Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Со музика во живо и отворена интеракција меѓу професионалните музичари и децата, денес во паркот „Шопен“ официјално започна десеттиот јубилеен фестивал „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“. Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода, првиот фестивалски ден им го посвети на најмладите преку работилницата „JAZZ FOR KIDS“, соопштија од Општината. -Учениците од основните училишта во Општина Кисела Вода, како и сите дечиња кои беа дел ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, со нетрпение го очекува продолжувањето на шампионатот и ривалството со Андреа Кими Антонели на претстојните трки. – Воодушевен сум што се тркам со толку фантастичен совозач како Кими Антонели. Тој е неверојатно брз возач и го покажа тоа на секоја трка откако почнавме да се тркаме заедно во Мерцедес минатата година. Кими имаше фантастичен почеток на оваа сезона и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата ...
Атлетико Мадрид е подготвен да одбие понуда од приближно 150 милиони евра за трансфер на напаѓачот Хулијан Алварез, објави „Скај Спортс“. Шпанците се цврсти во својата желба да го задржат 26-годишниот Аргентинец. Арсенал, Барселона и ПСЖ се заинтересирани за играчот, па дури и понуда од таков обем не би го привлекла клубот да го продаде фудбалерот. Алварез е во Атлетико Мадрид од август 2024 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2030 ...
Со гостувања на националните театри од денеска Драмски театар продолжува со активностите во чест на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Манифестацијата, како што соопштуваат од Драмски театар, е замислена како повеќедневна културна платформа на гостувања и средби што ќе ја афирмира продукцијата на македонските театри пред публиката во овој театар. Под мотото „Еден е Драмски!“ се организирани гостувања на кои се поканети сите ...
Во Бигорскиот скит, посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа во близина на долнореканското село Битуше, општина Маврово и Ростуше, во подножјето на планината Крчин, и годинава ќе се одржи летна школа по Вероучение, како дел од мисијата на Бигорски манастир. – Преку овие школи, децата имаат можност да се запознаат со убавината на православната вера, традициите, културата и уметноста, но и да се рекреираат среде живописната ...
Клучните аспекти на одржливото управување со отпад, вклучително и регионалното планирање, инвестициите и инфраструктурата, институционалната и меѓуопштинската координација, како и вклучувањето на граѓаните во процесите, беа дел од темите на денешниот регионален форум за управување со отпад – „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа Скопје. Форумот е во организација на проектот „Одржливо ...
Оваа година, италијанскиот производител на луксузни автомобили „Масерати“ одбележува 100 години од својот познат знак „Тридент – неговиот симбол, идентитет и синоним за италијанскиот луксуз, перформанси и тркачко наследство од 1926 година. Јубилејот се случува во годината што, исто така, одбележува еден век од првата голема победа на брендот на познатата трка Тарга Флорио, каде што Алфиери Масерати зад воланот на возилото „Типо 26“ постигна ...
„Оскаровецот“ Роберт де Ниро важи за еден од најпочитуваните глумци во Холивуд, познат по целосно „спојување“ со своите ликови, што неретко ја подобрува изведбата, но може и да создаде напната атмосфера на снимањето. Токму тоа, според американскиот филмски ветеран, се покажало како предизвик на снимањето на филмот „Џокер“ од 2019 година во режија на Тод Филипс. Проблемите, според самиот режисер, се јавиле на самиот почеток, кога Де Ниро се ...
Познатиот актер Сем Нил (78) потврди дека е излекуван, по четиригодишна борба со рак на крвта во трет стадиум. Нил вели дека закрепнувањето го должи на имунотерапијата со која го продолжил своето лекување откако хемотерапијата престанала да дава резултати. Во интервјуто за Севен њуз Австралија (7News Australia), објавено на 26 април, Нил детално ја опиша својата борба со болеста. Тој нагласи дека боледувал од еден вид на лимфом и дека ...
Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт поднесе барања за заштита на аудиоснимките со својот глас и лик, со цел да спречи злоупотреба со вештачка интелигенција. „Свифт поднела пријава за заштита на две аудиоснимки од својот глас, на кои го промовира новиот албум „Животот на шоу-девојка“ („The Life of a Showgirl“), каде што вели: Хеј, јас сум Тејлор Свифт и можете да го слушате мојот нов албум на барање на „Амазон мјузик“, односно Хеј, Тејлор е. ...
