– Искрени честитки до сите вас кои денес и официјално станувате академски образувани граѓани. Вие сте гордост на вашите семејства, на вашите професори и на државата. Од вас очекуваме активно учество во општествениот живот и придонес кон развојот на Македонија. Веруваме во вашето знаење, но и во вашата енергија, креативност и желба за успех. Токму тие квалитети се двигател на промените и напредокот. Ова го истакна министерката за образование и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. На Самитот, како што јави известувачот на МИА, претседателката ќе се обрати ...

ОВЕН Денеска обрнете посебно внимание на вашата физичка и емоционална состојба. Доколку се чувствувате исцрпено или под стрес, не го игнорирајте тоа, туку дајте си време да се опуштите. Вашата состојба може значително да се подобри доколку одвоите време за тишина, спиење или убава прошетка. БИК Сега е време да направите чекор напред и да се покажете во сиот ваш сјај. Вашите достигнувања заслужуваат внимание, затоа не плашете се да ги ...

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Милан Марковиќ“ и „Брадфордска“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Крчин“, „Пијанец“, „Копачка“, „Илија Павлев“, „Стрезово“ и дел од улиците „Леринска“ и „Братфордска“ во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:00 часот до ...

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ тестирање, како и користењето на овие превентивни услуги. Ќе бидат ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе изврши увид во изградбата на втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, на делницата Бељаковце–Крива Паланка. Како што информираат од Министерството за транспорт, на увидот ќе присуствува и директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе изврши увид во ...

Џо Роган верува дека УФЦ треба сериозно да го преиспита начинот на кој ги наградува своите борци. Популарниот коментатор и водител на поткаст го критикуваше системот за бонуси за победа, во кој значителен дел од платата на борецот е поврзан со исходот од борбата. Според Роган, овој модел е неправеден бидејќи контроверзните одлуки на судиите или грешките можат да го чинат борецот голем дел од неговата плата. „Ако направам грешка како ...

Градот Охрид и оваа лето ќе биде во знакот на ракометот, откако од 18 до 22 август ќе се одржи јубилејното петто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2026. На турнирот ќе учествуваат осум екипи поделени во две групи, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат врвни натпревари и дуели меѓу етаблирани европски и регионални клубови. Група А: Охрид, Загреб Замалек и Војводина. Група Б: Вардар 1961, ...

Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап наСветското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија. Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи денес во Минхен, а репрезентацијата на Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир. ...

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, се наоѓа во завршна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и е многу блиску да стане репрезентативец на оваа земја. Според информациите на грчкиот „Спорт24“, Нан би можел да потпише петгодишен договор вреден околу 30 милиони долари, со што би станал натурализиран играч на репрезентацијата на Катар. Од „СДНА“ наведуваат дека на кошаркарот му била понудена и пониска сума од околу 10 ...

Според новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорст, најсериозен кандидат за неговиот потпис на Јанис Адетукомбо во моментов е Мајами. Тој истакна дека Мајами располага со атрактивни ресурси за евентуална размена, вклучувајќи го и Тајлер Хиро, како и вредни избори на драфтот. Виндхорст додаде дека Хит исполнува голем дел од условите кои би можеле да бидат важни во евентуалните преговори, а посочи и дека Јанис би бил заинтересиран за преселба во ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека, по денешниот состанок на Управниот одбор, достави понуда од 150 милиони евра до ФК Атлетико Мадрид за федералните права на играчот Хулијан Алварез. По разгледувањето и оценувањето на понудата, Атлетико Мадрид изрази благодарност за предлогот, даден во рамките на добрите односи меѓу двата клуба, и го отфрли, повикувајќи се на клаузулата за ослободување на играчот Откупната клаузула во договорот на ...

Култниот стадион „Ацтека“ ќе биде домаќин на првата од трите церемонии, каде светските музички икони ќе го најават најголемото фудбалски првенство. Светската музичка кралица Шакира и нигериската афробит сензација Бурна Бој официјално ќе ја предводат церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал во Мексико Сити на 11 јуни. Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека поп-ѕвездите премиерно во живо ќе ја изведат официјалната ...

Повредата на Нејмар, односно закрепнувањето од истата оди побрзо од очекуваното, па „Глобо“ пишува дека легендарниот напаѓач, многу веројатно дека ќе биде дел од составот на Бразил за премиерниот меч на Мундијалот кој што започнува на 11 јуни. Лекарскиот тим на Бразил продолжува внимателно да ја следи состојбата на напаѓачот и не планира да презема непотребни ризици со неговото враќање. Сепак, процесот на рехабилитација наводно оди со ...

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс успешно се врати на професионалните терени, забележувајќи победа во двојки на турнирот во Квинс по речиси четири години отсуство од натпреварувачкиот тенис. Четириесет и четиригодишната Вилијамс, која последен пат настапи на US Open во 2022 година, настапи во пар со младата канадска тенисерка Викторија Мбоко. Двете славеа против третите носителки, Никол Мартинез и Ерин Раурлиф, со 7-6 (7-2), ...

Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за изолирано невреме со појава на град. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ...

Европската Унија треба да ја разгледа можноста за привремено ограничување одредени права на глас за идните нови членки на блокот и за создавање повеќе механизми за заштита на владеењето на правото – се наведува во заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, во кој „Ројтерс“ имаше увид – пренесува БТА. Во период кога Црна Гора се надева на членство во ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија ...

Силни бранови високи до 11 метри и бурни ветрови ја погодија јужната крајбрежна област на Велингтон во Нов Зеланд, предизвикувајќи евакуации, нарушувања во сообраќајот и краткотрајно прогласување вонредна состојба, која подоцна во текот на денот беше укината. Властите издадоа задолжителна наредба за евакуација на крајбрежните населби Овиро Беј, Ајланд Беј, Хаутон Беј, Брејкер Беј и Моа Поинт, откако регионот беше погоден од бранови и ветрови ...

Надворешната политика на Европската Унија се води од геополитички избори и двојни стандарди, а не од доследна посветеност на меѓународното право – изјави италијанскиот европратеник Данило дела Вале во интервју за „Анадолија“ повикувајќи на темелна реформа на надворешните односи на Унијата. Во интервјуто Дела Вале упати остри критики кон дипломатскиот правец на ЕУ тврдејќи дека неспособноста да се применат истите принципи кон постапките на ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, на конференција во Брисел, изјави дека Молдавија и Украина во следните неколку дена ќе направат нов чекор во процесот на пристапување кон Европската Унија со отворањето на првиот преговарачки кластер. Според Фон дер Лајен, оваа одлука ќе го означи преминот кон следната фаза од пристапниот процес и официјалниот почеток на преговорите по тематски поглавја. Соопштението беше ...

Либанската милитантна група Хезболах ги повика либанските власти да ги подобрат односите со Иран и да ја искористат поддршката од Техеран. -Ги повикуваме либанските власти да ја искористат достапната можност и да го корегираат својот официјален однос со Исламската Република на начин што ќе им служи на интересите на двете земји, се наведува во соопштението на Хезболах, објавува „Тајмс оф Израел“. Минатата недела претседателот и премиерот на ...

Украина е подготвена да ги сподели своите технологии за дронови со скандинавските и балтичките земји – изјави денеска претседателот Володимир Зеленски за време на самитот на форматот НБ8 (NB8) во Естонија, каде што членуваат пет скандинавски и три балтички држави. Форумот се одржа во период на зголемени тензии предизвикани од неодамнешните зачестени случаи на навлегување украински дронови во воздушниот простор на земјите од регионот. Зеленски ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на „AC Milan“ во Скопје. На кампот што ќе се одржи од 10 до 14 јуни 2026 година во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје, ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител ТВ се осврна на системот СМАРТ лиценци, проект кој Министерството за дигитална трансформација неодамна го промовираше. Андоновски истакна дека системот е веќе подготвен и функционален, и дека истиот веќе се користи за лиценците кои ги издава министерството за дигитална трансформација. -Ова е проект кој веќе се спроведува во ...

Израелскиот Кнесет усвои закон со кој се овозможува одземање средства од палестинските даночни приходи, потег што би можел дополнително да ја продлабочи финансиската криза на Палестинската самоуправа. Станува збор за приходи од царини и од даноци на стоки што се увезуваат на палестинските територии, било од Израел или преку граничните премини под контрола на Тел Авив. Овие приходи Израел ги собира во име на Палестинската самоуправа. Сепак, ...

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини за возрасни, Бони Блу, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во интервју откри детали од својот приватен живот. Таа тврди дека во период од 11 часа имала интимни односи со 22 мажи, кои, според нејзините зборови, чекале ред пред хотелската соба во која престојувала. Во интервјуто раскажала дека настанот траел до раните утрински часови и дека на снимките можело да се слушне како ...

Иран стои зад вчерашното соборување на американскиот хеликоптер „Апачи“, а Соединетите Американски Држави мора да возвратат, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Трут сошл“ (Truth Social). Трамп информираше дека американската војска го известила оти Иранците собориле еден од нивните софистицирани хеликоптери „Апачи“ за време на патрола над Ормуската Теснина. Тој додаде дека двајцата пилоти се безбедни и ...

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 13 лица по извршените претреси на 16 локации во Калесија, Живинице, Братунац, Шековиќи и Осмаци, каде што биле пронајдени оружје, муниција и експлозивни средства. Акцијата ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Кантоналното обвинителство, а со цел сузбивање на нелегалното ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.2
42%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
0.77
62%
1016
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.43
62%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.17
63%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.99
50%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.95
76%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
41%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.91
42%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.32
42%
1017
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
61%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
31%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
3.28
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Родиум

249168.29

Платина

50476.67

Калај

50.54

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Алуминиум

3.11

Сребро

1862.96

Иридиум

233896.68

Злато

129060.56

Паладиум

38355.84

Рутениум

49029.89

Бакар

12.22