Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Пратеникот од партијата ЗНАМ, Бобан Карапејовски, упати критики кон лидерот на Левица, Димитар Апасиев, наведувајќи дека по медиумите се слушаат информации дека некој од пратениците на Левица се подготвува да го замени. Според Карапејовски, постојат најави дека дел од членовите на Левица сакаат партијата да се трансформира во „вистинска парламентарна сила“ која ќе биде конструктивна и силна опозиција. „Апасиев го губи приматот во својата ...
Напад со политички мотив и спречена трагедија По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, полицијата го уапси Владан А. (70) поради вооружениот инцидент што утринава се случи пред Народното собрание на Србија, во кој беше повредено едно лице, а експлозија на плинска боца предизвика пожар. Обвинителството го товари осомничениот за обид за убиство, а според српскиот претседател Александар Вучиќ, станува збор за „терористички напад“ со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека Македонија ќе стане центар на една од најголемите странски инвестиции во одбранбениот сектор во својата историја. „Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија ‘Бурсток’, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари,“ соопшти Мицкоски во својата објава. Илјада нови работни места со високи плати Премиерот нагласи дека ...
Премиерка што свири тапани и слуша „Ајрон Мејден“ Санае Такаичи, новоизбраната премиерка на Јапонија, стана првата жена во историјата што ќе ја води Владата на земјата. Освен по своите „челични“ конзервативни ставови, Такаичи го привлече вниманието на јавноста и со својата неочекувана страст кон хеви-метал музиката. Во интервју за „Токио ФМ“, таа откри дека сè уште ги слуша бендовите „Ајрон Мејден“, „Дип Парпл“ и „Икс Јапонија“, а најомилен ѝ е ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, денеска оствари средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ. На состанокот се разговараше за подршката што ја овозможува УКЕФ кон земјите од Западен Балкан во делот на обновливите извори на енергија, транспортот и здравството. Вицепремиерот Николоски на состанокот ги потенцираше ...
Мрежа за перење пари и незаконски активности Утрово во Скопје се спроведува обемна полициска акција насочена кон група лица и компании сомничени за перење пари и лихварство. Одделот за организиран криминал при БЈБ, во соработка со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за Гонење на организиран криминал и корупција, извршува претреси на повеќе од 15 локации низ градот. Според неофицијални извори, мрежата во легални финансиски текови ...
Дискусија со експерти за миграција Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, останува целосно усогласена со европските политики за миграции и не размислува за отворање кампови за враќање на одбиени баратели на азил. Ова го потенцираше заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој учествува на годишната Конференција за миграции во Виена, организирана од Меѓународниот центар за развој на ...
Родителите игнорирале предупредувања Во полските Татри се случи инцидент кој можеше да заврши трагично. Деветмесечно бебе беше спасено од планински водич по име Шимон Сточ, откако неговите родители од Литванија останале заглавени при спуштање од највисокиот врв на Полска. Родителите ја продолжиле опасната тура иако биле предупредени дека патеката е покриена со мраз и снег, а немале ниту соодветна опрема, ниту патничко осигурување. Водичот ...
Полицијата го лиши од слобода Владан А., видео од апсењето кружи на социјалните мрежи Утрово во центарот на Белград избувна пожар во големите шатори поставени од поддржувачите на владата пред Народното собрание, предизвикувајќи хаос на едно од главните градски сообраќајници. Во еден момент, според очевидци, маж облечен во црно почнал да пука додека огнот се шири, а полицијата брзо интервенираше. На социјалните мрежи се појави видео кое трае ...
Финансиската полиција постапуваше по наредба на Обвинителството Синоќа и утрово во Прилеп беа извршени приведувања на повеќе од десет лица поврзани со истрагата за финансиското работење на Општата болница. Според информациите од институциите, денеска приведените ќе бидат спроведени пред Судот во Прилеп. Управата за финансиска полиција започна со акцијата вчера, постапувајќи според наредби и насоки од Основното јавно обвинителство во Прилеп. Во ...
Мировната средба во Будимпешта останува во план, но деталите се уште се договараат Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска потврди дека се водат подготовки за можен самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој би се одржал во Будимпешта. На Фејсбук, Орбан информира дека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, е во Вашингтон и продолжуваат разговорите за организацијата на ...
Признание и поттик за заеднички вредности, доверба и партнерство Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на својот престој во Лондон оствари официјална средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III. „Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание“, ...
Несогласувања околу замрзнување на фронтовската линија и територијални барања на Русија Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планираниот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта е одложен. Според извори од Белата куќа, главната причина се длабоките разлики околу условите за завршување на конфликтот во Украина. Трамп рече дека не сака „залудно трошење време“ и дека подготовките покажале дека јазот меѓу двете земји е ...
Историски раст на цените на недвижности Стан од 91 метар квадратен во скопската општина Центар достигна рекордна цена од 280.000 евра во третиот квартал годинава, со што квадратот чинеше над 3.000 евра. Податоците од Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека оваа продажба е дел од значителниот раст на цените на недвижностите, кои за истиот период се зголемија за неверојатни 25,1 отсто. Активен пазар и нови станови од инвеститори ...
Синот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ќе се испрoба во трговијата со конфекција, според јавно достапните информации, кои покажуваат дека тинејџерот од пред точно еден месец е основач на „Демигод“, друштво за продажба на облека на мало. Продавницата на 18-годишниот Иво Филипче, според адресата, треба да се наоѓа на улица Њуделхиска во скопската населба „Млечен ресторан“. Синот на претседателот на опозициската партија, пратеник и поранешен ...
