Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Македонската кошаркарска судијка Ема Никочевиќ доби голема признение од ФИБА. Таа е номинирана да го суди денешниот финален натпревар на меѓу Белгија и Шведска на ФИБА Европското првенство за кадетки – дивизија Б. Ема Никочевиќ ќе биде дел од судиската тројка на овој натпревар, заедно со Сузана Вујичиќ од Црна Гора и Иван Илиев од Бугарија. Шампионатот се одржува во Пјештани, Словачка. За Никочевиќ ова ќе биде прво европско финале во ...
Херојот на финалето на Мундијалот Феран Торес е новото засилување на европскиот првак ПСЖ откако го потпиша договорот до 2031 година. Тој во ПСЖ ќе настапува во дресот со број 9. – Среќен сум што почнувам нова авантура во амбициозен клуб како ПСЖ. Благодарност до претседателот Насер Ал-Келафи, Луис Кампос и до тренерот Луис Енрике што ми дадоа шанса да се приклучам на екипата, се надевам на освојување на што е можно повеќе пехари, изјави ...
Жири-комисијата селектирала девет стихозбирки во потесниот круг за доделување на наградата „Антево перо“. Жири-комисијата за доделување на наградата во состав претседател проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева Златева во потесниот круг ги селектирала поетските книги на Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е полн со небо“, Емељ Туна – „Анатомија на бршленот“, ...
Љубителите на филмската уметност наредната недела ќе имаат можност да уживаат во две различни филмски проекции во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, наменети и за најмладата публика и за љубителите на драмските остварувања. Во вторник, 18 август, со почеток во 19:00 ч., ќе биде прикажан анимираниот детски филм „Таинствената шума“, синхронизиран на македонски јазик. Филмот носи возбудлива приказна исполнета со мистерија, пријателство и незаборавни ...
Симон уште еднаш покажа и докажа дека не е само најдобриот македонски пијанист на сите времиња и еден од најмаркантните пијанисти во светот, туку и харизматична личност којашто сака и умее да комуницира во текот на концертот со музичарите на сцената, но и со слушателите, креирајќи топла, пријатна атмосфера, напиша денеска на Фејсбук претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која вчеравечер присуствувала на концерт на Симон ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу ...
Активни се шест пожари низ државата во моментов, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи, информирајќи за денешните регистрирани пожари на отворен простор до 13 часот. Од активните, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица. Ниска ...
Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека на фреквентната сообраќајницата се става првиот слој асфалт и таа се доврзшува „по триесетгодишно чекање“. -Се сеќавам уште како дете, довршувањето на овој булевар беше ветување кое се повторуваше со години. Генерации граѓани слушаа ветувања, а повеќе од 100.000 луѓе кои секојдневно гравитираат во овој дел од Скопје ...
Италијанската атлетичарка Надја Батоклети ја потврди одличната форма и својата доминција на долгите патеки на Европското првенство во Бирмингем откако по триумфот на 5.000 метри беше најбрза и на 10.000 метри. Таа синоќа го истрча и најдобриот нејзин резултат сезонава – 31:41.17 минути. Среброто и припадна на Маурен Костер од Холандија, а бронзата на Јана ван Лент од Белгија. Швајцарката Одри Веро победи во трката на 800 метри со време на нов ...
По два златни медали за Шпанија и Италија на денешните трки во брзо одење на Европското првенство што се одржува во Бирмингем, а во женска конкуренција новите шампионки поставија и светски рекорди. Највредниот резултат го постигна Софија Фиорини од Италија, која до златниот медал во маратонот во брзо одење стигна со време на нов светски рекорд – 3:15.11 часа, пред Катерина Ждрибело од Полска и Ракел Гонзалез од Шпанија. Италија го има и ...
