Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавна седница по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во посета на општина Струга. Како што најави владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа. Потоа ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на туристичката улица во Струга, каде што ќе даде изјава за медиуми. На крајот од посетата, наведуваат од Владата, ќе присуствува на увид на ...
Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари. „При контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е ...
Европскиот шампион ПСЖ славеше со 2:0 против Ливерпул во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Вчера во Париз имаше само еден тим, ПСЖ и вистинско чудо е како на овој натпревар „црвените“ примија само два гола. Парижани, особено во второто полувреме, имаа најмалку уште три чисти шанси за трет погодок. Домашните поведоа со еден убав гол на Дуе во 11. минута, додека голот број два стигна во 65. минута кога Кваратсхелија се ...
На светиот и велики четврток, светите Отци, коишто добро го уредија превземеното од светите Апостоли, од светите и божествени Евангелија, ни предадоа денес да празнуваме четири настани: светото миење на нозете на учениците, Тајната Вечера т.е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и самото издавање. Бидејќи јудејската пасха мораше да биде направена во петок, а бидејќи приличеше вистината да биде во согласност со праобразот, ...
Одбележан Светскиот ден на Ромите со порака за еднаквост Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на настан по повод одбележувањето на Светскиот ден на Ромите, при што испрати пораки за еднаквост, достоинство и почит кон сите граѓани. „Вечерва присуствував на настан посветен на одбележувањето на Светскиот ден на Ромите, ден кој не потсетува на значењето на еднаквоста, достоинството и почитта кон секој човек.“ Тој нагласи дека ...
Американска делегација ќе учествува во првиот круг разговори Со цел да се финализира договорот за иранската нуклеарна програма, американскиот претседател Доналд Трамп испраќа преговарачки тим во Пакистан. Делегацијата ќе ја предводи потпретседателот Џеј-Ди Венс, а разговорите се очекува да се фокусираат на предавањето на резервите од збогатен ураниум од страна на Техеран. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, соопшти дека првиот круг ...
Разлика меѓу болничка и социјална услуга за старите лица Разликата меѓу геријатриската болница и домовите за стари лица треба јасно да се разбере, бидејќи станува збор за различни видови услуги, истакна директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Ленче Нелоска, во телевизиско гостување. Таа нагласи дека геријатриската установа функционира како болница, каде што се обезбедува здравствена услуга, додека ...
Дрвјата можат да создадат сенка, но и проблеми Засадувањето дрвја во близина на домот често е желба на оние кои сакаат да го разубават дворниот простор или да обезбедат сенка за летните месеци. Некои луѓе избираат овошни дрвја кои даваат вкусни плодови, но изборот на видови бара претпазливост. Стручњаците советуваат претходно да се консултирате со експерти и да проверите дали локацијата е соодветна за одреден вид дрво. Погрешниот избор може ...
Почеток на преговорите во Пакистан Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите за решавање на иранската криза ќе се одвиваат зад затворени врати и дека САД ќе прифатат само еден сет значајни точки. Претседателот не откри дополнителни детали за содржината на разговорите. „Тоа се точките што ја формираат основата врз која се согласивме за прекинот на огнот. Тоа е нешто разумно и може лесно да се реши“, напиша Трамп на своите ...
Истражување за слабите резултати во основното образование Слабите резултати на учениците во основното образование, особено во читањето со разбирање, беа во фокусот на научна презентација одржана во Институтот за социолошки и политички истражувања. На настанот беа претставени резултати од истражување кое ги анализира факторите што влијаат врз постигнувањата на учениците на меѓународните тестирања. Како што соопшти Институтот, главната цел на ...
Јавното обвинителство Скопје реагира по брутален напад на работно место Во Скопје, основното јавно обвинителство поведе постапка против три лица, татко и неговите два сина, поради сериозен напад врз двајца работници во „АД Гробишта Бутел“. На 7 април жртвите биле пресретнати на нивното работно место и физички нападнати, предизвикувајќи страв и загриженост кај присутните. Според обвинението, осомничените користеле боксови и боксирач, ...
Стратешки дијалог ја продлабочува соработката помеѓу Македонија и САД Во Вашингтон, Владите на Македонија и Соединетите Американски Држави ја објавија Заедничката изјава по завршувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог. На состанокот учествуваа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Изјавата е достапна на веб-страницата на Министерството за ...
Поморскиот премин станува клучен за меѓународната трговија со нафта и гас Контролата над Ормуската Теснина, еден од најважните поморски премини за глобалната трговија со нафта и гас, повторно е во фокусот на меѓународните дипломатски напори. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да соработуваат со Иран за обезбедување на безбеден поморски сообраќај. – Размислуваме да го направиме тоа како заеднички проект – рече ...
