Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Американската технолошка компанија „Опен ВИ (OpenAI)“ објави дека го прекинува ексклузивниот пристап што технолошкиот гигант „Мајкрософт (Microsoft)“ го имаше до нејзините ВИ-модели. Ова отвора можност за проширување на својот бизнис на платформите на други конкуренти, вклучувајќи ги „Амазон (Amazon)“ и „Гугл (Google)“. По објавата, акциите на „Мајкрософт“ паднаа за речиси еден отсто бидејќи инвеститорите ја оценија одлуката како можно губење ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, верува дека сè уште има шанса да се бори за трофејот во шампионатот и смета на возачите на Мерцедес да му помогнат да го постигне тоа. – Се надевам дека имам сили да се борам за трофејот. Секако, колку повеќе се натпреваруваат еден против друг пилотите на Мерцедес, толку подобро за мене. И убаво е да се види тоа. Кими Антонели е во својата втора сезона во Ф1 и досега се снаоѓа многу добро. Одлично е. Тој е ...
Женската македонска кадетска репрезентација го освои второто место и сребрениот медал на Светското училишно првенство, откако попладнево во финалето загубија од Хрватска со 28:26. Македонските ракометарки имаа одличен старт и водство од 5:1, но противничките брзо се вратија до средината на првиот дел и поведоа со 8:6. Нашиот тим успеа да изедначи на 11:11, но на полувреме беше 15:12 за Хрватска. Ривалките во вториот дел се одлепија на +5 ...
Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети ...
Ракометарите на Охрид постигнаа победа во последниот натпревар од 6. коло од плеј офот од Супер лигата откако вечерва го совладаа Бутел со 31:26. Ова беше воедно и последна контрола за охриѓани пред реванш полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп што го играат в сабота на домашен терен со Цеље. На почетокот на дуелот Охрид поведе со 5:1, но противникот брзо се врати и постоеше резултатска рамнотежа и на полувреме беше 16:16. Резултатот последен пат ...
Ракометарите на Вардар претрпеа убедлив пораз во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа со 33:23 од францускиот тим Монпелје. „Црвено-црните“ на овој натпревар настапија без повредените Дмитро Горига и Јака Малус, што беше сериозен проблем за тренерот Иван Чупиќ. Но, на стартот на вториот дел француската екипа направи серија од 7-1 за 19:11 што се покажа како недостижна предноста за Вардар. Килијан Вилемон и Уго Монте Дос Сантош кај ...
Членот на надзорниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, коментираше за интересот на европските тимови за напаѓачот Михаел Олисе. – Ова непишано правило важи и денес. За играч како Михаел Олисе, нема цена што би нè натерала да го продадеме, го цитира „Т-онлајн“ Румениге. Според него, Баерн никогаш нема да направи трансфер за кој ќе зажали. Поранешниот извршен директор на Баерн го нарече 24-годишниот Французин прекрасен играч и одличен ...
Манчестер сити е во преговори со Премиер лигата за одложување на два натпревари што би можеле да се покажат како одлучувачки во нивната трка за титулата, објавува „BBC“. Гостинскиот натпревар на тимот на Пеп Гвардиола против Борнмут, првично закажан за 17 мај, ќе биде одложен бидејќи Сити стигна до финалето на ФА Купот, кое се одржува 24 часа порано. Домашниот натпревар против Кристал Палас, првично закажан за март, сè уште не е потврден. Три ...
Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Египет, Мохамед Салах најверојатно веќе го одигра и последниот натпревар за Ливерпул, откако во саботата се повреди на дуелот со Кристал Палас. Салах на лето ќе го напушти Ливерпул, во договор со клубот иако има договор до 2027 година. Во моментов интерес за Салах, најголем има од Саудиска Арабија, иако има понуди од Италија и од Франција. Во периодот на рехабилитација од повредата се очекува Салах ...
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите одигран вечерва донесе исклучително квалитетен фудбал и девет голови на дуелот меѓу европскиот првак ПСЖ и Баерн – 5:4 за ПСЖ. Домашниот тим на почетокот на вториот дел имаше и три голови предност (5:2), но гостите од Германија сепак го намалија убедливото водство на противникот. Головите за ПСЖ ги постигнаа: Квича Кварацкелија и Усама Дембеле по два и Жоао Невеш еден, додека за Баерн ...
