Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Западнонилската треска продолжува да се шири во земјава, а здравствените власти регистрираат нови случаи и подрачја со зголемен ризик, објави 4news.mk Досега се потврдени 43 случаи на заболени, четири лица починале од невроинвазивната форма на болеста, а за првпат е потврдена западнонилска треска кај угината птица – гавран. Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека новина во однос на досегашната состојба е појавата на случаи во ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека опозицијата „се препелка“ на отворена сцена во врска со прашањето за зголемувањето на пензиите. На новинарско барање во Прилеп да направи споредба на просечната старосна пензија во време на власта на СДСМ и ДУИ со онаа во периодот на досегашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот одговори со бројки за кои рече дека се математички прецизни. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека опозицијата „се ...
МВР информира дека рано утринава околу 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.У. (24) и Р.Ш. (34), двајцата од село Теарце, како и Р.Б. (41) и Н.Б. (47), двајцата од село Ѓермо. Според информациите од полицијата, четворицата во угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Тетово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање ...
Дали е сè во ред, праша премиерот Христијан Мицкоски среде изјава за медиумите во Прилеп откако во заднина очигледно се слоши некому од присутните. Премиерот, кој во моментот одговараше на новинарско прашање за тоа дали Владата размислува за набавка на нови воздухоплови за гаснење пожари, ја прекина изјавата, се сврти странично за да види што се случува и побара на една од присутните да ѝ се даде вода. Другите присутни коментираа дека има ...
По долг период без забележана појава, дивокоза повторно е регистрирана на фотозамките поставени во Националниот парк „Пелистер“. Од НП „Пелистер“ информираат дека засиленото работење на ренџерската служба придонесува за почеста појава и следење на дивечот во неговите природни живеалишта. Преку фотозамките се следи движењето на животните, нивната бројност и здравствената состојба, но и нивната улога во природниот синџир на исхрана. На една од ...
Обвинителот којшто е во заминување одлучува до крај да ги испорача должничко-доверителските односи кон претходната влада, кажа премиерот Христијан Мицкоски алудирајќи на шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, кому му истекува мандатот. Неговата реакција следува по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори предметот за јавните набавки за градењето 19 модуларни болници во државата. ...
Хрватска од 1 март 2027 година воведува нов дигитален систем за наплата на патарини, со кој класичните наплатни рампи и долгите колони на автопатите треба да станат минато. Системот „Crolibertas“ ќе овозможи возилата да минуваат без запирање, а патарината ќе се пресметува според изминатата делница и категоријата на возилото. Во тек е поставувањето на 212 електронски портали со камери и сензори долж околу 1.400 километри автопатишта. Новиот ...
Состојбата со епидемијата во Гостивар е ставена под контрола, откако Центарот за јавно здравје Тетово донел одлука за нејзино прекинување, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Според епидемиолошките податоци, во моментов нема нови случаи на гастроентеритис или ентероколитис, односно стомачни тегоби, кои се поврзуваат со водата за пиење во Гостивар. Клековски појасни и дека во гостиварската болница немало хоспитализирани ...
По големиот сообраќаен метеж и километарските колони што се создадоа на граничниот премин Табановце, надлежните воведоа дополнителна мерка за да се забрза постапката со странските возачи кои имаат неплатени сообраќајни прекршоци. Од вчера на преминот се ставени во функција осум посебни пункта за проверка и наплата на казните евидентирани преку системот „Безбеден град“, познат и како „Сејф сити“. Мерката е воведена откако примената на ...
Животните трошоци продолжуваат да го притискаат семејниот буџет, а за едно просечно домаќинство во август биле потребни 68.675 денари за покривање на основните потреби. Во споредба со јули, синдикалната минимална кошница е зголемена за 177 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Најголем дел од месечниот буџет отпаѓа на храната и пијалаците, за кои се потребни 25.032 денари. Значаен дел од средствата се ...
Во земјава досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се сигурно потврдени, додека кај уште три лица вирусот е потврден со еден тест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. За првпат случаи се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир. Во Скопје е потврден вирусот и кај мртов гарван, што е прв регистриран случај на мртва птица позитивна на западнонилска треска. Во изминатиот период има голем број ...
Со недели СДСМ бара а Владата одбива да објави официјален и целосен извештај за квалитетот и безбедноста на водата во Гостивар. Каде е целиот извештај за водата во Гостивар? Клековски објави само четвртина, стои во соопштението на СДСМ. Делче само. За останатото, граѓаните ги упати кај ЦУК, кај АХВ и кај „Комуналец“. Ако сакате да знаете што сте пиеле – шетајте од институција до институција и соберете си го досието сами. По 22 дена загадена ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно почитување на правилата за ...
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата, бил уапсен во Португалија, откако полицијата го запре во комбе на автопатот А6. Во возилото биле пронајдени повеќе од еден и пол тон кокаин, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, и воено оружје. Акцијата е дел од операцијата против таканаречениот Балкански картел. Португалската судска полиција го спроведе пресретнувањето на автопатот А6 како дел од голема операција. Според ...
