Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат, потврдувајќи дека се водат разговори „под радарот“, но не откривајќи повеќе детали. -Разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура и затоа јас и ги, ние често ...
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва бил почувствуван во Скопје и околината. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, земјотресот бил регистриран во 21:54 часот, а неговиот епицентар бил во скопското подрачје. Потресот бил почувствуван со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, пак, наведува дека ...
Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на Македонија, долгогодишен претседател на Сојузот на борците и последен жив партизански учесник во Народноослободителната борба. Веста за неговата смрт ја потврдило семејството. Како највозрасен пратеник во тогашниот состав, Стојановски претседавал со конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание на 8 јануари 1991 година. ...
Нивото на водата во Рајна и Дунав се приближува до рекордно ниски вредности по серијата топлотни бранови што ја зафатија Европа, со што веќе се нарушува транспортот на хемикалии, нафтени производи и други стоки. Ниските водостои ги зголемуваат трошоците за превоз и создаваат дополнителен притисок врз европската индустрија и енергетскиот сектор. Во Кауб, една од клучните точки на Рајна за товарниот сообраќај кон јужна Германија и Швајцарија, ...
На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на нашиот народ. Крушевската Република остана најсилен симбол на стремежот кон слобода, еднаквост и праведно општество. Нека е честит Илинден! Вечна слава на хероите на Илинденското ...
Снимка на која војник на Оружените сили на Босна и Херцеговина безуспешно се обидува да отвори лаптоп стана вирална на социјалните мрежи. На видеото, објавено кон крајот на јули, се гледа како војникот неколкупати се обидува да го подигне екранот, но не успева да го пронајде вистинскиот начин за отворање на уредот. Необичната сцена предизвика бројни реакции и шеговити коментари, а корисниците на социјалните мрежи ја опишаа како судир меѓу ...
Педесет и четиригодишен жител на Велес бил лишен од слобода откако, според полицијата, по невнимание предизвикал пожар во близина на Башино Село. Инцидентот се случил на 1 август околу 13:25 часот, додека мажот сечел метален предмет со алат. Искрите ја запалиле сувата трева во непосредна близина, по што огнот почнал да се шири. Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил брзо локализиран и изгаснат од велешанецот и од лица кои се нашле во ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во селото Ташмаруништа положи цвеќе пред спомен-обележјето посветено на хероите од илинденската епопеја. Заедно со него беа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и заменик-министерот за правда Ален Деребан. „Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и ...
Палестински христијански свештеници предупредуваат дека древните верски заедници на Западниот Брег и во Источен Ерусалим се соочуваат со постепено исчезнување, додека влијателни американски евангелистички организации финансиски и политички го поддржуваат ширењето на израелските населби. Според нив, христијанскиот ционизам го занемарува постоењето на палестинските верници и нивната борба да останат на земјата на која живеат со векови. Отец ...
Ирска, Литванија и Шведска забележале најсилен квартален економски раст меѓу земјите членки на Европската Унија што досега ги објавиле податоците за вториот квартал од 2026 година, додека економиите на Белгија и Австрија останале без раст. Ирскиот бруто-домашен производ се зголемил за 3,9 проценти во однос на претходниот квартал, Литванија забележала раст од 1,7 проценти, а Шведска од 1,4 проценти. Позитивни резултати оствариле и Португалија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планираните напади врз Иран се одложуваат под услов брзо да се постигне договор што би вклучувал целосно отворање на Ормускиот Теснец и крај на иранската нуклеарна закана. Иран, сепак, негира дека е постигнат каков било договор и предупреди дека ќе одговори доколку САД, Израел или држави од регионот учествуваат во напад врз неговата територија. Во објава на „Трут соушл“, Трамп наведе дека ...
Романски пилот и грчки навигатор загинаа при судир на два противпожарни хеликоптера „Бел“ за време на гаснењето на големиот шумски пожар кај Псата, западно од Атина. Другите двајца членови на екипажите биле спасени. Пилотите на двата хеликоптера биле романски државјани, додека навигаторите биле Грци. Според првичните информации, леталата се судриле додека летале на мала височина. По судирот, едниот хеликоптер се урнал, додека другиот успеал ...
СДСМ реагираше на говорот на премиерот Христијан Мицкоски во Пелинце, обвинувајќи го него и ВМРО-ДПМНЕ дека повторно се обидуваат да создадат историски континуитет со АСНОМ, иако, според опозициската партија, таква организациска, идејна и кадровска поврзаност не постои. „ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и ...