Турција ја нагласува улогата во стабилизација на Блискиот Исток Во критичен момент за регионалната стабилност, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Главната тема на дискусијата беше привременото примирје меѓу Вашингтон и Техеран и неговото влијание врз мировните напори на Блискиот Исток. Ердоган ја оцени договорената пауза како позитивен чекор и истакна дека ...
Потпретседателот на САД зборува за мировни напори и критики кон Европа Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денеска оцени дека конфликтот во Украина е најтешката војна што бара решение и изрази разочарување од недоволниот ангажман на европските лидери околу ова прашање. Во своето обраќање пред студентите во Будимпешта, Венс зборуваше и за постигнатиот мировен напредок, истакнувајќи го успехот на американските дипломатски напори. Тој го ...
Нови ограничувања за пристап до онлајн платформи се очекуваат во Грција Грција се подготвува да воведе ограничување кое ќе им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а премиерот Киријакос Мицотакис се очекува денес да ја соопшти официјалната одлука, соопшти владата. Овој потег ја вклучува Грција во групата европски земји кои се обидуваат да го ограничат користењето на онлајн платформи за најмладите, пренесува Ројтерс. ...
Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа се осврна на одржувањето на вториот дијалог, односно втората сесија на стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. Таа додаде дека нашата држава бележи големи успеси коишто треба да бидат гордост за секој македонски граѓанин. „Освен овој стратешки дијалог којшто го отвораме со САД, ние претходно имавме и склучување партнерство со Велика ...
Обраќање по примирјето и тврдења за текот на конфликтот По постигнатото примирје со Иран, Пит Хегсет и Ден Кејн излегоа со јавни изјави, при што зборуваа за текот на конфликтот и исходот од воените дејства. Хегсет изјави дека Иран претставувал закана за САД во изминатите 47 години, но додаде дека тоа повеќе не е случај. Потоа, тој го пофали Доналд Трамп, нагласувајќи дека неговата улога била клучна за актуелниот развој на настаните. ...
Собранието, денеска, на предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, со мандат од седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има повеќе од 25 години работно искуство во Народната банка. Во досегашната кариера дала ...
Самопрогласениот „свештеник“ Атанас Стефанов повторно во акција. Овој пат пред Министерството за надворешни работи во бугарската престолнина, Софија, каде што реши дека дипломатијата најдобро се регулира со клетви. Иако нема врска со црквата, тоа не го спречи да застане пред службеното возило на министерката Надежда Нејнски и да одржи импровизирана „служба“ со навреди наместо молитви. Стефанов предизвика повеќе инциденти во последниве ...
Боре Видевски, еден од осудените на доживотен затвор за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е хоспитализиран и се наоѓа во тешка здравствена состојба, потврди за Фокус директорот на клиниката за Нефрологија Никола Ѓорѓиевски. Според информациите, Видевски бил примен на Клиниката за нефрологија. Има трансплантиран бубрег, а неговата состојба засега е стабилна. За утре е закажана јавна ...
Собранието попладнево во рамки на 97. седница со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. „Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се особени вредности на ...
Вознемирувачка објава на социјалните мрежи Германецот Фин Ватчов, кој живее во Македонија и често објавува позитивни содржини за земјава, вчеравечер сподели вознемирувачко предупредување на својот Инстаграм профил. Тој информираше дека во реонот на Железничката станица во Скопје има лице кое напаѓа девојки. Ватчов посочи дека станува збор за случај што го споделил поради неговата девојка која сакала да остане приватна, но, како што наведе, ...
Во Вашингтон денеска се одржа свеченото потпишување на договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија. Договорот беше потпишан помеѓу Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC, и Ник Јовановски, извршен директор на Pela Global Limited. На настанот присуствуваше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со министерот за ...
Советот на јавни обвинители на денешната четириесет и втората седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје. Претседателот на Советот Башким Бесими информираше дека Ристоска на 2 април, годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање. Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска – изјави ...
Македонија е првата земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, имаме усогласена заедничка изјава за царинските тарифи, а потврдени се и некои инвестиции кои допрва ќе следат, изјави денека премиерот Христијан Мицкоски. Додаде дека земјава во рамки на тоа партнерство е третирана како рамноправен партнер. На ваков начин, вели, ние сме чекор поблиску во билатералните односи. -Прво е важно тоа што ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и сопругата на Премиерот, Рози Мицкоска, денес го посетија новиот објект на ЈДГ „8 Март“ во населбата Потстаница, кој е во завршна фаза на подготовки пред неговото официјално отворање. При заедничката обиколка, г-ѓа Мицкоска донесе подароци, играчки наменети за дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа. Внатрешноста на градинката е веќе целосно опремена со современи реквизити, а во моментов ...
Советот без расправа го усвои барањето Советот на јавните обвинители на денешната седница го усвои барањето на обвинителката Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје. Претседателот на Советот, Башким Бесими, информираше дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за повлекување од функцијата по сопствено барање, по што Советот без расправа го констатирал престанокот. „Нема ...