Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува проширување на истрагата за загадувањето на водата во градскиот водовод во Гостивар. Тој посочи дека надлежните институции веќе преземаат активности и дека се обезбедени лица кои се сослушани во рамки на постапката. Мицкоски оцени дека проблемот со водоснабдувањето настанал поради несовесно постапување на вработени во Јавното претпријатие „Водовод“, кои, како што рече, директно ...
Речиси сите мигранти кои во изминатите денови успеале да влезат во шпанската енклава Сеута веќе се вратиле на територијата на Мароко, соопшти шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес. Тој ги отфрли тврдењата дека мигрантите можат слободно да продолжат кон останатиот дел од Шпанија и порача дека шенгенскиот простор останува заштитен. „Не е можно да се патува од Сеута и Мелиља кон континентална Шпанија без идентификација на ...
Според унгарскиот премиер Петер Маѓар електраната би можела да биде исклучена веќе во вторник или среда, кога се очекува нивото на водата на Дунав да падне на минус 134 сантиметри. Унгарија се соочува со сериозен енергетски предизвик откако премиерот Петер Маѓар објави дека нуклеарната централа Пакш ќе мора привремено да го прекине производството во наредните денови поради историски ниското ниво на водата на Дунав. Рекордно ниското ниво на ...
Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. Според ...
Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 ...
Дирекцијата за заштита и спасување е во целосна готовност поради зголемената опасност од шумски пожари, откако Владата прогласи 30-дневна кризна состојба. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше дека противпожарниот тим кој ќе биде ангажиран во справувањето со пожарите ќе брои меѓу 2.000 и 3.000 луѓе. Ангелов оцени дека состојбата е алармантна, бидејќи сушењето на бујната вегетација создава услови за брзо ширење на огнот. Поради ...
Вечерва во Крушево официјално започнуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма ќе биде означен почетокот на традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, која секоја година собира бројни посетители и учесници од целата држава. Активностите започнуваат уште претпладне ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини поранешниот министер за здравство Венко Филипче дека не постапувал навремено во случаи кога, како што тврди партијата, институциите доставувале податоци за неисправна вода за пиење во повеќе општини. Од владејачката партија побараа Филипче да престане, како што наведуваат, да „глуми загриженост за јавното здравје“, тврдејќи дека тој во периодот кога бил министер располагал со информации за неисправна вода, но не ...
Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...
Соединетите Американски Држави би можеле уште овој викенд да започнат нови воени напади врз Иран, објави CNN, повикувајќи се на двајца американски функционери запознаени со плановите. Иако конечната одлука сè уште не е донесена, а деталите за обемот на операцијата и целите не се целосно дефинирани, официјалните лица посочуваат дека подготовките се во тек и дека плановите можат да бидат изменети или откажани во последен момент. Американскиот ...
Танкер што пловел во Ормутскиот теснец бил погоден од „непознат проектил“, соопшти британската Агенција за поморски трговски операции (UKMTO). Во нападот е оштетен моторот на бродот, но нема повредени членови на екипажот, ниту е регистрирана еколошка штета. Според информациите на UKMTO, инцидентот се случил на околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Ормутскиот теснец е еден од најважните светски поморски коридори, а Иран ...
Македонската православна црква утре го одбележува празникот Свети пророк Илија – Илинден, еден од најзначајните денови во православниот календар. За Македонците, Илинден има двојно значење – се празнува како голем христијански празник, но и како Ден на Републиката, поврзан со Илинденското востание и Крушевската Република. Според црковното предание, Свети Илија живеел околу девет века пред раѓањето на Исус Христос. Потекнувал од градот ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, Македонија ја очекува период на сончево и екстремно топло време, кој ќе трае во текот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека топлотниот бран ќе продолжи во текот на целата прва декада од август. Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар ќе присуствува на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на правниот статус на нивните ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание ...
Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 степени го погоди подрачјето на Неапол вечерва, предизвикувајќи паника кај жителите, прекини на електричната енергија и материјална штета во неколку градови западно од италијанската престолнина. Епицентарот беше во Флегриските полиња, во близина на Солфатара, на длабочина од околу три километри, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Земјотресот беше регистриран во ...
Повеќе од четвртина од населението во Европската Унија постаро од 16 години, односно 27,5 проценти, во 2025 година не можело да си дозволи најмалку една недела годишен одмор надвор од домот, покажуваат податоците на Евростат. Уделот на граѓаните без финансиска можност за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година. Сепак, во однос на 2015 година е намален за 7,7 процентни поени. Најтешка е состојбата во ...
Средствата во ставката за реализирање на капитални проекти се повисоки за 14,5%, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ1. Пратеникот Стојаноски ...
Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари. Одлуката стапува во сила утре и ќе важи 30 дена, а Главниот штаб при Центарот за управување со кризи ќе биде во постојано заседавање. Во рок од 24 часа штабот треба да подготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси и план за ...
Италијанската влада привремено го суспендира режимот на слободно движење во рамките на Шенген за воздушните и поморските врски со Шпанија и повторно воведе гранични контроли. Мерката е донесена по масовното пристигнување мигранти во шпанската енклава Сеута, а Италија дополнително ќе ги зајакне и контролите на копнената граница со Франција. „Ова е вонредна мерка, донесена со цел да се заштити националната безбедност и да се спречат можните ...
Двајца полицајци од Струга се суспендирани и против нив е поведена постапка поради сомнение дека во полициска станица употребиле прекумерна физичка сила врз уапено лице кое имало лисици на рацете, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Т.М., полицаец во Полициската станица Струга, и И.Ш., главен полицаец за вршење увид на сообраќајни незгоди во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Струга. Според МВР, на 14 ...
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни се намалила на 4,67 проценти, што е за 0,36 процентни поени помалку во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. На месечно ниво каматата на сите кредити се намалила за 0,02 процентни поени. Ист пад е забележан и кај новоодобрените кредити, кај кои просечната каматна стапка изнесувала 4,38 проценти. Кај депозитите, просечната каматна ...
Продолжениот празничен викенд голем број граѓани одлучија да го поминат во Охрид, но и во земјите од соседството. Зголемена фреквенција на возила се забележува на патиштата низ Македонија. Поголем број возила на граничните премини „Богородица“, „Табановце“, „Блаце“ , но и на наплатните рампи кон Охрид, особено на патарината кај Гостивар. Продолжениот празничен викенд голем број граѓани одлучија да го поминат во Охрид, но и во земјите од ...
Триесет и седумгодишен велешанец вчера во 12:30 часот во СВР Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. од Скопје постојано го следела, воспоставувала несакана комуникација со него и преземала дејствија со кои го вознемирувала. За случајот бил известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за негово расчистување. Триесет и седумгодишен велешанец вчера во 12:30 часот во СВР Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. ...
СВР Струмица доставило известување до надлежното јавно обвинителство против 17-годишен малолетник од Радовиш, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, на 30 јуни 2026 година, во струмичкиот регион, осомничениот извршил полови дејствија врз 13-годишно девојче. За случајот е известено надлежното обвинителство, кое ќе ја води ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој е во официјална посета на Македонија. -Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, ...
Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачува навремена подготовка и почитување на следните мерки за заштита на здравјето при патување. Пред да заминете: Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Охрид, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, бил домаќин на српскиот премиер Ѓуро Мацут и на висока делегација од Владата на Србија. Николоски посочи дека пријателството меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, а соработката меѓу двете држави во сите сектори ја оцени како исклучително добра. „Заедно работиме на повеќе проекти кои ќе ја зајакнат економијата, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници од повеќе држави во светот. Школата ќе трае од 31 јули до 6 август и има цел младите генерации од дијаспората подобро да го научат македонскиот јазик и да се запознаат со културата, историјата и традицијата на Македонија. Преку програмата, учесниците треба дополнително да ја зацврстат ...