, е речиси целосно завршен. Предвидени се зелени површини, ...

Најновото лансирање на кинеската ракета „Лонг марч 7А“ (Long March 7A) заврши неуспешно откако леталото експлодираше само 85 секунди по полетувањето од вселенскиот центар Венчанг во провинцијата Хаинан, соопштија кинеските медиуми. Зад мисијата стои кинеската државна корпорација за аерокосмичка наука и технологија (China Aerospace Science and Technology Corporation – CASC). Според достапните информации, во текот на овој лет ракетата требало ...

Бројот на девојчиња на возраст од 10 до 17 години хоспитализирани во Германија поради нарушувања во исхраната повеќе од двојно се зголеми во текот на 20-те години до 2024 година, соопшти денеска Федералниот завод за статистика. Бројот порасна од околу 2.800 во 2004 година на приближно 6.000 во 2024 година, се наведува во соопштението. Остриот пораст значи дека уделот на девојчиња во оваа возрасна група лекувани од нарушување во исхраната во ...

Искусниот НБА кошаркар Расел Вестбрук постои можност својата кариера да ја продолжи надвор од НБА лигата. Според медиумите блиски на кошаркарските НБА екипи интерес за 37-годишниот играч има од Хапоел Тел Авив. Преговорите веќе биле и почнати. Вестбрук има проблем да најде ангажман во некоја НБА екипа, откако ланската сезона ја заврши како член на Сакраменто со просек од 15 поени по натпревар. Тој во својата кариера настапуваше во Оклахома ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење, информира ЈП Водовод и канализација Скопје, нагласувајќи дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Од Јавното претпријатие нагласуваат дека денеска од страна на Сектор – Санитарна контрола при се земени 42 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека во општина Бутел интензивно се работи на новиот мега парк, кој се простира на површина од 50.000 метри квадратни. -Она што со години беше депонија и симбол на негрижа, денес го претвораме во огромен, модерен и функционален мега парк на површина од 50.000 метри квадратни. Со Дарко Костовски дадовме збор дека ова место повеќе нема да биде заборавено. Денес, покажуваме што значи ...

Кошаркарскиот клуб од Пелистер постигна договор со уште едно од засилувањата за новата сезона. Станува збор за 24-годишниот Лука Савичевиќ, кој во Битола доаѓа од екипата на Феникс. Савичевиќ претходно беше дел од Шпанската кошаркарска академија (СБА). Тој во својата кариера има настапи и за екипи од американската НЦАА лига Источен Мичиген и Лафајет колеџ. Потекнува од македонската кошаркарска сфера, настапувал и за МЗТ Скопје. Играше во САД ...

Тетовскиот фудбалски второлигаш Тетекс во текот на досегашниот тек од летниот преоден рок во екипата донесе шест нови фудбалери. Од клубот заминаа двајца фудбалери. Новото првенството во Втората лига Тетекс ќе го почне во сабота (15 август) со гостување на Македонија Ѓорче Петров. -Екипата е освежена со неколку нови играчи со што ќе се зголеми конкуренцијата во тимот. Нови играчи се Давид Љушев (Кожуф), Никола Ристоски (Вардар), Павел ...

Репрезентативецот на Аргентина Хулијан Алварез ја известил управата на Атлетико Мадрид дека повеќе нема да тренира со екипата. На ваков чекор тој се реши откако вчера не успеа да разговара со тренерот Диего Симеоне. Фудбалерот сака трансфер во Барселона и ова за првпат ова го соопшти по Светското првенство. Тој бараше разговори со претставници на клубот, но откако не се состана со нив реши да не тренира. Во текот на денешниот ден тој заедно ...

Студенсткиот филм „Rage“ е прогласен за најдобар во сите натпреварувачки категории на 10. јубилејно издание на фестивалот за краток филм Дрим Шорт. Наградата од публика му е доделена на филмот „The bench“ во режија на Трифун Ситниковски. Тимот на Дрим Шорт соопшти дека за изборот на најдобри филмови одлучувала жири комисија во состав Масимилијано Нардули, сценарист, Верица Недеска, актерка и Гледис Бица, режисер. Специјално признание во ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека на претстојните избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији. Од партијата наведуваат дека кандидатурата на Јахији претставува „одговорност, единство и визија за развој на општината“ и дека целта е создавање поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за сите населени места. Во ...