Токму кога помисливме дека на свадбите веќе ништо не може да нè изненади – од торти што допираат до таванот, до спектакуларни влегувања на младенците, се појави нов тренд кој го подели мислењето на јавноста. На социјалната мрежа Инстаграм се појави реклама за необични футроли во кои го ставаат вашиот мобилен уште пред да влезете во салата. На самиот влез вашиот уред се става во специјална заштитна торбичка која се заклучува со безбеден ...
Хјустон Рокетс не го стави во составот Кевин Дурант од петтиот натпревар од плејоф серијата на НБА од осминафиналето против Лејкерс на 30 април поради повреда на левиот глужд, објави „АП“. Триесет и седумгодишниот Американец не учествуваше на тренингот на Рокетс на 28 април пред да замине за Лос Анџелес. Сепак, беше виден како трча на антигравитациска лента за трчање додека тимот ја завршуваше работата пред да замине за аеродромот. Дурант го ...
Баерн синоќа загуби со 5:4 од ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Мануел Ноер беше на голот за тимот од Минхен. Тоа беше петтиот натпревар во неговата кариера во кој прими пет гола. Четириесетгодишниот Германец прими пет гола три пати во дресот на Баерн и двапати како голман на Шалке. Освен натпреварот против ПСЖ, Баерн двапати загуби со 5:1 од Ајнтрахт Франкфурт, додека Ноер и тимот од Гелзенкирхен претрпеа ...
Претставниците на Иранската фудбалска федерација не присуствуваа на најголемиот официјален состанок на лидерите на азиските федерации пред финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година. Состанокот се одржа вчера во Ванкувер, објави „АП“. Во присуство на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на Конгресот на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) не беше дискутирано ниту учеството на Иран на турнирот, ниту прашањето дали натпреварите ...
Од петок до крајот на неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од почетокот на наредната недела, односно од понеделник, се очекува постепено стабилизирање на временските услови, со повеќе сончеви периоди и пораст на дневната температура. Post Views: 0 април ...
Делото „Пиета во прекривките на ургентноста“ на авторот Велимир Жерновски, што ќе ја претставува нашата земја на 61. Биенале за уметност во Венеција, што ќе се одржува од 9 мај до 22 ноември. Проектот ќе биде поставен во македонскиот национален павилјон, сместен на локацијата „Спацио Кастело 77“, на влезот на престижното Арсенале. Нашето претставување го организира Музејот на современа уметност – Скопје, под покровителство на Министерството ...
Фото-кино клуб „Козјак“ Куманово денеска ги соопшти добитниците на наградите за осмото издание на Фестивалот на краток филм ФИЛМАЈ 2026, што ќе се одржи на 27 и 28 мај во Занаетчискиот дом во Куманово. Одлуките ги донесе жири-комисијата составена од сценаристката и режисерка Елеонора Венинова, актерката Ангела Стојановска и режисерот Георге Тодриа. За најдобар македонски филм е прогласен „Остров“, по сценарио и режија на Бранко Костески. ...
Канцеларијата за „Креативна Европа“ на Република Северна Македонија при Министерството за култура и туризам, во соработка со „Пасворд продукција“ од Скопје, утре, со почеток во 9.30 часот, организира тричасовна „Сесија за музичката сцена“, која ќе се одржи во „Лабораториум“ во Скопје. Сесијата е дел од програмата на Форумот за праведност во културната мобилност“ (29 – 30 април 2026), организиран од меѓународната мрежа „Во движење“ (On The ...
Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов, вчера учествуваше на годишниот состанок во седиштето на Алијансата во Брисел. На средбата, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, се дискутирало за инвестициите на сојузниците во отпорноста, цивилната подготвеност и исполнувањето на обврската од Самитот во Хаг – издвојување 5 отсто од националниот БДП за одбраната. -Определбата ...
Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигна во борењето минатата година. -Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост ги исполни пропишаните услови за користење на општинската спортска стипендија, соопшти денеска Општината. Во ...
Во Куманово заврши одбележувањето на Европска недела на имунизација, кое Здравствен дом Куманово го реализираше преку низа активности насочени кон подигање на јавната свест за значењето на вакцинацијата. Во текот на неделата беа организирани вакцинации во урбани средини, теренски посети во училишта, како и информативни кампањи на градскиот плоштад. Родителите имаа можност директно да се информираат за вакцините, нивната заштитна улога и ...
