Акциите на кинескиот производител на хуманоидни роботи „Јунитри Роботикс“ (Unitree Robotics) забележаа спектакуларен пораст на своето деби на Шангајската берза – во еден момент регистриран беше „скок“ за речиси 630 проценти. Вкупната пазарна капитализација на компанијата со седиште во Хангжу во еден момент достигна 444,9 милијарди јуани (56,9 милијарди евра), објави „Глобал тајмс“. „Унитри“, компанија позната по хуманоидните роботи кои ...

Новак Ѓоковиќ и неговата една година повозрасна сопруга Јелена се запознале во средно училиште во Србија. Нивната врска продолжила и кога тој се преселил во Монте Карло за својата тениска кариера, додека таа студирала во Италија. Се венчаа во 2014 година, а денес имаат две деца, Стефан (12) и Тара (8). Пред премиерата на новиот документарец „Новак Ѓоковиќ: Волк во зима“, којшто ќе се прикажува од утре, четврток, тенисерот гостува со интервју ...

Управата на Монако објави дека го раскинува договорот со фудбалерот од средниот ред Пол Погба. – Споделувајќи го ставот дека првичните цели беа само делумно постигнати, Монако и Пол Погба одлучија, пред првиот официјален натпревар од оваа нова сезона, да го раскинат договорот, кој ги обврзува до јуни 2027 година. Клубот изразува целосна благодарност до победникот на Светското првенство во 2018 година за неговата доверба и исклучителниот ...

Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Post Views: 0 август 20, 2026 Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за ...

Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово информира дека денеска 19 август 2026 година до координаторите на пратеничките групи на парламентарните политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА и ЗНАМ доставиле Барање за отпочнување на постапка за измени и дополнувања на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти. Барањето го поднесуваат со цел, како велат да се зајакне ...

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите манастири – информира денеска во видеоизјава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Огнот се движи во насока на мариовското село Крушевица. Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери“ на Дирекцијата, како и огнените тимови на Дирекцијата, кои се поддршка на ...

Исак Њутн е познат по тоа што во 17 век ги формулирал физичките закони за движење и универзална гравитација. Стивен Снобелен, директор на канадскиот „Проект Њутн“, говори за верските убедувања на англискиот научник и неговото предвидување за крајот на светот каков што го знаеме. „Њутн верувал во Бог, и дека Библијата е Божјо откровение… Тој верувал и дека Бог не е ограничен од времето како што се луѓето, што му овозможувало да го види ‘крајот ...

Чарлс Спенсер, братот на покојната британска принцеза Дијана, подготвува биографија насловена „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“, во која ќе ги открие вистините за неа. По повод 30-годишнината од нејзината трагична смрт, книгата ќе биде објавена следниот месец во Велика Британија, а потоа и на меѓународниот пазар. – Како што се приближува 30-годишнината од трагичната смрт на сестра ми, повторно барањата за интервјуа немаат крај, изјави ...

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА објави нови слики од кратерот што беше создаден кога горната фаза на ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Икс“ удри во Месечината на 5 август. Кратерот е широк околу 18 метри и длабок помалку од три метри, а сликите откриваат и материјал исфрлен од различни слоеви на површината на Месечината. Месечевиот извиднички орбитер на НАСА, познат како „ЛРО“ (LRO), го сними местото на ударот ...

Тапанарот на американскиот рок-состав „Зи-Зи топ“, Френк Бирд почина на 77-годишна возраст, објави бендот денес. Во соопштението се вели дека Бирд починал за време на палијативна нега на неговиот ранч во Ричмонд, Тексас, САД, опкружен со членови на семејството. „Неговиот препознатлив ритам беше клучен за одржување на ‘Зи-Зи топ’ на врвот. Бендот, чиј член беше шест децении, ќе продолжи да работи, токму онака како што би сакал“, се вели во ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го сака во својот тим фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Кенан Јилдиз, објави новинарот Саша Таволиери на социјалната мрежа Икс. Според Таволиери, „Топџиите“ планираат да дадат понуда за 21-годишниот Турчин во наредните денови. Договорот би можел да биде вреден околу 100 милиони евра. Минатата сезона, Јилдиз одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола и 10 асистенции. Арсенал во ...

Интер подготвува понуда од 30 милиони евра за играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс, објави „Ла Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, англискиот играч од средниот ред останува главна цел на клубот од Милано. Интер планира да се обиде да го потпише Џонс на крајот од преодниот рок. Дваесет и петгодишниот Англичанец има тековен договор до 2027 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 35 милиони евра. ...

Стихозбирката „Ако не се отвори фиоката мачката ќе биде жива“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Антево перо“ за 2026 година, соопшти жири-комисијата на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Одлуката била донесена едногласно од жири-комисијата во состав проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како претседател, и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева-Златева, по разгледувањето ...

Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, вечер и утревечер ќе учествува на 40. јубилеен фестивал „Град театар“ ̶ Будва (2026), најголемиот сценско-музички фестивал во Црна Гора. Претставите ќе бидат изведени во Стариот град на летната сцена Помеѓу црквите со почеток во 21 часот. ...

Од утре до 30 август, на повеќе локации низ Општина Карпош ќе се одржи годинашното издание на „Карпошово културно лето“, со десет фестивалски дена исполнети со музика, филм, изложби, детска програма, фолклор и современи културни содржини. Годинава, како што информираат од Општина Карпош, културните настани ќе се одржуваат на повеќе локации – од плоштадот „Делфина“ во Влае и платото на „Млечен“, преку Карпош 3 и Бардовци, до Кинотека, дворот ...

