На 09.06.2026 во 13:00 часот на улицата „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(19) од кичевското село Бачишта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево сопреле патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешното обраќање пред неговата исламско-конзервативна владејачка партија АКП изјави дека дејствијата на Израел во регионот се закана и за Турција, пренесе ДПА. Нападите на Израел врз Либан и Сирија достигнаа размер што ја загрозува и нашата земја, рече Ердоган во Анкара. Тој, исто така, го обвини Израел дека спроведува дестабилизирачка политика низ целиот регион, вклучително и во источниот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското ...

Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница во Собрание истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, со преземањето на власта во 2024 година наследила долгови од страна на СДС и упати остра критика кон опозицијата за неисплатена цела програма за земјоделие, како и за заостанати долгови по претходни програми. Пратеникот Станковиќ се осврна на клучните земјоделски гранки и нагласи дека со преземањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, се ...

Во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница денеска беше означен почетокот на проектот „Училишта на 21 век – Фаза 2“, партнерска иницијатива насочена кон развој на дигитални вештини, критичко размислување, практично учење и примена на современи технологии во образовниот процес. Проектот се реализира во партнерство меѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком, со заедничка поддршка од над 350.000 евра. ...

Во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека веднаш во летото 2024 година се пристапи кон реструктуирање на проектот – Модернизација на земјоделството, за кој претходно напомена дека претходната власт зела кредит од Светска Банка, а кој за време од 4 години имал многу слаба реализација помала од 10%. „Ние за неколку дена од денес ќе имаме избрано компанија која што ќе го гради ...

На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција. На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на ...

„Доблесно ќе беше да излезете, по оние лаги и паники кои што ги ширевте во јавноста за наводно изгубените 130 милиони евра, а сега гледате дека Брисел го призна нашето добро работење во делот на сузбивање на корупцијата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски обраќајќи се на опозицијата. Во своето обраќање им посочи дека нивниот принцип на работа е ширење на паника и лага. „Во делот на финансиските ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ генотипизацијата и ликвид ПАП цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на пристапот на жените до превентивна здравствена заштита. Според ...

Познатиот фолкер Радиша Трајковиќ Ѓани моментално престојува со сопругата Слаѓа во Црна Гора, каде што доживеа симпатичен пех кој неговата сопруга веднаш го забележа со камерата. Додека се забавуваше и се нишаше на лулашка на плажата, пејачот во еден момент изгуби рамнотежа и се сруши на земја. Падот воопшто не го поколеба – Ѓани цело време гласно се смееше додека лежеше, а снимката набрзо беше споделена со следбениците на социјалните мрежи. ...

Инфлацијата во Албанија во мај достигна највисоко ниво во последните две години и изнесува три отсто. – За споредба во мај 2025 година инфлацијата била 2,2 отсто. Стапката на инфлација регистрирана во мај оваа година е највисока во последните 29 месеци – од јануари 2024 година – кога инфлацијата изнесуваше 3,4 проценти. Цените најмногу се зголемија кај транспортот, енергијата, киријата, објави државниот Институт за статистка, ИНСТАТ. ...

Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопје, она што секогаш го велам е дека заедничкиот интерес на двете земји е да се движиме напред по патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во изјава за бугарските медиуми пред почетокот на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија. – И двете земји имаат многу да добијат од овој процес. ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на локација која со децении беше запуштена и претставуваше симбол на негрижа и неискористен потенцијал. Станува збор за капитален проект со кој некогашната депонија и запуштен простор ќе се трансформираат во современ ...

Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба, истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ...

На Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици заради организирано учество во гаснење на пожари на отворен простор и шумски пожари, посочи денеска директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Како што истакна на прес-конференција тие се потребни за пополнување на работните места возачи на специјалните противпожарни возила (22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните ...

Воздухопловниот ВИНГ денеска го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, при што одбележувањето беше збогатено со прелети на хеликоптери од составот на Армијата како и со прелет на авиони Ф-16 од Военото воздухопловство на Грција и „Eurofighter Typhoon“ од Италија. Денот на единицата симболично се поврзува со првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и ...

