Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Од опозицискиот СДСМ велат дека иако вчера политичари и функционери вчера во Гостивар пред камери пиеја вода од градскиот водовод, се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е безбедна за пиење. Од партијата потсетуваат дека гостиварци цел месец пиеле загадена вода и дека илјадници завршиле во болница. „Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода ...
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ертрактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видео-изјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „eртрактори“ со концентрирано дејство на неколку ...
Екстремно високите температури што ја погодија Европа годинава би можеле да предизвикаат огромни економски загуби, при што проценките покажуваат дека сметката би можела да достигне 180 милијарди евра, односно околу еден процент од европскиот БДП. Според холандската банка Триодос, топлотните бранови веќе создаваат проблеми во земјоделството, енергетиката и транспортот, додека намалената продуктивност на работниците дополнително ја оптоварува ...
Од обично летување на Ситонија до драматична борба за спас на човечки животи – така изгледал еден ден од одморот на Иван Катанчевиќ од Ниш, кој на плажата Сикија двапати влегол во морето за да спаси луѓе што силните бранови ги одвлекле од брегот. Иван раскажал дека неговото семејство тој ден решило да остане на плажата и покрај предупредувањата дека морето е опасно поради силниот ветер и високите бранови. Тој влегол во морето со својата ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри финансирање до 120 милиони евра за изградба на голема соларна електрана во Романија, која ќе биде опремена и со батериски систем за складирање електрична енергија. Проектот во округот Брашов предвидува изградба на соларна електрана со капацитет од 342 мегавати, како и батерии со капацитет од 150 MW/300 MWh. Целта е да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, но и ...
Возач од Германија бил лишен од слобода откако бил затекнат како со својот автомобил се движи со брзина од 203 километри на час на автопатот „Пријателство“ кај Милетково, соопшти МВР. Полициските службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија денеска во 8 часот извршиле контрола на сообраќајот со радар, при што утврдиле дека 46-годишниот М.Ф. од Германија управувал автомобил „БМВ“ со германски регистарски ознаки со 203 километри на час. На ...
Поради непристапниот терен, пожарот што избувна во областа на Сува Гора, во општина Јегуновце, во моментов се гасне од воздух. Во интервенцијата се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командантот на Територијалната противпожарна единица од Тетово, Авни Амети, се на терен и ја следат состојбата, како и координацијата на активностите за справување со ...
Слаб земјотрес попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Според првичните податоци од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот, со локална магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот, според овие податоци, бил на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна ...
Возачите се предупредуваат на внимателно возење на регионалниот пат Струмица–Валандово, каде што по поминување на Костурино има поголема количина истурени пиперки на коловозот. Поради состојбата на патот, можно е сообраќајот на овој дел да се одвива отежнато. Возачите се повикуваат да ја намалат брзината, да бидат внимателни и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Извор: skopje1.mk Возачите се предупредуваат на внимателно возење ...
Жителите на Крушеани не треба да ја користат водата од јавната чешма со кисела вода за пиење, соопшти Општина Кривогаштани. Според извештајот за здравствената исправност на водата, издаден од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп на 6 август 2026 година, анализираниот примерок не ги исполнува условите за безбедна вода за пиење. Во водата е утврдено присуство на бактериите Escherichia coli, intestinal enterococci и Pseudomonas aeruginosa, како ...
Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека таков документ никогаш не постоел и дека идејата за поделба била пласирана од, како што рече, псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија. -За поделбата на Македонија не постоел документ. Тоа беше идеја на неколку псевдоакадемици, ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информира дека вчера имало 27 пожари на отворен простор на територија на целата земја. Тој смета дека, ако се земе предви дека имало локални врнежи, оваа бројка е сепак алармантна. Според Ангелов, 20 од пожарите се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, а шест се активни. „Ќе го издвојам пожарот на територија на Општина Крушево, во атарот на село Алдинци каде ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри повеќе детали за своето еднонеделно отсуство од земјава, кое, како што рече, било дел од воспитувањето што има со неговиот син – еднаш годишно да посетуваат еден европски град. Притоа, Мицкоски посочи дека 4 дена бил во Бриж, а 3 дена во Брисел каде имал средба со инвеститори кои на есен, според него, ќе донесат 3 инвестиции во Македонија. -Таму посетуваме значајни места и разговараме и ја изучуваме ...
Педесетгодишен жител на Тетово е осомничен за семејно насилство, сериозни закани кон сопругата и ќерката, како и за прекршување на претходно изречени мерки за заштита од семејно насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово. Според обвинителството, на 14 август осомничениот сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги нападне и ќе им го загрози животот. Случајот започнал откако во домот дошле лица кои од осомничениот ...
Еден ден пред почетокот на ширење страв и паника Владата добила информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат хистерија преку социјалните медиуми”, тврдеше денеска премиерот Мицкоски,веднаш штом се врати од како што ја нарече летна семејна 8 дневна „екскурзија“ во Бриж и Брисел. Информиран сум дека неколку лица, повеќе од 10-ина се повикани на разговор во МВР. За жал, денеска преку социјалните медиуми голем број пораки се ...