Пожар претпладнево избувна во угостителскиот објект „Гиро хаус“ во Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската општина Карпош. Според информациите од Центарот за управување со кризи, се запалила скарата во објектот, а пожарот бил целосно изгаснат. Во интервенцијата учествувале тројца пожарникари од скопската противпожарна бригада со едно противпожарно возило. Пожар претпладнево избувна во угостителскиот објект „Гиро хаус“ во Трговскиот ...
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови е забележан целосен сообраќаен колапс. Според информациите од терен, се формирала редица возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи и Жупа Дубровачка. Според официјалните податоци од Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК), објавени од N1 БиХ, чекањето за преминување на границата е повеќе од десет ...
МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина на Граничниот премин Богородица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.З.(57) од Скопје, патничко возило „пасат“ со српски регистарски ознаки, управувано од С.М.(44) од Србија и патничко возило „шкода октавија“, управувано од А.Д.К.(43) од Романија. Во ...
На 01.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:00 часот упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 01.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот. Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер -тракторите. – Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена ...
Делегација на СДСМ предводена од претседателот, д-р Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положија свежо цвеќе на споменикот Слива, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република. Филипче и на ваков голем, најголем ден не смогна сили да ја избегне партизацијата и да ќари или поверојатно изгуби некој ...
Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, Илинденската епопеја и Крушевската ...
Јапонската компанија „Kakinoki Fireworks“, во соработка со универзитетски професор, разви нов вид еколошки огномет со обвивки што се раствораат во вода и природно се разградуваат по употребата. Целта е значително да се намали отпадот што останува по огнометите и завршува на земјата или во водата. Воздушниот огномет се состои од топка со слоеви барут сместени во надворешна обвивка, која при експлозијата се распрскува и паѓа на земја, ...
Тринаесет лица загинаа при уривање на туристички авион во близина на градот Наска во Перу. Меѓу жртвите има државјани на Италија, Германија и Шпанија, како и двајца членови на екипажот. Перуанската претседателка Фуџимори соопшти дека е отворена истрага за причините за несреќата. Според локалните власти во Наска, авионот полетал од блискиот град Ика и превезувал туристи кои биле на панорамски лет за разгледување на познатите геоглифи во ...
Четиригодишно девојче од Берово било пренесено во Итната медицинска помош откако во својот дом испило дел од капсула за перење алишта. За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за негово целосно расчистување. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 1 август 2026 година, во 20:30 часот, во ОВР Берово од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче ...
На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на ...
До крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец и со температура до 39 степени. Најтопло денеска е во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени, натаму во Гевгелија, ...
Американскиот актер Винсент Пасторе, најпознат по улогата на Салваторе „Биг Пуси“ Бонпенсиеро во телевизиската серија „Сопранови“, почина во њујоршкиот кварт Бронкс на 81-годишна возраст. Неговиот менаџер, Роберт Атерман, објави дека пријателите го пронашле телото на Пасторе во неговиот дом во Бронкс, пренесе „Њујорк тајмс“. Пасторе го пронашол неговиот долгогодишен пријател и асистент Стивен Вилано, кој се загрижил откако актерот не ...
Повеќе од 53.000 мигранти, од вкупно околу 60.000 кои влегоа во шпанската енклава Сеута, веќе се вратиле во Мароко, соопштија шпанските власти. Во меѓувреме, бројот на жртви во мигрантската криза продолжува да расте и, според последните информации, достигнал 86 лица, пренесе „Скај њуз“. Дел од мигрантите кои успеале да стигнат до Сеута за британскиот медиум изјавиле дека се соочиле со сериозни проблеми во обидот да обезбедат храна и место за ...
Пожар избувна утрово во угостителски објект сместен во трговскиот центар Лептокарија во скопската населба Карпош. На местото веднаш интервенирале противпожарни екипи, кои започнале со гаснење на огнот. Според сведоштва на граѓани, пламените јазици за кратко време се прошириле во објектот, по што следувала експресна интервенција на пожарникарите. Жителите од околните згради велат дека пожарот брзо се развил, а густ чад ги прекрил зградите ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека иранскиот режим досега немал противник како претседателот Доналд Трамп, кој, според него, е подготвен да преземе конкретни чекори за спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио изјави дека Иран во изминатите две до три децении бил навикнат меѓународната заедница, вклучително и САД, да толерира негови постапки, како измами, прекршување на договори и ...
Пожар избувнал во оџак на угостителски објект во скопската населба Лептокарија. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите била спречена поголема штета. Пламените јазици се појавиле од оџакот на објектот, по што веднаш била повикана Територијалната противпожарна единица. Екипите на пожарната за кратко време пристигнале на местото и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. Во првичната реакција помогнале и вработените во ...