Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Огромна полициска акција во Рио де Жанеиро Во Рио де Жанеиро, Бразил, масовна полициска акција против трговијата со дрога заврши со крвави последици. Припадници на специјална воена полициска единица уапсија осомничени дилери, но операцијата резултираше со најмалку 64 загинати, меѓу кои се и четворица полицајци. Гувернерот на државата Рио де Жанеиро, Клаудио Кастро, на прес-конференција изјави дека полицијата запленила „голема количина дрога“, ...
Силни поплави го зафатија јужниот дел на Хаити Јужниот дел на Хаити е во криза откако силните поплави предизвикани од ураганот Мелиса одзедоа живот на најмалку 20 лица, меѓу кои и 10 деца. Останатите 10 лица се водат како исчезнати, а властите и службите за цивилна заштита трагаат по нив додека реките се излеваат и однесуваат куќи, создавајќи катастрофална ситуација за локалното население. Мелиса – најсилниот ураган во последните 90 години ...
Поплавите на Јамајка донесоа неочекувана опасност По уништувачкиот налет на ураганот Мелиса, Јамајка се соочува со уште една закана, неочекувана појава на крокодили во поплавените подрачја. Властите предупредуваат дека овие влекачи, во потрага по суво земјиште, можат да навлезат во населени зони, создавајќи дополнителен ризик за луѓето. „Не сме во состојба само да го следиме ова, мора да бидеме претпазливи, бидејќи крокодилите може да ја ...
РКЕ донесе нова одлука за зголемување на малопродажните цени Од полноќ, Еуродизелот (Д-Е V) ќе поскапи за два денари по литар, додека цените на останатите горива остануваат непроменети, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа одлука, просечното зголемување на цените на нафтените деривати изнесува 0,59 проценти, во споредба со пресметката направена на 27 октомври 2025 година. ...
Apple ја достигна неверојатната пазарна вредност од 4 трилиони долари Глобалниот технолошки гигант Apple официјално стана третата компанија во светот што ја надмина магичната бројка од 4 трилиони долари пазарна вредност, приклучувајќи се на ексклузивниот клуб во кој веќе се Nvidia и Microsoft. Овој историски резултат дојде по неочекуван раст на акциите што ја позиционира компанијата на нов рекорден врв. Историски скок на акциите и рекорден ...
Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14), што се одржува во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Република Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција. Во фокусот на разговорите беше изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, ...
Околината на зградите на булеварот Октомвриска револуција наскоро ќе добие нов изглед, најави денеска кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. – Во следниот период сите партерни содржини околу зградите ќе бидат уредени, ќе бидат проширени сите постоечки паркинг простори и уредно обележани, како составен дел од втората зона за паркирање, која ќе ги опфати и месните заедници „Панче Пешев“ и „БС Гојчо“. Паркирањето ќе ...
„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје“, истакна на прес-конференција Марија Митева, член ...
„Во интерес на граѓаните, ќе реализираме капитални проекти. Многу скоро, после вториот круг на избори, почнуваме со првото кино и театар во Аеродром, веќе имаме потпишан договор, издадено одобрение за градење и за многу скоро ќе почнеме и со фактичка реализација на лице место“, вели Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Студио 10 на ТВ 24. Митески истакна дел од капиталните проекти кои се ...
„Шанса за Центар“ го разоткри планот на Герасимовски за „Треска“ кои со своја објава ја анализираат вистината за планот на Треска. Во објавата тие наведуваат: 1. Планот кој се релизира на 30.000м2 не соодветствува со Генералниот план за градот ,па наместо 1500 жители на локацијата се овозможува да се населат повеке од 5000 жители. 2. При подготовка за градба се исечени 105 дрва кои градби со подземни нивоа не можат да се надоместат. 3. ...
Пратеникот Амар Мециновиќ има положено само 7 од 30те предмети кои се потребни за да станете Дипломиран политолог на Правниот факултет Јустинијан први – покажува проверката на Радио Лидер во електронското досие на студентот, која ни ја овозможи свиркач од институцијата. Со оглед на тоа што Мециновиќ е роден во 1996 година, тој на факултет најверојатно запишал во академската 2015/2016 година, односно пред цели 9 години. Математиката покажува ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на отворањето на Парискиот мировен форум. -Чест е да се биде дел од отворањето на Парискиот мировен форум, којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“, објави на својот фејсбук профил Сиљановска Давкова. Очекувам плодни дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици: мирот и безбедноста, климатските промени, дигиталната ...
Министерството за спорт продолжува со реализација на својата визија за развој на спортската инфраструктура низ целата држава. Куманово доби современ, целосно реконструиран спортски центар, изграден во рекордно време. Новото спортско мултифункционално здание опфаќа фудбалски терен, кошаркарско и одбојкарско игралиште со полипропиленска подлога, како и фитнес зона опремена со современи реквизити. Со тоа, Куманово добива нов простор кој овозможува ...
Триесет и седум годишниот Иван Јорданов од денеска официјално го почнува вториот градоначалнички мандат. Тој во наредните четири години ќе менаџира со општина Штип, јавните претпријатија, Дом на млади, потоа основните и средни училишта и детските градинки. Јорданов е првиот градоначалник во историјата на Штип, кој од своите граѓани ја доби довербата за втор мандат. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип, Виктор Вацев денеска ...
Трагедија на автопатот Белград – Нови Сад Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово околу 3:30 часот на автопатот Белград – Нови Сад, кога комбе „Опел Виваро“ со белградски регистарски таблички излетало од патот, ја пробило заштитната ограда и завршило во канал. Во несреќата загина едно дете, а седуммина малолетни патници се пренесени во Детската болница во Нови Сад. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Возачот со ...