По големиот сообраќаен метеж и километарските колони што се создадоа на граничниот премин Табановце, надлежните воведоа дополнителна мерка за да се забрза постапката со странските возачи кои имаат неплатени сообраќајни прекршоци. Од вчера на преминот се ставени во функција осум посебни пункта за проверка и наплата на казните евидентирани преку системот „Безбеден град“, познат и како „Сејф сити“. Мерката е воведена откако примената на ...
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата. Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Од ...
Со одржувањето на денешната Работна сесија на Советот на амбасадори на која ќе се обрати претседателот на Собранието Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на Парламентот е закажана за 2 септември. На собраниската веб страна на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието Африм Гаши со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка на ОН ...
НАТО верува дека одлуката за евентуално повторно отворање на мостот помеѓу Северна и Јужна Митровица за моторен сообраќај треба да ги земе предвид потребите на сите локални заедници, изјави функционер на Алијансата. Функционерот на НАТО го изјави ова како одговор на барањето на РСЕ Алијансата да ја коментира изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во која тој изјави дека побарал од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ...
Етел Кетерем, најстарата жива личност во светот, денес го прославува својот 117. роденден во домот за стари лица „Халмарк Лејквју“ во Сари, Велика Британија. Роденденот ќе го помине во друштво на семејството и пријателите, а зад себе остава уште една година исполнета со необични и значајни моменти. Како еден од највпечатливите настани од изминатата година, Кетерем ја издвојува средбата со британскиот крал Чарлс Трети, кој ја посетил во ...
Судот во Австралија ја осуди 51-годишната Македонка Милена Богојевска на осум години затвор, од кои шест без можност за условен отпуст, поради смртта на нејзината 85-годишна соседка Лолин Вајтхенд. Богојевска се изјаснила за виновна за убиство од небрежност. Случајот го потресе Мелбурн во јули 2024 година. Богојевска ја задушила старицата, по што го ставила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Два дена подоцна, телото било ...
Аиша Вахаб стана првата авганистанско-американска жена избрана во Конгресот на САД откако беше прогласена за победничка на вториот круг доцна во ноќта за 14-от конгресен округ во Калифорнија, кој беше испразнет поради оставката на поранешниот американски претставник Ерик Свалвел поради обвинувања за сексуален напад. Со преброени 100 проценти од гласачките ливчиња, Вахаб освои 53,1 процент од гласовите, победувајќи ја својата демократска ...
Tрифун Костовски Чувството дека живееме во држава во која институциите, задолжени да го спроведуваат законот ги прекршуваат неговите основни начела, ме наведува на заклучокот дека нештата мора драстично да се променат. Тоа е неопходно доколку сакаме да опстоиме како држава и народ крај на сопствените огништа. Кога институцијата, задолжена да го штити законот, постапува спротивно од него, неправдата не е само личен проблем. Станува колективно ...
Бугарското рударство минатата година остварило производство вредно 2,2 милијарди евра. Приходите пораснале за 8% во однос на 2024 година, иако физичкиот обем на производство се зголемил за само 1%. Главен фактор се високите цени на металите на светските берзи. Македонија, за споредба, продолжува со рударско производство вредно околу 250 милиони евра годишно. Од четирите активни металични рудници, само „Бучим-Боров Дол“ произведува бакар, со ...
Јапонија погуби маж осуден за убиство на пет лица во напад со подметнат пожар во 2009 година. Ова е прво погубување во земјата по повеќе од една година, пренесува BBC News. Сунао Такајами (58) беше осуден откако во 2009 година истурил бензин и подметнал пожар во сала за „пачинко“ во Осака, недалеку од неговиот дом. Во пожарот животот го загубија четворица посетители и еден вработен. „Пачинко“ игрите се популарни игри на среќа во Јапонија. ...
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од ВРЕДИ сè уште ниту збор. Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните“ соопштија утринава од опозициската ДУИ. Од партијата велат „ВРЕДИ знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас“. „Ако добиле дозвола, ...
„Христијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек. Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи. Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката. Вучиќ најави избори. Веднаш и Мицкоски. Тоа не е случајност. Веќе работи по налог. Затоа веќе знае кога се изборите. Само уште нас не нѐ известил“ ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повторно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра која ако падне на сува трева може да настане вистинска катастрофа. – Утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од ...
Американската морнарица размислува за промена на името на новиот носач на авиони кој требаше да биде именуван по воен херој од Втората светска војна, а Доналд Трамп се споменува како една од главните опции, дознава CNN од три неименувани извори запознаени со внатрешните дискусии. Иако во првиот мандат на Трамп беше објавено дека новиот брод од класата Форд ќе се вика USS Doris Miller – во чест на морнарот кој стана познат по својот ...
Џил Бајден отворено зборуваше за тоа како таа и нејзиниот сопруг Џо се справуваат со неговата тешка дијагноза за рак, која беше поставена минатата година. Поранешната прва дама ги откри своите стравови во интервјуто, но и пристапот со кој семејството се обидува да го одржи оптимизмот, пишува People. Во гостувањето во „Шоуто на Џејми Керн Лима“, 75-годишната поранешна прва дама опиша како се справува со фактот дека ракот на простата на ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре и ...