Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев и донесе решение за укинување на мерката притвор, прифаќајќи ја понудената финансиска гаранција. Осомничениот во понатамошниот тек на постапката ќе се брани од слобода, но под строго определени услови. Според официјалното соопштение од Судот, прифатената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност. Овој износ се ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази чудење за реакциите во јавноста откако се дозна дека телефонски контактирал со републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески, објави 4news.mk Поводот за разговорот беше одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ да го затвори случајот со злоупотребите со мазут поради недостиг на докази – потег кој претходно предизвика сериозен шок и незадоволство во извршната власт. Одговарајќи на новинарски прашања за ...
Раперот Слаткар во изјава за медиумите проговори за контроверзиите поврзани со филмскиот проект за него и откажувањето од финансиската поддршка, посочувајќи дека и покрај негативните реакции, тие на некој начин му помогнале на филмот. Тој откри дека снимањето е во напредна фаза и дека досега е реализирана речиси половина од продукцијата. „Самиот филм веќе се снима, мислам дека е снимен скоро пола. Генерално, можеби ова што се деси – целото ...
Фамилијата на американскиот претседател Доналд Трамп заработила најмалку 2,3 милијарди долари од крипто проекти што ги промовирало по изборите во 2024 година, додека повеќе од еден милион инвеститори пријавиле нето загуби од приближно ист износ, покажува истрагата на Ројтерс објавена на нивната веб страница. Ројтерс анализирал блокчејн евиденција, корпоративни документи, онлајн објави и јавни изјави од фамилијата на Трамп и менаџерите на ...
Таа вели дека една и пол година, колку што била претседателка на Советот за македонски јазик, немала ниедна средба со министерот за култура и туризам кој, како што додава, ниту дошол да го поздрави конституирањето на Советот, ниту ѝ се заблагодарил за сите активности што своеволно и пробоно ги направила лани во врска со одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик Еден месец откако објави дека поднесува ...
Денеска од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда. Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од ...
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело бесправно градење. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Второстепениот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната за делото „Бесправно градење“. Во изречената казна ќе му ...
Четириесет и тригодишна скопјанка пријавила во полиција дека преку мобилна апликација биле споделувани експлицитни фотографии од нејзината малолетна ќерка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 8 јуни во 16:30 часот во СВР Скопје. Од полицијата информираат дека по добиената пријава веднаш се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на начинот на кој ...
Денеска во Кривичниот суд се одржува ново рочиште во постапката против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој е обвинет за свесно прикривање на имотната состојба и перење пари. Обвинителката за гонење организиран криминал, Искра Хаџи Василева, ја започна доказната постапка против апелациониот судија Ѓоко Ристов, на кого му се става на товар кривично дело прикривање и перење пари, по наводно откривање на 350.000 евра скриени зад кујнски ...
Според информациите на СВР-Охрид, вчера е пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св. Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на ...
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Уште една лага на Мицкоски за реформите е разобличена- Брисел бара измени на Законот за судски совет Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена.Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. А владата со месеци го претставуваше Законот како доказ за наводен реформски напредок. Сега стигна потврдата дека со ...
Според правниот застапник на М-НАВ, судовите во целост ги прифатиле аргументите на М-НАВ, дека најавениот штрајк не произлегува од заштита на право од работен однос, дека е закажан спротивно на законската постапка без задолжително посредување, и дека ССКЛ нема правен легитимитет да организира штрајк како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на ...
Од Општина Кратово вчера излегоа со свој став по наводите дека одредени лица нелегално наплаќаат влезници на локалитетот „Камени Кукли“. Во објавата на Фејсбук, тие ги споделија и имињата на поединците. „Причината за ова е фактот што подолг временски период локалитетот е бесправно и неосновано узурпиран и држан во владение од страна на Здружение „Извор“ – Кратово, одговорното лице Милош Димитровски, како и неговата ќерка Стојна Димитровска ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не знае што да очекува од утрешната средба на високо ниво во Софија помеѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината колешка – в.д. претседателката на Бугарија, Илијана Јотова. Дека ќе се случи ваква средба во рамките на самитот од Процесот за соработка на Југоисточна Европа вчера во интервју за „360 степени“ потврди лично претседателката Сиљановска-Давкова. На прашањето што очекува од ...
Безживотно тело на 66-годишен битолчанец било пронајдено во реката Драгор, со што трагично завршила потрагата по него откако пред неколку дена бил пријавен за исчезнат. Од СВР Битола информираат дека на 8 јуни било пријавено дека во населбата „Кланица“, кај местото викано „Дрвено мовче“, во водите на реката Драгор било забележано безживотно тело. По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за В.К. (66) од Битола, за кого на 2 ...