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Велес вчера претпладне интервенирале на автопатот Велес-Скопје кај Пуста Кула, а на оваа иста локација интервеницале и вечерта на догорување на дрво од претходниот пожар. Воедно велешките пожарникари вчера попладне интервенирале и во кругот на „Фабриката за сточна храна“ во Градско, а на враќање оттаму и на пожар на патот за село Црквино. Сите пожари со брза интервенција на велешките ...

Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба. Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија што се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Депонијата не е на територија на Град Скопје, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата ...

Во рамки на градежните активности што се реализираат во Урбана заедница Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување. -На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетски ефикасни светилки со моќност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци. Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови енергетски ефикасни ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, вети дека ќе го олесни трансферот на Мексиканската фудбалска федерација од Конфедерацијата на северноамерикански, централноамерикански и карипски фудбал (КОНКАКАФ) во Конфедерацијата на јужноамерикански фудбал (КОНМЕБОЛ) во замена за поддршка, објави „АС“. Според шпанскиот спортски портал, Мексико има намера да го напушти КОНКАКАФ поради лоши односи со раководството на конфедерацијата. Ситуацијата ...

Јули оваа година беше просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности (1991 -2020), на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи по анализата на мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија. Средномесечната температура во јули се движела од 18,0 степени во Маврово до 27,2 степени во Гевгелија. -Споредено со просечните јулски средномесечни ...

„Ткајачи на филм“ е темата на постерот за годинашното, 47. издание на Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки. Авторка на визуелниот идентитет на годинашното издание на ИФФК е уметницата и графички дизајнер Вања Штркова, која е дел од тимот на маркетинг-агенцијата „Њу Момент“. Во визуелното решение е инкорпорирано дело од светски познатиот ...

Кинеската компанија „Фотон матрикс“ (Photon Matrix) создаде ласерски уред кој ги детектира и убива комарците. Системот е комбинација од „ЛИДАР“ (LiDAR) сензори, ВИ технологија и напредни алгоритми за обработка на сигнали. На овој начин тој може да го препознае комарецот и веднаш да го убие. Системот располага со повеќе заштитни механизми, а ласерското зрачење автоматски се исклучува доколку наиде на човек. Комарците можат да бидат детектирани ...

Екстремно ниското ниво на водата на реката Сава ги откри остатоците од паробродот „Словенец“, којшто повеќе од 80 години се наоѓа меѓу Сремска Митровица и Јарак. Бродот е изграден во 1913 година во Будимпешта под името „Ваг“, а по Првата светска војна му припаднал на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци. Во 1921. е преименуван во „Словенец“. За време на Втората светска војна, бродот бил запленет од Германците, кои го користеле за пренос на ...

Тимот на ПСЖ може да се изедначи со Реал Мадрид ако ја освојат третата титула по ред во Лигата на шампионите. Тренерот на парижаните има голема желба за такво достигнување. -Тешко е да се продолжи со победите. Сега се соочуваме со уникатен предизвик, практично без преседан во историјата на европскиот фудбал – ќе го повториме достигнувањето на Реал Мадрид ако можеме да ја освоиме Лигата на шампионите по трет пат по ред. Уф! Тоа е сосема ...

Нотингем Форест го купи Усман Диоманде од Спортинг Лисабон. Фудбалерот се приклучи на англискиот тим. Премиерлигашот го објави трансферот на 22-годишниот дефанзивец. Двете страни потпишаа четиригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Претходно беше објавено дека договорот ќе биде вреден 40 милиони евра. Диоманде одигра 17 натпревари во португалската лига минатата сезона. Post Views: 0 август 12, 2026 Нотингем Форест ...

Осум пожари на отворен простор низ државата се евидентирани денеска до 13 часот. Од овие осум – еден е активен, друг е под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар е на територија на општина Македонски Брод во место викано „Видуш“, близу село Драгов Дол. Горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот на градската депонија во општина ...

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово ќе го реконструира геријатрискиот дел и ќе добие нова опрема преку прекуграничен проект во соработка со општините Лесковац и Врање и партнерски организации од Србија, информираа денеска надлежните од установата. Директорот Александар Крстевски посочи дека проектот е во завршна фаза. Предвидена е целосна реконструкција на геријатрискиот дел, која ќе опфати водоводна и канализациска мрежа, ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35