Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА). – По состанокот на Советот на ФАИ, беше донесена одлука да се повлече писмото за поддршка што го испрати претходно оваа година. Потоа беше изготвено писмо до ФИФА во кое се објаснуваат причините. ФАИ е благодарна за поддршката на ФИФА за ирскиот фудбал, но неодамнешните настани поведоа ...

Галатасарај достави понуда за трансфер за напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, објави „ESPN“, повикувајќи се на свои извори. Понудата на турскиот клуб била приближно 45 милиони евра. Договорот на 25-годишниот Бразилец важи до крајот на сезоната 2026/27, но клубот има опција да го продолжи за дополнителни 12 месеци. Во моментов не е познато дали фудбалерот ќе се согласи на трансфер во турскиот клуб, бидејќи деталите од неговиот личен ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Струга изјави дека е шокантен предлогот на Министерството за култура до Владата Струшките вечери на поезијата наместо самостојна национална установа да биде сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга, оценувајќи го како некултурен однос кон институција која е синоним за промоција на културата во светот. Според директорот на НУ Струшки вечери на ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над ...

До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска бил во посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева оствариле работна средба со лозари. Како што соопшти Нацева на нејзината Фејсбук-страница, состанокот се одржал во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел, да поминат во најдобар ред. – На состанокот се разговараше за динамиката на ...

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти-Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јар,мов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, беше одбележана 72 годишнина од нивното убиство. За животот и делото на петтемина студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници. -Сонот на струмичките студенти заедно со нивната визија и желба за демократска, правна, економски просперитетна држава, каде правото и правдата се ...

Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. ...

Со изведба на претставата „Кармен“ на Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет ...

Во преполниот парк со публика од сите генерации во Велес синоќа се одржа големиот музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години независност на Македонија. Настапија околу 80 уметници од забавната и народната музика со познати евергрини, а преку музика, поезија, глума и танц пред многубројната публика која им ракоплескаше и пееше во рефрен со нив. Уметниците како ѕвезди од бината ги поведоа присутните низ приказната за ...

Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот ...

Пари Сен-Жермен е блиску до потпишување на нов договор со тренерот Луис Енрике. Според некои француски медиуми, страните веќе се договориле за најважните услови, но останува да се средат неколку детали. Новиот договор на шпанскиот тренер со парискиот клуб ќе важи до 2030 година, исто како и договорот на спортскиот директор Луис Кампос. Продолжувањето беше одложено поради зафатен период: враќањето на играчите од Светското првенство, ...

Евровизија од идната година воведува нови правила што не налагаат загарантирано домаќинство доколку државата е вмешана во каков било конфликт. Во тој случај, Управниот одбор на фестивалот има право да избере друг домаќин. „Доколку моменталната ситуација влијае врз фестивалот, државата нема да може да е домаќин и покрај победата“, се наведува во соопштението. Новите правила се воведуваат откако годинава повеќето држави, меѓу кои Ирска и ...

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...

Повеќе од 200 златни статуетки со ликот на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт исчезнаа од неговиот роден град Салцбург, соопштија официјални лица. Ова ја остава изложбата посветена на 270-годишнината од неговото раѓање значително попразна, пренесува „Хафпост“ (HuffPost). Фондацијата „Моцартеум“ на 15 јули откри вкупно 320 статуетки – секоја висока околу 50 см, на коишто е прикажан Моцарт со неговото куче. За само две недели, ...

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2. Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, направи шест двојни грешки и реализираше една од четири брејк топки. Во финалето, ...

Оклахома Сити му честиташе на плејмејкерот Расел Вестбрук за пензионирањето. Кошаркарот играше 18 сезони во НБА-лигата. – Расел! Легенда на и надвор од теренот, честитки за пензионирањето и ти благодариме за сè што направи за овој град, објави прес-службата на Тандер на социјалните мрежи. Вестбрук беше избран од Оклахома Сити како четврти пик на НБА драфтот во 2008 година. Во 2019 година, тој се префрли во Хјустон, а потоа играше за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...

Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на Крсте Роџевски, „Дине Донеф трио“, Националниот џез оркестар, Питер Сомуа, Нубаја Гарсија и британскиот состав ...

На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...

Челзи бара 120 милиони фунти за трансфер на играчот од средниот ред Енцо Фернандез во Манчестер сити, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, лондонскиот клуб е подготвен да се раздели од 25-годишниот Аргентинец само ако добие профитабилна понуда. „Граѓаните“ се надеваат дека ќе ја намалат цената на трансферот и контактирале со соработниците на играчот. Медиумите претходно објавија дека менаџерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, е ...

Чави е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Холандија, објави прес-службата на Холандска фудбалска асоцијација (KNVB). Договорот е со важност до 2030 година. Чави на селекторското место го наследува Роналд Куман, кој поднесе оставка на 1 јули. На 30 јуни, Холандија загуби од Мароко (1:1, 2:3 на пенали) во 1/16финалето од Светското првенство 2026 година. Чави ја тренираше Барселона од 2021 до 2024 година. 46-годишникот ги одведе ...

Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. – Фудбалската федерација на ОАЕ објави дека потпишала договор со хрватскиот селектор Златко Далиќ, кој ќе ја води сениорската репрезентација, заменувајќи го Романецот Космин Олароиу, се вели во соопштението. Далиќ претходно работеше во фудбалот на ОАЕ, откако го водеше ФК Ал Аин, ...

ПСЖ ја победи Астон Вила со 2:1 во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот се одигра вечерва на „Ред Бул Арена“ во Салцбург. Хвича Кварацхелија им донесе водство на парижаните во 20. минута. Брајан Маџо постигна гол за тимот од Бирмингем кон крајот на првото полувреме. Седумнаесетгодишниот напаѓач стана најмладиот стрелец во историјата на Суперкупот на УЕФА. Во 61. минута Дезир Дуаи го постигна победничкиот гол за Пари Сен-Жермен вреден трофеј. ПСЖ ...

Рома попладнево го објави трансферот на аргентинскиот дефанзивец Нахуел Молина од Атлетико Мадрид. Дваесет и осумгодишниот дефанзивец ќе го носи дресот со број 20 за италијанскиот тим. Фудбалерот беше во мадридскиот клуб од јули 2022 година. Неговиот договор со Атлетико имаше важност до 2027 година. Претходно, Молина играше за Удинезе, Бока Јуниорс, а помина време на позајмица во Дефенса и Хустисија и Росарио Централ. За Атлетико Мадрид и ...

Премиерлигашот Евертон размислува да го ангажира дефанзивецот на Барнли, Кајл Вокер. Според „The Sun“, тренерот на Евертон, Дејвид Мојес, е заинтересиран да го потпише 36-годишникот. Евертон се надева дека ќе го заврши договорот за прифатлива сума. Во летото 2025 година, Вокер се приклучи на Барнли од Манчестер сити за пет милиони евра. Тој одигра 36 натпревари за „Кларетс“ во англиската Премиер лига, при што имаше две асистенции. ...

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов сопственик, а продажбата ќе биде најголемата во историјата на спортот, објави ESPN. Според американскиот тв канал, Лејкерс ќе бидат продадени за 12 милијарди долари на бизнисмените Боб Игер и Џош Кушнер, помладиот брат на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп. – Како доживотни навивачи на НБА, длабоко ја почитуваме можноста да станеме сопственици на Лос Анџелес лејкерс, ...

Состојбата со пожарите на отворен простор денеска значително се влоши. Попладнево имавме најмалку 21 пожар на отворен простор од кои поголем дел во моментов се активни, оцени попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Тој како еден од пожарите кои се тешки за гасење го издвои пожарот на територијата на општината Македонски Брод во местото викано Видуш во близина на село Драгов. -Утре наутро таму ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешерихија коли или други бактерии, нагласи на денешната вонредна прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Не постои ништо такво и јас одговорно тврдам ние имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. И одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. И било што и да се случува, ние ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34