Во чест на Кевин Гарнет, НБА екипата Минесота Тимбервулвс ќе го повлече дресот со број 21. Гарнет е еден од најдобрите играчи на Минесота во нејзината историја, а уште некои од неговите клупски рекорди се актуелни. Свечениот чин ќе се случи на 28.февруари 2027 година кога во Минесота ќе гостува Бостон Селтик, вториот тим на Гарнет каде настапуваше од 2007 година. Притоа како дел на Бостон во 2008 година ја освои шампионската титула заедно ...
Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ е пред враќање во европскиот фудбал односно во екипа од Серија А. Тој три сезони настапуваше за екипата на Ал Наср во Саудиска Арабија. За 33-годишниот фудбалер интерес во моментов има од Јувентус и соработка брзо би можела да биде договорена особено што повторно тренер би му бил Лучијано Спалети. Под негова „палка“ Брозовиќ успешно настапуваше во дресот на милански Интер. За Интер Хрватот одигра ...
Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро е нов член на Атлетико Мадрид. Со трансферот Атлетико доби квалитетно засилување, а Тотенхем 34,2 милиони фунти и дополнителни 15% од следниот трансфер на Аргентинецот. Ромеро потпиша петгодишен договор со мадридскиот клуб, претходно настапуваше во Аталанта. 28-годишниот фудбалер во последната сезона кога Тотенхем се бореше за опстанок во Премиер лигата доби два црвени картона и пропушти неколку ...
На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...
Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...
Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука, изјави ...
Симона Квадарела од Италија го освои второто злато на Европското првенство во пливање што се одржува во Париз. Таа победи и во трката на 1.500 метри слободно со време 15:46.22 минути што е нов рекорд на европските првенства. Место на пиедесталот обезбедија и Германките Исабел Госе и Маја Вернер со што имаше ист редослед како и во трката на 800 метри слободно. До златен медал со време на рекорд на првенствата освои Евгенија Чикунова на 200 ...
Фудбалерите на Арсими ја постигнаа првата победа откако попладнево во првиот дуел од 3.коло на домашен терен го победија Башкими со 1:0. Единствениот гол беше постигнат во 82.минута, а стрелец беше Колумбиецот Диего Контрерас. Арсими ги освои првите бодови во новиот шампионат, додека Башкими го претрпе третиот пораз. Утре се играат два дуела, а двојките се: Силекс – Скопје, Тиквеш – Шкендија Арачиново. Во недела се игра дербито меѓу Струга ...
Европскиот првак ПСЖ го доби и третиот нов играч за само една недела, во период кога го освои и УЕФА Супер купот. Белгискиот фудбалер Мика Готс, е веќе поранешен фудбалер на Ајакс. Трансферот е потврден и од страна на холандскиот клуб. Тој за претходната сезона одигра 42 натпревара за Ајакс и постигна 17 голови, но не беше дел од белгиската репрезентација на Светското првенство. ПСЖ за Готс плати 55 милиони евра, но секако најзвучно име е ...
Додека поголемиот дел од западниот свет стравува од петок 13-ти, за Италијанците „црн“ ден е петок 17-ти, датум што се поврзува со антички Рим. Со изведување на ритуали тие се штитат од „зли“ сили. Главната причина за страв е во играта на зборови со римскиот број „XVII“, кои на латински значат „живеев“. Иако на прв поглед звучи безопасно, оваа фраза често била пишувана врз надгробните споменици и значи: „Мојот живот е завршен“. Токму затоа ...
Кошаркарската федерација на Македонија на 24 и 25 август 2026 година во Скопје ќе организира задолжителна тренерска клиника, посветена на континуирана едукација и професионално усовршување на македонските тренери. Клиниката носи богата програма и предавања од реномирани стручњаци, меѓу кои Светислав Пешиќ, Хосе Мариа Берокал (селектор на Македонија) и Саша Грујиќ. Темите опфаќаат дефанзивна и офанзивна транзиција, позициона одбрана, развој на ...
