Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни ...

Аргентинецот Кристијан Фабијани повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Вардар. Разделбата на црвено-црните со аргентинскиот фудбалски стручњак доаѓа по вчерашниот пораз од Шкандија во дербито на 2.коло на Првата македонска фудбалска лига. – ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш, соопшти попладнево ФК Вардар. Под водство на Фабијани, ...

– Вооружен човек денеска е уапсен откако отвори оган во локална владина канцеларија на периферијата на тајландскиот главен град, Бангкок, соопштија официјални лица, само неколку дена откако тинејџер отвори оган во училиште во истата покраина што ја разгоре дебатата за контрола на оружјето. Командантот на покраинската полиција, генерал-мајор Деџрапе Конгде, рече дека вооружениот човек, поранешен пратеник, застрелал висок покраински функционер ...

Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот на којшто одредени сериозни болести се третираат во иднина. Станува збор за таканаречени молекуларни лепила што можат да поврзат еден штетен протеин со системот во клетката одговорен за негово отстранување. Во напис објавен во списанието „Сајенс“ (Science), научниците тврдат дека успеале да користат таква молекула за да го отстранат протеинот „KAT2A“, којшто има важна улога ...

Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества пепел и вжештени парчиња карпи. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), густи текови лавина истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Поради потенцијалната опасност за ...

Распарчените тела на осум лица се пронајдени во масовна гробница, во јама покрај нелегален рудник во тешко пристапен регион во близина на градот Пукар, во еквадорската покраина Азуај, соопшти денеска еквадорската полиција. Според прелиминарните информации, жртвите се седум мажи и една жена, а нивните тела, кои беа пронајдени вчера, покажувале видливи знаци на насилство, објавува порталот „Комесарио“. Како што е објавено, најмалку четворица од ...

Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат ...

По успешниот настап на Европското ракометно првенство 2026 и освоеното 9. место, денес македонската кадетска репрезентација беше пречекана во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за постигнатиот резултат, борбеноста и залагањето во текот на целиот шампионат, посакувајќи им многу успех во понатамошниот развој и во следните репрезентативни ...

Естонската коалициска влада го загуби парламентарното мнозинство откако двајца од нејзините пратеници ја напуштија, објавија денеска локалните медиуми, наведувајќи дека владата сега е малцинска. Калев Стоическу, пратеник од партијата Естонија 200, вчера ја напушти својата партија, додека Мелис Кили денеска соопшти дека ја напуштил Реформистичката партија, објави естонскиот јавен радиодифузен сервис ERR. Ова ја остави владата на премиерката ...

На денешен ден се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста Љуботенски Бачила, каде животите ги загубија осум припадници на резервниот состав на македонската Армија. По тој повод, министерот за одбрана Владо Мисајловски им оддаде почит на загинатите македонски бранители и порача дека нивната жртва за татковината никогаш не смее да биде заборавена. „На денешен датум, Македонија изгуби уште осум свои синови, осум македонски ...

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. – Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи ...

Желбата за нешто благо, чаша вино по напорен ден, шолја кафе или цигара често изгледа како мал секојдневен ритуал, а не како сериозен проблем. Но кога ваквите навики стануваат премногу чести, автоматски и тешко контролирани, тие можат да прераснат во зависност. Tокму затоа, откажувањето ретко се случува преку ноќ. Човечкиот мозок природно бара однесувања и супстанции што го намалуваат стресот и создаваат чувство на награда. Затоа промената на ...

Green Coast, водечката дестинација на крајбрежјето во Албанија, воспостави стратешко партнерство со Nammos Hotels & Resorts, меѓународно признатиот медитерански lifestyle бренд, за развој на хотелска и резиденцијална понуда под брендот Nammos во рамките на комплексот Green Coast во Паласа. Оваа најава го означува влезот на брендот Nammos во Албанија и дополнително го зацврстува растечкиот статус на албанската ривиера како дестинација што ...

Складиштето на Светската здравствена организација во Дњепропетровск, што содржеше итни медицински материјали наменети за здравствените установи на првата линија на фронтот, е погодено три пати за неколку дена, уништувајќи ги сите залихи, објави денеска СЗО. Складиштето првпат беше погодено на 3 август, по што СЗО го оцени како небезбедно и почна да ги преместува залихите. Складиштето беше повторно погодено на 7 август, веднаш откако вработен ...

Едно лице загина, а две се повредени во денешната експлозија на гас во рудникот за злато „Асачинскоје“ во рускиот регион Камчатка, соопштија локалните власти. Според првичните информации на Обвинителството, соопштени преку социјалната мрежа „Макс“, до несреќата дошло кога експлодирала боца со пропан додека работник на ангажирана фирма вршел заварувачки работи на градилиштето. „Обвинителството на градот Елизово започна истрага за инцидентот на ...

