Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Венко Филипче е уплашен и нервозен политичар кој секојдневно ретерира, се заканува и поставува ултиматуми додека му ја чува фотелјата на Заев и чека негови насоки и инструкции за делување, стои во соопштението како реакција на Венко Филипче на Трилинг, 24 ТВ. -СДС на чело со Филипче е партија без идеи и без визија за развој на државата, во СДС се до толку изгубени што повеќе следат, анализираат и ликуваат на избори во туѓи држави отколку во ...
Во првите три месеци од годинава во Албанија престојувале 1.677 милиони туристи, што укажува дека туризмот повторно ќе биде во пораст, и покрај кризата на Блискиот Исток. -Според Институтот за статистика (ИНСТАТ) само во март имало 609 илјади туристи, 10 отсто повеќе споредено со истиот месец минатата година, кои посетиле разни градови или се сретнале со роднини или имале медицински услуги, објавија медиумите. Посетителите од Африка, исто ...
Денеска започна асфалтирањето на улицата „СРУ 5“ која е важна сообраќајница во некогашната касарна. Таа ги поврзува од едната страна улицата „Партизанска“, а од спротивната страна улицата „Крушевска Република“. „За некои ова ќе изгледа како свечен чин, а за нас е секојдневна редовна работа, бидејќи уличната и патната инфраструктура се наш приоритет“ рече градоначалникот Тони Коњановски. Претходно се работеше на тротоарите од двете страни кои ...
Официјално е отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. – Вечерва, во Музејот на град Скопје, во присуство на гости од Европа, го направивме првиот чекор кон уште поотворена, подостапна и поинклузивна комуникација со граѓаните. Оваа Инфо-канцеларија е нов простор каде граѓаните ќе можат одблиску да се информираат за процесот, активностите и визијата поврзани со Скопје како ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја ќе остане членка на НАТО, по медиумските извештаи дека САД размислуваат за суспензија на нејзиното членство. – Шпанија е лојална членка на Алијансата која ги исполнува своите обврски, но во рамките на меѓународното право – изјави Санчез на Самитот на ЕУ на Кипар. Тој е еден од најгласните критичари во Европа на американско-израелската војна против Иран, поради што повеќепати беше ...
Северноатлантскиот договор, со кој е формиран НАТО, воопшто не содржи одредба што предвидува можност за исклучување на земја-членка од организацијата, изјави претставник на Алијансата, јави Би-Би-Си. Реакцијата доаѓа откако дел од западните медиуми објавија, повикувајќи се на интерен документ на Министерството за одбрана на САД, дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува за замрзнување на членството на Шпанија во НАТО ...
Хрватска, кога е во прашање новиот буџет на Европската Унија, ќе се залага за задржување на кохезиската и земјоделската политика, како и за обезбедување средства за проширувањето и за Медитеранот, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека Загреб го поддржува предлогот на Европската комисија вреден два билиона евра. Пленковиќ на Кипар учествуваше на неформалниот состанок на Европскиот совет, каде што една од темите беше и ...
Горди сме што и машката и женската кадетска репрезентација на Македонија по третпат победија на Светското училишно првенство во ракомет. Кадетките беа подобри од Словачка со 28-13 и како првопласирани одат во четвртфинале, додека пак кадетите ја совладаа Република Српска со 25-27 и се на чекор до пласман во полуфинале. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска, денешниот натпревар помеѓу Македонија и Словачка во ...
Бројот на луѓе кои страдаат од глад останува драматично висок во светот, покажува извештајот на Глобалната мрежа против кризи поврзани со храна (GNAFC). Минатата година околу 266 милиони луѓе во 47 земји биле изложени на ризик од акутна несигурност во снабдувањето со храна, се наведува во најновите податоци објавени денеска. Во извештајот се истакнува дека десет земји се несразмерно погодени, меѓу кои Авганистан, Судан и Јемен. Според GNAFC, ...
Украина и Русија денеска, со посредство на Обединети Арапски Емирати и САД, разменија воени заробеници. Украина и Русија ослободија ист број воени заробеници – 193. Украина и Русија на 11 април разменија 175 воени заробеници, а во март вкупно 500. Украинските власти во февруари објавија дека Русија во заробеништво држи околу 7.000 Украинци, а во украинско заробеништво се речиси 4.000 Руси. Киев и Москва повремено разменуваат и тела на ...
За првпат в недела (26.април) ќе се одржи меморијална дуатлон трка во чест на легендата на македонскиот спорт и основач на Триатлон федерацијата на Македонија, Ѓоко Кузмановски. Со овој настан се оддава признание на неговиот огромен придонес за развојот на триатлонот во земјата. Пред 25 години, со голем ентузијазам и визија, Кузмановски ги постави темелите на Федерацијата, придонесе за формирање на нови клубови и активно работеше на ...