Албанскиот премиер Еди Рама се соочува со сериозна политичка криза, откако деветти ден по ред продолжуваат протестите против контроверзниот туристички проект вреден 1,4 милијарди евра, поврзан со инвестициската компанија „Афинити Партнерс“ на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрациите, познати во јавноста како „Фламинго револуција“, започнаа по оградувањето на дел од крајбрежјето во Звернец кај Валона, каде ...
Здружението ,,Извор”‘ од Кратово, како и татко и ќерка од овој град, кои според општината го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, со години имале поврзаност со овој споменик на природата, а во еден период и преку проект поддржан и од Европската Унија. Инаку, преку Здружението Извор од Кратово, застапувано од М. Д. , како што може да се види од нивната фејсбук страница, во 2019 година се ...
Граѓаните во Хрватска отсега можат да користат виртуелен асистент со вештачка интелигенција на централниот државен портал gov.hr за полесно да пронајдат информации за јавните услуги и полесна комуникација со државната администрација. Виртуелниот асистент, базиран на вештачка интелигенција, им овозможува на корисниците да поставуваат прашања на хрватски јазик, слично на разговор со службено лице, без потреба од познавање на административни ...
Петгодишно дете од гостиварското село Чегране било префрлено на Детската клиника во Скопје откако се затруло со лекови што ги проголтало во домот на своите баба и дедо. Како што информира СВР Тетово, на 8 јуни во 18:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар Гостивар, каде детето било донесено поради труење со лекови. Според изјавата на мајката Н.А. ...
Министерството за внатрешни работи потврди дека за случувањата поврзани со локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, кратовско, веќе се водат судски и обвинителски постапки, а по најновите пријави од 7 јуни годинава повторно се известени надлежните институции. Од МВР информираат дека уште во 2024 година случајот бил пријавен во Одделението за внатрешни работи Кратово, по што до Основното јавно обвинителство Куманово било доставено ...
Советничката Катерина Цаневска од СДСМ и Коалицијата го праша градоначалникот со кои заслуги и на каков начин Марјан Цветковски, долгогодишниот директор на МРТВ, е избран за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“. „Марјан Цветковски, вечниот директор на МРТВ, сега е награден со нова функција. Градоначалник, со кои заслуги и на кој начин. Тоа е човекот кој цели 15 години беше на функцијата директор на МРТВ или ...
Советничката од СДСМ, Кети Штерјова, постави советничко прашање во врска со непотизмот при вработување пожарникари. „Сведоци сме колку тешко изминатите години се справувавме со пожарите, затоа што токму неефикасноста излезе на површина, и затоа мора да се вработуваат исклучиво професионални и компетентни лица, а не кадри избрани по роднински, кумски или партиски критериуми. — реклама — „Според информациите кои што стигнаа до нас, меѓу ...
Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година, додека за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва. Ревизијата на сметката на основниот буџет (603) утврдила повеќе слабости во финансиското работење и управувањето со средствата на установата. Меѓу ...
Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) годинава по деветти пат ги истакна новинарите кои пишуваат за „невидливите“, т.е. маргинализираните групи и заедници во македонското општество. „Оваа година настанот ќе има поинаков карактер. Годинава сме домаќини на гости од 8 земји кои го спроведуваат истиот проект и комуникацискиот тим на Европската мрежа против сиромаштијата – ЕАПН. Освен доделувањето на наградите ова е исклучителна ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов во тв гостување истакна дека ќе побара и пензионирани полицајци или лица кои на друг начин ја напуштиле полицијата или армијата кои ќе ракуваат со водните пумпи со кои се прска изгорената површина. -За да немаме побарување кон локалните пожарникари, бидејќи минатото лето на таа позиција стававме искусни пожарникари, но верувам дека после интензивната обука која ќе ја ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги ...
Поради присуството на ентеротоксини од бактеријата Staphylococcus auerus, Државниот инспекторат ги повлече од пазарот сирењата Ile de France Petit Brie 125g и Ile de France Petit Camembert 125g. Како што беше објавено во понеделник, ова се однесува исклучиво на производи со следниве податоци: Ile de France Petit Brie 125g, ЛОТ S26097F3P3, рок на употреба до 06.06.2027 и Ile de France Petit Camembert, 125g, ЛОТ S26100F5P1 и ЛОТ S26100F5P2, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека во завршна фаза е постигнувањето договор со Иран за завршување на војната во Персискиот Залив. – Во завршна фаза сме од она што ќе биде многу, многу добар договор – објави утрово Трамп социјалните мрежи. Тој додаде дека договорот би можел да се постигне во рок од два до три дена. Трамп го потврди падот на американскиот хеликоптер во близина на Ормуската Теснина наведувајќи дека пилотите се ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека тврдењата на опозицијата за „изолација“ на земјата се неточни и додаде дека бројни европски функционери се негови пријатели со години. Гостувајќи се на телевизија, Пинк рече дека одржува добри односи со францускиот претседател Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, германскиот канцелар Фридрих Мерц, ...