Бразилскиот фудбалер Габриел Жезус ќе го напушти шампионот Арсенал и во новата сезона ќе настапува во Ипсвич. На тој начин ја завршува својата кариера, без многу натпревари и минути во дресот на Арсенал, но сепак со шампионска титула. Трансферот во Ипсвич ќе треба да биде реализиран следната недела. Жезус имаше и преговори со Наполи каде требаше да биде замена на Ромелу Лукаку, но сепак се реши да остане во Англија и во Премиер лигата. Инаку, ...

Организаторите на УС опен како и што се очекуваше го зголемија наградниот фонд за 2026 година, а тоа значи дека зголемување ќе има и за тенисерите и тенисерките во секое коло. Победниците т.е. шампионите на овој Гренд слем турнир ќе добијат по 5,5 милиони долари, додека за финалистите е предвидена награда од 2.800.000 долари. Минатата година победници добија по 5 милиони долари. Зголемена е и паричната награда и за учесниците во првото коло, ...

Во ФФМ беа одредени двојките за првите натпревари сезонава во Купот на Македонија. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. ДВОЈКИ – 1/16-ФИНАЛЕ: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим Лум Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930 Могила 2023 – Арсими 1973 БВК Коњари – Башкими 1947 ...

Безбедна и со добар квалитет е водата на скопската територија, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Информацијата попладнево ја сподели јавното претпријатие на Фејсбук. – Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец – ...

Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција. На домашен терен, пред публиката во Крушево, македонската параглајдинг репрезентација стигна до историскиот успех – сребро во екипна конкуренција, додека Бергер го освои европскиот врв во поединечна женска конкуренција. Европското првенство во параглајдинг се одржа од 8 до 19 август во Крушево, со учество на 130 пилоти од 30 ...

Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Од нив, осум се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп, село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица и крак кон Црна Река, гори ниска вегетација. Ниска вегетација и деградирана дабова шума горат во општина Крушево во ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека не би го потпишал напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал. – Не би го донел Јамал во Реал. Тој е одличен фудбалер, нема сомнение за тоа. Има огромен потенцијал да се подобри. Различен е, но… Имаме одличен состав, а јас немам потреба никој друг да го додадам во мојот тим… Моите играчи се најдобри. Барселона на Флик? Ми се допаѓа. Тие работат многу добро со Деко и имаат многу добри играчи, изјави ...

Македонскиот јазик е веќе вграден во светската културна ризница преку духовното наследство, а наша обврска е да го зачуваме и да обезбедиме неговата достојна афирмација во светот, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска на свеченото отворање на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Јаневска истакна дека образованието и науката се темели за иднината на секој јазик ...

Околу напуштените куќи во селата или викендички што ретко се користат сопствениците да направат противпожарни пресеки, широки по десетина метри во зависност од околната вегетација, апелираше раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според него, во борбата со пожарите, кои, рече, во иднина ќе ги има сè почесто поради глобалното затоплување и сушите, фокусот ...

Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор. Со реализацијата на овие активности се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината, соопшти градоначалникот Дарко Костовски. Во рамки на градежните активности се ...

Откриена „S301“, најбрзата позната ѕвезда во Млечниот Пат која со неверојатна брзина орбитира околу супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија. Со ова сознание научниците би можеле подетално да ги проучуваат црните дупки и попрецизно да ја утврдат нивната ротација. „S301“ е најблиската ѕвезда во центарот на Млечниот Пат, до супермасивната црна дупка „Стрелец А“. Со своето најблиско приближување таа е на растојание од црната ...

Американската глумица Сандра Булок првпат јавно проговори за смртта на својот долгогодишен љубовен партнер Брајан Рендал, кој почина на 5 август 2023 година, по тригодишна борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Актерката, имено, во подкастот „Смарт-лес“ (SmartLess) откри дека Рендал сакал неговата болест да остане во тајност, па затоа Булок со години не ѝ откри на јавноста за битката на Рендал со неизлечивата болест. – Ме замоли да ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, коментираше за продолжувањето на договорот со тимот. Новиот договор важи до 2030 година. Неговиот претходен договор требаше да истече во 2028 година. – Многу сум задоволен од продолжувањето на договорот. Имаме најдобри луѓе и сум воодушевен што ќе продолжиме да работиме заедно за да се вратиме на врвот. Ова е нашата главна цел, кон која сите се стремиме и ќе продолжиме да се стремиме, изјави Верстапен за ...

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во ...

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати. Активни се пожарите во Оштините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација), Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и ...

Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. – По ...

Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5 500 ученици, информираат од локалната самоуправа и нагласуваат дека со тоа ја потврдуваат својата силна поддршка за семејствата со деца во основното образование. Дополнително, како што посочуваат, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од ...

На подрачјето на градот Скопје утрово беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, со што бројот на дезинсекции против комарци во текот на оваа сезона достигна 14, напиша во објава на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Активностите продолжуваат и во наредните денови. За утре во раните утрински часови е најавен нов авионски третман, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се спроведе и терестична дезинсекција на ...