Во Битола заврши Меѓународниот филмски фестивал од Нанси кој традиционално се одржува во соработка со НУ Центар за култура. Фестивалот на Малата школа за краток филм е наменет за школската публика од основните училишта од 5 до 14 години. Фестивалот се именува исто како оригиналниот во Нанси „FESTIVAL DE LA PETITE ÉCOLE DU FILM COURT“, каде се одржа 21-то издание, во Битола го имаше своето 5-то издание, истакна д-р Бландине Брунхес Гламчевски, ...
Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК „Бели мугри“, синоќа, на премиерната изведба, беше пополнета до последното место. ...
Наградата „Мостови на Струга“ годинава му припаѓа на Даниел Хајндс од Велика Британија – беше соопштено на денешната прес-конференција. Уметничкиот директор на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски, истакна дека станува збор за 24. добитник на наградата „Мостови на Струга“, што Струшките вечери на поезијата од 2003 година ја доделуваат заедно во соработка со УНЕСКО. – Утврдувањето на наградата беше со цел афирмација и промоција на ...
Драмски театар Скопје вечерва во натпреварувачкиот дел и утре на свеченото затворање, гостува на 27. Интернационален фестивал на монодрама во Битола. Вечерва во официјалната фестивалска програма се игра монодрамата „Драми на принцезите – Џеки“ на режисерката Жива Бизовичар од Словенија, работена по текст на австриската авторка Елфриде Јелинек, која за романот „Пијанистка“ во 2004 година ја доби Нобеловата награда за литература. Премиерата на ...
Националниот џез оркестар годинава по десетти пат во Скопје го организира фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, по повод Меѓународниот ден на џезот. Главната програма е закажана за 30 април во паркот „Ибни Пајко“, со настапи на домашни и странски изведувачи – PEACH VICE (МК), NEXT TO SILENCE (МК), ARNAU GARROFÉ: “FRANTIK ZEN” (ES/BG), JACO LIVES! – Национален џез оркестар & Dane Alderson (MK/USA), диригент: Sigi Feigl (AT), како и ЛЕБ И ...
Годинава, 65. издание на Струшките вечери на поезијата ќе се одржи од 24 до 29 јуни, а најавени се учесници од сите континенти. Никола Кукунеш, в.д. директор на Струшките вечери на поезијата, на денешната прес-конференција се осврна на тоа зошто е избран токму овој термин за годинешното издание на фестивалот. – Целта на фестивалот е да се врати публиката на настаните што се организираат на отворено. И тоа е на некој начин и мисијата во основа ...
По речиси една деценија, вечерва од овој простор испраќаме силна порака за поддршка, континуитет и јасна определба дека уметноста мора и треба да има свое заслужено место во нашето општество. Ова го истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во Музејот на современата уметност на отворањето на изложбата на откупени ликовни дела на конкурсот на Министерството за култура и туризам за 2026 година. Љутков нагласи дека годинава се ...
Под мотото „Чествување за бесмртните“ општина Велес денеска ја одбележа 123 годишнината од Солунските атентати и саможртвата на гемиџиите за Македонија, со која младите интелектуалци во најголем број велешани, сакале да го свртат вниманието на Европа за поробена од Турците, Македонија, а кои серија настани се одржале во Солун на крајот на април во 1903 година. По тој повод делегација на општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев ...
Согласно правилата за заштита на рибниот фонд за време на мрестот, од почетокот на мај се воведува едномесечна забрана за риболов на два вида риба на Дебарско Езеро. – Поконкретно се воведува забрана за риболов на клен во периодот од први до 31 мај, како и забрана за риболов на крап од 5 мај до 10 јуни. Од 15 мај до 30 јуни ќе има забрана за лов на црна мрена а колку за потсетување во тек е забрана за риболов на скобал, која трае до 15 мај, ...
