Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената пресуда во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош, при што ја потврди едногодишната затворска казна за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за кривичното дело бесправно градење – соопшти Кривичниот суд Скопје. – Второстепениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот јавен обвинител, донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25, според која пресудата против ...
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ поради новата ескалација на насилството на Блискиот Исток и го повика Израел повторно да ги отвори граничните премини кон Појасот Газа. „Сите напади мора веднаш да запрат. Примирјата во Либан, Иран и Газа мора целосно да се почитуваат“, порача Гутереш во објава на социјалната мрежа Икс. Во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот, Израел изврши напади врз ...
Три лица се повредени во инцидент во училиште во Манчестер, при што полицијата уапси една ученичка, јавуваат британските медиуми. Според „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News), повредените се здобиле со рани кои одговараат на убоди од нож. На снимките од местото на настанот се гледа голем број припадници на итните служби пред училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ (Co-op Academy Blackley), додека родителите известуваат дека училиштето ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев и донесе решение за укинување на мерката притвор, прифаќајќи ја понудената финансиска гаранција. Осомничениот во понатамошниот тек на постапката ќе се брани од слобода, но под строго определени услови. Според официјалното соопштение од Судот, прифатената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност. Овој износ се ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов денеска информираше дека во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одржала јавна расправа за Предлог-законот за парнична постапка, кој го оцени како еден од најважните и најобемните закони за функционирањето на правосудниот систем. Како што пишува Пренџов на Фејсбук, за разлика од претходни практики кога законите се носеле без поширока јавна дебата, овојпат процесот е ...
Познатиот новинар Фабрицио Романо известува дека Мурињо денес пристигнал во Мадрид за да ги мине формалностите околу договорот и за да се подготви за официјалната промоција, која најверојатно ќе се случи во четврток. Претходно беше објавено дека Мурињо потпишал тригодишен договор со Реал Мадрид, кој ќе важи до 2029 година. Мадридскиот клуб ја активираше клаузулата за откуп на тренерот во Бенфика во износ од 15 милиони евра. Според COPE, ...
Македонската Дејвис куп репрезентација ги доби ривалите во рамки на мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири. Поделени се две групи по четири тимови. Во групата А ќе играат ...
Македонскиот голман Мартин Томовски доби големо признание и се најде во тимот на сезоната во втората ракометна Бундес лига. Томовски блескаше на голот на Битигхајм и беше еден од клучните играчи во освојувањето на второто место на табелата кое донесе и враќање во најдобрата ракометна лига во светот, Бундеслигата. Репрезентативецот оваа сезона бранеше на 31 натпревар во 2. Бундеслига, а забележа вкупно 273 одбрани, со ефикасност од 31% на ...
Франција му забрани влез на своја територија на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич, кој „активно ја поттикнува анексијата на Западниот Брег“ и „отворено зборува за повторна колонизација на Газа“, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Смотрич е вториот член на израелската влада против кого е воведена ваква мерка. Претходно, ваква забрана за влез на француска територија му беше изречена и на ...
Полска мора да биде вклучена во преговорите чија цел е завршување на војната во Украина, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Тој го упати овој повик откако лидерите на Велика Британија, Германија и Франција во неделата се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон, каде што порачаа дека ги поддржуваат преговорите за примирје. Отсуството на Туск од разговорите во Лондон предизвика прашања во Варшава за тоа дали ...
Европската комисија (ЕК) денеска го предложи 21-от пакет санкции против Русија, што ги вклучува енергетскиот сектор, финансиските услуги, тргувањето со криптовалути и, за првпат и рибарството. Се предлагаат значителни ограничувања за увоз на некои рибни производи и целосна забрана за увоз на бакалар, како и забрана за влез на секој што служел во руската армија од почетокот на војната против Украина. „Нашите санкции имаат големо влијание врз ...
Новиот бугарски министер за одбрана Димитар Стојанов денеска изјави дека земјата повеќе нема да и испрорачува оружје на Украина. На денешната прес-конференција, на која ги претстави приоритетите во работата на ресорот и неговиот кабинет, Стојанов изјави дека „војната во Украина нема да се реши на бојното поле“, и дека тоа е конфликт со статични фронтовски линии, пренесува Софија Глоуб. „Гледаме позициска војна и без оглед на тоа колку оружје ...
Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство. ...
Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка – еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството. На расправата учествуваа експерти од областа на граѓанското процесно право, универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции, стручната јавност и граѓанскиот сектор, кои ги споделија своите мислења, предлози и забелешки за предложените законски решенија. Во текот на ...