Англискиот репрезентативец и член на бундеслигашот Баер Леверкузен Џарел Кванса е потенцијално засилување за првакот на Премиер лигата Арсенал. Според англиските медиуми Арсенал планира да донесе засилување во одбраната, а притоа играчот да има искуство со настап во Премиер лигата. Лондонскиот клуб има проблеми со повредените фудбалери Вилијам Салиба и Јирген Тимбер. 23-годишниот Кванса имаше одлична сезона во Баер Леверкузен, откако не успеа ...
Забранета е водата за пиење во Демир Капија, информираа попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Оттаму известија дека водата од водоводот се забранува за пиење и подготвување на храна. Како што информираат, анализите на примероците земени во понеделникот и вторникот од истото мерно место, дале различни резултати. – Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека ...
По само една година мината во англискиот фудбал и во Манчестер Сити, холандскиот фудбалер Тиџани Рејндерс ќе ја напушти екипата. Тој би требало во следните неколку дена да потпише договор со саудискиот клуб Ал-Кадшија. Според англиските медиуми „граѓаните“ ја прифатиле понудата на клубот од Саудиска Арабија од 60,8 милиони евра, а претходното лето го купија играчот од Милан за 54,4 милиони евра. Ако се реализира трансферот тој треба да биде ...
Репрезентативецот на Нигерија Виктор Осимен постои можност во новата сезона да настапува во Премиер лигата. Според медиумите во Англија турскиот тим Галатасарај побарал во своите редови да го донесе Бразилецот Габриел Мартинели, член на Арсенал. Целата ситуација може да донесе и замена на играчи секако со доплата. Осимен според Трансфермаркт вреди 75 милиони евра, додека Мартинели е променет на 45 милиони евра. Во целата работа може да биде ...
Сува трева на површина од околу седум хектари и пет стари ненаселени куќи биле опожарени во пожар што вчера избувнал во кумановското село Косматац, соопштија денеска од СВР Куманово. -На 13 август 2026 година во СВР Куманово било пријавено дека околу 16:00 часот во село Косматац, Кумановско, настанал пожар. Во пожарот била опожарена сува трева на површина од околу седум хектари, како и пет стари куќи во кои не живеел никој- наведуваат од СВР ...
Аеродром добива нови простори за спорт, рекреација и активен живот. Во паркот „Патрик“ поставена е првата од вкупно пет нови фитнес зони што Општина Аеродром ги планира за оваа година, со што продолжуваат активностите за создавање современи и достапни услови за физичка активност на отворено. Во следниот период нови фитнес зони ќе бидат поставени и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и Долно Лисиче, со што граѓаните од повеќе населби ќе ...
Чувството на постојан замор и недоволната енергија во текот на денот не мора да биде само поради стрес или недостаток на сон. Нивото на енергија може да биде под влијание и на секојдневните навики на коишто честопати не се обрнува доволно внимание. Исхраната, меѓу друго, има важна улога. Недоволниот внес на железо може да биде поврзан со чувство на исцрпеност, раздразливост и лоша концентрација. Затоа можете да вклучите храна како грав, ...
ОпенАИ, американска компанија, моментално работи со темпо што би можело да ѝ донесе повеќе од 40 милијарди долари приходи до крајот на годината, јави Блумберг повикувајќи се на извори кои се запознати со работењето на компанијата. Тоа би било приближно двојно повеќе од износот од крајот на 2025 година и дополнително би ја зајакнало позицијата на компанијата пред потенцијално излегување на берза. Растот на приходите на ОпенАИ се забрза во ...
Само неколку часа откако Бургас беше официјално прогласен за домаќин на „Евровизија“ за 2027, хотелите во градот нагло ги зголемија цените за датумите околу 13 – 16 мај в година. Платформите за резервации веќе покажуваат понуди меѓу 650 и над 4.000 евра по ноќ. Највисоката регистрирана понуда за престој околу неделата на натпреварот, сепак, е 25.145 евра за 6 ноќевања (10. – 16 мај 2027) за двајца возрасни. За споредба, тој апартман чини 857 ...