Апелацискиот суд во египетскиот град Порт Саид ја поништи ослободителната пресуда за менаџерот на хотел кој одбил да смести новинарка затоа што патувала сама. Менаџерот бил осуден во отсуство на една година затвор и тешка работа, како и парична казна од 50.000 египетски фунти (околу 810 евра), објавија тамошните медиуми. Во јануари оваа година, новинарката Ала Саад се обидела да се пријави за престој во хотелот, но ѝ било кажано дека „не ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се осврна на поразот од Американката Хејли Баптист синоќа во четвртфиналето на Опен турнирот во Мадрид — 6:2, 2:6, 6:7 (6:8). – Не беше крајот што го очекував, но сум горда на работата што ја завршив. Тукушто ја започнуваме сезоната на земјени терени. Ви благодарам, напиша Сабаленка на социјалните мрежи. Во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, Баптист ќе се соочи со Русинката Мира Андреева. Post Views: 2 ...
Сан Антонио ноќеска го победи Портланд со 114:95 во првото коло од плејофот на НБА. Натпреварот се одигра во „Фрост Бенк Центарот“ во Сан Антонио. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, оствари дабл-дабл со 17 поени и 14 скока. Сан Антонио ја доби серијата со 4:1 и се пласираше во второто коло од плејофот. Гостинска победа ноќеска забележа Филаделфија против Бостон селтиксво петтиот натпревар од првото коло од плејофот на НБА со 113:97. ...
Тренерот на Баерн, Винсент Компани, призна дека не му се допаднало да го гледа првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (4-5) од трибините. Белгискиот тренер доби забрана да го води тимот од аут линијата поради суспензија од еден натпревар. – Воопшто не беше забавно. Ако ова никогаш повеќе не се случи, ќе бидам среќен. Не можев да донесувам одлуки од 80 метри, но ми се допадна како реагираа играчите. Баерн имаше ...
„Зад грбот на звукот: Феноменологија на едно полувековно творештво“ – Рецензија на проф. д-р Зоран Пејковски Кон концертот на „Зад грбот на Бог“ на Кокан Димушевски, Македонски културно-информативен центар во Софија, 27.04.2026) Концертниот настан „Зад грбот на Бог“ на композиторот, аранжер и мултимедијален музички автор Никола Кокан Димушевски, одржан во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, претставува исклучително комплексен ...
Раководството на Баерн Минхен има намера да започне преговори за договорот со напаѓачот Хари Кејн по сезоната 2025/26, објави членот на надзорниот одбор Карл-Хајнц Румениге. – Доведувањето на Кејн во Баерн беше голем успех во историјата на клубот. Добро е познато дека тој имаше откупна клаузула. Тој не ја активираше, што укажува дека дефинитивно ќе остане во Минхен. И сега, како што е договорено, надлежниот оперативен менаџмент ќе преговара ...
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го нарече полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен (5:4) најдобар во неговата тренерска кариера. – Никогаш не сум видел натпревар со таков интензитет. Сега не е време да посочувам недостатоци. Денес заслуживме да победиме, заслуживме да биде нерешено, заслуживме да изгубиме. Беше фантастичен натпревар. Без сомнение, ова беше најдобриот натпревар во кој сум бил вклучен како тренер. Толку ...
Претставата „Западен експрес“ работена по текст на романскиот автор Матеј Вишњек, во режија на Јари Јутинен премиерно ќе биде изведена утре на сцената на Македонскиот народен театар. По тој повод денеска во малата сала на Македонскиот народен театар ќе се одржи прес-конференција. Претставата е копродукција меѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и Македонскиот народен театар. Во претставата играат Ивица Димитријевиќ, Мирјана Трпковска Костовска и ...
Италијанските истражувачи, користејќи вештачка интелигенција (ВИ), за првпат го реконструираа изгледот и последните мигови на жртва од разорната ерупција на Везув кај Помпеја во 79. година н.е. Сликата е заснована на неодамна откриен скелет на човек од страна на археолозите при ископувањата на некрополата Порта Стабија. До скелетот, истражувачите пронајдоа голем сад од теракота, којшто жртвата, веројатно, го користела како заштита додека ...