Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Белоруската тенисерка и прв светски рекет Арина Сабаленка рано утрово загуби од Чехињата Сара Бејлек во четвртото коло на турнирот во Синсинати, САД, со 6:7 (7:9) и 4:6. Мечот траеше 1 час и 57 минути. Дваесет и осумгодишната Белорусинка не сервираше ниту еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше четири од своите шест брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, не направи двојни грешки и реализираше пет од своите 11 брејк ...
Шкотскиот тим Селтик е многу блиску до обезбедување учество во главната рунда на фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа оствари убедливи победа против ЛАСК од Австрија. Постигнати резултати на синоќешните натпревари од последното коло во квалификациите за елитното фудбалско натпреварување: Селтик – ЛАСК 3:0 Хапоел – Сабах Баку 2:1 НЕЦ – Бодо/Глимт 1:3 Слован – Целје 1:1. На натпреварите во вторникот: Динамо Загреб – Викинг 2:2 Фенербахче ...
Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. „Као какао“ е мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век, која преку љубовта, амбицијата и стремежот кон слобода ја следи генерацијата соочена со ...
Општина Чаир вчеравечер ја заокружи програмата на годинешното културно лето со концерт на Младинскиот оркестар на Западен Балкан, одржан во рамки на 14. издание на фестивалот „Сцена на албанската сериозна музика“. На Плоштадот „Скендербег“, под диригентската палка на Десар Сулејмани, младите музичари од земјите од Западен Балкан изведоа програма од класична музика пред бројна публика, со што беше затворена летната културна сезона во ...
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ откако вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 29:19. Ова всушност е двојна победа за победникот на Европскиот ЕХФ куп бидејќи истиот натпревар е и дел од Регионалната лига. Но, за пласман во финалето охриѓани ќе треба да бидат поуспешни од хрватскиот првак бидејќи двете екипи имаат по две победи, а меѓусебниот дуел го играат во петок. Најзаслужен за ...
Екипата на Барселона најверојатно се откажува од трансфер на аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но веќе во планови имаат ново аргентинско засилување. Атлетико Мадрид не планира овој преоден рок да му даде „зелено светло“ на Алварез. Со ваквиот расплет на ситуацијата сега главна цел за трансфер е напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот репрезентативец од Интер е проценет на 85 милиони евра. Сега на ...
Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за гаснење на пожарот во селата во Општина Студеничани, а во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али заедно со противпожарните екипи на терен, ја следи состојбата и координацијата на активностите, со цел навремено да се реагира и да се спречи понатамошното ширење на пожарот. ...
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во мариовско, се ангажирани и триесетина војници. -Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го ...
Невообичаена природна појава позната како „морски чад“ од вчера ги „покри“ со магла дел од Кикладските Oстрови, предизвикувајќи намалена видливост и во морските подрачја, но и на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. „Морскиот чад“ („sea smoke“) е природна појава што се создава кога многу студен воздух поминува над релативно топла морска вода, при што топлата вода испарува, а влагата веднаш се кондензира во студениот воздух, создавајќи ...
Првакот на Премиер лигата има нов играч откако постигна договор со Астон Вила и за 59 милиони евра го купи англискиот репрезентативец Езри Конса. Конса е играч од одбраната, а таков играч им беше потребен на „топџиите“. Ова од причина што имаат сериозни проблеми со повреди играчи на таа линија во тимот. Вилијам Салиба ќе отсуствува подолг период, а на листата на повредени е и Јуријен Тимбер. Арсенал беше и во преговори со Баер Леверкузен за ...
Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс по само една сезона мината во Манчестер Сити го напушта премиерлигашот. Англискиот клуб го потврди трансферот на нивниот играч во редовите на Ал Кадсија во Саудиска Арабија за сума од 60 милиони евра. Рејндерс во Манчестер Сити пристигна од 2025 година и одигра 50 натпревари и постигна седум голови. Во редовите на „граѓаните“ освои два купа – Лига купот и ФА купот. Холанѓанецот упати голема ...
Општина Лозово изгради огромен парк „Македонија“ со околу 14 илјади метри квадратни, на чија површина го има осумкракото државно македонско знаме, а којшто ќе биде пуштен во употреба на 8 Септември. Градоначалникот на Лозово информира за МИА дека деновиве се работи на доуредување на површините и на озеленување на паркот. Тој вели дека глетката ќе биде уште поубава ноќе ако Лозово се надлетува со авион, со што паркот „Македонија“ во Лозово ...
Повеќекратниот кошаркарски шампион Работнички претстави уште едно засилување за новата сезона. Во редовите на тимот од Градски парк пристапи Кристијан Николов. Македонски репрезентативец кој ќе треба да биде квалитетно засилување за Работнички на бековските позиции. Николов е искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски клубови и има настапувано и за повеќе возрасни категории ...
До стартот на Премиер лигата остануваат уште два дена, а освојувачот на Лига Европа и учесникот во лигата на шампионите Астон Вила е активна последните денови. По неколкуте засилувања, од клубот најверојатно ќе заминуваат два играчи. Езри Конса, стоперот и репрезентативец на Англија има понуда од шампионот Арсенал. Тој изразил согласност за трансфер и тоа воедно било сигнал двата клуба да почнат со преговори. Астон Вила бара 45 милиони евра, ...
