Законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ е повлечен од Собранието на инсистирање на премиерот Христијан Мицкоски и ќе биде ставен на јавна расправа. Тој рече дека одлуката е донесена за да не остане никаков сомнеж во транспарентноста на процесот, иако тоа ќе предизвика дополнително доцнење во подготовките. Мицкоски посочи дека проектот бил започнат пред десет години, но дека досега не биле преземени потребните активности. ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги оцени како неприфатливи сцените од Сеута, каде што во последните 24 часа околу 49.000 мигранти од Мароко влегле по копно и море во шпанската енклава. Според шпанските медиуми, до денеска напладне околу 25.000 од нив веќе се вратиле во Мароко, додека најмалку 34 лица загинале обидувајќи се да стигнат до Сеута. „Не можеме да дозволиме никому да дојде во нашата Унија без да ги ...

Дирекцијата за заштита и спасување денеска ги претстави специјалните противпожарни возила направени со пренамена на воени транспортери, кои можат да се движат по тежок и стрмен терен, да совладуваат пречки и брзо да интервенираат при пожари и други вонредни ситуации. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истовремено ги повика граѓаните на максимална претпазливост поради најавениот топлотен бран и многу високиот ризик од избувнување пожари. На ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави истрага за постапката во која на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски му беше вратен пасошот и обвини дека јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола извршил „груба манипулација“. Тој не го откри името на обвинителот, ниту наведе која институција ќе ја спроведе најавената истрага. „Тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во ...

Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...

Нов стан од 50 квадратни метри во скопски Центар е продаден за 168.000 евра, односно по 3.360 евра за квадрат, што е највисоката регистрирана цена за стан од инвеститор во вториот квартал од годинава. Кај старите станови, највисоката цена е постигната во Охрид, каде за стан од 66 квадратни метри биле платени 211.200 евра, односно 3.200 евра за квадрат. Од 1 април до 30 јуни во Регистарот на цени и закупнини биле евидентирани 8.369 ...

Белата отпадна пена забележана на 24 јули во Вардар, кај вливот на Лепенец, не предизвикала надминување на граничните вредности за испуштање во површински води, покажал прелиминарниот извештај од анализата на земените мостри. Конечните резултати од дополнителното лабораториско испитување се очекуваат на 4 август. Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека, по регистрирањето на белата пена, во координација со надлежните институции ...

По посетата на клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, премиерот Христијан Мицкоски беше прашан и дали летово ќе одмара и каде ќе го искористи годишниот одмор. Тој откри дека нема да има класичен одмор. Тоа ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена во Бриж, четири дена во Брисел, откри Мицкоски. ...

Заштитата од комарци е повеќе од потреба во услови кога се зголемува бројот на заболени од Западнонилска треска. Во Македонија во моментов се потврдени 13 случаи, десет пациенти се хоспитализирани, а тројца се во критична состојба. Вирусот на Западен Нил најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец од родот Culex. Комарците се инфицираат кога се хранат со крв од заразени птици, а потоа вирусот може да го пренесат на луѓето и ...

Стареењето на населението и притисокот врз пензиските фондови ги принудуваат европските земји да ја зголемуваат возраста за пензионирање, а најголемите промени се очекуваат во следните четири децении. Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за ...

Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство. За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, ...

Заклучно со 30 јули, во земјава се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. Од нив, 10 пациенти се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје да ...

Франција најави засилени контроли на границата со Шпанија поради ескалацијата на мигрантската криза во шпанската енклава Сеута, каде во изминатите неколку дена пристигнаа околу 50.000 мигранти од Мароко. Одлуката следува во период кога повеќе европски земји бараат построги мерки за заштита на надворешните граници на Шенген-зоната. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека веднаш наредил засилување на контролите кон ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја повика Шпанија брзо да ја врати контролата врз ситуацијата во Сеута откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанска територија од Мароко, јави ДПА. „Заштитата на надворешните граници на Европската Унија е клучна во борбата против нелегалната миграција“, рече германскиот конзервативен канцелар. Тој, исто така, го повика Мароко „веднаш да ги прими назад нелегалните мигранти“, пренесе германската ...

Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1-процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП, јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6-процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6-процентни ...

Сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го следи случајот со враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски, оценувајќи дека во постапката има „груба манипулација“. Тој посочи дека очекува да биде отворена истрага и најави дека нема да дозволи случајот да заврши без одговорност. При денешната посета на Клиничката болница во Битола, Мицкоски рече дека, според неговите информации, во процесот е вмешан „еден локален јавен обвинител ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите посочи дека реакцијата на власта за загадувањето на водата била задоцнета и оти многу порано предупредувал дека може да се појави епидемија. Тој исто така најави повеќе активности на опозицијата во Собранието од септември, посочувајќи дека ќе поднесат интерпелации за спикерот Африм Гаши, како и за министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Се осврна и на економската ...

Според последниот извештај од Регистарот на цени и недвижни на македонскиот Катастар во државата во купопродажби и закупи води општина Аеродром, а веднаш зад неа се наоѓаат Центар и Карпош. Ова се податоци од вториот квартал, кој бележи раст на трансакциите/купопродажби и закупи за 7,9% во споредба со минатиот квартал од истата година. Аеродром има 600 купопродажби и закупи, Центар 571, третопласираниот Карпош 486. Во врвот се и Гази Баба, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека здравството останува меѓу главните приоритети на Владата, посочувајќи дека за оваа година се обезбедени рекордни средства за здравствениот сектор. Тој при посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола оцени дека проблемите во здравството се резултат на долгогодишни предизвици кои, како што рече, не можат да се решат веднаш, туку бараат време, вложувања и постојана работа. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека при аплицирањето за земјоделски субвенции мора да се пријавува реалното производство, најавувајќи засилени контроли кај сточарите и останатите земјоделци. Тој истакна дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе започне веднаш по објавувањето на ребалансот на Буџетот во Службен весник. По посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, Мицкоски рече дека ...

Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ...

Бројот на невработени во Германија во јули повторно се искачи над три милиони лица, покажуваат податоците на Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг. Во земјата минатиот месец биле регистрирани 3,007 милиони невработени, што претставува зголемување за 71.000 лица во споредба со јуни и за 28.000 лица повеќе во однос на јули минатата година, пренесува „Ханделсблат“. Стапката на невработеност исто така бележи раст и се ...

Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје денеска ќе се одржи свечена промоција на новите офицери кои успешно го завршиле образованието и обуката во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. На свеченоста ќе бидат произведени во чин потпоручник питомците од 26. класа, а ќе бидат промовирани и слушателите кои успешно го завршиле курсот за офицери и ќе го добијат чинот поручник. Како што информира Министерството за одбрана, на настанот пред ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар покажува позитивни движења, откако е регистрирано значително намалување на бројот на лица кои побарале медицинска помош, информира Министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи, што е речиси двојно помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 73 прегледи. Во моментов, четворица пациенти се на болничко лекување. Од почетокот на следењето на состојбата ...

Полициската професија не е професија којашто завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик кој бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка. Ќе има денови кога ќе бидете први на местото на несреќата, први кога некој ќе побара помош, први кога ќе треба да застанете помеѓу опасноста и граѓаните. Токму затоа оваа униформа носи тежина, ...

Иранската армија соопшти дека извршила нов напад врз американски бази во Блискиот Исток, при што биле употребени беспилотни летала насочени кон цели во Кувајт и Бахреин. „Армијата лансираше беспилотни летала врз цели во Кувајт и во Бахреин“, се наведува во соопштението на иранската војска. Засега нема информации од властите во Кувајт и Бахреин дека биле активирани системите за воздушна одбрана како одговор на наводните ирански напади. Од ...

Најмалку 18 лица загинаа во обидите на мигрантите да ја преминат границата меѓу Мароко и шпанската северноафриканска енклава Сеута, каде илјадници луѓе и понатаму се обидуваат по морски пат да стигнат до шпанска територија. Мароканските власти во изминатите часови ги засилија контролите на патиштата, железничките станици и во пограничниот регион, со цел да го ограничат движењето на мигрантите кон северниот дел на земјата. Сепак, голем број ...

Пожарот избувнал во дворот на 63-годишен жител на Габрово, а потоа се проширил кон улицата. Огнот е изгаснат без повредени, а алкотестот покажал 2,04 промили алкохол. Жител на струмичкото село Габрово е приведен откако, според информациите на Министерството за внатрешни работи, предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и на улицата каде што живее. Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот, кога полициски службеници од СВР ...

СДСМ преку соопштение обвини дека институциите сè уште не утврдиле одговорност за загадувањето на водите, иако, како што велат од партијата, последиците ги чувствуваат граѓаните во повеќе делови од земјата. Од партијата посочуваат дека, според неофицијални информации, во реките Лепенец и Вардар завршила хемикалија што се користи при производство на детергенти, додека, како што наведуваат, од Државниот инспекторат за животна средина сè уште ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Цинк

3.76