Програмата на 66-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма и целовечерен концерт на младата и светски афирмирана харфистка Алиса Садикова. Алиса Садикова е редок пример на исклучително талентирана харфистка, чиј уметнички развој е забележлив уште од најраната возраст, кога го започнува својот настап на светската музичка сцена. Родена е во Санкт Петербург, каде што започнува да учи харфа во ...

За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...

Најмалку 15 лица загинаа, 13 се повредени, а шестмина се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што ги погодија Филипините по повеќе од една недела обилни врнежи – соопшти денеска полицијата. Според властите, неколку тропски бури и силните југозападни монсунски дождови погодија повеќе од 750.000 луѓе низ целата земја, при што над 8.000 беа принудени да побараат засолниште во евакуациски центри. Најголем број од жртвите се ...

Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево. Имено, поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. – Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на ...

Братислав ДИМИТРОВ Во нашата поранешна држава СФРЈ имаше периоди на сурова сиромаштија. Кога немаше доволно бензин, колите со парен последен број на регистарската табличка смееја да возат само во денови со парен датум. Тие со непарен број само во непарни датуми. Недостасуваа зејтин, шеќер, детергенти и други увозни производи. Редовно и со часови немаше струја, а долго време немаше и кафе. После имаше, ама под услов со кафето да купиш и вињак ...

Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски. Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа. – Нашите екипи речиси 30 часа активно работеа на целосно гасење на пожарот, со оглед на тоа што станува збор за комунален ...

Најмалку 12 лица загинаа во напад со беспилотни летала на украинските вооружени сили врз Нижнекамск во Русија, соопшти денеска прес-службата на претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов. „Според моменталните информации, 12 лица загинаа, а 39 се повредени како резултат на напад на непријателски беспилотни летала врз Нижнекамск“, се наведува во соопштението, пренесено од руските медиуми. Според извештаите, 28 повредени, меѓу кои и едно дете, ...

Лесна, кремаста и ароматична супа која се подготвува од едноставни состојки. Состојки: 600 грама тиквички 300 грама компири 80 грама кромид 1–2 чешниња лук 100 милилитри неутрална павлака за готвење 1,5 литар вода 2 лажици путер 2–3 лажици лимонов сок 1 лажица сув зачин Начин на подготовка: Во тенџере загрејте го путерот, па кратко пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне. Додајте ги тиквичките исечени на парчиња и динстајте уште ...

Рускиот постојан претставник при меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов, изјави дека француските политичари и новинари кои зборуваат за наводна вмешаност на Русија во шумските пожари во Франција покажуваат непочитување кон сопственото население. „Некои француски функционери и новинари тврдат дека Русија на некој начин е вмешана во шумските пожари во Франција. Тие едноставно не го почитуваат населението на сопствената земја“, напиша ...

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа два случаи на пронајдени починати лица во Скопје и Штип, како и две сообраќајни несреќи со смртни последици во Гостиварско и Ресенско. Во сите случаи е извршен увид од страна на полициски екипи и надлежни јавни обвинители. Пронајдени починати лица во Скопје и Штип Карпош, Скопје: Синоќа во 20:30 часот, ...

„Гугл“ официјално го објави почетокот на исклучувањето на „Гугл асистент“. Почнувајќи од 4 септември, компанијата постепено ќе ги префрла уредите со оперативен систем „Андроид“ – на „Џемини“, што ќе стане новиот стандарден гласовен и вештачкоинтелигентен асистент на телефоните. Промената ќе се случи автоматски преку „Гугл плеј сервис“, без корисникот да мора да инсталира нова апликација или рачно да ги менува поставките. Сепак, за некои ...

Најмалку 11 перуански државјани загинале, а 114 се водат како исчезнати откако се приклучиле во руско-украинската војна – соопшти перуанското Министерство за надворешни работи. Според официјалните податоци на Министерството, утврдено е дека вкупно 459 Перуанци учествувале во воените дејствија. „Според официјалните податоци, утврдено е дека 459 перуански државјани учествувале во војната. За жал, 11 од нив ги загубија животите, 114 се водат ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...

На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во ...

Ако сакате јадење кое е и брзо и вкусно, тортиља ќебап ражниќите се совршено решение. Овој рецепт носи модерен пресврт на традиционалниот ќебап, комбинирајќи меки тортиљи и зачинето месо во уникатна форма на ражниќ. Состојки: 4 тортиљи 600 г мелено месо (јунешко или мешано) 1 лажичка сол 1 лажичка вегета 1 лажичка бибер 1 лажичка димена пиперка 1 лажичка чили 1 лажица свеж магдонос 1/2 лажичка оригано 2 чешниња лук (ситно сечкан или изрендан) ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Калај

46.54

Сребро

1670.34