Вински музеј – Кавадарци денеска го одбележа Преображение Христово со настан посветен на грозјето, лозарите и винарите. Активностите беа поддржани од локалната самоуправа, во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“. – Овој празник носи силна порака за преобразбата, духовното издигнување, светлината и надежта. А, токму во духот на тие вредности, го создадовме и овој настан како место каде што верата, традицијата и културата се ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе повеќе одлуки и акти поврзани со подготовката и спроведувањето на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Комисијата едногласно го усвои упатството за спроведување јавен увид во Избирачкиот список, со кое се уредуваат начинот, условите и постапката за проверка и ажурирање на избирачките податоци. Образложувајќи ја ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. – Пожарот што во понеделникот попладне избувна во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште ниту, пак, загрозува друго село затоа ...
Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, а од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ...
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) објави датум за ново сослушување во врска со контроверзниот пласман на Гасли на подиумот на трката од Формула 1 шампионатот во Монако. Сослушување ќе се одржи на 25 август за да се разгледаат жалбите на Мекларен и Ред Бул за поништување на резултатот на францускиот воза. Трката се одржа на 7 јуни. Неколку возачи добија казни за пребрзо возење во боксот поради грешка во мерењето. Алпин протестираше ...
Финалистот на Вимблдон 2022, Ник Кирјос, беше позитивен на кокаин за време на АТП турнир и доби привремена суспензија, објави Меѓународниот орган за интегритет на тенисот (ITIA). Триесет и едногодишниот Австралијанец, рангиран на 919-то место во светот, беше позитивен на метаболит на кокаин на турнирот во Мајорка во јуни 2026 година. На 17 јули, тестирањето потврди дека неговиот примерок содржи метаболит на кокаин. – Сакав прво да го чуете ...
Стразбур се договорил за дефанзивецот Карим Кулибали од Вердер, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, трансферот на 19-годишниот Германец изнесува 20 милиони евра. Вклучена е и клаузула за препродажба, без бонуси. Договорот на Кулибали со Вердер е до 30 јуни 2029 година. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот има запишано една асистенција на 27 натпревари. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на младиот германски репрезентативец на ...
По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. – Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните ...
Калчолигашот Рома и фудбалерот од средниот ред Родриго Мора се согласија на соработка во следните пет години. Договорот важи до 30 јуни 2031 година. Претходниот клуб на 19-годишниот Португалец беше Порто. Неговиот договор беше со важност до 30 јуни 2030 година. Според инсајдерот Фабрицио Романо, надоместокот за трансфер изнесувал 25 милиони евра. Исто така, вклучува 50% од вредноста за препродажба и клаузула за откуп за 100% од правата на ...
На територијата на државата денеска до 13:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани, Македонски Брод, Прилеп и Охрид. Во Општина Студеничани пожарот се шири на потегот од селото Моране, преку Вртекица до Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Во Општина ...
Министерството за образование и наука е запознаено со протестот на родителите во општина Карбинци поради оптимизацијата на училиштата и ќе направи напори заедно со општината да дојде до заедничко решение, изјави денеска ресорната министерката Весна Јаневска. Јаневска по увидот во доградбата на нови училници во рамките на ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар, истакна дека оптимизацијата се спроведува од страна на општините, додека ...
Пожар изутрината избувна на депонијата „Буково“ во Охрид, на дел што подолго време не се одлага комунален отпад. Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, екипи на претпријатието заедно со припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и работат на локализирање на пожарот. Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел да се спречи неговото понатамошно ширење. Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека ...
Министерството за образование и наука интензивно го реализира проектот за воведување едносменска настава во основните училишта, при што во моментот се вршат адаптации, доградби и реновирања во шест училишта во државата, а подготвена е реализација и во уште 15 училишни објекти – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при увидот во доградбата на нови училници во ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар во општина ...
Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, изјави градоначалникот Дејан Митески. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи во ОУ „Александар Македонски“, Митески рече дека општината ги следи препораките на надлежните институции и веќе е спроведено вонредно прскање против ...
Акупунктурата, како илјадалетна практика на традиционалната кинеска медицина, се користи за ублажување на болката кај состојби како што се фибромијалгија и остеоартритис. Но, овој древен метод, исто така, покажува потенцијал во лекувањето на симптомите на депресија, иако механизмите на неговото дејство досега не се целосно разјаснети. Нова мета-анализа на скенирањата на мозокот на пациентите нуди прв конкретен увид во невролошките промени што ...
Кинезите успешно го спуштија на копно првиот дел од ракетата за повеќекратна употреба „Zhuque-3“, лансирана денеска во утринските часови. Станува збор за второ успешно враќање на Земјата. „При ова слетување за првпат беа употреби ногарки за приземјување, односно носачи кои се отвораат пред ракетниот степен да ја допре земјата, овозможувајќи му да се спушти и да застане во исправена положба, наведе кинеската агенција „Ксинхуа“. Според неа, ...