Фудбалската федерација на Иран (ФФИ) соопшти дека предвидениот број влезници за нивните натпревари на СП 2026 се повлечени и од таа причина голем број навивачи на оваа репрезентација и покрај тоа што имаат организирано патување нема да можат да ги следат натпреварите. Во соопштението ФФИ истакнува дека бројни навивачи имаат резервации за карти за пат и резервации за сместување, но ќе останат без влезници за натпреварите. „На помлаку од три ...
Во втората половина од годинава во земјава истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани. Паралелно, интензивно се работи на завршување на автопатот Кичево – Охрид, како и на ...
Повеќе од 100 лица починале од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) откако на 15 мај беше прогласена епидемија, соопштија денеска тамошните власти, пренесуваат американските медиуми. Според најновиот извештај, потврдени се 550 случаи на заболени од ебола, при што 101 лице го загубило животот, а 19 пациенти успешно закрепнале. Епидемијата најсилно ја погоди покраината Итури, каде што се регистрирани повеќе од 90 проценти ...
На 08.06.2026 во 10:45 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на крстосница од ул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(41) од Свети Николе и патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.А.(47) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево. Во несреќата со тешки телесни повреди од ...
Помина месец и половина откако Мелина Галиќ екс сопругата на пејачот Харис Џиновиќ, се омажи за британскиот милијардер Џефри Пол Арнолд, а за нивната свадба сè уште се зборува. Како што претходно објавија тамошните медиуми, дизајнерката сменила четири венчаници, а на папарацо фотографиите можевме да видиме, барем од далеку, како изгледаше Мелина на нејзиниот голем ден. Да потсетиме дека Мелина прво го кажа своето судбоносно „да“ во Монако, а ...
На 08.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје од приватна здравствена установа од с.Арачиново, скопско, е пријавено дека кај нив бил донесен починат И.Ш.(73) од с.Грушино, скопско. -Полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со братот на починатиот, кој изјавил дека при стартување на трактор, на кој имало поставено собирачка за сено и кој бил ставен во брзина, тракторот почнал да се движи, при што И.Ш. го зафатила ...
На 08.06.2026 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(29) и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.Т., двајцата од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје, информира МВР. Извршен ...
Редовното вежбање е корисно за физичкото здравје, а експертите нагласуваат дека може значително да придонесе и за подобрување на здравјето на мозокот. Според неодамнешно истражување објавено во научното списание „Нејчер невросајенс“ (Nature Neuroscience), дури и едноставните движења на телото, како што е затегнувањето на стомачните мускули може позитивно да влијае врз функцијата и здравјето на мозокот. Експертите објаснуваат дека при секое ...
Кина ги повика САД да ја исправат, како што рече, погрешна одлука за вклучување на неколку кинески компании, вклучувајќи ги „Алибаба“ и „БИД“, на списокот на компании што Вашингтон ги смета за поврзани со кинеската војска. „Кина постојано се спротивставува на премногу широкото толкување на националната безбедност на САД, создавањето дискриминаторски листи и неразумното потиснување на кинеските компании. Ја повикуваме американската страна да ...
На 08.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. -Полициски службеници извршија увид, а по насоки на јавен обвинител телото, кај кое е пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје-женско лице, информира МВР. Телото е предадено во судска медицина за обдукција. На 08.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орман, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. -На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од валандовско, информира МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против ...
Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка – еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството. На расправата учествуваа експерти од областа на граѓанското процесно право, универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции, стручната јавност и граѓанскиот сектор, кои ги споделија своите мислења, предлози и забелешки за предложените законски решенија. Во текот на ...
Амбасадорот на Израел во Обединетите нации денеска побара да се укине меѓународната нарењба за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху откако главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) ден претходно беше суспендиран. Суспензијата на Карим Кан „докажува дека оваа институција е скапана до срж“, напиша денеска амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, на платформата на Икс. „Сега е време да се откажат апсурдните обвиненија против ...
На плоштад „Македонија“ денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз во изјава за МИА нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел, како што потенцира, ...
Романот „Понекогаш се враќаат“ од македонскиот писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран денеска со почеток во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. „Понекогаш се враќаат“ е шестиот роман на Дурацовски и тематски се фокусира на една куќа како симболичен простор низ кој минуваат различни животи и судбини, испреплетени со сеќавања, предмети и внатрешни светови. Делото обработува мотиви на враќање кон ...
Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на тагата“ на бугарскиот писател Георги Господинов, ...