Полициски службеници од СВР Штип пред два дена го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. -Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него, ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, информира дека ја чека судската одлука па потоа да одлучи како ќе се дејствува околу „случајот Башкими“. – За сите сомнителни натпревари ние добиваме дописи од УЕФА, никогаш не дејствуваме самоиницијативно, затоа што немаме и ресурси за самостојни истраги. Затоа, по секој сомнителен натпревар добиваме допис од УЕФА со прецизно изнесени податоци за нарушен ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните ...

Свесни сме за фактот дека македонското високо образование не е на посакуваното ниво. И тоа не е од годинава или од лани, туку години по ред. Затоа и започнавме суштински и системски промени. Паралелно работевме на унапредување на регулативата, на обезбедување поголем буџет за високото образование и за истражувањата, но и на достоинствен третман на професорите и зголемување на нивните плати. Ова го истакна министерката за образование и наука ...

Луѓето кои што со години го водеа земјоделството и имаа можност да ги решаваат проблемите на земјоделците во Македонија, оставија разочарани земјоделци, уништени системи, недовршени проекти и целосно изгубена доверба во институциите“, потсети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска говорница. „Кога ја преземав функцијата, наследив една хаотична состојба, нерешени предмети, хаос во ...

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт изненади голем дел од присутната публика синоќа, откако неочекувано се појави на премиерата на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“. Свифт се качи на сцената во театарот Долби, облечена во долга вечерна тоалета, каде на пијано ја изведе песната „Го знаев тоа, те знаев тебе“ („I Knew It, I Knew You“), која, како што изјави, ја напишала специјално за новото продолжение на популарната анимирана серија. ...

Музичко македонско дуо „Алембик“ го издава својот втор студиски албум насловен „Без никого да удриш“, чија промоција е закажана за 11 јуни во Денсинг салата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Настанот има мултимедијален карактер и вклучува концертна премиера, прикажување на документарен филм во режија на Теона Христовска и промоција на нивното прво винилно издание. Членовите на дуото, Ива Дамјановски (вокал, клавијатури и ...

Со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, воздухопловниот ВИНГ го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата, ден кој симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и кој денес е институционален белег на военото воздухопловство на Армијата. На свеченоста присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски денеска извршија увид во изградба на втората фаза од пругата кон Бугарија- делница Бељаковце-Крива Паланка. Николоски истакна дека ова е инженерски исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба на 29 мостови во должина од 34 километри, 15 тунели, најмногу досега изградени во Македонија, како и шест надвозници, три ...

Министрите за надворешни работи од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) денеска во Софија го одобрија Годишниот извештај на Советот за регионална соработка (RCC), поздравувајќи ја работата на RCC во унапредувањето на регионалната соработка и поддршката што ја дава на регионот во постигнувањето практични резултати за граѓаните, бизнисите и институциите низ Југоисточна Европа. Состанокот на министрите за надворешни работи, одржан ...

Заплетот на филмот е инспириран од мотивите на романот „Последните моменти“ од Валентин Распутин и зборува за односите во едно семејство, а заплетот се одвива во малото гратче Чуруг во Војводина. „Во овој филм, постои слика за семејство, семејство кое никогаш нема да се распадне. Сепак, она што се случува таму е директно поврзано со времето во кое живееме, па сите предизвици и сè што се случува во нашата средина всушност се спојуваат некаде ...

Општина Кисела Вода објави јавен оглас за избор на ученици кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско-едукативен камп. Право на учество имаат сите редовни ученици од општинските основни училишта на оваа територија, а огласот е наменет за талентирани спортисти, како и за ученици од социјално ранливи семејства. Што се однесува до спортските таленти, право да аплицираат имаат учениците кои освоиле награди во олимписки или неолимписки спортови на ...

Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“. Со ова ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри услови за прекугранична соработка, посочи пратеничката Драгана Бојковска, член на ИК на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.99
40%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 28ᴼ
0.42
60%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.78
58%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.8
61%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.17
47%
1016
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
0.28
71%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
40%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.12
43%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.98
43%
1016
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
53%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
34%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.71
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Алуминиум

3.11

Бакар

12.22

Платина

50476.67

Калај

50.54

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Цинк

0.00

Сребро

1862.96

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29

Паладиум

38355.84

Злато

129060.56