Во врска со изјавите во медиумите на поранешниот министер за култура Зоран Љутков и сегашен национален координатор за култура, околу предлогот за укинување на Националната установа Струшки вечери на поезијата, во кој се вели дека предлогот дошол од “двајцата директори“ на институцијата, одговорно и недвосмислено го изјавуваме дека: 1. Никогаш, никаде и во ниту еден официјален документ ниту едно официјално лице, директор, претседател или член ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, додека институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека со водоводот и снабдувањето со вода стопанисува јавно претпријатие чие раководство го поставува градоначалникот. Тој ...
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта. Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема, изјави Кети Штерјова од СДСМ. -Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула! Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од ...
Штом го видовме Орце Ѓорѓиевски како пие вода од послужавник, веднаш се фативме за кваката и истрчавме да купиме вода. Желбата да се испразнат рафтовите по продавниците до последната капка вода им се потврди како најисправен чекор, по сликата на одушевените од ненадејната слава момци со функции, наредени како “Седморица младих” во Гостивар, пред чешма која штотуку не заплакала од насилството кое им се приреди на гостиварчани. Ова се ...
Двокатен автобус со 84 патници рано утрово излетал од автопатот „Тракија“ во Бугарија, објави Н1. Во инцидентот нема повредени. Несреќата се случила околу пет часот утрово, во правец кон Софија. Автобусот, од засега неутврдени причини, ја пробил заштитната ограда и излетал во поле покрај патот, соопштиле од бугарската полиција за Н1. „Автобусот ја пробил заштитната ограда и излетал во нива покрај патот, но останал на тркалата и не се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наскоро би можел да го прогласи Ормускиот Теснец за „територија на Соединетите Американски Држави“, тврдејќи дека САД имаат целосна воена контрола врз тој стратешки важен воден пат за време на војната со Иран, објави „Фокс њуз“. -Откако ќе завршиме со Иран, кој беше многу лошо поразен, многу наскоро би можел да го прогласам Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски ...
Повеќе од 100 пожарникари цела ноќ се бореле со големиот пожар што избувна кај Брбиње на хрватскиот остров Дуги Оток. Огнот и натаму не е ставен под контрола, а гаснењето го отежнуваат стрмниот и тешко пристапен терен, како и густата вегетација. Во текот на утрото во акцијата се вклучиле и два канадери, кои пристигнале како воздушна поддршка за пожарникарите на терен. Командантот на противпожарната служба на Задарската жупанија, Матеј Рудиќ, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочи со тужба поради новиот сервис „Truth API“, преку кој медиумите и други корисници можат да добијат побрз пристап до неговите објави на „Truth Social“ само доколку платат претплата од 100.000 долари месечно. Тужбата ја поднесоа Фондацијата за слобода на печатот (FPF) и медиумот „The Intercept“, кои тврдат дека сервисот ги прекршува Првиот и Петтиот амандман на Уставот на САД. Според нив, ...
Работници кои изведувале градежни работи во белгискиот град Дендермонде останале во неверување откако во ѕидовите на подрумот пронашле големо количество злато, чија вредност се проценува на околу 9 милиони евра. Необичното откритие било направено пред четири дена, при реконструкција на објект во Источна Фландрија, северозападно од Брисел. Работниците веднаш ја повикале полицијата откако во текот на работите наишле на „големо количество ...
Грција денеска останува во висок степен на готовност поради опасноста од шумски пожари, додека земјата го одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најфреквентните периоди за патувања во текот на летото. Грчката цивилна заштита прогласи зголемена подготвеност во Атика, делови од Пелопонез, Централна Грција, островите во Егејското Море, Крит, Халкидики, Света Гора и делови од северна Грција поради многу високата опасност од ...
Пет лица се убиени во серија престрелки во округот Мисоки во американската сојузна држава Мичиген, а осомничениот за нападите е пронајден мртов по голема полициска потрага, соопштија локалните власти. Полицијата нешто пред пладне, по локално време, реагирала на пријава за пукање во куќа во округот Мисоки, на околу 270 километри северозападно од Детроит. На местото на првиот настан биле пронајдени три мртви лица, додека уште едно лице во ...
Засилените контроли на пловните објекти на Охридското Езеро веќе даваат резултати, соопшти Царинската управа, посочувајќи на зголемена наплата на увозни давачки за пловила внесени во земјата со привремен увоз. Одделението за оперативни работи, во координација со Министерството за внатрешни работи, извршило контрола на 38 пловни објекти на Охридското Езеро. При контролите биле проверувани царинскиот статус на пловилата, како и лицата кои ги ...
Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, но не го коментираа веднаш инцидентот од синоќа. Британскиот Центар за поморски ...
Шпанија и Мароко ги засилија безбедносните мерки долж границата со Сеута по повиците што се шират на социјалните мрежи за нов масовен обид за преминување на границата на 15 август. Во пораките што кружат на интернет се тврди дека границата кон шпанската енклава на тој ден, кој е државен празник во Шпанија, ќе биде „отворена“. Поради можноста за ново собирање на мигранти, властите на двете земји презедоа дополнителни мерки за да спречат ...
Голем пожар избувна во Сутоморе, едно од познатите црногорски летувалишта, а снимките од теренот покажуваат дека огнената стихија се приближила до населеното подрачје. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат големи пламени јазици и густ чад што се шири над подрачјето. Во еден момент огнот се приближил на само неколку метри од куќите, што дополнително ја зголемува загриженоста поради големиот број туристи кои во овој период ...