Локални врнежи и потопли температури Времето денеска ќе биде променливо и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд во повеќе делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 6 и 13 степени, а дневните ќе достигнат од 14 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува слична временска состојба – променливо облачно со можност за повремен слаб дожд и слаб до умерен ...
Обвинителството собира докази за можна кривична одговорност Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка за утврдување евентуална кривична одговорност во врска со состојбата со отпадот во главниот град. Од ЈОРСМ информираат дека јавниот обвинител веќе издал наредби до Министерството за внатрешни работи и други надлежни институции за итно постапување и проверки во работењето на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Вонредни ...
ВМРО-ДПМНЕ објави дека со освоените гласови би имала над 60 пратеници доколку утре се одржат парламентарни избори. Партијата соопшти дека е апсолутен победник на локалните избори, со освоени над 300.000 гласови и 550 советници низ Македонија и градот Скопје. Следи целото соопштение: „ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните избори. Кога утре би имало ...
Штетата од кражбата на накит од музејот Лувр минатиот викенд е околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко. „Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колку е историска штета“, рече Беко, а објави Фигаро. Обвинителката процени дека крадците нема да ги заработат наведените 88 милиони евра, особено не ако им текне „екстремно глупава идеја“ за топење накитот. „Можеме да се надеваме дека ќе размислат и ...
Една недела пред парламентарните избори во Холандија, десничарскиот популист Герт Вилдерс останува водечки кандидат, покажуваат најновите анкети на јавното мислење, пренесува ДПА. Репрезентативното истражување на Институтот „Вериан“, спроведено за телевизиската програма EenVandaag, покажува дека Партијата за слободата (PVV) на Вилдерс би можела да освои 34 од 150 пратенички места во парламентот, што би ја направило најсилна политичка сила во ...
Во координирана акција на Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, денес се уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои, според информации на Скопје1, има поранешни директори и лица на раководни позиции во прилепската болница. Од Обвинителството за Скопје1 потврдуваат дека акцијата се спроведува по нивни наредби и насоки и дека во моментов се преземаат истражни дејствија поврзани со злоупотреби во работењето на јавната здравствена ...
На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Сотир Лукровски кој на самиот почеток на емисијата дискутираше за неговиот противкандидат за општина Карпош и објасни дека во Карпош има два фронта, едниот е фронтот на потрошени играчи, непринципиелни коалиции, и луѓе кои сите овие години ги распродаде парковите во Карпош, и фронт-опција која ќе ја врати довербата во граѓаните. ...
Голем дел од осудените лица во македонските затвори ги исполнуваат условите за условен отпуст, оцени директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, на денешниот работен состанок „Пробација и условен отпуст“. „Не велам дека сите, но најголем дел од тие осудени лица можат да бидат на условен отпуст, нормално, претходно со препорака од секторот за ресоцијализација и од директорите на затворите,“ изјави Пандов. Тој посочи дека ...
Полициските служби во Охрид поднеле кривична пријава против 66-годишниот Д.К.С. од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, информираа од СВР Охрид. При претрес извршен на 18 април 2025 година во домот и помошните простории на осомничениот, полицијата пронашла и одзела марихуана и тетрахидроканабинол. Случајот е целосно документиран, ...
Во Тетово е приведен 39-годишен маж од селото Непроштено, осомничен дека физички ја нападнал својата поранешна девојка, 26-годишна државјанка на Украина со престој во градот. Од СВР Тетово информираат дека нападот бил претходно пријавен во полиција, а осомничениот Б.М. сам се појавил во станицата во 01:00 часот по полноќ на 21 октомври 2025 година. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...
Обединетото Кралство останува сериозно посветено на спроведувањето на Договорот Влада со Влада со Македонија, изјави вицепремиерот Александар Николоски по средбата со британскиот министер за бизнис и трговија, Сер Крис Брајан. На средбата присуствуваа и министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Николоски соопшти дека владината делегација, предводена од премиерот ...
Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, во пресрет на вториот изборен круг, повика на поддршка од сите граѓани кои, како што рече, се „здраворазумни“ и сакаат промена. „Статус-квото е секогаш како избор на четири години, но овој пат не е така. Ги живееме првите денови каде што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се најголемите политички фактори. Тоа ќе охрабри голем број на граѓани кои беа на работ да излезат во првиот круг и да ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на владејачката партија, Орце Ѓорѓиевски, објави дека ја прифаќа поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ, во пресрет на вториот круг од локалните избори 2025 година. -Почитувана јавност, драги скопјани, сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против кандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија, објави ...
Обединетото Кралство останува сериозно посветено на спроведувањето на Договорот Влада со Влада со Македонија, изјави вицепремиерот Александар Николоски по средбата со британскиот министер за бизнис и трговија, Сер Крис Брајан. На средбата присуствуваа и министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Николоски соопшти дека владината делегација, предводена од премиерот ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска пристигна во затвор во Париз за да почне со отслужување на петгодишната казна. Претходно толпа поддржувачи се собраа пред домот на Саркози во луксузен париски кварт. Саркози им мафна, а потоа влезе во својот автомобил. Стотици поддржувачи аплаудираа и скандираа „Никола, Никола“ и ја пееја француската национална химна. Две француски знамиња беа закачени на блиската ограда, со натписи: ...