„Јас не можам да застанам во поддршка на кандидат кој му наштети на Кичево“, изјави во интервју за Алсат-М, Билал Касами, кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово. Запрашан дали ги омекнал ставовите за Кичево откако го искарал премиерот Христијан Мицкоски, Касами рече: – Прво не сметам дека имаше дисциплинирање. Напротив, ние треба да го имаме во предвид контекстот, местото и медиумот во кој беше дадена таква изјава и самиот ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Во изминатите четири години градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може да се раководи транспарентно, отчетно и во корист на интересите на граѓаните. Градоначалниците работеа со интегритет и визија и во многу општини го надминаа ветеното, односно испорачаа повеќе од она што првично беше зацртано во нивните програми. Резултатите се видливи, а граѓаните покажаа дека се задоволни уште во ...
Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на дуел кај Иван на Канал 5 телевизија, истакна дека локалната самоуправа спречи изградба на 99 згради во Расадник. „ДУП-от нема да се носи на начин на којшто планираа да се носи да се изградат 99 згради, ако е болката таму поради тоа што нема 99 згради додека не бидам градоначалник, ќе биде и понатаму тоа болка затоа што нема да има урбанизација и бетонизација како што тие планираа да ...
Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник за град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „На дуел со Иван“, на Канал 5 телевизија при што најави дека во текот на неговиот мандат има за цел да изврши проширување на топлификационата мрежа во градот Скопје, како и изградба на две гасни централи од кои едната во Охис, а другата во Ѓорче Петров. Проширување на мрежата на топлификација, постапување, две гасни централи ќе има ...
Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. -Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се ...
Директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми дал неотповиклива оставка од својата функција, вчера за време на распитот во Кривичниот суд, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ. – Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие Комунална хигиена. Тоа е еден ...
Најсилната бура во историјата на Јамајка Со разорна сила и ветрови што достигнуваат 300 километри на час, ураганот „Мелиса“ вечерва го погоди југозападниот брег на Јамајка, оставајќи зад себе хаос, прекината струја и човечки жртви. Според метеоролозите, ова е најсилната бура што некогаш ја погодила островската држава. Метеоролозите предупредуваат дека во наредните часови ураганот ќе ја опустоши земјата, по што ќе се движи кон источниот брег на ...
Обединети околу вредностите и иднината на Македонија Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот мини митинг во Кичево за вториот круг од локалните избори на 2 ноември, најави историска победа за коалицијата предводена од неговата партија. „После вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во историјата на демократската Македонија, по бројот ...
Прв робот за домашни задачи го освои Time како најдобра иновација за 2025 Роботот Figure 03, новото хуманоидно чудо на стартапот Figure AI од Силициумската долина, го привлече вниманието на светската јавност како најдобра иновација за 2025 година според Time. Овој робот е прв во светот способен да помага во домашните задачи, од носење и подредување предмети до препознавање на објекти и најавува нова ера во секојдневната употреба на роботиката. ...
Осомничените, в.д. директор и управител за отпад, се товарат за создавање мали депонии и опасност по здравјето на граѓаните На двајцата високи раководители од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје им се додели 30-дневен притвор откако Основното јавно обвинителство ги обвини за постапување спротивно на законот и создавање мали депонии во јавни и сообраќајни површини. Судот го прифати предлогот на обвинителството, истакнувајќи дека постои опасност тие да ...
Во моментов се одвива ТВ дуел меѓу Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица на Канал 5 ТВ. На новинарско прашање да се претстават кандидатите, прв се претстави Орце Ѓоѓриевски. Дипломиран политиколог на 23 години имам завршено високо образование. Во ЕВН имам работено имам и приватен бизнис. На минатите избори бев избран за градоначалник на Општина Кисела Вода. Оженет сум и татко на малолетно дете, вели Ѓорѓиевски. Се претстави ...
На вечерашниот телевизиски дуел меѓу кандидатите за градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица, дојде до жестока размена на зборови околу темата за дивоградби. „Вие сте против дивоградби? Дали ревносно се борите? Да не имате ваша дивоградба?“, праша Ѓорѓиевски на тема дивоградби. Амар Мециновиќ одговори „не“ и категорично демантираше дека неговиот татко има дивоградба. Сепак, Ѓорѓиевски го уништи ...
Учениците безбедно напуштија училишните објекти, полицијата ја проверува состојбата Во повеќе основни училишта во Куманово попладнево биле примени дојави за наводно поставени бомби, по што учениците веднаш биле евакуирани. „Дојавата за бомба пристигнала по електронски пат нешто после 17 часот. Од училиштата веднаш повикале полиција, која бргу пристигнала на местото. Учениците се евакуирани безбедно, а службите сега ја проверуваат состојбата“, ...
Привремено решение со „писмо на утеха“ го спречи ризикот од енергетска блокада Германската влада доби официјално уверување од Вашингтон дека најновите американски санкции кон рускиот нафтен сектор нема да ја опфатат германската подружница на „Росњефт“, компанија што е под државен надзор уште од 2022 година. Портпаролот на министерката за економија Катарина Рајхе изјави дека меѓу Германија и САД е договорено привремено решение во форма на т.н. ...
Скопје се поврзува со шпанската престолнина Македонија ја бележи новата ера во авиосообраќајот. Од денеска, Скопје е директно поврзано со Мадрид, што дополнително ја зајакнува позицијата на земјата како туристичка и економска дестинација. „Ова е огромен успех за авиосообраќајот, бидејќи со воведувањето на новите линии се забележува и значителен раст на патници и туристи во Македонија“, истакна вицепремиерот Александар Николоски. Според ...