„И во 2021 година и денес, СДС не престана со злоупотреба на шпекулации, во прашална форма, никогаш како конкретно тврдење, кој има, кој нема, ваков или таков пасош, во недостаток на други идеи, проекти или можеби внатрепартиски слабости. И во 2021 година преку нивниот тогашен сојузник, Каракачанов и сега преку нивната веб страна, злоупотребуваат, клеветат и шират манипулации по однос на двојно државјанство на одредени колеги пратеници. ...
Дебарската територијалната противпожарната единица, покрај вообичаените интервенции, реализираат активности во основните и средните училишта, чија цел е учениците да се запознаат со начинот како да реагираат во случај на пожар. Во тие рамки во Средното општинско училиште „28 Ноември“ во Дебар, 14-те пожарникари предводени од командирот Џетан Мифтароски, одржаа симулациска вежба на гаснење пожар при што дадоа практични совети на учениците за ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека Европската унија (ЕУ) е подготвена постепено да ги олесни санкциите против Иран, во случај да биде постигнат сеопфатен договор. – Олеснувањето на санкциите може да биде дел од процесот. И никој не се противи на тоа – изјави Мерц за време на неговиот престој во Никозија на самитот на ЕУ. Според него, ова е придонесот што Унијата може да го даде за напредок на процесот кој, како што нагласи, ...
Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема денеска добија пожарникарите од Територијалните противпожарни друштва (ТППЕ) во Штип, Радовиш, Конче и Неготино. Станува збор за донација од Соединетите Американски Држави, со која значително се зајакнуваат капацитетите на територијалните противпожарни единици. Никола Варнс в.д. амбасадорката на САД рече дека опремата и возилата ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција на терен, како ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција. На средбата, како што соопшти нејзиниот кабинет, беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на денешната прес-конференција изјави дека САД постигнале „одлучувачки воени резултати во Иран, а операцијата „Епски бес“ ја оцени како „смела и опасна мисија, подарок за целиот свет“. Според него американската поморска блокада на иранските пристаништа „секој ден станува се посилна“. – Пораката до режимот во Техеран е: блокадата се стега од час во час. Ние имаме контрола. Ништо не влегува и ништо ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи, се наведува во денешното соопштение, како став на Министерството за здравство за актуелната акција ...
Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026. -Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие ...
Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 лица, ...
Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот и сочувство до семејството на починатиот. Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени, објави градоначалничката на општината Бети Стаменкоска Трајкоска. -Во овој момент, надлежните институции постапуваат и во тек се проверки за утврдување на сите ...
На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно обезбедени ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение изрази реакција на Венко Филипче во кое наведоа: „Очигледно е дека Венко Филипче се фати во сопствените лаги и станува се повидлив стравот од сопствениот пораз. Вчера, Митко Трајчулески од СДС, се закани дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада, а денес Филипче ретерираше од овој нивен став“. -Тоа е за поздравување, бидејќи така СДС се враќа на нивниот прв став за укинување на техничката влада. ...
Драматична била ситуацијата утринава на градилиште во Кисела Вода, каде при ископување дошло до затрупување на работници. Според информации од терен, полицијата и пожарникарите пристигнале за неколку минути по пријавата и веднаш започнале со извлекување на затрупаните. Очевидци велат дека службите реагирале веднаш по пристигнувањето. Неофицијално, токму брзата интервенција во првите минути направила разлика, со оглед дека секое дополнително ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска се обрати на 20 -та конференција на Јадранско – Јонската иницијатива. На својот фејсбук профил, тој објави: „Денеска во Собранието се обратив на 20-та Јадранско – Јонска иницијатива. Зборував за активностите на Министерството за транспорт, за сите инвестиции на стратешките проекти како што се брзата пруга на Коридор 10. Потенцирав и за напредокот во ...
Нема уставна пречка Собранието да го донесе законот со кој се ограничува пратениците да имаат двојно државјанство, сублимирано е ставот на уставните и на правниот експерти откако премиерот Христијан Мицкоски им сугерираше на своите пратеници да се консултираат со правни експерти пред да продолжи процедурата за измени на Законот за пратеници, според кои, народните избраници ќе треба да имаат само македонско државјанство. Шкариќ: Би ги ...
ДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што го објавуваме интегрално. „Оваа партија формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети. Груби не е само поранешен функционер. Тој е човекот кој ги знае ...
Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО г. Живко ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Министерството за здравство оствари официјална средба со делегација од Министерството за здравство на Црна Гора, предводена од министерот за здравје, Војислав Шимун. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на европските интегративни процеси. -Нашата држава има воспоставено традиционално добра и пријателска соработка ...
Денес, во кампот за обука „Пепелиште“ по реализираните активности на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО. На денешното официјално соопштување на оценката од страна на ...