По застојот со корона-пандемијата, луксузниот пазар повторно расте, но неговиот купувач се менува. Статусот и видливото лого ја губат моќта, а времето, здравјето, долговечноста, квалитетот и искуствата стануваат нова валута на престижот. Во исто време, најбогатите клиенти стануваат сè поважни за индустријата, а генеративната вештачка интелигенција од технолошки експеримент се претвора во нов начин на откривање и купување луксуз. Кога ќе се ...

Американскиот астрофизичар Ерик Дејвис изнесе тврдења коишто повторно ја отворија една од најголемите мистерии на модерното време. Научникот тврди дека американската Влада наводно поседува тела на најмалку четири различни вида вонземјани, а еден вид, според наводите, наречени „сиви“ – витки човековидни единки со сива кожа, наликуваат на суштеството од култниот филм на Спилберг – „Блиски средби од трет вид“ од 1977 година. Уште повеќе, Дејвис ...

Луѓе од целиот свет имаа можност да уживаат во спектаклот на минатонеделното целосно затемнување на Сонцето, но роверот „Упорност“ (Perseverance) на Марс имаше сличен поглед. Затемнувањата не се уникатни само за Земјата. Теоретски, секоја планета со барем една месечина што кружи околу неа може да има такви појави. Така, ден откако Земјаните на 13 август ја гледаа Месечината како го покрива нашето Сонце, роверот на НАСА на „Црвената Планета“ ...

Германската авиокомпанија „Ер-хелп“ (AirHelp) неодамна го објави годишниот извештај „Ер-хелп скор“ за 2026 година за најдобар аеродром во светот. Тука се издвојуваат аеродромите во Латинска Америка, а посебно оние во Бразил. „Уште еднаш се докажа дека квалитетот на еден аеродром не зависи исклучиво од неговата големина или од бројот на патници што годишно минуваат низ него. За пример ги имаме некои аеродроми во Северна Африка и Југоисточна ...

Формула 1 тимот Ред Бул објави продолжување на договорот со својот возач Макс Верстапен. Новиот договор важи до 2030 година. Претходниот договор на Холанѓанецот требаше да истече во 2028 година. Претходно се шпекулираше дека Верстапен размислува да го напушти Ред Бул и да продолжи кариера во друг тим, а медиумите првенствено ги наведуваа Мерцедес и Мекларен како опции. Верстапен вози за Ред Бул од 2016 година. Дваесет и осумгодишниот тркач е ...

Чешката тенисерка Сара Бејлек ги искажа своите впечатоци по својот триумф над Белорусинката Арина Сабаленка во четвртото коло од турнирот во Синсинати, САД. – Неверојатно сум среќна. Без зборови сум. Продолжив да верувам во себе, а тоа беше клучот за победата денес. Сабаленка играше неверојатно, а јас едноставно продолжив да се борам и да се обидувам да направам сè што можев. Тоа е сè, изјави Бејлек. Во следниот меч, ривалка на Бејлек ќе биде ...

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, се наведува во соопштение на Министерството за култура и туризам. Во своето обраќање тој истакна дека фестивалот и годинава понуди богата програма и средби со врвни уметници од земјата и светот. -Со настапот на квартетот „Глам“ од Полска и пијанистот Стен Брекинриџ од ...

Одбранбениот фудбалер Хорхе Домингез стана најмладиот играч на Атлетико Мадрид кој играл во најквалитетната шпанската лига, објави прес-службата на клубот. Домингез започна за мадридскиот тим во синоќешната победа со 2:0 над Малага во 1. коло од Ла Лига за сезона 2026/27. Во времето на неговото деби, Шпанецот имаше 16 години и 241 ден. Домингез е роден на 21 декември 2009 година во Мадрид. Во тековната сезона тој одигра шест натпревари во ...

Француската професионална фудбалска лига (ЛФП) објави дека натпреварот од првото коло во лигата помеѓу ПСЖ и Рен од „Паркот на принцовите“ е преместен на „Роажон Парк“ поради лошата состојба на домашниот терен на парижаните. Одлуката е донесена откако ПСЖ на 17 август ја извести лигата за проблемите со теренот. – По извршениот преглед, беше утврдено дека моменталната состојба на теренот не ја обезбедува безбедноста на играчите. Организацијата ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го коментираше однесувањето на навивачите кон напаѓачот Хулијан Алварез по нивната победа од 2:0 над Малага синоќа во првото коло од шпанското првенство. – Имаше некои навредливи скандирања упатени кон Хулијан Алварез од трибините. Имам најголема почит кон нашите навивачи, изјави Симеоне за „AS“. Претходно, Атлетико Мадрид објави дека по одморот по Светското првенство, аргентинскиот напаѓач поминал ...

Во издание на „Студентски сервис“ од Скопје излезе од печат македонското издание на двојазичната македонско-словенечка стихозбирка „Венец за Искра – Venec za Iskro“ од словенечкиот дипломат, универзитетски професор, писател и поет проф. д-р Милан Јазбец. Книгата е објавена неполни два месеца по словенечкото издание на „Културен центар Марибор“, кое беше промовирано под наслов „Venec za Iskro – Венец за Искра“. Стихозбирката е посветена на ...

Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми. Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор од Лондон. Нивните две деца се запишани во британско училиште, каде во септември започнува наставата. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32