Денеска, на 19 август, кога се одбележува Светскиот ден на хуманоста, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со директорката на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Павлина Трајановска, посетија дел од дечињата без родителска грижа кои се сместени во згрижувачки семејства на територијата на општината. Вистинската хуманост на дело се покажува токму преку грижата за ...

Главниот град добива нова автобуска линија во јавниот превоз. Станува збор за линијата со број 37, која ќе сообраќа од населбата Радишани до Карпош, информираше претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски. -Оваа стара табла со бројот 37 е вистински a blast from the past за многумина скопјани кои помнат некои поинакви времиња во нашиот град. Сепак, денес овој познат број добива сосема ново, модерно и практично значење. Во ...

Гравитационата сила не е иста во сите делови од Земјата, па оваа нерамномерност влијае и на вистинскиот облик на нашата планета. НАСА објави визуелизација што живописно ги илустрира тие разлики. Геоидот е име за математички модел што покажува како би изгледала Земјата ако (не) е обликувана исклучиво од гравитацијата и ротацијата. Ако сите надворешни влијанија, како што се плимата, ветровите и струите се отстранат од океаните, планетата не би ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ноќеска ја победи Кинезинката Ванг Ксинју во третото коло од турнирот во Синсинати (САД) со 6:1 и 6:3. Мечот траеше 55 минути. Првиот светски рекет сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од седум брејк топки. Кинеската тенисерка сервираше два аса и направи два двојни грешки. Следната противничка на Сабаленка ќе биде Сара Бејлек од Чешка. Турнирот во Синсинати се игра за ...

Напаѓачот на Фенербахче, Ромелу Лукаку, е разочаран по ремито 1:1 со Лион синоќа првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите. -Големо разочарување е. Нашиот тим играше подобро. Во првото полувреме примивме гол по првата шанса на противникот. Во второто полувреме реагиравме и постигнавме гол. Сега треба добро да се подготвиме и правилно да се подготвиме за реваншот, изјави Лукаку на официјалната веб-страница на УЕФА. Реваншот ќе се ...

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона вчера се засили со Родри кој одлучи да направи трансфер од Манчестер сити. Родри потпиша договор со Каталонците до 2030 година Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не го криеше своето задоволство од доаѓањето на Родри на „Камп Ноу“. – Тој е фантастичен играч. Носи нешто посебно во секој тим и за мене е одлично што го доведовме, или поточно, одлично е што е тука сега. Мислам дека тој можеби е најдобриот ...

По повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка. Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот – ...

Тренерот на Филаделфија, Док Риверс издаде предупредување до неговите кошаркари пред почетокот на новата сезона. Членот на Куќата на славните идентификуваше важен фактор за потенцијалниот успех на засилениот тим на Филаделфија. – Ги познавам некои од момците во нивниот тим доста добро, но никогаш не можете да кажете со сигурност. Едното нешто што го научив за победата е дека ако целиот ваш тим не е подготвен за тоа, и мислам на секој играч, ...

Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди, од кои едниот ќе биде дизајниран специјално за државни службеници. Моделот за државната администрација ...

Шпанскиот првак Барселона доби големо засилување за новата сезона. Тоа што долго се најавување и доби и официјална потврда – капитенот на шпанската фудбалска репрезентација актуелниот светски првак Родри е нов член на Барселона. Тој со „каталонскиот клуб“ потпиша договор до 2030 година. Потписот и доаѓањето на Родри треба да донесе стабилност, контрола и искуство пред сè во клучните натпревари. Во Манчестер Сити беше една од најважните алки ...

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од ...

Платформата „Редит“ е позната по тоа што ја одржува својата основна функционалност релативно непроменета, задржувајќи ја 21-годишната верзија на својата страница за корисниците кои обично сакаат сѐ да изгледа исто. Но, компанијата сега тестира дали корисниците сакаат да „доживеат“ објави и коментари без да мора да го читаат текстот. Така, „Редит“ почна да експериментира со нови аудио и видеофункции што ги прават пишаните објави и коментари ...

Македонскиот првак Вардар со победа од 39:27 (21:11) над грчки Олимпијакос го стартуваше меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Ова беше втора победа на „црвено-црните“ во 24 часа откако вчера ја совладаа Војводина во дуел од Регионалната лига. Победникот беше решен во првиот дел кога во финишот ракометарите на Вардар веќе имаа двоцифрена предност. Во таква ситуација тренерот Иван Чупиќ имаше шанса да ги провери играчите ...

Тренерот на Атлетико Диего Симеоне пред дуелот на неговиот тим со Малага зборуваше и за ситуацијата со Хулијан Алварез. Фудбалерот по Светското првенство се врати, но сака трансфер во Барселона и постојано е во центарот на вниманието. Симеоне на прес конференцијата порача дека клубот смета на фудбалерот за оваа сезона. – Мигел Анхел е сопственик на клубот. Појасно од тоа нема. И кога судијата ќе донесе пресуда – „нема основа“. Повеќе од јасно ...

Преговорите меѓу ПСЖ и Ливерпул за трансферот на францускиот репрезентативец Бредли Баркола продолжуваат, а европскиот првак ја намали првобитната цена. ПСЖ од првобитните 169,5 милиони ја „спушти цената“ на 146,1 милион, пренесуваат британските медиуми. Ливерпул сега ја разгледува новата понуда и се очекуваат завршни преговори меѓу двата клуба. Според медиумите, Баркола веќе ги има договорено своите услови за престојот на Енфилд. Доколку се ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Родиум

295786.87