„Златокоса“ од Горјан Милошевски и Драган Довлев, по мотиви од бајката „Златокоса и трите мечки“, е нова детска куклена претстава на Театар за деца и младинци во Скопје во режија на Драган Довлев што премиерна ќе биде изведена утре со почеток во 19 часот. Како што беше кажано на денешната прес-конференција, кога се во прашање очекувани ефекти на проектот, Довлев рече дека овој проект има четири општи цели, а првата е да се продуцира детска ...
Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ неочекувано се соочи со големи проблеми пред денешниот прв четвртфинален натпревар од ЕХФ Лига Европа на гости против француската екипа Монпелје. Во составот ќе ги нема Дмитро Горига и Јака Малус, поради здравствени проблеми. Во таква ситуација Чупиќ на вечерашниот натпревар ќе ги има на располагање: Валах, Гогов (голмани); Стојановски, Воркапиќ, Боно, Георгиевски, Кеита, Митровиќ, Танкоски, Лазаревски, ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска присуствуваше и се обрати на форум на тема „Идентификација на еколошките приоритети на општина Тетово“. На форумот присуствуваше и Билал Касами, градоначалник на Општина Тетово. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, на форумот беше соопштена и една значајна новина на локално ниво – Општина Тетово ќе биде првата општина која системски ...
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари средба со штипскиот гимназијалец Даниел Христов, кој освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, едно од најреномираните и најпредизвикувачките меѓународни натпреварувања во оваа научна област, на кое учествуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет. Во писменото соопштение од општина Штип се наведува дека градоначалникот упатил искрени честитки за ...
Општина Илинден денеска ја одбележа 25-годишнината од смртта на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерство за одбрана на Македонија загина во Вејце на 28 април 2001 година. По тој повод, пред спомен-плочата во населеното место Бунарџик беше положено свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на неговата жртва. Почит оддадоа членови на семејството на Петковски, делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар ...
Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат ...
Шестгодишната ЕУ-финансирана програма „ЕУ за општините“ (EU4M) денеска беше заокружена со доделување признанија за општинска извонредност за постигнувања општини и региони во управување со проекти финансирани од ЕУ, зголемување приходи, финансиско управување, прекугранична соработка, отпорност, развој на туризмот и зајакнување на административните капацитети. Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека резултатите постигнати ...
Вештачкото осветлување ноќе го нарушува природниот биолошки ритам на телото и може значително да го зголеми ризикот од смрт кај цицачите, според ново истражување од Универзитетот на Тел Авив, цитирано од израелската новинска агенција ТПС. Наводите даваат некои од најјасните докази досега за штетните влијанија од светлосното загадување. И ниските нивоа на вештачка светлина, се вели, споредливи со обичното улично осветлување, можат да го ...
„Рекордот за најдолгото тирамису на светот е соборен во Лондон. Сто италијански готвачи во градската куќа во Челзи, се здружиле да направат доволно долго тирамису за да го надмине претходниот рекорд кој го постави компанијата Галбани (Galbani) во Милано, кој изнесувал 273,5 метри“, пренесе ББС. Во согласност со правилата на Гинисовата книга на рекорди, рекордниот тирамису колач бил подготвен на самото место, а биле искористени 50.000 бисквити ...
Австралиската влада предложи нов данок на дигиталните платформи Мета, Гугл и ТикТок, така што дел од нивните приходи ќе бидат насочени кон финансирање на редакциите и поддршка на медиумската индустрија. Според нацрт-законот што треба да биде испратен во парламентот до 2 јули, големите технолошки компании ќе бидат обврзани да платат надомест или да склучуваат комерцијални договори со медиумски организации за користење и дистрибуција на ...
Лидерот во македонското ракометно првенство, тимот на Вардар вечер го играат првиот четвртфинален натпревар во Европската лига. „Црвено-црните“ му гостуваат на Монпелје. Вардарци на југот на Франција одат по резултат којшто ќе ги остави во игра пред реваншот во Скопје. Вардар и Монпелје се поранешни европски шампиони, Вардар двете титули ги освои во 2017 и 2019 година. Оттогаш помина речиси цела деценија за тимот да дојде до шанса повторно да ...